Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Значи детето веке ако е хиперактивно или ако е палаво поарно нека разговара со психолог и мајката како да постапи со детето ќотекот во 21 век ништо не решава.

    Посетете со детето психолог нека те упати како треба е замисли удреш го на погрешно место и го осакатиш за цел живот? Пример несакајки на главата го удреш?
     
    На smile:) и Martka им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    не удирам јас во афект па да не гледам кај мавам,ако веќе ептен треба тоа е по газот или по бутките. Не сум будала да го издишам по плеќи како што имам гледано жени да маваат по деца,или мавни по уше па да го оглувиш сакајќи шамарче да го шлапнеш.
     
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.805
    Допаѓања:
    142.163
    Тоа се вика внимателно тепање :)
     
    На CameliaMiller, WildMk и gjoker4e им се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.014
    Допаѓања:
    110.638
    Пол:
    Женски
    Ти имам веќе кажано, борбата ти е многу тешка со јадењето, секоја чест на трпението. Само би ти советувала количката да ја тргате веќе, од не лично искуство туку од блиски наши, децата ни се 4м разлика, нивното е веќе 3ипол години, моето е 3г и 2м, нашево оди по 2км во правец без мака, нивното после 200м се изморува и бара во раце, мака невидена има мајката, исто и неа ја советував дека е големо за количка ама не ме послуша и вчера баш зборевме пишман е. Нормално не мора да ме послушаш, само совет. И браво за начинот на кој се справуваш со кубењето и гризењето и штипењето, само напоменувај, не е убаво така, боли, не чини... Моето не е насилно воопшто, милоста му е со силно гушкање, играта секогаш му е сконцентрирана повеќе на скокање и рипање и кога ме боли го застанувам и од прв не ама од трет пат разбира дека тоа боли и не скока повеќе. Исто совет кој не мора да го послушаш мада кај мене вродил со плод.

    Јас не сум мајка која под никој случај не удрила дете, го имам плеснато и тоа е најчесто кога дете направило нешто што ме исплашило или ненадејна ситуација, ама кога направило нешто за што јас сум индиректно виновна не удирам ни под разно. Нашето воспитување со оваа казнена мерка се сведува на плескање по пелена и еден и единствен пат кога го удрив по лице се покајав веќе после 3 секудни и никогаш повеќе не смее да ми се повтори бидејќи мојот страв во тој момент беше минорен со неговиот. Но се поретко се случува да го удрам, најверојатно бидејќи порасна и еве веќе 2 месеца се разбираме од збор и најчесто се сведува на разговор и објаснување или во тие некои мои моменти кога сум нервозна и немам трпение за да објаснувам го тргам на страна, му одвлекувам внимание и толку. А дете е, не може и не сакам да биде врзан за столче, треба да си игра и да биде активно. Моето е постојано активно, не застанува една секунда, викендов имавме веридба и не застана ниту на секунда, цело време или шеташе или играше на трева ама активно, не да седи во место. Јас таблети и телефони не давам на дете, тоа е џокер ситуација кога сме на фризер, кога е на лекар, кога се возиме во меѓуградски автобус, ама имаме договор само едно видео, најчесто се тоа видеа со бои и форми, бројки и букви, Биби или слични видеа. Моето е веќе со оформен карактер да речеме, знае и да се побуни, да се спротивстави кога не сум во право, ама тоа секогаш е баш кога не сум во право, кога погрешил молчи и се повлекува. Пример кога го плеснав по лице избега на улица во среде надојдена колона возила и малку фалеше да го згазне кола, јас во момент на паника го удрив, тој беше толку изваден од памет и исплашен што не сум го видела, од тогаш секогаш одиме од внатрешната страна, за рака и смирено, знае дека се трча на игралиште и во парк, додуша и до тогаш беше така, ама отпосле разбрав дека татко му го пуштал да трча по тротоар и детето се збунило, па и тато доби едно пеење убаво. Децата учат од наш пример, јас не верувам во тоа така ти се погоди детето, можеби баш бидејќи така ми се погодило детето не знам, сметам дека ако јас не го научам да оди за рака нема да оди, ако јас го пуштам да дивее нема да оди мирно и за рака, такви некои работи. И за јадење и за спиење и за шетање и за играње и за арно и за лошо, за се гледам дека ме копира и гледам дека јас и само јас сум одговорна за неговото однесување и постапки. Не сум среќна со тие мои начини на кои сум го постигнувала некој ефект, како удирање по газе, па сум го свела тоа на нула зошто гледам дека има начин и поинаку. Не сум идеален родител, можеби сум и лошиот полицаец во нашиот дома, ама гледам дека со него и јас растам и се развивам и учам како, ги поправам грешките и фала богу тоа вродува кај сите со плод. Важно ми е детето да не се плаши од мене и да има доверба во мене да ми каже се што го мачи, оти поинаку не е убаво, а сфатив, со ќотек тоа не се постигнува.
     
