Можеме да ја тераме до сто и една и назад вака . Јас викендичка имам во планина , секој слободен момент сме таму , трчаат колку им душа сака , играме фудбал , ракомет , одбојка и сите спортови што се со трчање и скокање , одиме на спортски ( тоа е огромен парк во Тетово со разни играчки , количиња , трамболини , нишалки и сл . ) , и покрај сите активности во текот на денот , кога ќе дојдеме дома , повторно се тепаат меѓусебно , скокаат од кревет на ламинат .. синот еднаш на глава падна , среќа што беше од мала висина . Каде бев јас во тој момент ? До него . Само што се свртев да оставам нешто на другата страна . И не реков дека ќотекот е секогаш опција , баш напротив . Само јас знам колку пати сум му објаснила дека не треба така . Ќерката учи од него а, па и таа прави така . Понекогаш се појавуваат ситуации кога едноставно си принуден да удриш , не е од што сакаш . И удирање по газето е насилство да , свесна сум за тоа , но понекогаш навистина не постои друга опција . Здравје од септември синот почнува на училиште , па веројатно ќе се смири малку , го запишав во дневен престој , а понатаму и на некој спорт , за да му биде исполнет денот и да има каде да троши вишок на енергија , а покрај тоа и ќе стекне пријатели и знаење , како и правилен раст и развој . Со тоа и ќе престане да прави разни акробации по дома и сестрите да учат од него . Баш напротив , ќе гледаат колку е тој како поголем батко паметен и дека тоа што тие двете го прават не е добро , дека не треба така нели . Јас и до утре да зборувам , се додека еден го прави тоа , ќе го прави и другиот . За жал , така е со мали дечиња . Едноставно не можеш да им докажеш , секогаш се тие во право , иако си ти постар и повеќе си видел од нив . Јас би ги оставила да учат од нивните грешки , но нивните грешки може да завршат фатално , а јас не сакам да дојде до тоа , затоа и знам да плеснам по газето , за да не ми погине детето . Не знам дали имаш дете , ама верувај дека јас после секој удар врз нив , плачам , од жал што ми е , ама кога морам , морам . П . С . Имам ќерка , и ако дечкото ја истепа , со полиција има да му одам дома и во истиот момент таа ќе нема дечко .
Мене па знаеш што ми смета во денешно време. Што мајките толку се редат на пиедестал, се нас нешто ни е тешко, се ние сме принудени, се ние нешто жртви. Еве ќе ти кажам мајка ми ме плеснала еднаш по газе и јас ако сум возрасна го памтам и ми прави неубаво чувство и ден денес кога ќе помислам. Посилно го памтам од сите нејзини гушкања, едноставно така функционира мозокот. Ти реков, има родители што со најбесни деца не кренале рака. Ако немало друг избор, сите ќе кренеле. А за ќерка ти не е битно дали ќе одиш ти после со полиција. Од кога ќе се случи после не е важно. Зарем нема да ти е криво и да се прашуваш дали си имала барем мал удел во нејзиниот избор на дечко? Битно е во овој момент ти на ќерка ти да и покажеш дека таа со ниедна нејзина постапка не може да изнервира друга личност за да ја истепа. А со тоа што велиш дека си приморана само и покажуваш дека таа е крива што ти си изгубила контрола над себе, и дечкото утре ќе и каже дека таа е крива што тој изгубил контрола над себе. Тогаш ќе те боли, што е сега различно? Сега и полошо е пошо се мали и не можат да се одбранат, кога ќе има дечко може ќе се одбрани, ќе избега. Не мораш да применуваш ќотег. Тоа е себе утешување. Нормално дека не е исто дете да го плеснеш по газе и по глава. Ама еве ти кажувам, еднаш мајка ми, само еднаш ме плеснала и не ме ни болело. Ама се стресов. Не и верував повеќе како претходно. Длабоко ме чепна. Не би сакала детето твое дa пише некогаш на форум дека длабоко си го вознемирила со плескањето по газе. Јас лично не би сакала, би се разочарала од себе си. Ако сакаш ќерка ти да ја заштитиш од насилници во иднина само преку пример покажи и дека не смее никој да и покажува агресија на тело и дека таа никогаш не може да биде виновна за нечие нервирање. Без зборување, пример давај. Не реагираат на зборување, ама се' гледаат и учат.
