1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Леле мразам ќотеци, кога бев мала многу ми беше страв од мајка ми, а јас па многу бев мрдлеста и се пакости правев па добро ќе ме отшлакаше :lol: . Ќотекот предизвикува бунтовност, одбивност и остануваат трауми. Бившата ми класна срце жена е во животот нема кренато рака над нејзиното дете, се со збор се разбираат. А една шо ја познавам ниту еднаш не сум ја сретнала а да не го тепа детето на сред улица. А бе чисто е мало 2 годинки дали има, едно слатко убавко срценце да го изручкаш а таа а бе кога ќе му ја сврти, кога ќе го фати за коса, па да го плеска :x . Сите и зборуваат зошто е толку насилна а и она не знае, болна жена.
    Ми се чини на мое дете рака никогаш нема да кренам, дивјачки е, луѓето со збор се разбираат а животните со тепачка.
     
  2. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935

    Потполна согласност. ;)

    Нив ги тепале, е сега не сфаќам. :^) Како после тоа можат да го прават на своите деца?

    mystery..
     
  3. plawa

    plawa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    130
    Зарем само јас сум ЗА ќотек...
    Едно дете сум и моите никогаш ме немаат удрено....Ама има моменти во животот кога си викам “Еххх да земешe мајка ми да ми врзе два шамара немаше сега вака да биде’’ ( а верувам дека сите неkогаш сте се нашле во ваква ситуација). Не зборам да си ги кршиме децата од ќотек, малце ќе го удриш да знае дека нешто лошо направило.
    Сега знам дека ќе ме нападнат мајките од форумов :) Ама морав да си го кажам своето мислење
     
  4. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Се разбира дека не! Како прво од тоа може да се создадат трауми,несигурност,омраза и децата се нежни и кревки можат да се повредат. Второ може да се реши со збор се смирено и без викање вака само уплав и не се решил проблемот можеби нема да го направи тоа повторна ама еве на пример (не ми се има случено ова емен така напишав што ми падна на ум :lol: ) Некое мало дете ќе игра ќе игра и ќе скрши ваза некоја и доаѓа мајката и одма ќотекот детево после никогаш ама баш НИКОГАШ нема да му се случи нешто такво ама во себе секогаш ќе ги има последиците од тоа,ќе има страв ќе има траума. Така да ќотекот апсолутно не е решение.
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Ќотек како воспитна мерка па да ама во одредени случаеви. Неможам да кажам дека не сум била тепана, секогаш кога ќе сум заслужила сум си добивала :lol: но не да ме претепаат туку доволно за да ме заболи за да се расплачам. Тоа скоро секогаш се е случувало како последица на тепачка со сестра ми :lol: Сметам дека треба да се удри детето ама само кега тоа стварно ќе заслужи, Во сите сличаеви разговорот не помага.
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Пак и комјутеров, кога ќе забрмчи, или телевизорон, кога мења бои, посебно оној во студентските ми денови... и сами знаете дека ум не им доаѓа дур не ги потчукнеш убаво да те запаметат која си.
    Ма има да ми играат полка, штом влезам в соба и тоа на прсти, неосетно, звук да не се чуе... псттт.
    Пак, и што ме нервираат овие телевизорчињава, ко листиња од тетратка тенки, ајде потчукни го од горе да те видам, а веќе 30 минути ти го жуља чирот дур си ја следиш омилената ти турска серија :).

