Значи обратнопропорционално иде тоа. Колку повеќе го шлакаат него како мал, толку он помалце ќе шлака девојки како поголем.
Или таа не била шлакната од нејзините дома, па сега тој ја шлака за да ја воспита. Да ја тепале нејзините на време немало да мора тој да ја тепа, ќе била научена на ред и понашање кучката.
НАРАВОУЧЕНИЕ: тепајте си ги синовите да не си ги тепаат женските. Кога ќе донесе ќерка ми дечко, ќе го прашам, ти тепан си?
Па ако мислиш ти дека на 20 години се воспитува некој,така е. Знајме дека си експерт во сите теми,така да најверојатно и за ова си во право.
Ај разграничете шо е да шлакниш свое дете дури е мало зависно во ситуација за да го научиш шо и како не треба и да шлакаш рандом луѓе на 20 години. Ги извртевте муабетиве ко тетки на чешма.
И после зошто некои жени седеле и трпеле секакви(не)тепани и живеат во нездрави, ифизички и психички, средини. Или пак не сакаат ќерка што живее со таков да примат назад. Страшно.
По тие книги, индивидуи учеле и станале стручни во областа на детскиот развој и знаат многу повеќе од тебе. Тие книги се напишани по релевантни податоци, статистики и истражувања, не празни мислења тука на форум. Него во ред. Да знам да го тепам син ми навремено, за да не мава цури во врска, не дај боже па брак. Која е разликата? Не го боли? Повеќе ќе разбере од возрасен? Баш напротив. Или си го родила и имаш право? Тешко деца со родители со вакви размислувања. Тешко и оние деца кои се воспитувани со закани, навреди и останати примитивни механизми за воспитување. Ќе биде касно кога ќе разберете дека сте постигнале се, освен воспитување.
Епа и тие на 20 ги шлакаме за да ги научиме де. Или всушност дека дете е послабо, не може да врати, лесно ќе го изманипулираш, а возрасен може да ти врати.
Реин,не треба да се плеска ако нешто е опасно. Ама зборењето и не значи многу , и да збориш,или збориме, малите деца не ја сфаќаат опасноста,немаат искуство за да ја сфатат, се водат по желби,тоа го зборев вчера. Ако преку улица има желба,пр.маче , или џиновски сладолед ќе претрча преку улица. До утре јас или ти може да збориме или да млатиме празна слама колку е опасно,не доживеале. Пр.Играат група деца околу врата. Родители викаат дека ке се повредат,дека ке ги фатат рацете на вратата,и тие продолжуваат не се свесни за опасноста. Но во моментот ако ја затвориш шаката и речеш , "да видиме што има тука"? ,ќе прекинат , ќе се фокусираат на што има ,бидејки повторно се водат по желбите.
Ами вие никако да разберете, дека освен зборувањето, постојат и други методи и начини, кои се постигнуваат преку едноставни приказни, едукативни и социјални игри итн. Но, некој треба да се помачи и да го прави сето тоа. Време се вложува. Да удриш е полесно. Што е муабетов? Ќе го удриш и ќе разбере или само ќе се исплаши од ударот?
Така де, јас сум крива што ме удриле. Дури и што да се каже на ова? Како може дете да е криво? Родителот сопствените фрустрации ги става во ударот, веќе не знае како да се справи и почнува да тепа. И овде зборувам стриктно за ќотекот како воспитна мерка. Потфрлил да допре до детето и на крај кога веќе не може почнува да тепа. Детето криво? Јас крива? До секое дете може да се допре, само треба да се најде начин, а и родителот треба да има поврзаност со детето. Поврзаност што не се гради со ќотек. Јас сум била крива што ме тепале.
Муабетот е дека разговор за опасности кај мали деца не е ефективен. Кој спомна ќотек како солуција? Имам негде такво нешто пишано?! Авторитет! - Ако мама ми ги исполнува сите желбички,нема да се лути ако претрчам преку улицата,за да го земам мачето.
Какви желбички ако исполнува мама? Ако му дадеш што сака да јаде нема да те слуша за ништо друго? Баш напротив, ако има доверба во тебе како родител ќе поверува кога ќе му кажеш дека нешто е така и ќе послуша. Барем моето искуство е такво засега. Да, не спомна ти ќотек, се извинувам, така некако дојде во муабетот, дека се удира за да ја увиди опасноста, па од тие што се за удирање ако сака некој да објасни како ударот би бил ефективен во согледување на опасноста.
А кој тука зборува за воспитување без авторитет и исполнување секоја желба? Ти упорно зборуваш за пермисивност, индиферентност и она најлошото, од времето на нашите родители, баби и дедовци, авторитарност. Тешка родителска контрола, ќотек, емоционална запоставеност и ред други негативности. Ние цело време пишуваме за тоа дека она што родителот го зборува, може и да го покаже преку начини наменети за истото. Не со ќотек, не со навреди. Зборуваме за комуникација, поддршка, внимание и дисциплина, граници и правила, одговорност, доверба, чувство на корисност и милион други позитивности кои од тој начин произлегуваат. За двете страни, родител-дете. Ќе се изненадите колку здрав однос може да се изгради, само малку треба да се потрудите. Не одма тепањето и викањето. Кај се повредило, (што може и да се случи, од се не можеш да го заштитиш) па ај ќе го дотепам.