1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Во последно време често добивам совети дека треба да почнам да ја подмавнувам малата:|
    Таква каква си е,па и кажувам,зборувам,ама не,со љубов и зборување не се учеле деца:o
     
    На LiliBoz, CameliaMiller, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.765
    Допаѓања:
    259.702
    Знаев дека треба да ја избегнам темава и веројатно требаше.

    Нејсе.

    Пред да почнам со постов, да расчистиме од старт:

    1. Не сум читала доволно литература за родителство, не знам за видови на родителство и не можам стручно да се изразам ниту да цитирам извори
    2. Не сум родител



    Сега. Прво.
    Кучето еднаш го имам удрено за негови 10 години живот. Кога беше мало. До ден денес имам грижа на совест. Кучето е воспитано. Кучето е животно.
    Не можам ни да замислам да повредам човечко суштество, мало или големо. Не можам да ја замислам таа ситуација.

    Второ.
    Имам сестра ептен помала од мене, толку помала што буквално ја имам чувано како дете. Најблиску до физичко насилство према неа сум била кога на сред булевар проба да ми се оттргне од рака и да истрча. Инстиктивно и' го стегнав рачето за да ја задржам и неа тоа ја заболе. Јас имав 16 или 17 години тогаш, значи таа имала 2-3. Таа не се сеќава, ама јас се сеќавам, и знам дека не можев/не знаев подобро да постапам, реагирав афективно од страв, после настанот таа плачеше што се исплаши од мојата нагла реакција и од болката од стисокот, јас плачев од грижа на совест и од помислата "што можеше да биде" ако успееше да ми се оттргне.

    Откако ја повратив назад, ја земав во раце и силно ја држев до мене од страв "што можеше да биде".

    Не знам дали требало во моментот така да изреагирам, или пак на лице место да објаснам, ама сепак - и јас бев дете.

    Денес е девојка веќе, не се сеќава на настанов, ама мене ми е врежан во глава и веројатно засекогаш ќе ми биде.


    Понатаму.
    Дете не се тепа.
    Ни малку, ни многу.

    И да, ќе разберам дека во дадена ситуација - како оваа мојава - кога животот на детето е во прашање, секој може инстиктивно да изреагира со повлекување, кревање во раце, прегласно "Немој!!!"

    Но, тоа не зборува ништо за детето.
    Тоа зборува за нас - возрасните.
    Родителите или било кој кој е одговорен за тоа дете во дадениот момент.

    Да, верувам дека секој може да се "изгуби".
    Проблемот е кога еднаш ќе се "изгубиш" и наместо да сфатиш дека грешката е кај тебе, твојата неможност за самоконтрола и смиреност, бесот и лутината и стравот ги истураш врз детето со тепање или викање.


    Да, децата треба да знаат кој е родител. И дека родител е авторитет.

    Само, разлика има меѓу почит и стравопочит.
    Второво не чини, во ни една ситуација.

    Не треба никој никого да заплашува.
    На работа кај мене се служат со такви "мерки" и многу мои почувствителни колешки имаат стравопочит према луѓе кои ни почит не заслужуваат.


    Не треба детето да се плаши од родителот.
    Родителот за детето е цел свет, не заборавајте.
    Секоја болка, мака, страдание... единствена утеха му е родител.

    Ако и таа личност ја изгуби... помислувате ли што се случува со душата, мислите на тоа дете?
    Кое нема избор, мора со вас да живее и за него сте се'?


    Тепање никогаш и за ништо.
    Вреѓање уште помалку.


    И не, не важи тоа - мое дете, што сакам ќе правам.
    Нема што сакаш да правиш.

    Тоа твое дете, пред да ти е тебе дете, прво е граѓанин на ова општество и сите до еден (преку претставниците на законот) сме должни да се грижиме за добросостојбата на истото. Затоа што е наш сограѓанин и затоа што ако е твое дете, не е и твоја сопственост.

