Јас ќотек (шлаканица) на 17год прв пат добив. Заслужено. И ств лекција ми беше. До душа повеќе ме болеше дека татко ми ме подбра. Од 22:00 го "мотав" дека доаѓам дома, јас си дојдов во 03:00. не кревав тел. За малце полиција да вртат. Да бидеме искрени, заслужено? И јас така би изреагирала. После не ми текнало да излажам дека доаѓам дома, а јас абер да немам.
Ме тепале како дете,ги почитувам,ги сакам,најголема поука од сето тоа ми е дека никогаш нема да си го удрам детето што сум го родила.
Tebe te potcuknuva ,pa me prasuvas? Odite od krajnost vo krajnost ,ne veruvam deka ima roditel koj nikogas ne dignal raka,pa dali na 5,10,15 godini na svoeto dete,Pak ke napomenam ne zboruvam za kotek ,modrici,slično nasilstvo . Taka da ve molam ne skokajte bez potreba
Има една серија SuperNanny, жената изгледа како магионичар за немирни деца. Секако дека тоа е едитирано до немајкаде, ама инсистира на тоа дека физичка казна не е потребна, и со соодветен разговор и одредени казни (одземање на привилегии и седење одреден број минути под казна) се постигнува одличен резултат. Сите епизоди сум ги изгледала далеку пред да родам дете, и се надевам дека сето тоа ќе можам да применам како ќе расте малово. Што се однесува до манири и воспитување тоа е правилен начин. Не го негирам тоа. Ама пак ќе речам, ако брца во струја, фаќа рингли или трча на улица откако е доволно големо да ме разбере и повеќе пати било објаснето зошто е тоа опасно, воопшто не сум против плескање по газ.
храна не смее да мачка,се знае со што се игра а со што не,а и да не се знае сепак храната и хранењето е едно од најосновните работи на кое детето треба да се научи. И сигурна сум милион посто дека никој не е дотолку да тепа дете до помодрување или па недај боже да скрши рака и сл. Има доста родители кои даваат ќотек но не во смисла да тепаат туку само да удрат. Од удрено и натепано има разлика. А на прашањето како одредуваме за што се тепа дете а за што не еве го одговорот во цитираново. а па нели не треба ќотек ајде молам мислење за ситуацијава пошто еве и мене ми е нејасно како би постапиле? па ајде паметните нека посолат памет. Ете дете е не се тепа... Па ако,може и авионот да го урне. според совети од паметнициве јас мислам дека не се лоши децата родителите нњ чинат пошто нели нема лошо дете има само лош родител. татко ми беше ваков т.е таков е сеуште од него многу повеќе имам научено,тој нема да те натепа со рака туку ќе те утепа со збор ( сигурно ме разбирате) со неговите зборови секогаш знаеше да ме натера да мислам па проразмислам. За разлика од сестра ми каде исто се постави ама таа враќаше со ти ќе ми кажеш. Не е до родителот до детето е дали и колку ќе прифати. Почитувам луѓе како баба ти навистина и заслужуваат почит грев е да им се спротиставиш на толку реални луѓе шт сакаат правилно да те подигнат. И јас од бебе исто така сум се поставила иако бебе ништо ни те слуша ни разбира. Ама моето ако му чини прифаќа ако не кој ме шиша вреска се дрецка да биде по негово дека не сум во право. се е до децата не е секогаш родителот крив. Родителот е многу важно како ќе се постави спрема детето,да ако за све и свашта му се дереш и го тепаш нема што да очекуваш послушност од него. Исклучителни ситуации каде ќе го удриш ако има потреба никогаш не се на одмет
@marchi-cool И навидум најблагиот удар може да створи рани и болки во детската душа.Исто и со претераното викање. Кај мене во фамилија неколкумина се разболевме,здобивме проблеми со дишењето и работата на срцето поради растење во средина полна со секојдневни расправии. И плус,имаме проблеми со комуникација со луѓе во надворешниот свет. Не е лесно.Секој лош спомен е запечатен.
