Не сме сигурни ни какви сè чуда можат да ни приреди партнер, ни други луѓе околу нас, па ни родители во обратен смер - па ај сега да не гарантираме ништо во наша одговорност, може еден ден да ни се случи и да убиеме човек во афект. Зрели и стабилни полнолетни и цивилизирани персони стојат зад своето однесување, знаат дека можат и ќе направат сè да се исконтролираат, да решаваат проблеми на нормален начин, а не со ќотек. И значи детето треба да научи нешто да не прави само од страв дека ќе го истепаш? Исто ко моралот под закана да не ти се случи нешто од виша сила, да не ти се врати... Тоа не е ни научено, ни воспитано, ни морал.
Па поентата да се доведе детето на прав пат ако скршне, не е да се малтретира, веќе он почнал да малтретира дома..така да ако од чотекот му се влее страв и трепет, му дојде акалот во глава и се обидува да ја оправда изгубената доверба и разачараноста кој аим ја нанел на своите родители... ДА..јас сум и за таа мерка.
Мхмммм... И мрмотот ја виткаше чоколадата во фолија. Нема лоши деца, има лоши родители. Ко немајка да се смешам.
@baba Rada Ахам. Значи сакаш да кажеш дека се дете тепа тогаш кога родителите потфрлиле во нивната улога, бидејќи рече треба да се тепа кога детето е вон контрола. Тоа е и проблемот. Никој не ни обраќа внимание, труд и време во правилно воспитување, како беше, само се молат, па се чека детето да го стигне тој степен, а тогаш удри по него. Кој му е крив, само требало на време да се воспитува
@zhap4e тоа што не поседуваат способност да одговорат на моите аргументи не ме прави насилник. Еве, цитати нејзини упатени кон мене, слободно најди кај на исти начин сум добила дискусија на форумот
нема потреба душо од сарказам, ниту па да ми извртуваш мислења. Сепак сум ја многу постара од тебе, имам искуство, имам доживеано многу разни мили и не мили сцени ви животот, радости и разочарувања..признав дека сум удрила дете кога заслужило и кога не заслужило, револтирана од некој друг па бесот сум го истурила врз детето, признавам дека се каам (оти сум нормална а не сум умоболна особа)... И да, останувам на ставот дека кога сите зборови ќе се потрошат и не се постигнал разум кај детето, останува и ќотекот да се проба...ако и тоа не помогне, тешко си на родителот со такво дете. моите деца не ми се лутат воопшто што сум ги удрила...знаат некогаш во друшто кога ке се спомне ваква тема за воспитување на деца или родителите порано и сега, знаат да се насмејат и да кажат како изеле добар ќотек...но израснати се во добри возрасни луѓе кои почитуваат други, културни се и знаат да кажат повели и благодарам Така да, џабе ќе се обидете да ме направите лош родител, лоша мајка...доволен доказ дека не сум кикснала ми е гушката од моите деца и моите внуци.
Јас не реков да не се зборува воопшто. Туку дека дете на 3 год.нема никаква проценка за опасност од возила на пр.и џабе му раскажуваш колку брзо возат. Од друга страна можеш да го заплашуваш со последици( ќе те згази колата) и да му креираш стравови ама ни тоа не многу паметно. А за авторитет секој си знае сам како ќе го гради,ако воопшто го гради. Некои мислат дека ако викаат имаат авторитет,ама авторитет не се гради така. Нема универзално правило ни рецепт.
Да не банализираме. Мислам дека е јасно што напишав. На семафор и на пешачки се покажува со сопствен пример.
Да, банализираме и се вртиме во круг. Едноставна е поделбата. Им зборуваме, покажуваме и објаснуваме или некоја комбинација од предходнонаведените и шлапање.