Ти ми зборуваш за вадење од такт . А јас ти велам дека знам да удрам по газе ако играат нешто што е ОПАСНО по нивниот живот . Не сме на иста фреквенција со муабетот . Ти велам моиве деца на глава скокаат , треба да ги оставам ли да искршат глава ? Или јас бремена во петти месец да си ја искршам главата за да им докажам дека не треба така ? Или да земам на некој ни крив ни дужен да му искршам главата колку за пример да им дадам ? Зборував , не слушаат . Морам да удрам или викнам . Подобро е јас по газе да плеснам отколку да ми умре детето . Инаку куќава е цела со бетон . Ако падне дете , завршува фатално дефинитивно . Кога сме во викендицата не е проблем , трева е на сите страни , ама овде е опасно . Чаре имаш ? Како да постапам а да не е плеснување по газе ? Значи , со зборување не разбираат , инсекти се големи . Ај еве ти кажи ми како да постапам , штом си толку упатена како со деца . П . С . И јас не оправдувам ќотек , ама кога си принуден , мораш да примениш . Секако дека се каеш следната секунда , ама подобро да се каам на живо дете отколку на мртво .
На иста фреквенција сме, ти прва употреби "ме извади од петици". Ти си знаеш, сепак ти си ја градиш врската со твоите деца. Ама ако беше единствена опција, немаше да се каеш одпосле.
Па и ти би се извадила од петици да го видиш твоето дете како паѓа на глава директно . Кој родител не би . Јас ти велам дека понекогаш мораш да употребиш нешто што не сакаш ( во случајов удирање по газето ) за да му докажеш на дете дека ако повторно направи така , може да заврши со сериозни повреди , па дури и смрт . Пет пати ти повторив дека не се разбираат со збор , дека тераат по свое и мислат дека јас не ги оставам да си играат како што сакаат тие . Ама ако ги оставам на своја глава , ќе завршат лошо . Еве ти како поупатена со деца , дај ми предлог како да се справам со нив . П . С . Имаше пишано дека треба да подразмислам за трето дете , и да ти кажам искрено , кога едно од децата е паметно, другите помалите учат од него . Син ми е најголемото дете и сега ќерка ми цело време учеше од него , а тој пргаво дете и инаетливо , со ништо не се убедува дека некои работи кои ги прави не се во ред . Што требаше да го оставам ? Па двете деца да ми отиднат во неповрат ? Не . Затоа ти велам , не секогаш можеш да воспитувам без плескање по газе .
О Исто и сестра ми е многу мирна и многу сака деца. Ама има едно девојче на улица кога ќе си играат тука пред куќа постојано ја удира за ич ништо. И нејзините викаат па тоа е дете ама дете кое тепа и скубе за ич ништо. И некое време веќе ќе земам јас ќе играм со неа топка итн. не ја пуштам со такви деца на улица а таа мирна глас не пушта. И после не било криво детето па како да е криво кога родителот вика тоа е дете тепа и скубе затоа што е дете.
Јас тоа што го зборам нема врска со ова со сестра ти. Децата ако се насилни кон други деца, родителите треба да реагираат. Пак идаме до тоа дека родителите се одговорни.
