Ако ги тепате вашите деца,единствено што ќе постигнете е тие да ве замразат. Ако употребувате насилство,не заслужувате почит. Не,ќотекот не е ни измислен ни излезен од рајот,туку дошол од пеколот. Господ порачува да не се удира по своето. Да додадам,кога го повредувате детето со навреди,шамари или боксови,се повредувате и себеси бидејќи тоа дете е дел од вас. И мал удар на газот е погрешна постапка. Родител кој удира дете,не е човек,туку нечовек.
Откако станав мајка видов колку само е претежок животот со дете, најсериозна одговорност каде што нема простор за грешки воедно најубав и најдобар.. Не за џабе рекле дека не секој треба да е родител не секој може да се справи со трпение и челични нерви за да едно дете исправи на колку толку добар пат... Не секој го може тоа па и да го сака и да се труди или пак воопшто да нема нерви да се справи со одредени ситуации..
А шо не го здробиш од ќотек, како тебе што те здробиле, и до крај на животот нема да ти писне. Ќе те памти, ич да не се секираш.
мене ме тепале сестра ми не,за разлика од мене таа може да си излезе од дома и после 2-3 дена да се врати и ништо да не и речат оти сега ќотек не може да и дадат. Мене никогаш не смеело да ми се случи тоа. Јас имам повеќе почит спрема нив таа вика што ми можат не сум дете,ќе се вратам не мора да досаѓаат. А јас сум се јадосувала дали ќе стигнам на време. Па сега проценете вие.
A зошто па сега ќотек да не можат да и' дадат? Родители се, нека маваат, има да ја воспитаат штом не прави тоа што сакаат тие. Или има некоја граница до кога смееш? Се' додека е мало и беспомошно е во ред а потоа не, така ли?
Тешко дека би чувствувала почит кон некој кој ме искршил од ќотек, ама дека ќе ми биде страв до помочување в гаќи па ќе си кротам, да. Почит и страв не е исто, чисто така, да се потсетиме.
Или ќе станат насилни како родителите и место со разговор, ќе "решаваат" проблеми се тепачки по дома.
Родител треба да "удри" ама не по детето. Ако детето е немирно, забрани му дента да излезе па да видиме дали ќе се повтори. Или ако е малечко, земи му го телефонот или таблетот ( што пред се не ни требало да го има според мене, ама ај..). Не се воспитува со ќотек.
Авторитет на детето се гради уште од мало ама не со ќотек. Вие дали мислите дека со ќотекот вашето дете ќе стане помирно, не многу се лажете напротив тоа нема да смени ништо на подобро. Убаво е речено дека децета се огледала на родителите еден и тие ли треба да ги тепаат своите деца
Зошто тоа го гледале дома. Зошто се фрустрирани. Зошто се мажела мома да не седи дома па сега живее со 15 генерации во 50 кв стан. Зошто нема финансии, па удри на детето. Зошто уште копнее по бившиот. Зошто не си го замислувала вака животот. Зошто свекрвата/ золвата на преку ја погледнале. Зошто сакаат куќата со мало дете да им е беспрекорно чиста. Итн, итн..... Ниедна причина за ќотек всушност не е за памет на детето туку за памет на мајката. Детето ако е немирно значи му фали внимание, ако вложуваш љубов, труд, внимание, не може да биде немирно детето, не може да биде ни мумија и да не зуцнува ама ако му пружиш простор и можност да истражува, да учи ќе нема време за бељи правење. И на крај краеви и бељите се дел од процесот на растење, постариот син кога и имаше околу 2 години мм имаше донесено дома bean bag, јас го мислам спие, си пушам цигара надвор тој со прстињата копал, копал си направил дупка и целата соба ја направи со ситен стиропор, влегувам дома тој се радува, лежи во тоа топчињата и ми вика види мама снег и прави снежни ангели, требаше ќотек да јаде? според мене не, си легнав и јас со него си правев снежни ангели и после чистев од кога заспа 5 саата и сеуште после толку време изникнуват топчиња од некаде. Помалиот син го затнал лавабото во купатило ќе ги бањал животните, тоа си тече вода, он се радува направил водопад, пола куќа ја поплави, требаше ќотек? Ќерка ми имаше 15-16 месеци, мм божем ќе ја гледа додека пружам алишта, заспал човекот таа две табли јајца низ цела куќа искрши, сега на кого требаше ќотек на ќерка ми или на мм? Три деца имам на мала разлика, ниту ги тепаме, ниту им се дереме, ниту ги вреѓаме, понижуваме а се релативно добро воспитани деца, малку бучни и живи ама арни си се, може па со ќотек уште поарни ќе бидат. Јас и брат ми не сме кршени од ќотек, модри никогаш не сме оделе, почит и бескрајна љубов кон родителите имавме до месечината и назад. ПС точките погоре не се однесуваат на @marchi-cool туку општо беа земени зошто си ги тепаат мајките децата.