А зошто мислиш дека јас не сум искрена со детето и не одржувам ветувања? Дали таков впечаток оставив? Доследноста ми е еден од почитуваните принципи. Не знам зашто упорно мешаш некаква пермисивност. Го нема тоа кај мене. Не и дозволувам да прави сѐ што сака да прави, имам многу јасни граници. На пример, благо јаде по едно чоколатце за десерт. Ако го изеде делот и сака уште и да плаче нема да добие. Тука е пермисивноста, ако дадеш зашто плаче, било што да е, допушташ, кога веќе си рекол нема, исто така и не си доследен. Еве пред некој ден, си го изеде делот, а и дадоа пари да си купи киндер јајце. И си купи, сакаше да го јаде веднаш, ама ѝ реков дека го купивме за утре, така ее договоривме. Па сакам, па ме молеше, па се убедуваше. Само реков каде сака да си го крене за да знае за утре каде ќе и биде и толку. Си го крена и другиот ден си го изеде за десерт. Со сите работи така постапувам, она веќе знае дека кога нешто ќе речам е речено. Ако речам дека нешто ќе и земам и она пак прави што не треба, го земам. Разликата е што не и се дерам, не ја плеснувам за нешто што направила. Туку објаснувам зашто сум постапила така, да знае и да нема никаква недоумица. Граници постојат, разликата е како се поставуваат на место. Верувај дека се трудам од петни жили некогаш да не се дерам со цела сила, да не трескам, зашто тоа инстинктивно ми доаѓа, тоа сум го гледала. Сметам дека децата се вредни да се потрудиме и да работиме и на себе, да бидеме подобри поради нив. Некогаш ја губам битката со себе, ќе се развикам, тогаш колку ми е ужасно, не па да ја плеснам. Зашто ме гледа со очиња полни со страв. Ама и тогаш не оставам така, земам воздух, се собирам прво сама себе, и пак и кажувам зашто сум викнала, што се случило, пак разговарам со неа. Свесна сум дека грешки ќе има, никој не е безгрешен, ама сакам сама со себе да бидам на чисто, совеста да ми е чиста дека сум дала сѐ од себе, дека сум била најдобрата верзија од себе. И да се надевам дека ќе ми прости за ненамерните грешки.
Бабс, пак менуваш тези. Никој, ама никој не може со глава да гарантира дека "нема никогаш". Животот е чупав и длакав , гарант и оние што добиле рак или ги удрила кола, не мислеле дека тоа нив ке им се деси. Замислена опасност , за животни прашања не функционира така. Ние можеме да де припремаме на нешто , ама на се не можеме спремни 10 години унапред да бидиме. Казна е ќотекот. Награда за посакувано и казна за непосакувано однесување можеш да земеш како метод на воспитување да употребуваш, баш сега читам за тоа во смисол како со плашливи деца или мали деца кои не сакаат да осетат болка . Ама награда после ( не треба унапред да најавиш, ако си добар ,ке ти дадам ,значи не вака да се каже) добро однесување е секогаш, секогаш подобра. Награда е и добар збор и играчка за мало. Не мора секогаш награда, зашто ако однесување е очекувано нема за измиени чинии автомобил да и купиш. Ако веќе некој применува казна, еве родител, мора да е ќотек? Скрати му летување, телефон, искачање, се со рок на траење нормално. Ама ако го натрескам 16 год по глава, или по лице што очекувам да се случи? Да се плаши? Да се срами? Да ми го види бесот? Мене ќе ме нема, ако не научи да контролира импулси, тој ќе страда. Поефикасно однеси го кај зависници да ги види како земаат метадон. Пак викам- можда и јас ке пошандрцам и некој ден за не знам што, ама ке ке се сетам да прикочам , као кола да возам- кочница, рефлекс да ми стане. Оф, се кажав, ај назад на книги