Ај уш еднаш и завршувам. Теши се до утре ако сакаш дека ќотегот е нормален. Игнорирај го фактот што постојат милиони мајки на светов што имаат пргави деца, а рака не кренале. Тебе битно да ти е полесно на душичката. Не на детето. После исто така кога ќе сретнеш луѓе за кои ќотегот не е опција, викај им дека тие паничат или претеруваат. Во нормална држава за дерење на дете ќе се расправаш со социјална служба, а не па за ќотег, ама во македонија живееме, за среќа на родителите, за несреќа на децата. Што сакаш прави си. На крај на краиштата твое е детето, и детето ако се вознемирува од твоето невино плескање, тебе ќе ти се лути, не мене. Ама кога на форум со 120 000 членови ќе пишеш дека си го плескаш детето, немој да очекуваш дека некој аплауз ќе ти даде. Или дека ќе те утеши дека стварно мајчинството е тешко, друга опција нема освен ќотег некогаш. Ти мислиш нема. Јас викам има. Ќотегот никогаш не бил и нема да биде нормален. 90 посто од децата биле така растени, не било за паѓање во несвест. Баш дека се огромни 90 посто, е за паѓање.
Уште еднаш те прашувам ! Која е таа друга опција ? Да земам да го фрлам по скали за да види дека не е во право ? Ти напоменав дека устава пена ми фати од разговор на смирен начин , многу пати сум се спуштала на ниво на 2 годишно дете за да му објаснам најдобро што може , и пак тера по свое . Еве ти кажи ми како да постапувам кога дете се беси на прозор , а живеам на 4-тиот кат на куќава и секаде наоколу е бетон . Ако падне останува смачкано на лице место . Разговор е веќе излишен метод за нив . П . С . И не барам аплауз . Знам дека не е во ред ќотек , милиони пати реков веќе , ти верглаш пак како лента на рипит . Еве дај предлог , јас ветувам дека ќе го испробам . А да , и закани од типот " ако не ме послушаш , нема да добиеш тоа " не функционираат , така да , не се обидувај да ми предложуваш таков метод . Излишен е .
Не знам јас со твоето индивидуално дете што помага. Ако не можеш со некој проблем да се справиш оди на психотерапевт. Јас одам понекогаш пошо не ги знам сите одговори и ми помага. Ама никој психотерапевт нема да ти рече нема друга опција освен ќотег. Муабетов не е за ти да се осеќаш виновно. Сите правиме грешки за кои можеме до недоглед да се осеќаме виновни ама не е во тоа филмот. Филмот е кога некој ќе ти пише "ќотегот не е нормална опција" да не му враќаш "не паѓајте во несвест".
Па ти тврдиш дека има друга опција . Јас те прашав која , ти избегнуваш да кажеш " не знам " . Толку е едноставно . Кажи си дека не знаеш . Еве јас знам . Кај мојте , освен удар по газе , друго не функционира . Ти можеш на лустер да се обесиш , од прозор да се фрлиш , ама тие си одат по својот ум . На крај секогаш завршуваат со повреди ( кога знам дека нема да биде фатално , ги оставам да одат по свој ум , не викам , не удирам , само смирено предупредувам дека ќе се повредат ) . Ете пред 5 дена ќерка ми од лулашка падна директно на лице . Среќа што долу беше трева а не метални шипки и бетон . Три часа со неа во болница одседев , за рентген снимање , на ова невреме со коронава , згора на тоа , пред неа двајца позитивни се снимаа , па чекав и дезинфекција , а бремена со трето дете , што ако една од нас две се заразеше со корона ? Да речам браво ќерко , утре пак на лулашки ? Не . Ако ја прашуваш неа , таа од болница директно на лулашки ќе одеше таква смачкана во лицето .
Ако несакаш да падне од лулашки, нема да ја носиш на лулашки. Ама не можеме децата од се ги заштитиме, и најмирното дете може да падне одејки полека па да ја направи истата беља како со лулашката. Неможе да ги заштитиш од повреди, така што ти ке го повредиш со ќотек. Јас имам многу пргаво и темпераментот дете, во овие 4,5 години никогаш го немам удрено, иштипано, искубано. Ако гледам дека смислува идеја што е опасна за него, одма одвлекувам внимание на нешто друго. А да и нон стоп зборувам, објаснувам.