    Пред се' е своја личност, посебна личност, према која мораш да се однесуваш со почит. Да - со почит!

    Ако си му дала живот - тоа е твој избор, но немаш никакво право да му го загорчуваш животот.


    И пред да ги исмевате мајките што се произнесоа дека не се служат со агресија, еве ќе ги спомнам @RainBow @LiliBoz @danichap @Annath @NarCis@ а и други, прво запрашајте се каде грешите вие, и наместо да ги правите "модерни снегулки", можеби е подобро совет да побарате.

    Да родиш дете е природна работа, но да го воспиташ, да, родителството се учи.

    Не знам за вас, не знам од каде толкава самоувереност, ама јас утре дете да имам и да приметам дека губам контрола, пре би нив за совет да ги прашам него комшикава што ги млати децата. И да не ми помогнат нивното знаење и совети, секогаш постои стручна помош, и за детето а и за мене.


    Секој ќе погреши, нема совршен родител.
    Финтата е да знаеме дека сме погрешиле, а не да бараме оправдување за грешките и упорно да ги правиме.


    Околу тоа со правењето посебна храна за детето - не знам, јас имам скоро 30, па татко ми уште ме мисли и кога готви за сите храна која јас не ја јадам, секогаш има опција Б за мене.
    Не мислам дека ме разлигавувал како дете ни сега, мислам дека ме сака и мисли да на мене.
    И да, јас татко ми го сакам повеќе него што можам да ви напишам, и уште толку многу повеќе го почитувам.

    Не ви ја разбирам таа себичност кон сопствено дете. Ако за него не правите "посебни" работи... тогаш, за кого?


    Другарка ми моја најдобра има бебе. Добро, не е баш бебе веќе, накај тодлери оди.

    До пред да се роди, денови и ноќи сме поминале заедно.
    И откако се роди, јас не мислам дека нешто се ускрати во нашево другарство, напротив, љубовта ни се прошири за едно човече плус.

    Кога е кај мене малиот пиеме кафе "на нога" или седнати на земја со него, пушиме цигари "на смени" за да не пушиме покрај него, и не, откако е роден, "на раат" кафе не сме испиле.

    80% од времето и тој ни е муабет и тој ни е третиот другар :)

    И ич не ми смета.

    Ако на вашите пријатели им пречат вашите деца, сменете си ги пријателите ;)

    Е ако де, гледање телевизија не е баш крај на светот.
    Проблем е цееееелллл ден телевизор/телефон.

    Јас на малиов му пуштам детски песни и му пеам додека не му се смачи да ме слуша :D
     
    На KidA, JollyGirl, LiliBoz и 16 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    не ги размазувајте децата. Точно дека со љубов и зборување се учат ама така и многу им се попушта,не може без да ги искараш или да ги мавнеш секако кога има потреба.Не е стануваат децата насилни со едно мавнување стануваат збеснати и со авторитет над нас,буквално не манипулираат. На крај ќе се научат дека се треба да е по нивно и со умилкување ќе не убедат за да го постигнат тоа што го сакаат.
     
    На MamacitaBuena и Spidy им се допаѓа ова.
  4. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.677
    Допаѓања:
    14.259
    Пол:
    Женски
    Зошто добиваш такви совети? Од кого? Што прави малата?
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Па од блиските околу мене...
    Малава од кога е родена е врискава,многу плачливо бебе.
    Јас пак дозволувам она што мислам дека смее:играње со песок,камчиња,е не не требало да се валка.
    Последно плачеше да скока во бара,и дозволив.Ако не скока сега кога.
    Плачи ако некој и земи играчка,ако ја земи во раце,таа кај никој не сака.

    Нормални детски плачки.
    Е сега малку повеќе е врискава ама ако ја тепав требаше од прв ден од кога се роди,до сега незнам што ќе и се случеше.
     