    Најжално ми е, кога родителите забораваат на времето кога тие биле деца. На сето она што на ними в мозокот им се случувало, додека поминувале низ таквите моменти, додека бил тепан нивниот брат, сестра, додека воспитни мерки биле спроведувани врз самите нив, па макар и во форма на кисел дожд од зборови доволно да ти изгорат по неколку мозочни ќелии. И додека е детето немирно, ние го тепаме да биде мирно, а откако ќе стане мирно, тогаш не разбираме зашто е повлечено во себе си, зашто нема самодоверба, зашто не знае да се бори за себе си, зашто е неодлучно, зашто се откажува и зашто, зашто, зашто, пак и тогаш си имаме ние пак механизам да си се покажеме што луѓе од родители сме си, па удри му и тогаш в срце, покажи со прст на синот/ќерката на комшијата, линцнати ко’ тате и мама џуниор, „зашто ни малко не си како нив, засрами се, они дури помалку од тебе имаат, а ти се имаш, разгалено размазено, разпрдено ... дрн дрн дрн дрн... до бескрај :), па после сме си добиле и бунтовник, багабонт, тепач, силеџија....
    Ајде, ОК, што овие работи беа правени во времето кога јас бев дете, да речеме тогаш мајките и татковците не листаа книжулиња за психологија, немаше интернет, немаше некоја си тв програма достојна да се поучиш, за како поинаку да го мотивираш детето, пак и нашиве родители ти се деца на родители, каде што каишот и сукалото играле редовно, пак и в училиште учителите правда делеле со дрвце, бап по рачињата немирни, непослушни, бап.
    Ама во денешно време, побогу. Влегуваш во некој супермаркет во кој од пиле млеко ќе најдеш, пак и книги бре дури од по стотина странички, меѓу серии да си ги прелиста човек и ја гледаш мајката како си го влече по земја детено, бидејќи сакало овошен јогурт, чоколатце... го испошамарала неколку пати, го скубнала за косичето, увото му го вцрвила од тегнење и уште „ќе те убијам!“. Ајде бре.
    Знам, таквите родители ќе речат, лесно да паметуваш, кога не си родител, кога не си осетила на своја кожа, ама не можам да се воздржам на ваквите родители да не им застанам пред нив и да им се насмеам во фацата, чисто да осетат срам од себе си, не од детето што демек ги резили пред сите, бидејќи на детето му се насмевнувамт од радост, од милост, го жалам, вртам поглед од тебе дур го правиш сето тоа.
    Кога би имала дете, пред било што такво да направам би си помислила, како би било да некој ми го земе моето дете, дали тоа ќе ми го олесни животот, ќе ми годи ли тишината кога одам да пазарувам или тишината по дома. Секако дека нема. Но, пак и што знам јас, јас бев вечниот виновник по дома :lol: и, не знам за поинакви мерки од црвени нозе, раце, модар задник всушност. :) Удри бате државно е... ма уште од тогаш знаела мама моја дека ќе ми даваат стипендии од владиве наши :rofl:
     
    На Moira и pink4ever им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Никако! Стварно знам дека некогаш малите деца знаат да те изнервираат - имам помала сестра, ептен помала, ми иде некогаш од земја да ја тратам :D - ама не е тоа начинот на кој се решаваат проблемите.

    Посебно ме иритира кога родителите си ги тепаат децата за банални работи - се помочкало во гаќи, ајде стапот еве го тука е. Ја дупнало несакајќи фудбалската топка, ма каишот ќе го искине од него. Скршило некоја играчка - не знае кај да се скрие од гневот на родителот. Е многу ,,страшни,, работи направило. |( Знам точно за еден ваков пример, детето до ден денеска е мало, ситно, слабичко... :x

    Кога ми беа тука братучедите од странство, гледавме видеа кога биле мали. На ниедно видео не може да се слушне дека некој ги кара, дека им се издераваат, а не пак да ги тепаат. Видеата беа прилично долгометражни, можда 1, 2 часа снимано. Пример, децава влегуваат во вода со чизми, а татко им само им вика, па немој таму да одиш, ќе се натопиш. Е откако се натопи братучед ми, го оставија така до дома. После тоа сам ми кажа дека ни на крај памет не му текнало да влезе во баричка со вода на толку ладно време. :D

    А па жално е, ама и смешно, кога ќе видам, мајка и ќерка се тепаат. Ќеркава 18 години и мајкава и мава шамари, таа олкава магарица пораснала... и ќе се тепаме како животиЊи. Оти и животните од збор се разбираат, а не пак човек.
     
