И да повториме - глупостите на нашите деца се одлика на нас. Џабе психоанализи на кутрите деца, кога веројатно проблемот е у родителот. А што сте итрици, а вас некој ако ве психоанализира одма плачете ц ц ц ц ц Проблемот не е што децата денес не се тепаат. Добро е што не се тепаат ко порано, иако кој шалапа, нека шлапа, нели, самите вие зборувате на други теми за лични избори, по ви е сега проблемот не ве разбирам? Не зборат жениве за премлатување до џигеросување. Не за џабе е речено дека јазикот коски нема, ама коски крши, некогаш и кажното боли повеќе од шамар и при тоа не мора да е увреда, туку нешто кое што под игра на зборови може поинаку да резонира во детската глава. А ако сакате да сте безгрешни, не треба да употребувате зборови во негација и прашање кое почнува со зошто, а ако употребувате, веројатно до сега сте направиле штета ко и ќотекот без мерка... Јап... здробен е некој темел на самодовербата и емотивната сигурност постигната со цицање до 5 години. Шега на страна, сериозна сум за негацијата и зошто. Нејсе, муабетот ми беше, ок е што не се тепаат, него што само се збори за работи кои порано се добивало ќотек, а не се збори воопшто за работи за кои порано се зборувало и карало - тоа не се спомнува, зошто секое дете стана нешто посебно. А таа желба за посебност на родителот доаѓа од неговата фруатрираност што никогаш не се издвоил по ништо. Исто е и со смешните имиња, и со гротескните родендени, и со 1662 врсти реквизити за одгледување на 3 кг човече кое не знае каде се наоѓа ама има релаксатор, мечка за на под, подлога со тропалки, потпиралка, перница на нивоа, све со иста намена, дека нему му е јасно што све има... Се расправа ко тетка, малтретира цел клас - ако, борбено да било. Те манипулира како сака, ако, снаодливо ќе било. Не дели играчки, ако, да се бори за своето, ама слушаш едно одвратно млитаво, проформа кажано - немој мама. Ем знае дека треба да реагира, ама не реагира ко што треба. Ќе удри друво дете, ама он си игра така, он од љубов тоа. Оди таму скриј си го срамот жити се, од љубов. Ви пишувам ова дур гледам едно уметничко дело а ла Кромањона П.Н.Е фецес на вар, Л***р, 3,8 години (44 месеци ). На чување е, актуелно - гомцето да го мачка на ѕид, таков ни го донесоа, рекоа еднаш каран бил за ова. Молам за професионален совет сега. Јас му реков дека прасињата живеат во гомца, а ние сме луѓе, а дека гомцето е различно зошто различно јаде секој ден, следното предложив заедно да го анализираме. Пикасо спие, одам делото да го зарибам, дечко ми го гледа задлабочено, мислам дека има уметничка критика веќе.
Точно. Родителот е крив што не го воспитал од мали нозе па после проодување џабе плескање по газ, раце и мавање шамари и кубење коси. Не се сложувам со мајки што викаат -ама мало е, што разбира на две години? Ама баш све разбира, баш тој период знае што треба а што не треба да прави. Како што децата се учат, така и родителството се учи. Ама, не со шамари и плескање.
Јас детето не би можел да го удрам никогаш. Мене како дете татко ми знаеше да ме удри кога ќе направев беља, не слушав, бев немирен. Во текот на цело детство имав како некој страв од татко ми. Бев поодалечен од него, зашто знаев дека ме има удрено. Ради тоа никогаш не би удрил дете. Колку и да е немирно, што и да направило, треба на време да се воспита не да се тепа. Ако родителите се вложат и посветат на воспитување на детето, ни на крај памет нема да дојде да го удриш
читам ама некогаш навистина не можам да си поверувам. Абе мене ме здробила од ќотек сите од мојата генерацика модри иделе на школо некогаш,ќофтани се кој како заслужил ама никој никогаш немал страв од родител да види како се почитуваат после родителите,па еве сега ништо на никој не. Ни е. Ама сега се е збеснато од родител до дете. Секоја чест на исклучоци. Не ги размазувајте децата и нормално не тепање дотолку ама ич да не удриш после ќе дојде време кога ќе те гази и тоа над тебе ќе има афторитет е тогаш не ќе можеш воспитна да му дадеш
Мене не ми е јасно што мислите дека ќе постигнете ако детето го испратите модро во училиште? Дека сте добри родители? Дека имате авторитет над него? Не. Модринките ќе покажат всушност колку сте лоши како родители и дека детето е малтретирано од ваша страна, а кај него освен револт, инат и нервоза друго ништо нема да се јави. Болело за памет Ќотекот е излезен од рајот Сите порано оделе здробени од ќотек А наместо да го тепаш како пештерските луѓе што правеле, да пробаш љубов и разговор да му пружиш? Да видиш зошто е такво и што сака? Па да го воспиташ кога сака нешто на убав начин да побара? Знаете дека малите ви го копираат секој ваш чекор? Или полесно е да му удриш шамар ако погреши? Така сигурно нема да има ладен однос со вас, туку самото од себе ќе се воспипта Како можете да кревате рака на мали ваши родени деца, секоја чест. Ако мислите дека почит се стекнува со тепање, а не со отворен разговор тогаш терајте.
Мене на пример моите никогаш не ме удриле, па да видиш колку ги почитувам. Разговор и само разговор за да се воспита дете. И добар пример од родителот, бидејќи детето учи од него.
Кој тоа и до кога ќе ве лаже дека сте нешто погоре од сегашниве деца? И што подразбираш под „снаодливи“?
Можеш да зборуваш за своите родители. Моите не ме воспитувале со ќотек, еве снаодлива сум. А ти си го тепаш детето за да го ојачаш и да го спремиш за иднината?
Моето пак ништо ништо не јаде замислете не шлапам ама го ставам на џам и го залажувам да јаде и јаде, среќна сум што сум успеала да го наранам со изигравање на клон качување на џам да ги гледа пилињата играње со коли или слично. Имало денови кога и тоа го одбивало не сака и не сака абе залче да стави замислете не шлапам а и да сум шлапнала чисто сумњам дека ќе јал оти и на лустер да се качам џабе ми е.. Ме скубе буквално ми вади грат влакна од коса зборам зборам .. не шлапам оти он мисли дека тоа е игра и џапа и се смее ја тргам полека раката и зборам иако сумњам дека ќе ме разбере ама тргам рака он стави рака јас тргам рака Ме гребе уз смеа уз игра мисли и тоа дека е игра изгребано ми е цело лице одрано а он се смее и мисли дека така си игра ја тргам раката или станувам у секунда од него ама не шлапам а ми тече солза од болка баш пред 2 3 дена тоа ми го направи Детето е мало чему шлапање кога гледам дека тие работи ги прави уз игра и се смее зборам не сваќа дека е игра ама ќе свати лека полека Ми бега од улици па затоа компензирам со количка и да не сака да се качи го ставам и автомтски го залажувам дека ќе одиме таму и таму и се супер сваќа и се смирува Тантруми беснотии урагани по цел ден ама не шлапам тук го воспитувам лека полека кога и да е за година две ќе свати
Mototo na mazohistite Sala na strana strasna e pomislata deka seriozno nekoj roditel vaka razmisluva.
Не велам да тепаш туку дека малку да го удриш уопште не е на одмет. Да види дека има и нешто посилно од инаетот. Да види дека не може тоа да манипулира со нас. Тепам мнооогу ретко ама гледам мноогу деца што не се тепани а би требало и споредувам па затоа и пишав.