Нема да се повторувам пак . Јас не реков дека нонстоп го користам ќотекот како воспитна мерка , туку знам да го удрам некогаш по газето , бидејќи моите деца знаат колку е опасно да се бесат на прозорец , бидејќи живееме на четврти кат , и иако знаат , јас од нив прозорци не можам да отворам да излуфтирам дома . Покрај тоа , на скалите немаме ограда сеуште ( во тек на доградба сме со куќата , т.е таа беше изградена , но бидејќи немало доволно финансии , не е ставена фасада надвор и внатре , па јас и маж ми ја довршуваме моментално ) а тие упорно одат на ќошот од каде што треба да има ограда . Многу пати до сега сум објаснувала , сум се спуштала на ниво на нивна возраст за што подобро да ме разберат , дури и чаша фрлив еднаш за да видат што може да се случи во случај да паднат . Џабе . Ќе речете " за рака држи ги " , да , ги носев за рака , се додека еднаш син ми не слезе сам по мене , а го оставив да спие во соба , додека јас слегов до дуќан . Нозе ми се пресекоа кога го видов зад мене . Тогаш си реков " а што ако му се случеше нешто ? " .. Тогаш сфатив дека како што растат , ќе ми бегаат надолу по скали . Точно претпоставив . Еве син ми веќе има 6 години , од септември ќе тргне на училиште , и веќе никого не чека по скали . Сам оди нагоре - надолу . Но , веќе е голем и знае дека не треба да оди од таа страна , туку до ѕид . И така оди . Ќерката е пргаво 4 годишно девојче , и кога ќе и речам дека одиме некаде , веднаш излегува , не чека ниту да ја облечам . Борба се води по дома , за да ја задржам . Не знам за тебе , ама јас никако не можам да предвидам што смислуваат . Бидејќи и не може да се предвиди . Кај нив е сега и одма . Нема размислување . Ниту предупредување . На лулашки сме биле многу пати . Ниту еднаш до тогаш не и текнало да ги пушти рацете од држачите . Ниту да го дигне заштитниот држач . Овојпат во секунда го дигна заштитниот држач и падна . Затоа има забрана за лулашки веќе . Бидејќи направила беља . Барем во ова невреме со корона , да не се пукаме во болница од чиста мира . Де кажи како да постапувам за да ме разберат . Ете членката погоре не знаеше да ми даде совет , а јас не знам како поинаку да постапам . Еве ти велиш дека имаш пргаво дете , што кога не успева одвлекување на вниманието и разговорот ? Значи , ти зборувам за екстремно интелигентни деца , не можеш да ги прелажеш , ако им речам ќе одиме во зоолошка за еден месец , цел месец ќе ти зборуваат за тоа , се додека не ги однесеш . Така и за се останато . Тоа што го наумиле , не го забораваат додека не го исполнат . Ако се обидуваш да ги спречиш , ќе најдат начин пак да ја остварат својата цел . Ете за викенд бевме кај мајка ми , и им реков да не излегуваат во двор , бидејќи беше многу ама многу топло , седеа 15 минути внатре , и потоа со мачката фрц надвор . Пробав да ги натерам да влезат , ги убедував дека не е време да се на сонце , дека ќе излезат после 4 часот ( тие во 1 беа надвор , баш кога е најтопло ) , зедов боенки и читанки за деца , и што ми направија знаеш ? Па ме оставија јас да им избојам , а тие фрц надвор пак .
