Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.726
    Допаѓања:
    182.310
    ја не сум будала да знам дека детето не ми јаде нешто и упорно со сила да го готвам тоа
    и не беше муабетот тоа погоре
    муабетот беше дека нема исполнување на желби
    еден ручек за сите
    според тоа кој шп сака неке има желба и се готви тоа и се јаде тоа
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.951
    Допаѓања:
    14.689
    Пол:
    Женски
    Гледам еден куп страни муабет сте разврзале. Пишав претходно дека не сум против ќотек, и дека има и подобри начини да се воспита дете, ама едно плескање по раче не е крај на светот.
    Ве читав за односи со родителите. Јас еве сум тепана, и тоа не за праење глупости (кршење, викање, лумпување), туку зошто собата не ми била средена или зошто сум имала 3ка или 4ка на тест во школо. Што за мене се глупости, ама ете за мајка ми било доволна причина да ми удри шамар, да ми се изнавика. Причината зошто никогаш не сум била блиска со неа не било зошто ме тепала, туку зошто кога имав потреба од емотивна близина таа беше поладна со мене. Сега на скоро 30 години сигурно нема да почнам да се гушкам и да и кажувам колку ја сакам кога тоа не било така ни кога сум имала 10 години. Да не праам муабет дека дојде момент каде што воопшто не се плашев од шамарот повеќе, па мајка ми немаше никаква контрола над мене. Стравот трае кратко, треба да создадете почит кај сопствените деца.
    И покрај ова пак не сум против ќотек. Ама и со дете што не разбира од најмала возраст треба да се трудиме да разговараме, зошто ако не го правите тоа на 2 и 12 години, не очекувајте муабет кога ќе имаат 20 години. Близина не се раѓа тукутака.

    А за техники на воспитување кои функционираат, гледајте малце SuperNanny, еден куп епизоди има на Youtube. Најневоспитаните деца (кои воедно и јадат ќотек па не се оправаат) се смируваат кога се казнети со одземање на привилегии (нема комјутер, нема точак, нема десерт и слично). Џабе го кршиш од ќотек ако за 15 минути тој пак си тера со истото. А ако кучето знае да ме слуша кога ќе речам цврсто НЕ, па ваљда и дете може да се научи на истото. Сепак теле се учи, вол не :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.835
    Пол:
    Женски
    Контрадикторна си малку. Не си против ќотек, а викаш стравот трае кратко, треба почит. Мислиш почит со ќотек ќе добиеш? Или близина?
    Значи, од досегашнава дискусија може да се заклучи дека е во ред да се удри кога е опасно, иако не знаеме што би се добило со удирањето, кога секако ако е мало не разбира.
    Може да се плесне во афект, зашто луѓе сме, се случува. Иако ова не држи вода, зашто во афект не се плескаме сами меѓу себе, или со мажите или со други возрасни. Тогаш можеме да ставиме кочница зашто станува збор за друг возрасен, ама со децава не можеме зашто... Зошто не може со деца?
    Може и да се плесне по раче или газе тоа не е страшно, ако не е ептен она ќотек, иако пак не знаеме што би добиле со тоа плескање по раче или газе, што всушност се постигнува. Освен нели, страв, кој ете, сепак кратко траел.
     
    На CameliaMiller, zuto, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.994
    Допаѓања:
    13.777
    A sto ako gotvam po zelba?
    Eve jas gotvam sto jade mojata, duri I ima denovi koga posebno pravam. A toa sto ne go saka, nema so sila da I go davam. Duri i pedijatar mi kaza sto saka toa da I davam, a ne na sila da I butam, pa da povrati. Mnogu sebicnost kon svoite deca. Da se cudi covek :x
     
    На CameliaMiller, slobodka, kristina.k и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.951
    Допаѓања:
    14.689
    Пол:
    Женски
    Можеби не се објаснив убаво. Сметам дека треба да се трудиме да разговараме со децата, дури и кога не разбираат многу, зошто така се добива долготраен успех во воспитувањето, а со тоа и убав однос/близина помеѓу родителот и детето. И како расте детето, многу повеќе се постигнува на тој начин отколку со ќотек.

