1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.487
    Пол:
    Женски
    И еден шамар по газот е насилство.
    Нема благ удар,се боли.
    Јас познавам личности кои се пореметиле и од удар по газот.
    Се остава трага,дури и викањето.
    На таа возраст детето се уште не може да сфати што треба,а што не треба да прави.
    Наместо плескање,ти и маж ти седнете и разговарајте со ќерка ви.Со зборови треба да ја учите да биде послушна,а не со удари.
     
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не знам зошто и' објаснуваш дека не чини ќотекот.
    Не и е тоа проблем, знае дека не чини.
    Ако знаеш како со однесувањето на маж и' да се справи, советувај, ако не, не ја цитирај непотребно.
     
    На slobodka, Dalia93, KidA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.487
    Пол:
    Женски
    Баш затоа ѝ е кажано таа и маж ѝ да разговараат со детето.
    Треба и посебен разговор само меѓу нив двајца да направат.
    Таа знае дека удирањето не чини,ама не доволно.
    Јас сум на нејзино место,ќе му се развикам кога ќе го видам како ја удира,ќе ја земам и ќе го оставам.Нека седи сам.
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Јас би му удирала нему шамари и клоци секогаш кога ќе ме изнервира, ќе рече нешто, нема да направи нешто доволно брзо откако ќе му кажам... Исто ко тој што се однесува кон детето, јас кон него. Ваљда ќе сфати дека не е нормално, шо знам.
     
    На Lianna Anna, nextredstyle, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    Не смееш. Маж е авторитет над сите, само тој смее да плеска жена и деца, а жената смее само децата :|
     
    На KidA му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.545
    Допаѓања:
    115.487
    Пол:
    Женски
    Треба да му покаже заби.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.400
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    Има хорор приказни и без ќотек.
    Работев во градинка едно време.
    Група 3-4 год.Имавме едно многу паметно и темпераментно девојче.
    Од тие деца кои секогаш се први во секоја беља,ги гризеше , штипеше,скубеше другите покажуваше агресија.
    Јас цело време мислев дека ја удираат дома, но после една родителска , мајка и ми вели дека не е удрена ниту подшлапната никогаш,бидејќи имала одлична метода без ќотек.
    Кога ќе ја оборела сестра и од креветче,добивала казна 3 дена да не и збори.
    Ладно дистанцирање и игнорирање.
    Или како казна доколку ја преминувала границата ,затворена во детска 1 саат,да не смее да искочи.
    Искрено бев шокирана .
    Премалку обрнуваме внимание на психичкото малтретирање, луѓе.
    За конкретното дете верувам дека подшлапнување е помала траума од методата која ја применува.
    Игнорирање на детето е најголема траума,и многу погрешен метод.
    Физички не боли,ама душата боли.
     
    На Istata od vcera, SexiLy, Stressed Out и 7 други им се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    @Cosmi никој тука не вели дека место ќотек, детето треба да се игнорира со денови. Еве ниеден нема напишано такво нешто. За мене подеднакво се погрешни методи и ќотекот, и незборувањето по цели 3 дена. Да, знам да се налутам и да ѝ кажам дека нема да разговарам со неа, ама тоа толку ја погодува затоа што знае колку разговорот е важен кај нас, и веднаш се смирува и разговараме.
    Инаку, колку силно треба да е шлепнувањето, за да детето има позитивна реакција на тоа? Ако не го здоболи, нема да се исплаши. Ако го здоболи, тоа веќе преминува во насилство. Или има некоја златна средина за која ние не знаеме?
     
    На Istata od vcera, bittersweet, Dalia93 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    @Cosmi
    Катастрофа. Методот и бил толку добар, што ете, ефектот од истиот детето си го покажало и во градинка. Фино, па уште и се пофалила мајката.

    Затварање дете во соба и некоја минута е траума и стрес, а не пак цел саат. Со мајка да не разговараш 3 дена. Тешко тоа дете. Жал ми е.

    Ама, нема да се согласам ниту со потшлапнување. Ако не можам да ја решам ситуацијата, подобро ќе побарам стручна помош, отколку психички или физички да ги потшлапнувам децата. И едното и другото оставаат траума.