" А јас ти велам дека знам да удрам по газе акоиграат нешто што е ОПАСНО по нивниот живот" Морам да се надоврзам на муабетов и барам да ми се објасни болдираново, зошто јас стварно, ама стварно не можам да разберам како во случајов на животозсгрижувачка активност на детето, ќе го заштитиш СО ЌОТЕК?????? Каква порака/заштита/едукација, ма што и да ти е целта, дава ќотекот? Тоа ми е несфатливо. И не се чудам од аспект на родител, родителскиот гест твој ми е поимлив - ќотекот ти е твоја реакција на твоја слабост во момент на безизлезност. Се чудам од аспект на дете, што и јас бев и ти беше и сите котекоподдржувачки родители, ако сум дете во положба на ризично место да се повредам, мајка ми ми вика пази, немој, опасно е, можеш да умриш и јас по инерција го правам забранетото пак, зошто сум дете, право, и стане и ме исплеска, во тој момент што би научила? - би се осетила неубаво, понижено, повредено, би ја преиспитувалс љубовта на мајка ми.... Фала Богу, само претпоставувам, не сум имала можност да осетам ќотек од родител во ниедна форма. А сум се нашла и јас во животозагрозувачки положби во детство, и памтам на разговорите со мајка ми и објаснувањата зошто е нештото страшно и лошо. Решение има за се. Вика и вика и губи живци и нерви и на крај олеснува родител кој ги ѕирка децата меѓу редови дури скрола по телефон, на кого детската пргавост му допира само до уши и му смета. Нема да има потреба да вика родител кој учествува во детска активност, насочил деца во структурирана игра, активно е тука. Нема оправдување три или седум или едно дете, за плескање нема оправдување никогаш.
Ти имаат децата хиперактивност, од доктор потврдена? Или си ги однесла на доктор за евентуална хиперактивност? Или збориме за нормална пргавост кај деца? Пошо по твојов опис ми звучи ко да не можеш да ги застанеш. Нема врска, може мене така ми се чини. Еве јас што би направила, би ги тргнала од местото кај што можат да се повредат и толку. Без додатен ќотег. Мое е да ги заштитам децата, не да ги повредувам. Ама јас не можам да ти кажам што да правиш пошо решението не е една постапка само што само еднаш ќе ја примениш и ќе го реши проблемот. Ќотегот е таква постапка ама не е решение. Замисли дека не постои ќотег. Мораш децата да ги заштитиш поинаку. Што ќе правиш, не ќе ги оставиш да се повредуваат. Ете така направи. Барај решенија што и да треба читај, прашувај, ама не ќотег. Значи ако користиш еден метод и тој метод не успева, бараш друг метод, ти треба да се прилагодиш на детето. Макотрпна работа е, ама правилна. Што нема по интернет за хиперактивност на деца, цел интернет е преполн какви чекори да направиш. Ќотегот е лесна, брза постапка ама погрешна и нема ефект. Ако не го прават истото, нема да го прават од што се плашат од тебе, не од што се плашат од ризикот за повреда. Оди на психотерапевт прашај за совет, однеси ги децата. Не е ништо чудно или ненормално. Прашај терапевт и за ќотегот зошто сметаш дека е нормално. Ќе ти помогне да сфатиш зошто воопшто не е нормално. Нема да прифатам дека ќотегот е единствено решение. Не е ни решение, а не па единствено. Ама треба помачување малце. Ич не ми е намерата да ти направам да се осеќаш лошо. Ама да не го романтизираме ќотегот
Сум била , немаат хиперактивност потврдена од доктор . Е сега , колку може да се верува во нашето здравство .. А според мене , исто не се хиперактивни , бидејќи синот полека но сигурно се смирува веќе , размислува малку повеќе од предходно , за некои работи не треба ниту да му кажам , и сам знае дека се опасни ( на пример влегување во автомобилот на непознати луѓе ) . А никогаш не сме дошле во ситуација да му кажам зошто е тоа така и какви последици може да произлезат од тоа . Веројатно тоа го научил од гледање ( дека ние не се знаеме со секој што го среќаваме на улица , нели ) , па оттаму и претпазливост со луѓето што прв пат ги гледа . Навидум срамежливо дете е , но всушност , само е внимателен кон странци . Кога ќе увиди дека јас или татко му ( или било кој од најблиските ) се знаеме со таа личност , се опушта . Затоа и јас мислам дека не се со хиперактивност , туку ова можеби е само период , кога сепак јас морам да преземам секакви мерки ( од кои крајна и во екстремни случаи е удирање по газе ) , само да не им се случи нешто лошо . Бидејќи , ако нив им се случи нешто , јас ќе можам ли да продолжам нормално да живеам ? Секако дека не . Ќе се обвинувам себе си , ќе западнам во депресија и ќе станам лош родител за она другото дете .