    Ама не сум против ќотек кога детето не ти обрнува внимание, или можеби е премало да сфати што греши. Пример на година ипол може да брца во штеќер. Плескање во тој момент има повеќе ефект отколку да му објаснуваш што значи да те удри струја.

    Како го пишувам ова, сфаќам дека терминот "ќотек" го користам погрешно. Јас со тоа разбирам плескање по рака и газ, не тепање со каиш и оставање црвени флеки по кожата. Не е целта да го утепаш детето од мавање или да лечиш фустрации, туку е последица од неговото лошо однесување. Ако детето размислува "нема да го правам ова пошо мама ќе ме тепа", наместо "нема да го правам пошо тоа не е добро да се прави", тогаш ефектот е краткотраен. Од лично искуство кажувам дека нема смисла јас да учам за да мајка ми не ме тепа, а не за да имам убави оцени и да бидам добар ученик.

    Едит: и детето ќе те почитува ако го направиш човек, а не ако било мирно за да не јаде ќотек.
     
    На CameliaMiller и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.402
    Допаѓања:
    183.646
    Пол:
    Женски
    И во прв момент кога ќе види дека никој нема да го гледа, ќе брцне во штекер. Затоа што се плаши од плескањето, а не од опасноста.
     
    На Istata od vcera, CameliaMiller, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    А како да се плаши од опасноста? Да му дадеш да го фати струја?
    И да не го удриш по раче треба да му направиш малку драма, со озбилна фаца и повисок тон за да разбере дека си озбилна. Значи пак малку треба да го исплашиш за да доловиш озбилност на ситуација и дека не е исто кога велиш -не отварај фиока. Штекери можеш да заштитиш ама нема секаде каде што одиш да бидат заштитени, па имаш печки, скали или врата/порта која некогаш по некоја случајност може да се најде отворена а тебе тие неколку секунди да не ти е пред очи. Страв од родителите до одредена мера секое дете почувствувало, не ми глумете ангели што со песна и харфи постојано ги воспитувате своите деца.
     
    На mssuniquee, Stressed Out, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.402
    Допаѓања:
    183.646
    Пол:
    Женски
    Па тоа де. Не мора да го плеснеш. Ќе го исплашиш за опасноста. Тоа што си кажа.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Значи пак плашење, пак страв до одредена мера. Како знаеш како го прима детето тоа твое заплашување и дека не е стресирано повеќе од некое друго што е плеснато по раче?
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.402
    Допаѓања:
    183.646
    Пол:
    Женски
    Па ваљда за мое дете знам како и колку треба. Тоа другото што е плеснато може и ич да не е исплашено и пак да проба да брцне. Впрочем цело време ни е таа поентата, дека ќотек или пали привремено или ич. И кој рече дека сакаме да ги заштитиме децата од чувства? Само сметаме дека има друг начин, а да не е ќотек и се разбира, да не е обраќање со погрдни зборови.
     
    На CameliaMiller, zuto и ivi1987 им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Тепајте ги.Ич око да не ви трепне.
    Не јаде тоа што сте зготвиле?
    Шлап една по уста, брца во штеќер?
    Уште еднаш шлапнете го.
    Едно-две шамарчиња ништо страшно не е.
    За се по едно шамарче.
    :punch: :drunk:
     
  12. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    7.063
    Допаѓања:
    154.502
    Пол:
    Женски
    Ова најмногу има ефект кога со зборење и молење нема да се разбереш :) , можеби звучи како уцена но кога не можеш во момент поинаку да се справиш, подобро од ќотек во секој случај.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    38.471
    Пол:
    Женски
    Ќотекот понекогаш може да има и контра ефект.
    Спротивставување, инает, и во крајна мера- последици.
    Познавам пример каде што детенцето од ќотек( не малтретирање) од родителите, дтка. Значи, гревота е да го слушаш како зборува, а посебно како се однесува ако некој од родителите викне со повисок тон.
    Да, кога веќе сите граници на толеранција се преминати, сум да се крене рака али совесно плескање по газ колку да се научи до каде е границата на однесување.
    Макар што, лично, во нашиот дом, единствен начин на разбирање и смиреност, бил компромис и зборување.
     