Мислам дека е многу важно на детето да му се покаже дека секогаш сте тука за него дека го сакте и дека го почитувате за тој да ве почитува вас.Ќотекот не е решение според мене.Јас не сум родител но тоа е моето мислење.Знам исто така за пример каде што моја пријателка беше постојано казнувана и тепана и тргна по лош пат,а јас која што не бев допрена имам голема почит.Тоа нив ги тера уште повеќе да се противат
Само родител кој не знае како со дете, го тепа истото. Родител мора да знае дека детето ќе прави белји, не знам како очекува тоа да биде мирно и никогаш да немаат проблем со него, проблем во смисла скршило нешто, шарало по ѕидови, растурало по дома, се извалкало од глава до петици итн. Многу, ама многу е погрешно да се тепа поради таква причина. Детето било љубопитно, дури и радосно додека го правело тој неред, и на крај некои мислат ако го натепаат ќе го воспитаат. Со тепањето страв само можат да му предизвикаат, а стравот е далеку од почит. А има такви родители, ги знам. Имаше кампања Родителството се учи, требаше некои да се заинтересираат повеќе ама жалното е што не сакаат да учат, мислат дека знаат. Си го одбрале нивниот метод и нема мрдање, нема гледање подалеку. Да се надеваме само дека нивните деца ќе научат од нив како не треба.
Не е проблем шо сето то го прават,дома се,ваш дом ваши правила,проблемот е шо истото ќе го прават по гости,ако сте чистеле вие 5 саати после снежните ангели,не е во ред и домаќинката кај шо сте биле на гости да го прави истото. Не мислам конкретно на вас,ама еве се надоврзав на коментаров за пример. Има една тема на форумов Непријатни гости се вика,читнете таму критики еден тон баш за вакви случаи,најчесто се проблем децата што демолираат куќи по гости. И верувам дека ни една членка не мисли да си го помодрува детето од ќотек,туку дека ако е доведена во ситуација да го плеснит ќе го плеснит,не сите деца се разбираат со разговор,крајно то се нивни деца не ваши,секој нека си прави онака како што смета дека е најдобро.
Тепај децата да не растураат по гости. Не им давај на децата органска исхрана и онака по гости ќе јадат глупости. Аман те бре колку време поминувате по гости, по цел ден дремете по куќи со децата? Јас време некогаш немам ни да се измочам што се вика не па по гости секој ден да се мкнам со децата. Инаку само колку за информација, куќи растурени од моите деца 0. Кај мене за тепање на децата, државата ти ги одзема така да не, не важи тоа мое дете што сакам ќе му правам.
Тоа е чисто лечење фрустрации врз физички послаба индивидуа, најранливата категорија а тоа се децата. Многу убаво ги спремате за животот, за светот, кога некој не те слуша или твоите зборови не допираат до некого, што ќе се објаснуваш, лупни му ја една. На другарчињата, наставниците, роднините, утре колеги, комшии, пријатели, брачни содружници. Браво. Инаку @bittersweet те имам читано и во други теми, со преубава енергија ти зрачат постовите кога пишуваш за своите деца. Ти си прав пример за исправно и здраво родителство, твоите деца се вистински среќници што имаат мајка како тебе. Многу од форумов би требало да се угледаат на тебе и твојот начин на воспитување.
Ти пак си го сфати ко за тебе да е наменето...ок. Ако твоите деца не растураат не си видела изгледа шо е демолирање дневна за пола саат. Крајно се зависи од детето.
И кај мене дома доаѓале деца кои ја демолирале цела куќа, а мајката ги плесакше по газ. Децата што правеа? Се смееја и пак исто продолжуваа со исто темпо...таа пуши цигара за цигара, кажува за проблемите со свекрвата и пак плесни ги...тие пак урлај...и така цело време дур беа на гости. Додека се однесувате кон нив како со животни и тие така ќе ви враќаат со кршење и урлање. Побајте зборнете и однесувајте се како кон луѓе, па може ќе ве слушаат што им кажувате. Не може дете да не се разбира од збор ако уште од мало на убав начин му зборувате што е погрешно, а што добро. Ако го воспитувате преку игри, книги и разговор, а не со казни и тепање. Нормално секое дете е различно и никој не бара од децата да се само мирни и седнати. Деца се. Ќе играат, ќе пискаат, ќе трчаат, ќе плачат, ама се има граница. И мене ме немаат никогаш удрено моите, па неизмерно ги сакам и почитувам двајцата. Разберете дека ќотекот нема да ви донесе почит туку фрустрации и инат. Само полошо правите, ништо друго.