    На WildMk, azelea, eli25 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Точно ова и го мислам,ќе го плесниш во афект,ко ќе те извади од контрола. Детево зема зденки и наместо да ги јаде ги шлака и лепи по стаклото на масата,мајка му,немој така не е во ред,тоа плази јазик,ја гледа в очи и се смее и си продолжува,таа си крена раце,еве ден денес си е таков,7 години има,не ја перцепира дури и ја вреѓа. Му носам чоколадо,го отвара пред мене го мачка по маса,по паркет.... ужас,реков не му носам веќе никогаш. Најмногу се иритирам кога децата се однесуваат со храна така,збеснати се,ХРАНА,многу деца таму некаде не ни намирисале чоколадо.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.014
    Допаѓања:
    110.638
    Пол:
    Женски
    Тоа не е проблем на детето, проблем е на мајка му. Зошто детето да има достапност до зденки ако не ги јаде, нема потреба, зденка не е играчка, храна е. Ако си игра со храна не се остава да си игра, се зема храната, значи не му се јаде туку до играчки му дошло, за тоа служат играчките. Мајката е за ќотек, не детето, детето не знае поинаку освен како што ќе му се покаже.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.118
    Допаѓања:
    328.922
    Пол:
    Женски
    ова сеа си го пишала и никад више.Оти поима немаш кој со какви трауми и лузни се носи од детството поради тепање!!
     
    На Istata od vcera, CameliaMiller, Mishela и 19 други им се допаѓа ова.
  8. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Вака да ви објаснам траума е озбилна работа која што те прати цел живот од која постојано се плашиш од која имаш озбилни последеци во остатокот од животот тешко е да се заборави и стварно ми е жал за сите што ја доживеале...
    Вака траума може да се случи во текот на големи природни катострофи и во случај на војна а исто така и кога личноста се наоѓа во улога на жртва (насилство,сексуален напад,криминал и др.)
    Значи траума може вие да му створите со тоа што го тепале (не велам јас за она плескање по газето како што е горе наведено)
    јаз зборувам за она дробење имаше горе еден пример ги дробеле и така сите на училиште оделе и ништо не им е сега можеби модринките поминале ама лузните во нивните секавање нема да поминат.

    Се извинувам за долгиов пост и за ова држење на час ама морав да кажам
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Абе еден ден да сум на власт, би вовела таков еден, borderline *диктаторски*, закон - да се знае какви личности (строго по морална основа и поделба) може да раѓаат, па да видите после и ќотек, и рај и пекол, и сѐ по ред од мочаниве народни прикаски од 19ти век. :puke:
    Страшно е кој сѐ одгледува и воспитува деца.
     
    На Istata od vcera, CameliaMiller, theowndemon и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Па и јадеше и мачкаше,шо сакаше си праеше...out of control
     
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.402
    Допаѓања:
    183.645
    Пол:
    Женски
    А каква врска имаат децата кои ви доаѓаат на гости и прават неред, со темата? Јас читам фрустрации дека вие не можете (немате родителско право де) да ги шлепнете или ми се чини?
     
    На CameliaMiller, Mishela, duffi и 6 други им се допаѓа ова.
  12. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    2.075
    Пол:
    Женски
    Епе ете доказ дека стануваат насилни, нејзе ја кршеле од ќотек и сега и е нормално и неопходно и она да го тепа детето
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.058
    Допаѓања:
    131.069
    Пол:
    Женски
    На овој свет има жени кои сакаат да бидат мајки,но не можат.Се би дале за тоа чудо,дури и сопствените животи.Помислете на тоа кога ќе ви тргне раката накај лицето или газето на детето.Го ругате Божјиот благослов.
     
    На Istata od vcera и manako1 им се допаѓа ова.
  14. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Викат ќотекот бил од рајот така да.... :P:D
     
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    мене ме кршеле од ќотек некогаш искрено не ми беше јасно ни зошто ама јас ко ќе мавнам знам зошто и тоа е далеку од ќотек.
     
  16. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @marchi-cool Ти ко ќе мавнеш не било ќотек. А што е? Посипување розева прашина од еднорог врз детето? :drunk:
     
    На Istata od vcera, smooch, CameliaMiller и 14 други им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.402
    Допаѓања:
    183.645
    Пол:
    Женски
    Ама чекај. Ти како дете не си знаела зошто, ама родителите изгледа знаеле зошто те удираат. Исто како што и ти сега знаеш како родител зошто удираш, а детето не знае.
     
    На smooch, CameliaMiller, Avery и 7 други им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Ај да ми ја појасни некој фразата ' Од рај е излезен ќотекот ' ?
    Во вашиот ветен рај се тепаат луѓе ? Нели божем вечен мир и хармонија имало таму преку, сите добри меѓу себе, харфи и пеперутки во позадина? Како иде ова сето зачинето со шамари, кубења за коса, кечерски вештини ? :^)

    :rofl::rofl::rofl:
     
    На Istata od vcera, smooch, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Убаво ќе беше на повеќе луѓе ова да им доаѓа на памет во овој контекст, да се залагаат против недостоинствено и штетно однесување кон веќе родени деца како голем животен дар. А не да го користат како аргумент против право на абортус, како што почесто се прави посебно од религиозен аспект.
     
    На smooch, CameliaMiller, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    грешка си,ако го удрам моето дете знае зошто е удрено, прво убаво ќе надробам после ќе го искатам на крај знае што следува и кога и да го прашаш зошто мајка ти те удрила вчера ќе ти одговори. А јас свесна бев кога добивав ќотег и секогаш кога мајка ќе ми "соли памет" за деца секогаш ја прашував зошто таа така постапувала со мене. Никогаш не добивав одговор. Баш пред некој ден син ми зел маскара и шарал на ѕид кај мајка ми и таа ко виде писна и ми вика истепај го како можеш да му ќутиш. Викам зошто? Што лошо направи? Земав имавме дома поликолор растворив и му дадов четка на истото место да помине и така "вароса" ем се позанимава ем го замаскира црното. Не се тепа дете за се и сешто.