    На Feminka22 и Martka им се допаѓа ова.
  14. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    2.724
    Пол:
    Женски
    Се читаш што пишуваш или толку ти е ? Ако си дозволуваш со твоите дома со тој речник, тука преиспитај се што пишуваш!
    И не, не се знае како ОДе со готвењето. Очигледно кај тебе така ОДе.
     
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.726
    Допаѓања:
    182.310
    :*:*:*
     
  16. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Само вие продолжете да се тешите дека со плеснување по рака или газ се ствара авторитет и се учи на послушност. Па уште тешење дека кога ќе пораснат ќе бидат благодарни што биле плескани.

    Секое дете е приказна за себе, и со секое дете треба различен пристап. Две имам па се различни како воздух и вода. Едното е од мало самостално и само си се заигрува, другото од мало си бара повеќе внимание и постојано друштво за секаква игра, сама не сакаше да седи ни минута и сеуште е таква. За штекери помагаат штитници, за фиоки и шкафчиња помагаат исто штитници како и многу зборење зошто не треба да се отвараат и пипкаат. Секое дете е љубопитно и сака да испита терен, а родителот е тука за да го научи со зборење, макар устата пена да му фати. Никогаш немам удрено дете ама имам повишено тон и не се гордеам со истото, криво ми е и имам грижа на совест. Ние родителите сме криви ако на време не си го воспитаме детето, после одредена возраст колку и да го плескаш и мислиш дека е исправно нема ефект во воспитувањето, туку се ствара револт и инает и се продлабочува проблемот.
    Со големата имав лоша случка пред неколку дена. Со кола ја носиме до школо и маж ми пред да застане ја отклучи вратата а она несвесно дека колата е сеуште во движење ја отвори вратата и беше спремна да излезе. Не ја исплескав за да ја научам дека не треба да и се повтори истото, туку зборев и објаснував што може да се случи ако не внимава во иднина. Реакција од луѓе -ја да бев на твое место, ќе ја искршев од ќотек па да видиме дали ќе и текне пак да се фати за врата.
    Случка со малото, го земав од градинка ненаспан, отидовме дома и од што беше лут зошто не му почнал цртаниот почна да го тресе телевизорот. Го тргнав на страна и се изморив од објаснување ама телевизорот веќе не го фати, од далеку кажува дека не треба да се чепка. А луѓе од страна ми рекоа дека требало раката да му ја исушам за да не му текне да фати уште еднаш.
    Секогаш има причина зошто детето е непослушно во моментот, зошто прави нешто што ние знаеме дека не е ок и зошто на моменти се јавува лутина.
    Во ниту еден случај нема да удрам дете, нема да си ги лечам моите фрустрации и комплекси на него.
     
    На Istata od vcera, CameliaMiller, Purplelilac и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.885
    Допаѓања:
    163.615
    Не сум про тепање деца... никогаш не ме тепале ни по дома, можда ваква никаква испаднав затоа.
    Еднаш истрчав на улица, ќе ме згазеше кола. Не знам колку имав.
    Ден денес 5 пати погледнувам и на еднонасочна у два правци после она вежбање поминување на улица ЦЕЕЕЛ СААТ со татко ми за рака. Ама да си бев сама на себе родител, сем вежбањето, можда и пуфка по гз ќе си дадев, од страв. Мислам дека боље ќе беше шамар да ми удреше и да завршевме со таа профи едукација. Поише траума имам денес, дечко ми за рака го фаќам кога поминувам улица, а ако сум сама.. хехе... фестивал. А човекот ни строг, ни викаше, само ме праша што се случи и зошто, кога објаснив, ми рече - епа не смееш така, сњга ќе ти кажам како... цееел ебени саат... гледај лево гледај десно, помини САМО ако нема коли, ај сега сама...