    На Coco31, nextredstyle, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.743
    Допаѓања:
    108.730
    И мојава е "гласна". Некогаш и премногу, ама и зборувам. Еден ден ќе разбере :) Дека ќе ја истепам ќе сфати :fubar: и највалкана дома се враќа од лулашки. Врснививе нејзини од количка не ги вадат, да не трчале по нив, лом ќе се направеле и вртат со количките. Сакам и јас некогаш да здивнам, ама приоритет е детето да е натрчано и изиграно. Така се развиваат. Работата е само да не се повредат, се друго се решава.

    Не знам што очекувања имате од мали деца? Една на лулашки пред некој ден со детето 3 години макс. Детево се качи на лизгалката и не се пушта. Ко и се запна! Ако не се пуштиш дома ќе те носам:!: се пушти. На следното такво, ја грабна и вика уште еднаш не те носам тука, дома ќе одиш сега. Банална работа, а детево се откорна од плачење. Се собраа другите деца и таткото, што се случи, што се случи мислејќи детево се утепало.

    Се оди во секакви крајности.
     
    На Coco31, nextredstyle, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.247
    Допаѓања:
    124.624
    Во ден по 10пати и повеќе јс преслекувам,комшивка ми забрани да дадам чоколадо на детето,реков извини,мислев јади.
    Е да вика ама само пред да ја капам,ќе ми се извалка сега,денес не ја капам.
    Несакала детето да и е валкано,кизнај шо мисли за моево.
    Дозволувам се што мислам дека доликува на дете.
    Последно плачеше да копа од земјата кај елките,ја вадев тревата и таа среќна се закачи таму.
    Аууу на што личело тоа,а јас пресреќна оти таа се радува.
    Нормално во туѓ двор нема да и дозволам,оти секој несака.
    Е сака се по нејзино да е ако не е вреска.
    И јас зборувам,зборувам,викам еден ден ќе разбери.
    Што ако тогаш ќе ја натепам,уште толку ќе вреска.
    Поледно ми е да и скренам внимание.
    Во секој случај мајчинството тешко било:D
     
    На theowndemon, Sandrin4, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Најмногу мразам вакви полицајци што ги тероризираат децата -Не таму, немој ова, немој она.....
    Очекуваат децата да седат мирни како кукли и ништо да не прават.
    Добро постапуваш малечка, децата треба да се остават да бидат деца и да уживаат во детството. Тоа подразбира да бидат валкани, да играат со песок и вода, да скокаат во вирчиња... па и да паднат, да изгребат колена, да се наводенат...
    Забавата и радоста на моето дете е пред се. Не ми е тешко да го преслекувам по 10 пати на ден, да шетаме по дожд, да му полнам секој ден базент за да се шлапа, да му носам по 100 пати вода во песокот зашто со сув песок нормално не е интересно да си игра... (и сето тоа со мало бебе во раце)
    На комшикиве коса на глава им се крева кога нивните дечиња ќе дотрчаат во нашиот двор, оти моето се валка па и нивните сакаат, а крај на светот ќе биде ако се извалкаат нели?! Кога се бања синко исто секогаш е плачки, тие сакаат да дојдат а мајките им упорно ги затвораат дома па плачат од тераса.
    Рано било уште ќе настинеле?!! На 30 степени надвор со вода од болјер ќе настинат?! Ама нели полесно е дома во соба да ги оставиш, не мора да трчаш по нив и да ги пазиш.
    А за тепањето и за погрдните зборови немам што да кажам, жално за дечињата, за мене тие луѓе се монструми кои на тој начин си ги лечат своите фрустрации, а во околина ги имам многу верувајте.
    Секој родител треба да се едуцира, признавам и јас сметав дека потчукнување по газе или раче е безопасно, ама читам, учам за детската психа и сфатив дека не сум била во право.
    Сега воспитувам исклучиво со разговор, по 100 пати повторуваме што е правилно а што не, пред спиење измислувам приказни во кои му ја претставувам грешката која ја направил дента со поука од истата, а што е исто така многу битно ги "учам" и сопругот и бабите и дедовците зашто секој кој е во контакт со детето придонесува за неговото воспитување.
     
