Твоето воспитание, е она што мене најмалку ме интересира. Твојата неможност да одговориш на мислење, ја долови токму сега, со ова.
Да одговорам на мислење? Јас цело време пишувам погоре дека не е "тешко мене" шо ме воспитале со плеснување кога имало потреба,не сме ние ни загреота ни ретардирани ни истрауматизирани,и да... воспитана сум,значи моите успеале
Браво за твоите родители. Посебно ми е мило што успеале да те убедат дека плескањето е начин на воспитување. Им завидувам. Штета што моите не беа такви. Како да ти кажам, не си ти тука тема, ниту твоето воспитување е она што требаше да го одговориш.
Како да ти кажам дека ЈАС се зедов за пример дека не е трагедија како шо сакате вие да го го прикажите,не сум ни ментално ни физички осакатена,ама ти упорно тврдиш "тешко тие деца шо се така воспитувани" па еве ти кажувам ич не е тешко мене. Сега појасно е?
Ама чим сметаш дека плеснување е океј, сепак имало влијание. Или како оние што викаат - абе и Трпана пушеше цела бременост, па ене, здраво право ѝ е детето, зошто да не си пушам и јас.
Ако ги претера границите и моето дете ќе го плеснам,а не дека моите ме плеснале и сега обавезно и јас моите,можда ќе нема потреба,ќе видиме. Ама сигурно нема да дозволам 3 годишно муцле да ме влечит за нос,нормално ако претходно 5 пати не се разбрало од збор.
Хахахаха абе жено не си арна ти,ти мене ме убедуваш дека не е ок да го плескам МОЕТО дете,а не ти велам јас тебе ОБАВЕЗНО пплескај го твоето. Мислам преиспитај се малку.
Јас па мислев пишуваме овде,не знаев дека слушаме,или можда само ти ја имаш таа привилегија... btw морав,ептен ме погоди она НАСИЛНИЧКИ сум убедувала,па си реков да не ти ја плеснав една преку форумов
Веќе пишав. Авторитет. Авторитативност Лиана,различно од авторитарност. Не е исто. За тоа зборам јас. За да кажуваш како треба да се гради здрав однос и резултат на истиот,треба да имаш Веќе деца возрасни,а немаш. Мене ми се чини дека си на почетокот.Почекај пред да судиш. Не им суди на луѓето ,па макар и да им побегнала некогаш раката,можеби ќе имаат и подобар однос од твојот. Не ги правите сите злосторници,бидејки не се. Замисли јас имам 16 год. ќерka koja никогаш не е удрена,од никого, која понекогаш не излегува во петок навечер за да седи со нас и да муабети до ниедно време,која нема поставена граница на излагање до одредено време,а доаѓа во исто,ни кажува за дечковци,а не го бараме тоа,о да, исто знае дека не е дозволено да носи сукња под газ,ни под разно. Да, френдли сме,ама не сме пријатели,родители сме на децата,и пак незнам колку сум успешен родител,ќе видиме. И замисли сето тоа може со авторитет од кој бегате како враг од темјан,мислејки дека припаѓа во друг век,на бабите и дедовците. И пак не судам . Имам старосватица која минатата недела исто прв пат му залепи шлаканица на 16 год.син.3 дена му зборела да ја среди малку собата,и во неделата и се втурнал во лице и ја изгурал на врата,во моментот на шок го удрила. Цела недела плаче ,дали е она злосторник? Не ,не е,доволно ја познавам,ги земам в предвид неговите години и нејзиниот благ начин на воспитување. Види. Доверба се стекнува кога со детето си искрен,да не прекршуваш ветување и да бидеш одлучен и доследен, бидејки имаат страшна потреба за сигурност,а тоа што ќе му дадеш да јаде по избор и не значи многу,btw мојата помала ќерка од давањето избори за јадење,сега стана пребирлива ,инаку еден од минусите/резултатите на позитивното родителство. Да не бидам погрешно разбрана. Јас не мислам дека твојот начин е погрешен,напротив супер е што се трудиш да бидеш различен модел од тоа што тебе ти бил модел. Треба голема жртва за тоа. Туку само ти укажувам дека некогаш колку и да се трудиш,нема ефект поради психата или возраста на детето. @WildMk супер напиша дека сите ние ќе си ги зафркнеме децата на свој начин. А за тоа не е доволно само да не бидат плеснати по газе туку многу повеќе.
Уште ли за ќотек прајте моабет?? Ќотек, шамар, плеснување, утепување, клоцање, тегнење...абе аман луѓе, разграничете ги појмовиве, размислите дека ако се удри мало детенце дека тука нема силина во ударот како на пример кога би удрел тинејцер на кој упорно му збориш што е марихуана, што е дрога, и др..а он еден ден ти доаѓа во 05 сабајле надрвен со оние таблети за расположение(заборавив како се викаат)....е богме ќе јаде ќотек. боље он да плаче сега него ли јас утре. сакам да се повторам, нека ме прочитаат сите што не се родители, сите што имаат мали деца, НЕ БИДЕТЕ ТОЛКУ СИГУРНИ ДЕКА ЕДЕН ДЕН НЕМА И ВИЕ ДА КРЕНЕТЕ РАКА ВРЗ СВОЕТО ДЕТЕ....долг е животот, незнете какви се изнендувања може да ви преиреди сопствено дете. Ќотекот како воспитна мерка има резултат кога детето ќе рече- Да, во право беа моите родители, навистина згрешив и нема да дозволам да ми се повтори. Ќотек вра деца од психопати е веќе друга тематика и јас такви родители веднаш би ги стрпала во лудница...
Значи поентата е детето да се плаши повторно да не добие ќотек откако еден веќе добил, а не е важно дали истото навистина ги сфаќа штетните последици од неговото однесување со кои би се здобило, како што е примерот на првичниот пример за детето поткачено на балкон или пак последниот, тинејџерите и наркотиците.
@RainBow ,а и останатите , препорака за книгава http://www.skripta.info/susan-forward-otrovni-roditelji-pdf-download/ А поготово за влијанието на вербалните злоставувачи .
@Cosmi прочитав. Како ќе го градиш авторитетот? Само ќе црташ на блокчиња, ќе употребуваш слики и картички...? Баш ме интересира како без да зборуваш.