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ќотекот како воспитна мерка - НЕ!! Во никој случај иако викаат ќотекот од рајот излегол, ма немој. Многу децат од тој ќотек стануваат плашливи,им се создаваат трауми, несигурност, омраза, инат, и други такви работи. Детето треба да се воспитува со зборови, со дела а не со ќотек!
     
  9. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    НИКОГАШ! Тие деца што поминале низ тоа знаат како е... Детето станува несигурно, трауматично, бунтовио. А тие се толку кревки и ранливи. И пробуваат да се заштитат со тоа што мразат се околу себе, што стануваат сурови... Тоа боли. И подоцна во животот им е тешко, многу тешко... Но има и нешто друго. Многу од тие деца стануваат борци, кои и нема да дозволат веќе да бидат омаложувани.
    Никогаш не би сторила такво нешто на свое дете и секогаш ке се воздржувам. Бидејки сакам да научи дека тоа не е решението. И дека може се да се реши и со искрен разговор и пријателска насмевка. Тоа е оној контакт родител-дете. А детето кое ке има такви родители ке чувствува одбивност кон нив.
     
  10. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Зависи од самото дете, дали ќе ја наведне главата по ќотекот, и ќе плаче, и ќе сфати дека тоа што правел не е во ред, или пак ќе продолжи истото да го прави, и да се противи кога родителите ќе му кажаат да биде мирен...
    Значи или ќе има стравопочитт или ќе мисли дека родителите му се непријатели, не дозоволуваат да прави што сака, и ќе мисли дека треба да го направи токму спротивното од тоа што родителите ќе му кажаат...
    Јас сум строго против ! Мислам дека има 9298573495 начини како да го увериш детето дека тоа што прави не е во ред, ама ако детето само од себе се забавува правејќи беља... :/ Колку и да го удриш, нема да престане, џабе е тоа-мое мислење- од деца што сум видела.
     
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    не одобрувам но...... котекот понекогаш е излезен од рајот ;)
     
  12. Emily56

    Emily56 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Додека бев мала моите родители еднаш два пати ми имаат удрено шамар.Моето дете никогаш не сум го мавнала ниту ќе го мавнам бидејќи мислам дека после би имло премногу трауми и сл.Баш мислам спротивно дека ако родителот нон-стоп го млати детето тоа ќе стане идиот и ќе се плаши од секого и ќе нема свое јас.Се сложувам со фактот дека децата не треба да ги опуштаме многу но секако не треба ни да го малтретираме.
     
  13. Happygirl13

    Happygirl13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    60
    Големо НЕ за ќотекот како воспитна мерка.Според мене ќотекот воопшто нема да помогне,напротви тоа само ке ја влоши ситуациата.Детето ке има страв од вас и за секоја грешка што ке ја направи нема да ви каже,бидејќи ке му биде страв од тоа како вие ќе реагирате..Гледајќи по мене ќотекот нема да ме опамети..поубаво да ми каже со збор ко нормален човек него да земе да ме тепа..Е сеа ако од 3 пати не се разбере едно шамарче нема да наштети..Но ќотек НЕ!
     
  14. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Ако "ќотекот е излезен од рајот" не значи дека ќе ве прати во рајот или ќе ви донесе мир и благосостојба. Јас сум дете кое е израснато без буквално ниту еднаш да се креене рака на мене. А сепак мајка ми има огромен авторите во моите очи, ден денес јас 2-3 пати обмислувам пред нешто да направам и како би реагирала таа на тоа. Сум била казнувана,ама на друг начин, кратење џепарлак, забрана за излегување, за компјутер и слично. И тоа имало ефект.
    Ќотекот е последната мерка за воспоставување авторитет и (пре)воспитување на детето кон која треба да посегне еден родител, според мене.
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    можеби сум премногу мала и незрела за да делам мислење како треба да се советува дете.. но сепак според мене довербата со детето треба да се гради уште од најраната возраст.. така ќе се стекнат сите навики и нема да има потреба од ќотек.. јас лично кога би имала деца (здравје боже) би градела доверба пред се,и би го воспитувала правилно.. не би го тепала,бидејќи според мене со ќотекот не се постигнуваат големи успеси паметните луѓе учат и од зборовите и квалитетниот муабет..
     