Ќотекот и дерењето не чинат,и 2-те се форми на насилство.Нанесуваат штета.И... Ако мислите дека благ удар по газот и шамарот по лицето не влијаат врз психата на детето,многу грешите.
Во описот не гледам ништо поразлично од било кое дете. Сите деца се такви, не си барај проблеми кај што ги нема. Еве ни јас никогаш не оставам прозор или врата од тараса кога е сам во соба, дете е не знаеш што ке му текне во моментот, дури и на некои прозори рачките ги имам извадено за да не му текне некогаш да ги отвори. Исто и со скалите, мора да смислите нешто да ги заштитите, не може во куќа со мали деца да имате толку опасно место. Исто и никогаш не би го оставила само дома, дури ни на 5 мин за да тркнам до продавница. Тоа е мора го прилагодиме животот и просторот на нив, па кога ќе пораснат ќе луфтираме колку сакаме
Кога дете доаѓа непланирано ( на 17,5 години ) не можеш баш да планираш што и како во домот , особено ако сеуште немаш свои финансии . Додека да застанеш на свои нозе , тоа веќе оди . Муабетот ми беше , ќотек како воспитна мерка постојано - НЕ . Но , ќотек како воспитна мерка , во екстремни случаи , кога детето те разбира и е свесно за некои работи , а сепак постапува по свој ум , иако тоа може да има фатален исход - да . Полошо ми е заплашување со зборови , му всадуваш психички страв , отколку ударот . Јас имам психички страв поврзан со пајаци ( на вести слушнав и како ден денес ми одекнува во ушите " наезда на отровни пајаци од видот Црна Вдовица на југот на земјава .. " после ова , јас имам страв од пајаци доживотен . Од сите буквално ) . И покрај тоа што неколку пати ме удрила мајка ми по газе за некоја од многуте бељи , јас тие удари не ги паметам воопшто , но совршено добро ги паметам вестите за пајаците . Епа , тој удар е полош според мене . Велиш не би го оставила само дома , што кога немаш на кој да го оставиш ? Јас живеам сама со маж ми и двете деца . Маж ми во тој момент беше на работа , свекор на работа , свекрва во друга куќа ( разведени се ) живее , бабата на маж ми е жена залегната во постела .. на кој да го оставам ? А мораш да му купиш храна на тоа дете , ќе се разбуди од спиење , па ич не можеш да излезеш . Да знаев јас дека ќе се разбуди баш тогаш , ќе одев порано во дуќан ( кој патем ми е на еден чекор од дома , до задник буквално ) , го чекав намерно да заспие цврсто , за да може да одам до дуќан . И тој слегол по мене . Сега , практикувам да им нагласувам дека одам до дуќан , да не излегуваат надвор . Има клуч да , но не можам да ги заклучувам , бидејќи за до тоалет треба да излезеш од спратот , па да влезеш во тоалет . Долга и широка е , ама не секогаш можеш да кажеш " еј не си во право за удирање по газето , трауми ќе има , страв ќе има " . Да , не сум за ќотек како воспитна мерка , особено не ако е на дневна / неделна / месечна база , но еднаш во годината , во екстремни случаи , не велам дека не практикувам . Само и само во екстремни случаи . Еве синот е веќе голем и нема потреба од удирање по газе , веќе и сам е свесен за можни последици . Доволно е само да му напоменам , и веќе знае што треба а што не треба да прави . Сигурно нема да го истепам од чиста мира или затоа што не научил да брои / чита .
Ама и милион членки да дојдеме да ти напишеме дека ќотегот ни еднаш во животов не смее да се случи, пак си тераш со истото. Терај си, што ни објаснуваш. Наместо да се помачиш малце да најдеш помакотрпно решение, ти си одбираш полесен пат и се тешиш дека последици нема да има. Последици има, милион пати е докажано. И тоа што тебе те удирала мајка ти има последици, ете на денешен ден кога ти си мајка не гледаш ништо погрешно во ќотегот затоа што така ти покажале.