    На Lizi, LiliBoz, WildMk и 7 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    е ако на секое пискање тепаш ништо не правиш,уосталом тука нема причина за тепање. А колкава е малата? И јас го имав истиот проблем кога имаше 2-3 години ама проблемот го решавав со тоа што ќе му го одвлечам вниманието од тоа што мислам дека не смее да прави и го занимавам со нешто друго да не вреска,исто и моето пискаво беше и тоа гласно.
     
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    A mislis deka doma nema trcanje po deteto? Jas povekje doma trcam po nea, na masi se kacuva, po kreveti ripa, se sto moze da se fati ,fakja. Ne ti viljuski, ne ti casi. Mene nadvor mi e polesno so nea,mojata ne saka da si igra so pesok ili vo virovi ( ne ja interesira toa ednostavno). Povekje saka da trca samo vo treva. Znaci ubavo da se iznatrca.
     
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Не го реков тоа. Туку децата сакаат надвор таа упорно дома ги влече за да не се намократ/извалкаат.
    Ништо силум не применувам, со што сака да си игра со тоа. Ако сака да игра и трча низ трева нека трча, нема да ја тераш зорле да игра во песок ако не сака. ;)
     
    На kukla21, zuto и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.700
    Допаѓања:
    13.139
    Имам едни комшии што имаат три деца и не ги пуштаат воопшто надвор, ни еден саат, и тие како мајмунчиња стојат пред врата и плачат, а тие не, не можеле да ги пазат. Јас на такви би им одземала деца зашто психички ги малтретираат. Мојата некогаш сака да трча, некогаш сака да ја возам во точакот (сама се качува дури), ама обавезно барем по два часа сме надвор. :)
     
    На Lolipop23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. PinkGirl*

    PinkGirl* Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    629
    Пол:
    Женски
    Немам проблем да се извалка,пресоблекувам и по 5 пати на ден и не гледам причина да го карам или удрам заради тоа.Во период е кога ако нешто не е по негово станува нервозен и плаче или се лути,ни тогаш не го карам го оставам да поплаче и се смирува за 2минути, имам живци за тоа.Последно кога го оставив така да вреска добив коментар : Зарем не те нервира и не ти доаѓа да го удриш? |(
     
    На TeddyGrey и jasbi им се допаѓа ова.
  14. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Е па тоа ми беше и мене зборот, а не дека дома нема трчање по детето. :)
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    не читав одамна ама гледам дека темава е активна, и не засега и нас сега (малата има 1.5).
    и јас многу читам, прашувам, гледам, и сакам да ја воспитувам на мирен начин, со љубов и разбирање, со многу зборување, и знам дека може да се биде строг и да се поставуваат граници без развикување и шлапнување.

    само не можам никако да се разберам со мажот ми за ова прашање, никакви книги ни научни статии ни раскажувања не допираат до него дека не е во ред, за него е најнормално да се развика (и тоа кога малата најмалку очекува), и да ја плесне по рака или по газ. не силно, ама пак гестот и тој и она се преплашува. мене срцето ми се корне, и знам колку не чини, не знам колку пати сме разговарале за тоа и пак и пак се случува.. имате ли некој совет?
    мене ми прекорува што сум ја испуштила од раце и ништо не слуша, ама за тоа па му се преголеми очекувањата што може едно 1.5 годишно дете. зошто не седела мирна на преслекување, и зошто станувала од хранилка после 10 минути, исто и за врискањето.. јас сум строга кога треба, исто ја оставам многу да си игра да се валка и да трча, за тоа немаме проблем. знае сама да си игра, весела е.. се ми се чини нормално за таа возраст. е и само допрва кога ќе почне и со тантруми не знам што ќе правиме како ќе се разберам со мажот ми.