  16. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Кај некои ни збор не помага... Познавам еден човек се за син му сака се најдобро, сака да биде добро образуван го праќа на натпревари на се што сака. Но овој некултурен, толку глупав во однесувањето, да не ги знаеш неговите родители ќе си помислиш од детски затвор излезен. Секогаш му вика добро да се однесува да престане со тоа што го прави, овај само уште полошо го срами, вика по улица и сега човеков нерви има скинато од него. И што кога зборот не помага?! Факт е дека треба да се обидат родителите со збор,но додека не успева и ќотекот нека биде добредојден. Но не сега да го раскрвари детето, туку да му ја залепи една да го удри клоца.
     
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Строго сум ПРОТИВ ЌОТЕК!во НИКОЈ СЛУЧАЈ!Луѓето се разбираат со зборови,со ќотек ништо не се подобрува ни постигнува.Кој век е па ќотекот да игра?може само да се постигне спротивен ефект и ништо друго,а ако 1 човек не се разбира со разговор и збор и затоа незнам што да кажам...има и такви случаи,не дај Боже да се погоди некому такво дете,родител,или брачен партнер...
     
  18. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    НИКОГАШ не би мавнала дете!!!! строго сум против тоа навистина и е работа што намногу ја мразам бидејќи со ќотек не се решава апсолутно ништо!....го кажувам ова од лично искуство зошто знам како е кога јадеш ќотек и знаам кои трауми се доживуваат после тоа...така да строго НЕ за ќотек!!
     
  19. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    818
    Допаѓања:
    666
    Лоши се тие работи...

    Еве за мене си кажувам...
    Мајка ми по некој шамар и скубнување за коса (ама кај ушите, таму кај што најмногу боли)
    Бреееееееееј! Како сум пиштела едно време, после си отрпнав и не ме болеше. Свати и таа и престана.
    Татко ми е друга приказна -ме има (буквално!) истресено од гаќи неколку пати во мојов живот и предизвикал ненормално огромен страв кај мене, кој сега го надминав, ама тогаш беше толку голем и ме истрауматизира, што се повлекував и го одбегнував многу долго, а тој, дали беше глуп или едноставно млад -па не сваќаше зошто. И да, него го тепале и тоа многу како мал, затоа не е ни научен на ништо друго.
    Сега, не сакам многу многу да зборам вака, ама мислам дека затоа не можам да бидам толку физички блиска со другите околу мене и затоа ми е потребна огромна количина на нежност, љубов и внимание за да се осетам сигурно. И не само јас, него 90% од децата што го претреле тоа, се такви.
    А за мајките на форумов... би ви било фино еден ден да ги гледате вашите внучиња како јадат ќотеци од вашите деца, кои погрешно сте ги воспитале? Абе ајде...
     
  20. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Што бе не?!

    Една плеска по газот нема да му направи психички трауми на детето, ама ќе го научи на ред. Лично од себе поаѓам, многу повеќе се смирував ако мајка ми ме плесне, отколку да ми зборува цело време. Што се потресувате околу ќотеков, не зборувам за пребивање до смрт, нити удирање крвнички шамари. Ама многу повеќе се постигнува со повишување на тонот и кревање рака, отколку само со повишување на тонот.

    Кога ќе видам такви распрдени дечишта низ градов, ми иде мајките да ги задавам. И после се жалат зошто децата им се полни со каприци, неподносливи и одвратни. Епа плесни го по газот, ќе видиш како ќе се смени.
     
    На Hopeful и Fantazy им се допаѓа ова.