    Има толку многу техники. Стварно не ми е јасно зошто воопшто се дискутира на темава што е подобро, психичко или физичко? Зарем изборот е исклучиво меѓу овие две? Значи ниту едно, ниту друго. ТОЧКА.
     
    На Istata od vcera, bittersweet, RainBow и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.400
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    Нарциса,не реков дека некој тука подржува игнорирање,туку дека малку збориме за психичкото малтретирање и казните кои делуваат веднаш на психата со долготрајни последици.
    Родителите најчесто не се свесни за пасивната агресија која ја применуваат, и го цедат детето.
    Зборовите болат подеднакво.
    Знаеш колку ги има кои применуваат метода со заплашување со болести,
    пр. Ана ,ако не слушаш,мама ќе ја боли главата ?!


    @Lianna Anna
    Не која постапка е подобра од двете лоши,туку онаа која ќе предизвика полоша психичка траума.
    Безболно потшлапнување без детето да осети болка не се споредува со игнорирање на дете.

    Што би помогнало во случај како на видеово(иако е реклама за кондоми:|)?
    Бев сведок на слично , минатава недела
    во КАМ.
     
  11. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    Никој не го оспорува тоа. Само темата е за ќотекот како воспитна мерка.

    Ако е безболно, зошто и од што би се исплашило детето? Како тоа ќе го натера да биде послушно?
    Едит: во случај како во рекламата, го вадам од маркет и го носам дома да се смири. Ни се случило во парк, затоа што немаше ниедна слободна лулашка. Тоа е тантрум и детето во таква состојба ниту слуша, ниту осеќа ако го шлепнеш безболно. За ова требаат само јаки живци и трпение, затоа што поминува. Кога ќе се смири, е тогаш се разговара.
    Инаку, еден момент кој ми забоде очи, е тоа што таткото ги враќа колачињата без никакво објаснување. Знам, реклама е, ама и реално, дека повеќето родители и деца немаат меѓусебна комуникација.
     
    Последна измена: 13 јули 2019
    На Istata od vcera, LivingGlam, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Кида не знам како тоа може да се 'испушти од раце' дете од 1.5 год

    Не знам што очекува маж ти, да седне за политика да збори детето!?
    Ама знам што би сторила мм тоа да го стори. Ко ќе му ја фукнам ја на него една има да не знае каде е. Секако, не пред детето и не кога ќе очекува. Да види дека и ја него сум го испуштила од раце...
     
    На LivingGlam и KidA им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    @Cosmi Со првиот дел се согласувам.

    И едното и другото имаат своја тежина и оставаат траума. Има и такви родители кои употребуваат и физичко и психичко насилство. Па сега да прашам, кое од трите остава најмногу болка и траума, за да оправдам било кое од останатите две? Нема логика. Ниту едно не е во ред.

    И зошто воопшто да бирам меѓу две лоши постапки и да ја одберам онаа која остава помала психичка траума, кога и едното и другото се траума и кога пред се, имам и други избори?

    Не постои безболно потшлапнување. И истово, остава не само физичка, туку и психичка болка.
    Што би помогнало, Косми? Безболно потшлапнување? Тоа само ќе ја влоши ситуацијата. Ова е тантрум. Се јавува кај мали деца и е нормална развојна фаза.

    Децата не знаат да ги канализираат емоциите правилно. Што е и нормално, деца се, учат. Па им фали уште родителот да ги плесне, за да видат како треба да се справат со бесот. Оти родителот бесен, дека е детето бесно, па да му покаже како да се справува со таа емоција, со безболно потшлапнување.

    Кај тантрумите е важно правилно да се реагира, оти таа реакција е само еден од начините децата да научат да се справуваат со своите емоции.