Јас многу убаво разбирам што сакаш да кажеш, но ти си нешто конфузна, оти упорно начинот за кој ние зборуваме го вклучуваш во се освен во демократско/позитивно со кое и те како се постигнува авторитет. За она што ти го зборуваш, јас мислам дека сите овде се согласуваат дека не е во ред. Зарем не го судиш тоа? Зарем не ти подлежи на критики? Да, исто и јас за ќотекот. Точно е дека јас имам мали деца. Точно е дека никогаш не се удрени. Точно е дека ако останам со овој памет, никогаш и нема да бидат удрени. Оти јас сум научила да се контролирам и да ја контролирам ситуацијата. Не ситуацијата со мене, ами јас со неа. И точно е дека моите деца се воспитани. Здрав однос градам и се надевам ќе остане така. За рака што летнала, еднаш веќе се изјаснив во темава. Може да се случи, но тоа не е оправдување. Оти и во брак маж може да плесне жена, ама не е оправдување. Боже мој, рака му летнала. Види, подобро да ми кажеш дека судам, отколку при здрав разум плескање мало дете да оправдам. Самата велиш зборување не разбира. Под кои и какви околности дете без развиена когниција ќе разбере со ќотек? Кој е твојот начин, ако не е зборување, активности, игри соодветни на возраста и милион други начини преку кои се постигнува владеење на ситуацијата и секако, авторитет. А не е ни ќотек велиш. Многу ми е драго што си постигнала таков однос. Таквиот го сакам и кон таквиот се стремам и јас. Каде подвалувам и каде ќе подвалам, ќе покажат понатаму годините. Но едно е сигурно, детето ќе биде она што родителите ќе го направат. Повторно ги мешаш работите. Оние кои не употребуваат физички казни, немаат авторитет. Нема потреба да замислувам, нешто што ми е како бел ден јасно и кое го имам и кон кое се стремам така да остане. Без физички и вербални злоставувања. Она што ти не можеш никако да го замислиш е тоа дека ние не сме токсични родители, пермисивни и не знам ти какви. Оти во ниту еден наврат не видов вака да зборуваш за оние кои маваат, боже не дај за оној начин од постарите, ами радо нам, кои сме против плескање. Овде испадна, ние немаме авторитет ниту кон истиот се стремиме.
ме мрзи да давам банални коментари, затоа седни си ти и учи си а здравје кога ке ти дојде времето ке си се занимаваш со деца....родителството се учи откако ќе се роди детето, затоа не постои ниеден научен родител предвреме..ќе учиш цел живот.....само ако веќе сакаш да читаш од книги, барем читај и учи од фрнцуските родители кои се покажаа како најдобри во светот за разлика од америчкиве кои никогаш не знаат да се постават како авторитет...јас сум по старинското, да се знае кој е газда во кука, а не детето да биде главниот околу кој се врти светот.
Хаха, имам деца, едно у ствари, тинејџерка, 13, а учењето е пошто не си учев навреме ( шала , во странција не ни важат на сите дипломите за жал , па морам да преполагам нешто). Во другата тема кажав дека учам, работев до пред некое време , маж гледам и дете, ама за чистење најмалку време имам и за 2 месеци, се гледа крајот. Ај останете с'с здравје и неисцрпни теми .
Замислете на некоја емисија каде гостин е некој психолог или било кој стручен во врска со воспитувањето и односот кон детето и онака лабаво каже од време на време да им мавате по некој шамар на децата за да ги плашите од ќотек и да ги натерате да ве слушаат. Не знам уште колку долго би останал/а на работното место.
Бриџо, многу млади девојчиња рекоа дека би плеснале кога зборувањето не би имало удел. Зошто, кога има други начини? Дискусијата на Косми, ми се допаѓа, уште повеќе оти јас го делам истото мислење со неа во врска со родителството за кое зборува. Но не ми се допаѓа начинот на кој методите за кои ние зборуваме, а не се плескање, ги извртува во стил, ние бегаме од авторитет како од враг, дека го немаме истиот итн. По што го оценила тоа? Па затоа и прашав, кој е нејзиниот начин, оти ете, јас помали деца имам, па можеби и ќе научам нешто.