    два примери од вчера: имаме систем со радио блутут цд итн, и ако стиснеш да го пуштиш се пушта автоматски цд со детски песни, она го научи тоа и си пушта и игра после крева раце :). јас ја оставам, само ако прави уклучи исклучи или чепка друго ќе отидам ќе и кажам само пушти или готово нема веќе музика, и ќе ја тргнам да правиме нешто друго. вчера он нешто беше нервозен за други работи, она отиде го пушти, само стисна на тоа едно копче, и кога и се сврти НЕЕ тргни се од тука, ја плесна по рачето и кога сакаше да ја тргне фактички ја поттурна, она падна на газ и почна да плаче.. дали е во ред?
    сабајлево, стана малата уште во 6 и ја оставаме да се вртка низ соби некогаш чита книги или го вози едно точаче, и и се заглавило негде точечето и почна да вика да се нервира што не може да се одглави, он пак се нанервира, стана и и вика доста више на цел глас и ја вади од точаче и ја трга на страна. она плаче.
    брзо се смирува и ќе се заигра пак, ама вистина ми е многу жал што има вакви ситуации, посебно каде што ништо посебно не се ни случило за да дојде до ваква реакција. он ми вика, ова не е тепање, не е викање ништо не е, ништо не направив. ама тогаш немаше да се расплакува, нели? не знам како да допре до него дека не е во ред. а можеби и знае, само не може да се контролира, ама и тоа е проблем зошто дел од родителството е и ние сами да се менуваме исправаме и подобруваме, а не нашите фрустрации и психолошки проблеми врз децата да ги рефлектираме.. многу се нервирам за ова, и не знам како да постапувам ниту со кого да позборувам.

    ова е отприлика и неговиот став. и аргументот е - мене така ме воспитувале, и јас така ќе правам. и точка. ова новото е сето глупости. не знам како да се поставам.
    за мене строго зборување со гледање во очи е едно, а мавање и викање се друга работа. посебно без објаснување што и зошто.

    не знам кај нас колку е достапна, сега ја читам how to talk so little kids can listen, многу добри совети има, и за негативните чувства и за тоа колку треба да пробуваме да ги сфаќаме децата и да го вербализираме тоа што им се случува за да научат да се справувааат со своите чувства.
     
    Последна измена: 13 јули 2019
    На kukla21, Sandrin4 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    и мавање е една работа и ќотек е друга работа. Едно е да мавнеш а друго е модрица да има. Голема е разликата.
     
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    @KidA сѐ што прави детето е најнормално за дете на таа возраст. Имаш проблем со сопругот и дефинитивно треба да седнете и да поразговарате околу тоа како сметате дека треба да воспитувате дете.

    Еве накратко за ќотекот како казна. Потребни се 5мин. и познавање на англиски јазик :)

    https://brightside.me/inspiration-f...a-c2ISTrSGoUCVn7GIaGf8pHVkdGauM-iHTazhvhL2Gmk
     
    На kukla21, CameliaMiller, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    секако дека е голема разликата, меѓутоа јас сметам дека и едното и другото се лоши и непотребни. и тоа е начин на воспитување поддржан од многумина тука и за жал скоро несфатен од гротото во Македонија.
    зошто? од една страна затоа што немаат позитивен ефект (иако може да изгледа дека "работат“), а од друга затоа што тоа е непочит кон детото како личност. зборував за тоа претходно во темава. плус што некогаш може да му се „испушти“ на човек па да се чуди и да се кае.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    @KidA да му се заканиш на сопругот со 'казна'?
    Пр: Ако продолжиш со тоа однесување, нема повеќе /додај по желба/.
    Ти си знаеш. што би му паднало најтешко...
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    Некогаш и со возрасните треба тактики за мали деца :|
     
    На TeddyGrey, Animali, KidA и 1 друга личност им се допаѓа ова.