    Но не кај сите деца делува истото. Само родителот знае што може да го смири детето во таква ситуација. Да, родител кој прво самиот знае да се справи со сопствениот бес, а после и со оној на детето.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    фала ви на сите, посебно за поддршката што не ми требаат совети дека тоа не е убаво :) јас знам, прашањето е повеќе за совети како се справувате ако другиот родител има друга идеја за воспитувањето. кај нас за среќа не е постојано и за ситници, но се случува и секој пат после тоа сме разговарале, јас кажувам со зборови, цитирам статии од научни истражувања, му давам да чита.. некогаш неќе воопшто да слуша, некогаш се разбираме дека има некоја златна средина и јас не сум против детето да се воспитува - мислам дека кај него е стравот дека ќе имаме непослушно и размазено дете. и јас тоа не го сакам и за тоа се согласуваме, само начинот како се доаѓа до тоа во сфаќањето ни е различен. јас не сакам да имам и дете без волја, со убиена радозналост и така натаму. и дури тоа да не се случи, зошто воопшто да ги има тие непријатни моменти каде се осеќа дека човек претерал. Или барем мене така ми се чини. Инаку со закани не сакам, тоа е баш тоа што и за децата се надевам ќе го избегнеме, единствено на што можам да се повикам е германскиот закон според кој насилството е забрането :). Не знам, ќе зборувам и зборувам со него, можеби ќе почнат да се менуваат работите. Најдов и една добра книга, the whole brain child, пишуваат за ова се од гледна точка на неврологија и такви достигнувања на науката, можеби ќе сака да применува од таму некои идеи. Си мислев да не има некој некој проверен начин ама изгледа не е лесно да се смени човек и убедувањата преку ноќ.
     
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Кида тој муабет се прави со маж уште пред да имате деца, да не речам пред да се земете.
    Јас и мм се земавме само зашто имавме иста цел. Да ми речел дека ќе е таков односно дека ќе сме со различен став во воспитување сигурно немало да имаме дете не па во брак да сме.
    Нема везе, ете се случува и едно да зборат пред а потоа друго да прават.
    Секој има слаба точка. Најди му ја и центрирај во таа.
    Јас сум многу, претерано многу против ќотек. До толку што не дај боже би го оставила.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.400
    Допаѓања:
    81.591
    Пол:
    Женски
    Да,ама не треба само за ќотекот да збориме тука,ја ширам темата.
    Има страшни облици на психичко малтретирање ,со многу поголеми последици од подшлапнување.
    Основа на адолесцентни панични напади и ансиозности.
    Воспитување со наметнување „вина„
    Пр.мајка ти готвела цел ден ти сега нема да јадеш.
    или веке спомнав со болест
    -ако не бидете тивки,мајка ти ке се разболи и умре.
    Или на 5 год.дете му вели дека е дебела ко крава(е за ова имам најбурно изреагирано со родител во градинка)
    Не треба да се исплаши и да го натера да биде послушен, туку да ја прекине акцијата во момент.

    Родител кој користи ќотек за да го научи детето е лош родител.
    но и родител кој во своите долгометражни монолози вметнува страв е исто лош родител бидејки формира авторитет базиран на страв.

    Велиш би го извадила од маркет,и јас би,ама Како?Би го фатила за рака со сила и би го извадила?
    Дали и тоа тегнење за рака кое може да е болно е исто физичко насилство?

    Лианна
    Јас зборев за конкретниот случај!
    Има огромна разлика од безболно потшлапнување до физичко и психичко злоставување ,од интензитет до динамика и не се последиците исти.
    Неможе да се изедначи шлапнување по газе со шамарење и газење под нозе.
    Јас имам разбирање за родители кои ниту се садисти ниту лоши,туку во одреден момент можеби и во афект избрале метода за која може и не знаеле како поинаку.
    Ама тоа не е исто со родители кои го практицираат ќотекот редовно како воспитна метода.
    Ниту пак родител кој никогаш не дигнал рака, е по дифолт одличен родител и модел на одлично родителство,напротив може да биде психички злоставувач.

    Инаку за видеото,фала на објаснувањата ама добро знам што се тантруми,а детето е малку големко за тантруми,иако се јавуваат.
    Но и не можеме секое размазено однесување да го оправдаме со тантрум.
    Над 5 год.почесто се јавува и глумење на тантруми поготово ако памтат добро поранешно искуство.
     
    Последна измена: 13 јули 2019
    На SexiLy, slobodka, Stressed Out и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    Има, но отвори друга тема и таму може да ја продолжиме дискусијата. Ова испаѓа ко да бираме помало зло. Исто е.

