1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Јас лично не го подржувам ќотекот како воспитна мерка, бидејќи како постапуваш ти со детето така и тоа со тебе.
    Ти насилен-тоа уште понасилно. И плус познавам родители што ги воспитуваат децата со зборови уште од раѓање и знаете какви им се децата :^) душички ама тоа си е до родителот, има културен народ што знае како да постапи!
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Јас иако ми е раничко за дете не го поддржувам ќотекот како воспитна мерка. Ако се се решаваше со ќотек и викање сите ние немаше да зборуваме туку ќе се тепавме и ќе викавме... :lol: многу сум против тие работи и како воспитна мерка, здравје, некогаш кога ќе имам дете би употребувала само разговор, за да го натерам правилно да размислува а не да се плаши од работите кои за него се нови. Поздрав
     
  3. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Не можам да сфатам како некој може ќотекот да го користи како изговор дека е воспитна мерка.Како можже да крене рака на дете кое го чува од ,,кило месо,, ,за кое животот би го дал .Мене досега, -имам 37 г.-моите родители ниту еднаш не се обиделе „да ме воспитуваат“вака со ќотек(фала им )
    И моите деца незнаат што е ќотек.Па како да го тепам ако направило некоја белја,(индиректно и јас како родител имам кривица што сум дозволила да дојде до таа беља) сигурно со ќотек нема да се исправи нештото.
    Ќотекот го гледам како брзинско обрнување на внимание на родителот кон детето.
    Си направил беља ,ќее дојде татко ти или мајка ти,ќе ти плесне 2-3- воспитни и толку.Се нема време да се поразговара со детето за причината за бељата,последиците од бељата итн .да не должам.
    Па и ќотекот нема да биде ќотек ако нон стоп се користи-тоа ќе му биде на детето добро утро ,а пак ако уште и незнае зошто го тепаат.Една моја школска така си ја воспитуваа родителите ,со ќотек.Се омажи,сега мажот така ја воспитува и знаете што?На неа тоа и е толку нормално ,тоа да се чудите,толку е зависна од тоа што ќе мисли тој ,дали нему ќе му се допаѓа и сл.,без самодоверба е...
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AnelijaP

    AnelijaP Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    14
    Бре бре бре! Сите против ќутек...Све истрауматизирани сте гледам што сте попивале по некоја воспитна,а? Ма дааај.... Ме плескала мајка ми и тоа како! Никогаш по лице, ама по газ богами сум добивала! И сега демек трауми имам?! Како не! Не сум смеела да и писнам во продавница, камо ли да ми текне да кревам фама и да рикам ко магаре...НЕ било НЕ, затоа што ако јас го игнорирав тоа НЕ знаев што ме чека дома. Денешниве деца уште од година и нешто немаат почит, ги гледам низ паркови како се однеуваат...Тоа на се личи само на дете не!
    Незнам од каде излезе таа мода да не се мавне по газ?! И да се разбереме, крвничко тепање никој не одобрува, лице, раце, стома (не дај боже) да не зборам, ама за 2-3 по газот нема да се повреди ниедно дете, ќе поплаче малку и ќе му помине...А сигурно за нареден пат ќе размисли дав пати пред да направи нешто.
    Љубов си е љубов, во ниеден момент не сум помислила дека мајка ми не ме сака, ама каде што убавиот збор не помага, една по газе ќе си ја среди работата....
     
    На Hopeful и Saya им се допаѓа ова.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    ^^^ На сите понекогаш ни пука филмот, но подобро е да избројам до 10 и да седнам да му објаснам на детето каде и што погрешило одколку да го плеснам и да заврши со тоа.

    Исто така се зависи и од карактерот на детето. Пријатели на моите што се не направија и никако неможат/еа да го “стават “ во ред поголемото дете. Ќе рече некој до родителите е , е како малото е срце? Ама овој звер, ни со арно ни со лошо, ни со муабет ни со ќотек. Живи ги изеде.

    Најубаво за децата е колку може повеќе да бидеме присутни во нивниот живот. За жал денешново темпо на живот и тоа ни го крати, но секој слободен момент да им припаѓа на децата.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Јас сум против ќотекот. Не е тоа мерка. Добро сега,една плеска по газето,не е толку страшно,ама сепак,не би одела подалеку.

    Еднаш на улица видов,одеа мајка и татко со девојченце,имаше накај 5 годинки таа. Толку многу и викаа. Мајката почна да ја удира со гранка по целото тело на сред улица. Бев со друштво. Толку многу бев револтирана што ми доаѓаше да отрчам и да и ја удрам една на мајката,па и на таткото,да можев.
    Ќе речат "мое е детето,можам да му правам што сакам!" Па ајде ако е негово,нека го претепа до смрт.

    Некои луѓе,немаат осет. Добар разговор би завршил работа многу повеќе.
     
    На stetoskop му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    За мене ќотекот е застарена воспитна мерка која не помага апсолутно во ништо. Кај мене дома не го применувале.Од лично искуство кажувам дека ќотекот многу послабо делува отколкѕ некои др. мерки. На пример јас коа бев осмо одд. со една другарка не фатија со цигари, на мојата другарка и удрија шлаканица а мене не ме пуштија една недела да излегувам од дома и не ми даваа пари. Искрено многу полесно би ми било една шлаканица да ми удреа и после се да биде по старо ќе ми помине за 1 минута отколку тоа јас што го доживеав таа недела, сите излезени јас дома многу повеќе ме болеше.
     
