Така де, супер си постапила. Значи може со збор да се разберете. А што е толку лошо што прави, па мора да добие ќотек? Не се тепа дете. Точка.
Џизс Мамо, штотуку дознав дека си го изругала Божјиот благослов бидејќи ме плескаше по газе кога бев неподнослива. И еве ме, истрауматизирана до срж сега.
А како одредуваш за што можеш да го тепаш а за што не? Колку силно е океј, а колку не смее? Мачка храна по ѕидови, може шамар, мачка маскара не мора? Модрица е океј, скршена рака не е? Има некое правило?
Прво кажувам дека не посочувам мајка од форумов,туку општо коментирам во постов,за во случај некоја да помисли дека е таргетирана. Една одлучила да стане мајка.Го родила детето и тоа си расте. Дур била бремена,се жалела наоколу дека многу се здебелила и дека кичмата ѝ е за никаде поради бременоста.Криви неродено дете. Човек да ја праша зошто го праела,ко да не знаела што се оди со бременоста.Па,тоа душиче во неа мора да прима храна од неа,инаку нема да доживее да се роди. Жено,не носиш камен во тебе,па да кукаш. Ајт го родила.Прозборело,проодело.Почнало да трчка,да фаќа и што треба и што не треба,и шара по ѕидови и маси. Она и маж ѝ му се дерат на детето и го удираат.Тоа сирото плаче. Некој од нивната фамилија или нивен познаник се обидува да ги натера да прекинат со тоа,им вели дека тоа е погрешно.Дотичните родители велат дека изгледа дека многу го размазиле и оно има тантруми,изведува бесни глисти.Додаваат дека нивните родители многу ги тепале,па дури и многу повеќе од тоа што му го прават они двајца на нивното дете.Велат,е,де,по газето е појше мавано,тоа не е некој ќотек.А,велат дека веруваат во Бога. Човек да ги праша зошто се роди тоа дете кога тие не се способни да се справат со него/неа. А,они не го/ја прашуваат како е,не си играат со него/неа и не го/ја прегрнуваат. Најлесно им е да го/ја тупнат на баба му/ѝ. Аха,за нив ништо не е шамарот,само остава црвенило на образите или на газот,и душевна болка исто како и уште потешкото тепање.И шамарот по газот,е ќотек и насилство,лејдис енд џентлмен! Господ гледа! Понатаму... Проаѓа време.Детето станува возрасен човек со трауми од бескрајните викотници и удари. Можни Сценарија 1.Некој од страна ургирал или дотичните родители сфатиле дека грешат и не го мавале повеќе детето.Тоа дете и покрај лошите спомени,успева да се изгради во прекрасен и успешен човек.Несебично им помага на другите,има брачен партнер и свои деца кои безусловно ги сака и воопшто не им вика и не ги тепа. 2.Никој не ургирал,а и дотичните родители не си ја сфатиле грешката.Тоа дете и покрај целиот ум преполн со грди,лоши сеќавања,успева и на работно и на родителско поле.Безусловно ги сака брачниот партнер и децата и воопшто не им вика и не ги тепа.Ова е реткост. 3.Повторно,никој не ургирал,а и дотичните родители не си ја сфатиле грешката.Ама,овој пат,се лошо го надвладува... Тоа дете психички се пореметува,лупа,крши предмети,ги тепа соучениците во основно и средно и колегите на факултет.Има брачен партнер и свои деца,но константно им вика и ги тепа.Ги пика родителите во дом за стари лица и не ги посетува.Оди на страшни патишта.Пие,пуши,а можеби и се дрогира.Оди и чекор подалеку,станува крадец или лопов-политичар или најстрашното,убиец. Ќе кажам за двајца мои соученици.Едниот е тепан од мала возраст.Слаб ученик.Му се увртело во глава дека вербалното и физичкото насилство е во ред.Пиеше,викаше,навредуваше и тепаше соученици.Ранците им ги земаше,им фрлаше предмети и маваше.Другиот не бил тепан.Одличен ученик.Се зезаше,ама не преминуваше граници.Не употребуваше навреди и не тепаше соученици.Бранеше соученици и од неговите другари. Децата се делови од вас.Се примаат од вас.Пред да ги посочите нивните маани,побарајте ги вашите затоа што тие се исти. Повторувам,помислете дека таму некаде постојат жени кои би се радувале и на ишарани ѕидови и на пукнати смартфони и на расипани компјутери,ако тоа е цената за да слушаат детски гласови кои им велат мамо,но за жал не можат да имаат деца. А,вие кои имате...На вас здравјето на вашите деца треба да ви е побитно од ишараниот ѕид или скршената чаша.
Лет од скоро 3 саати. Дете од 2,5 год.вришти удира со нозете и рацете насекаде. Мајката го смирува. "Марко "-не биди каприциозен" Марко удира со нозете и рацете по авионското прозорче, стјуардесата и скренува внимание на мајката,таа продолжува со каприциозен Детево вришти ,удира веќе 2 саати,пола авион и персонал пошизен На мајката веќе незгодно од луѓево,го плеснува по раче,и тој седнува на седиште и,последни пола саат не плаче. Женава испотена од мака,ми падна жал. И не,не е мајкава насилник.
А како би го смириле вие детето? За вашите сигурно знаете како, оти се ваши а и најумни се гарант Туку сега и за туѓово дете знаете претпоставувам Те поделете некој совет, мош па и ќе поднаучиме нешто
„Марко, не биди идиот. Доста, достаааа!" Што знае дете од каприциозност? Не ја разбрало, затоа. Уствари, па у авион си, не личи секакви зборови да употребуваш. Не е на ниво со авионот.