    Ама да ми брцне дете со рака у штекер (да де знам дека има заштитници, ама може на гости да се деси) или да ми претеча улица или да се џитка на сите страни и да прави опасни работи по живот... миииислам дека ради тежина на муабетот, може да добие воспитна по гз, без физичка сила. Ама мислам, не тврдам. Мислам дека по инерција од љубов ќе ми дојде, од стравот од можната последица. Ама ако сум како со внуците... веееееројатно ќе имам најневоспитани деца у свет. Но психички се подготвувам дека нема, зошто не сакам да станат како грото посебни снегулки и генија кои мора да се одгледуваат во исклучиво релаксирани услови заради множење на таа сива маса и развој на тоа мало гение.

    Но како и да е. Деца полесно ќе преживеат шлаканица со поента, него ли зборови без поента, а тешка навреда.

    Се кладам дека тука има поише од 5 мајки што у реалност си го има заскубано своето дете. Хехехе хенце. Но тука битна е супериорноста од сочуствието, одма се замислува таму некоја неурамнотежена, неуротична мајка која искочила од хорор филм и која ги злоставува своите деца. Па кај се тука социјалните служби ве молам?! Мора да реагираат...

    Од илјадници жени на форумов, се се собраа безгрешните професионалци у детска психологија. Алал да ни е!!!

    Едвај чекам да родам, па да ве смарам со моите врло веома одлични мајчински способности, посебна конекција со детето и кога ќе ги прави сите невозможни подухвати ко ниедно дете на светов, ко на пример да каки на нокшир на 3-4 години, зошто ние не се форсираме да ги остави пелените зошто се плаши од нокширот, а и сите деца не се исти, ама затоа азбуката на англиски ја знае одлично. Или кога ќе цица до 3 години зошто е здраво, се стварало врска со мајката и емотивна сигурност - читај - есипов комплекс - причина зошто ја имаме темата свекрви и снаи илити ме мрзи да го трпам пребродувањето и вриштењето, а и мене ми е некако себично убаво да го држам до себе стиснато, зависно и веза нема со реалните препораки на педијатрите, но својот неуспех ќе го кријам под наводните препораки.

    Ај ве молам...без осуди. Сетете се на моментите помеѓу два нервни слома и онаа преломна точка кога си мислел дека ќе го згазиш, одма ќе ви спласнат критериумите и мерките.
     
    Последна измена: 17 април 2019
    На mssuniquee, Yowannty, slobodka и 14 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.773
    Пол:
    Женски
    :bow:
    Завршен пост на темава.

    Мислам дека би требало малку повеќе да навраќаш по мајчинските теми не малку малку тро повише.

    Поздрав.:!:
     
    На mareane и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.835
    Пол:
    Женски
    Така е, ама полесно е да се удри отколку да се види што е проблемот и од каде потекнува однесувањето.
     
    На Istata od vcera, Purplelilac, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.332
    Пол:
    Женски
    Најкриво ми е кога од млади луѓе слушам -што ни фали на нас што сме плескани по рака и газ, еве здрави прави останавме, ништо не ни фали. Многу фали, штом тоа е најнормална воспитна мерка.
    Сум ги прашувала луѓето кои размислуваат така дали кога тие како возрасни прават грешки, за секоја една треба по една воспитна да добиваат за да не им текне пак истото да го прават. Плескање, кубење, ќотек ма како сакате наречете го е семејно насилство, стојам цврсто позади тоа.
    И не, не сум совршена мајка, сум повишила тон кога било високоризична ситуација и не се гордеам со тоа ама како што не сакам мене да ме кубат, плескаат и удираат така и јас не сакам на децата тоа да им го правам, ете толку е едноставно.
     
    На CameliaMiller, Purplelilac, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.