    А што треба да направи Косми? Да го зашамари на сред маркет? Бев сведок на непријатна глетка каде мајката го зашамари убаво детето затоа што не беше мирно на детска претстава. На детска. Ако не е мирно, го вадам и толку. Инаку, конкретно за нашиот случај, немаше тегнење, само ја подигнавме од земја, правец во кола и дома. Без никакво физичко насилство.

    И пак не ми одговори на пршањето што ќе се постигне со потшлапнувањето? Не го боли, тогаш како ќе го сфати дека тоа е казна? Ќе му се повреди суетата?

    Уствари ете делумен одговор. Афект, на место е. Значи поради незнаење како да се справи родителот, му дава мала воспитна на детето. Кој е виновен за ситуацијата, родителот со своето незнаење или детето, кое е... дете? И ако детето се исплаши, родителот продолжува да го користи шлапнувањето како воспитна мерка. Но кога детето нема веќе да чувствува болка, тогаш родителот е приморан да го зајача шлапнувањето, нели, за да го заболи. И тоа води до ќотек.

    И ете да е поголемо детето за тантруми, (иако има случаи кај хипер-сензитивните деца да не се работи за разгаленост, туку сѐ уште се преосетливи на надворешни дразби), како дошло до тоа да се тетерави на сред маркет? Кој е виновен за пропустот во воспитувањето? Тетеравење во маркет за колачиња, не се јавува преку ноќ. Си има тоа претходна историја, само колку родителите се замарале да го најдат проблемот, а со тоа и решението.
     
    На bittersweet и zuto им се допаѓа ова.
  18. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.593
    Допаѓања:
    170.197
    Пол:
    Женски
    @KidA сакав да ти кажам дека и јас и маж ми не сме секогаш на иста бранова должина околу воспитувањето, и нормално е да има секој свој став. Кај нас проблемот е што тој некогаш е попустлив во ситуации за кои јас сметам дека не треба да биде. Како и да е, јас би ти предложила да го седнеш на разговор. Ок, ја шлепнал. Дали има ефект тоа? Никаков, краткотраен или долготраен? Дали детето е "повоспитано" после неговиот "метод"? Разговарај со аргументи. Нека побара истражувања каде што пишува дека ќотекот помага и нека ти ги образложи. Исто направи и ти. За ова само разговор и разговор. А јас те уверувам дека нема да најде истражувања со позитивни резултати поради примена на ќотек :) И за крај, прашај го дали сака детето од него да се плаши, или да го почитува? Затоа што има огромна разлика од едното до другото.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.856
    Допаѓања:
    28.386
    @Cosmi а дали мислиш дека безболното шлапнување ќе ја реши ситуацијата во маркетот (од видеото). Или уште поголем револт ќе се јави кај детето? Кое според тебе е идеално решение во таа ситуација?

    @KidA освен разговор не знам друго решение. Земи и примери од околината за да му доловиш подобро што ти е поентата. Сепак ти најдобро го знаеш за да можеш да избереш соодветни зборови и примери кои навистина би допреле до него.
    Не очекувај одма да се смени, ама ако видиш и мало подобрување значи си на вистинскиот пат. Сакам да кажам, можеби нема да ти признае дека греши, ама ако гледаш дека се обидува да го промени тоа значи дека сфатил дека греши.
     
    На KidA, NarCis@ и nextredstyle им се допаѓа ова.
  20. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.718
    Пол:
    Женски
    Не се фаќајте за безболно шлапнување, туку поентата на косми и е да спореди кое е полошо. Става акцент на психичкото малтретирање кај децата кои во иднина и те како големи последици оставаат.
    Сето тоа, е подлога на нивната иднина.
    Јас сум против било каков облик насилство. Сто пати имам зборено па дури се имам за очи фатено овде со членки кои шлапаат 'безболно'. Јес да темава е за ќотек, не е опширна за да збориме за психички моменти од други видови малтретирања, но членката сакаше да каже колку лошо е тоа.
    Сведок сум како мајка секојдневно и кажува на ќерката дека е дебела. Сум реагирала сто пати, џабе ми е. И со добро и со лошо. За жал, во иднина ќе ви кажам како ќе се развива тоа дете јер ми е пред очи и во живот ми е.
    Не е ок сево ова. Стварно не е ок..
    А се повеќе ги има такви...
     
    На SexiLy, KidA, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.