  8. al4e

    al4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    11
    Јас тргнувајки од мене мислам дека ќотекот не е воспитна мерка, значи кога бев мала и кога ке направев некоја глупост и кога ке ме плеснеа по газ јас од инает продолжував. Најдобар начин според мене е зборување, укажување на грешката и секако казнување, но во стилот ако не си умна денес нема да играш на компјутер, или пак ке поседиш во ќошот се додека не се извиниш и не ветиш дека нема да се повтори. Гледајте ја емисијата Take home nanny на Travel & living и ке видите како успева воспитување без ќотек.
     
  9. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Воопшто не го сметам ќотекот како воспитна мерка.
    Што јас за секоја беља што ќе ја направи да го плескам? Како не.
    Со зорови детето може да се научи, ако на убаво му кажеш. Деца ко деца, што повеќе ги плескаш, повеќе бељи прават.
     
  10. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Јас сум против ќотек како воспитна мерка,со разговор све се решава...Од искуство кога ке ме наплескаа моите јас продолжував со уште поголем инат..поголема беља ке напраев...Све треба со разговор ништо со тепање..
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ако детето претера и нема друг начин-тогаш е оправдано.
     
  12. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    НЕ СУМ ЗА КРВНИЧКИ КЈОТЕК ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ ама сум за воспитен!и имат разлика во возраста на децата...
    мајка ми ке не треснеше по газот-по потреба-ко ке напраевме некоја белја и ние фино со сестрите мој си знаевме прајш белја ама трпиш после кјотек.и фала му на господ немаме ни трауми ни ништо туку напротив сме сите 3 правилно воспитани луге.
    кога и се родија на сестра ми децата ке и велев немој ма не тепај ги сакаш да си иста како мама????
    а таа мене чекај чекај ке видиш ти ко ке имаш твој...
    е сега си имам едно злато дете од 2 годинки шо невервам дека многу многу знајт да седнит и да прајт муабет со мене и да ми дозволит да му казам што е дозволено да прајт а што не.па човече се качи на масата од телевизорот и ок доби само викање од мене,што не му беше доволно и за пола саат се качи пак да го турнит ТВ.се слизна и падна и доби кјотек по газот и то убав кјотек,ама уште еднаш не е качен таму.
    и шо ако недај боже струја го фатеше или ТВ паднеше на него?зошто сум јас после а?море дури можам ке прам како што јас мислам дека е правилно.е ко ке пораснит здравје боже ке видиме
     
  13. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Ова е до нашиот менталитет. Во повеќе странски земји доколку се удри и само шамар на детето, се смета за семејно насилство.
    Јас имам огромна одбивност кон ќотекот. Мојата мајка е прекрасна жена, но како мала ме има наплескано и те како. Не до модрици и крв секако, но доволно за да го памтам. И не го ни заслужив, поради тоа се врежало во моето мозоче.
    Поради тоа сега имам одбивност кон секаков вид наредби. Нешто извршувам, само ако ме замолат. И точка.
     
  14. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Многу сум против тоа. Никогаш не сум била тепана од моите со цел да ме воспитаат. Всушност сметам дека тоа не е воспитување туку малтретирање. Воспитување е да се разговара со детето и да му се објаснат некои ствари а не да се тепа. Со тоа не се постигнува апсолутво ништо.
     
  15. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Старите викаат ЌОТЕКОТ Е ОД РАЈОТ и потполно се согласувам со ова.
    Не значи да го тепаш детето крвнички ако му украл сливи на комшијата или направил некоја детска глупост. Ама голем дел од децат знаат да прават штети сакајќи. Имам еден комшија, на 9 години има украдено еден паркинг велосипеди, запали нива со жито, украл пари од дома и уште 1000 штети има направено. Родителите видоја оти со збор не бива па почнаа со оваа воспитна мерка и одма се покажаа резултати.
    Сепак тие се деца и за ситни работи или за нешто што го направиле несакајќи или од нензаење не треба ќотек.
     
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.238
    Против! Дома секогаш се се решавало со разговор. Никогаш никој нема кренато рака ни на мене, ни пак на сестра ми, а уште помалку на брат ми. Па тројцата сме фино лешпо воспитани. Си знаеме кај ни е границата и до каде може да се оди.
    И кога би имала свое дете, мислам дека никогаш нема да посегнувам по ќотек, можеби сум млада уште и вака размислувам, но следејќи го примерот на моите - не би удрила свое дете.
     
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ќотек никако,од кај да знам може ќе му предизвикам некои трауми..
    со збор,ако не разбере постојат казни бе ..
    еднаш сум добила шамар (од татко ми) и сеуште коа ќе се присетам на тоа ме боли тој момент,додека мајка ми се решавала со казни па фала богу ништо не ми фали,ни сум разгалена ни ништо,секој родител има различни сваќање за ова.ќе видиме како ќе биде имааа време ;)
     
  18. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Тоа го викам ВАСПИТНА . ЗНачи мајка ми ми има мавното шамар , а татко ми не . И тоа мајка ми коа сум било непослушно дете околу, 7 8 години и тоа за глупост . Не е страшно еден шамар , ама ќотек со каиш или шамари по тело е тоа веќе :x :swear:
     
  19. trenDafila

    trenDafila Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    11
    А бе за девојче и не треба, мирни се девојчињата, ќе се разбереш со збор. Ама машкине треба и тоа како да се истепаат! Иначе на глава ќе ти се качат!
     
  20. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.017
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не треба.. Остануваат последици подоцна од ќотекот, или барем децата ги мрзат родителите заради тоа.. Ми се случило да ме истепа татко ми, на 15 год. и секогаш кога ќе се сетам на тоа се осеќам несакано и незаштитено а и болно е. Навистина мислам дека ќотекот не е тоа правото.. Подобро е со казни