Пробувам да го заиграм нешто.. Или крај краева цртан би му пуштила... Кај мојов тоа упалува. Кај други нез..
Сликовници, таблети со цртани, песнички, игрици, играчки... Ама не, ќе пробаме да бидеме елоквентни пред сѐ, па после ќе го шлепнеме, пошто не се разбира дете од збор Ах овие денешниве деца каприциозни.
не оправдувам ќотек ама пола од луѓето што коментираат тука немаат деца. и јас немам и затоа не сакам да коментирам. никогаш не би го удрила ама не знам може ќе ми се случи по газ да го плеснам. од каде да знам каков родител ќе бидам ? од каде да знам какво дете ќе имам?од каде да знам какви ситуации ќе имам? другарка моја има две мали и верувајте дека се неподносливи. бесни од денот кога се родија. ги има плеснато по газ неколку пати ама џабе, се смеат и не се смируваат. ни со разговор не се смируваат. така да лесно е да збориме пред да искусиме да бидеме родители, да не судиме толку брзо,полека малку. да се разбереме,и јас сум против мавање. штом си решил да раѓаш,ќе си трпиш и ќе си тренираш живци.
Можела да земе играчки ситни,да ги стави во ранецот ,и Марко цел лет да буричка ,да ги бара и да игра(играта "Волшебна торбичка) Нешто што ќе му привлече внимание. Да,напоменам дека и за враќање беше исто,вриштење од 3 саата и повторно истите зборови " Не биди каприциозен"
Абе вака од страна сите знаеме како треба, посебно кога станува збор за туѓи деца... Ехееее... Шо ако е таа мајка, ниш не знае Ниту имате појма какво е детето, ниту каква била ситуацијата, ништо... ама за памет делење први сте
Баба ми и децата и внуците од мали ги учела што е во ред да се прави,а што не,и како да се однесуваат надвор од домот,кај други луѓе и во возило. Ова,синко смееш да го фатиш,а она не смееш.Ако сакаш нешто,прво прашај некој возрасен. Не викај кога некој спие,не викај кога одиме некаде,не викај кога сме кај роднините и пријателите.Ем,ќе си го оштетиш гласот,ем ќе се посрамотиш,ем ќе ги вознемириш луѓето. Таа ги прашуваше своите како се,ги прегрнуваше,ги штитеше. Затоа ја почитувавме.Таа замина на оној свет пред неколку години,а ние се уште зборуваме за неа со најголема и највисока почит.
Читам и не ми се верува, едни пишуваат дека не го оправдуваат тепањето, други го мавале само по гз а пак трети сеоправдуваат со тоа дека и они кога биле мали јаделе ќотек. Па сега вака имам голема желба да си го искажам моето мислење. Пред се овде има мајки на деца од различна возраст, веќе кога си го искажувате мислењето барем наведете колку години е деттето јас така мислам дека е најдобро. Бидејќи не е исто ти да му удреш ќотек на 3 годишно дете и на 13 годишно нели ? Па вака сега искрено ќе кажам ќотекот не го оправдувам како воспитување бидејки и јас не сум тепана како мала но имам добра култура и ги почитувам родителите. Не ги осудувам родителите што го мислат спротивното од мене бидејќи зборувам од аспект на моето детство а не како родител бидејќи уште не сум. Секоја мајка си го знае своето чедо најдобро. Но што ако го удриш своето дете кое е 2/3/4 години ке се исплаче и утре повторно ќе го направи истото. Мали се не размислуваат. Мојата мајка од моите 5 години ги решаваше сите мој проблеми или мој грешки со разговор ќе седнеше и ке ми објаснеше. А додека да почнам да разбирам ме залажувала со игри и цртани. Е сега ќе кажам нешто пак од аспектот на другите. Додека мајками ги решаваше моите грешки со разговор таткоми на мој 13 години ми удри шамар (прв и последен). Шамарот го заслужив бидејќи на 13 години се вратив дома во 3 пополноќ. Можеби можеше да ми објасни на културен начин но тој решил да ми удри шамар. Тогаш бев премногу изнервирана и понижена бидејки тоа ми беше единствена грешка во животот. Но јас би рекла дека ќе беше подобро да ми објаснеше на фин и културен начин дека сум мала за да излегувам во доцните часови отколку да не ме ни праша каде бев а да ми удри шамар. Да се разбереме шамарот ми беше заслужен но можеше да биде заменет со разговор и така и така ќе сфатев дека грешам. Ништо не се решава со тепање на децата. Се се решава со разговор. Неможеш ти детето да го воспиташ со ќотек! Всушност што ќе научи од ќотекот детто? Ќе научи дека спасот е ќотекот поната во животот. Времињата се сменија порано не беше срамно да идеш во школо со модринки. Но ПОРАНО. Денес е. Зошто децата да бидат исмевани. Зошто го употребувате шамарот а не зборот ?
Zatoa decata se takvi denes.Od mnogu ligavenje i prepametni roditeli,zatoa ne se znae koj e roditel ,a koj dete. Porano od pogled se razbiravme,a sega roditelite se plasat od decata.
На 13 години првпат да јадеш ќотек не ја гледам поентата. Ако до таму си стасал со воспитување на поинаков начин, можело и без тој шамар. Ама па јас сум јадела ќотек ко дете и на 13 години не сум ни помислувала да доаѓам дома покасно од дозволеното. Максимум 15 минути сум закаснила цело средно. На 19 години првпат останав после 2 сабајле. Мислам и ќерка ми да остане до ниедно време надвор на таа возраст, нема со мирно да помине. И да разјаснам, не сум за ќотек, во смисол модрици да ти останат, ама не сум против плескање рака или по газ.