Ако си ги плескате децата не мора тие што не ги плескаат да ги правите мрднати и да велите дека децата им се разлигавени или пак дека лажат. Приберете се малце. Секој со своето
Пред 5-6 години, ја земам ќерка ми од школо, и се среќавам со еден комшија, кој своето дете го земаше. Типот е возрасен човек, и инспектор во МВР. Едно време, од школото истрчува едно девојче, 12-13 годишно, а по него (после дознав) татко му. Детево поттрчнува, се обидува да ги избегне ударите од татково, и тоа се' пред очите на обезбедувањето и 'инспекторов'. Се испаничив и истрчав по нив, се обидов да го смирам него, срцето ми застана, кога го видов девојчево колку беше преплашено. Ќерка ми стоеше во дворот од школото и гледаше што се случува, заедно со мајмунот од обезбедување, а полицаецов, нога-пред нога си замина дома. Никогаш толку беспомошно не сум се чувствувала. Луѓе си ги осакатуваат децата непоправливо Засекогаш! И нема кој да ги спречи во оваа проклетија од 'држава'
Епа ете верувај дека има родители кои не подчукнуваат, јас сум еден од нив, моите родители се едни од нив, сестра ми е една од тие родители, другарка ми исто. За мене и потчукнувањето е насилство.
Ги има многу такви, бев сведок на случка кога комшиката отиде на флизер што е на другата страна од улицата а керкичката остана дома со таткои, таткото замаабетен со другарите не и приметил внимание и на детето му станало досадно и тргнало накај мајкаму (мало беше, не размислуваше дека може да настане проблем), јас во тоа време влегував во зградата и среќа што ја видов и ја прашав каде ќе оди и додека таа ми кажуваше таткои излезе по неа и почна да и вика и да ја гони за да ја истепа а девојчето уплашено почна да трча по улицата да бега од таткои. Тргнав и јас по нив и го молев човекот да не ја заплашува него убаво да ја повика тој ми се заврте и ми кажа дека детето е негово а не мое се засрамив и подзастанав. Накрај ја фати и до дома за уше влечејки ја внесе а јас по нив одев ми ја затвори вратата пред нос и морав да си одам дома. По нема пет минути слушнав како детето плаче на цел глас и го молеше таткаси да не ја удира. Страшно се почуствував. Ги има секакви...
Ауу катастрофа. Ме заболе срцето читајќи. Ме потсети на еден настан порано. Ко бев мала, комшијата (кој ми е врсник), изгледа останал кај другарчето што живееше 20тина метра погоре малку повеќе од дозволеното. Татко му е таков насилен, лош, нервозен од кога знам за себе. Појде таму кај што беше син му и со клоци го прибираше до дома. Детево пишти, тој му кара и го клоца по пат така до дома го тераше. Бетер од животно. Не знам, во нормални држави на ваквите гнаси од родители им се одзема детето и готово. Не секој заслужува да биде родител. Во кој свет е бе нормално да те прекрши од ќотек родител за "твое добро"? Мене ме имаат удирано, многу пати за не толку голема работа (да добро се сеќавам на некои моменти, не знам колку имало такви на кои не се сеќавам) и знаете што? Никогаш нема да гледам таков родител со вистинска почит и дека заслужил да е родител. Никогаш не би кренала рака на свое дете. Не треба да сум родител за да знам дека дете не се тепа.
#прашањакоимемачат зошто мажите се толку насилни? Дали е жена или дете мора крвнички да тепаат. Додека ние овде се расправаме за нашето шлапнување и се наговараме која е мајка која немајка тие значи се невозможни. Море дете е како така дете да моли не ме тепај?? мнооогу случаи имам видено дека татко така се однесува. Мнооогу ретки се татковците кои не се однесуваат на тој начин.
Како ретки се татковци кој не се однесуваат на тој начин? Незнам за твојот татко, твојот сопруг и татковците во твое опкружение! Но, еве нит мојот татко, нит свекор ми, нит сопругот мој, нит зет ми, а ни најмалце 20 татковци во мое опкружение не се такви како што ги стави сите во еден кош! Нит па сум била сведок на таков однос ни дур сум растела на некој татко од соучесници па и другари/другарки! Да, секој од тие знаел да подвикне, да викне, да скара! Но, со погрдни зборови или млатење нит сум видела нит сум чула ( зборам за мое опкружение ). И да се едитирам : Чекај сеа малку ... никад нема да го заборавам еден твој пост. Каде си кажуваше како мајка ти ти го колне детето и му вика и ти пак и со нејзе си во кумуникација и дете и оставаш. Па ако убаво паметиш и тогаш ти кажав дека греота тоа дете во каква средина расте! Јас ... никад нема дете да дозволев да ми види нит па да му се доближи на него или мене! Ама океј сепак ти си знаеш! Ако не се лажам сега чекаш и второ дете! Размисли си во каква средина и како растат. Ова најфер и најдобронамерно!