Поголем дел од темава исчитав и не знам што ми требаше да читам. Членки за кои што сум имала почит, веќе не. Едната само го плеснува ништо страшно, другата им вели на воспитачките во градинка да го тепаат ако не е мирен, третата во авион му вели не биди каприциозен и го мава по раче а детево две и пол години. Сопственото дете ќе си го тепате само за да оставите впечаток на небитни луѓе дека детето ви е добро воспитано. Остајте ги децата да се деца. После плачете на форуми како е мајчинството претешко и вие сте специјални снегулки. Само се молам за тој ќотег, да не ви креваат слушалка кога ќе пораснат. И малку ќе ви е тоа. Не можам да верувам во темава за колку огромни форми на насилство се вели 'ништо страшно". Или "не се мешај". А бе ќотегот не е избор, не треба да е избор нешто што вие ќе си го одберите. Неспособни родители на секој чекор. А бе животно не се удира, зарем сопственото дете се удира. Ужас, невиден ужас.
Значи дете ќе падне и ќе се повреди, ќе почне да плаче и да вели дека го боли нешто. И ти место да го гушнеш, да го смириш, да видиш што му е, плесни му една, дупло да го заболи. Следен пат нека има храброст да падне. Браос. Едит - има родители со деца со пречки во развој за кои е неколку пати повеќе трпение потребно па пак никогаш не ги удриле.
Ниту мене, ниту на сестра ми, во живот не не имаат удрено. Секогаш со разговор се се решавало. Никаков проблем немале со нас. Што е поентата ако го удриш или казниш детето, а не му објасниш што згрешило? Тоа ќе знае само дека си го удрил, а нема да научи од грешката. Еве на пример, дете мало трча по пат и паѓа, и мајката го мава шамар, наместо да му објасни дека не треба да трча бидејќи може да падне и да го боли. И што постигнува со тоа? Ништо, детето повторно нема да сфати што згрешило, и ќе има стравопочит према родителот. А не е во ред детето да те слуша бидејќи се плаши од тебе, туку треба да те слуша бидејќи те почитува како негов родител. Јас бар не би сакала моето дете да се плаши од мене.
Значи на страв си го воспитала? Од страв да не смее да направи нешто, не затоа што навистина не треба? Послено беше да го научиш дека последицата на неговата акција е ќотек наместо „не треба да го правиш ова затоа што тоа и тоа не е во ред“? Стварно, еве, пробам да го сфатам тој мајндсет кај што ќотекот има образовна функција дури. Како Павлов со кучето ваљда, чим заѕвони знае дека иде храна.
На луѓето што го применуваат "безопасното ќотече" не може да им се објасни. За нив е безопасно. Гледам пример со дете врсник на мојава ... и дури да му падне на човек незгодно што сеуште не си го удрил детето. Го штипнува или кубе ако не е послушен. Го шлапа по бут за да седи мирен додека се облекува. Се е ова секојдневие. И сум го гледала со свои очи. Џабе е објаснување кога на тие не им е сфатливо како јас воспитувам.
Еве кои се последиците после многу години од ќотекот и казните од родителите, а мислат дека тоа не е ништо, и дека тоа е за доброто на детето Не знам дали е по правила да се прикачат сликите, зошто се на српски, ако не е во ред нека избришат модераторот.
Насилството не е воспитна мерка. Никогаш не било, никогаш нема да биде. Ако сте ги тропале децата како мали по газ, не сте постигнале ништо со тоа, ниту да објасните дека тоа нешто не е правилно и безбедно, ниту да спречите истото да се повтори. Само личните фрустрации сте ги реализирале на дело, оти раката ви е побрза од мозокот. За поголеми дека кои разбираат, нема зошто да зборувам. Во тој случај вие родителите имате проблем, не децата. Вие не знаете како да објасните кое зошто е така, и децата не можат да разберат што е проблемот и неговото решение.
'Удирање по газе' - воспитна мерка, уау. Родител со такво понашање прави само траума, и лоша искривена перцепција на детето која подоцна во животот ќе се манифестира на поинаков начин. Дека со ќотек нешто се решава наместо со објаснување и муабет? 'Седи мирно или ќе те удрам' и детево одбира да седи и не мрда? Мех.
Каков ќотек бе луѓе, од рајот бил ќотекот Јас уште се сеќавам мајка ми како ќе ме легнеше кај неа во скут и ме удираше по газето Оти сум плачела без причина и вака ќе ме натепала и барем да имам за што да плачам - е ова ми го викаше. Ме бркаше по скали со метла зашто сум скршила чаша. Ми текнува еднаш имав 5 години игравме со брат ми и го турнав несакајќи почна да му тече крв од носето, се криев под маса зашто знаев дека ќе јадам ќотек. Ништо друго не се сеќавам од тој период на детство освен на ова. Кога сега никогаш и спомнувам ми вика: „ па може претепана си била, по газето сите мајки ги удираат децата и ти твоите ќе ги удриш. Мора да знаат за авторитет” Ќорекот не е воспитна мерка. Вие што мислите обратно не треба да се размножувате.
Пробвам да сфатам, значи детето се повредва ... оти е дете ... и решението е ... да го повредите и вие како родители? Кај смеј само то да се повреди, мора да му кажите дека повредвањето само од вас иди. Као, ако паднало и се удрило, то сигурно поќе боли од то да го удриш по газе, така да ... зошто? Сериозно пробвам да ја сфатам смислата и како мислите дека функционира ова. Памтам дека имам зборано за темата. Строго против ќотек. Пес го имам удрено пошто и тој почна да ме удира во свои хиперактивни моменти и се каам до ден денес за то и плачев после то. Не можам да замислам дете да си удрам и зато нарочно го спомнав ова со миленикот за компарација како го осетив то и зошто не мислам дека би удрила дете. А кој ме знај Пес ме излудва. Неколку пати сум јас удрена во животот од мајка ми и татко ми. На една рака се бројат, инцидентни се. Ама ги памтам. Памтам и зошто. И памтам како ми влијаеше врз социјалниот живот зошто сите бељи за кои имав јадено ќотек било ради мои ( анти) социјални непогоди и јас знам колку долго ми требаше да можам да зборам со луѓе отворено, колку време ми требаше да си ја вратам искреноста пошто сите пати ради то бев тепана. Ова од лично искуство. Башка, на секој кој решава да биди родител, топло препорачувам да чита развојна психологија. Неодамна предложив на другар да чита и почна, и кога збораме онака вика запрепастен бил колку грешки прајме, често несвесни, често шо мислиме дека ќе имаат штета само во моментот. И оној „оправданиот“ ќотек, оној „белиот“ ќотек е во тие работи кои не мислиме дека имаат трајни последици. Spoiler Има. И „оправданиот“ ќотек има последици.
Од секогаш велев “никогаш нема да удрам мое дете”, па добивав совети дека назад ми е возот, ќе видам како ќе ми биде кога ќе станам родител. Еве станав, преживувам секојдневни плачки,нервози,тантруми од мојата ќерка. Уште сум тука со паметот, никогаш не кренав рака на неа,ниту па ќе кренам некогаш. Ако сме излезени и почне да плаче за банални работи, не ми е “финтата” шлапање по газ или раче, туку и викам “исплачи се мама да не ти тежи на душичката” секундарно прекинува Шо знам, не ми текнало на овој метод Јас ја гушкам место да ја тепам. Мене мајка ми многу ме тепаше.. Уфф,ич не сакам ни да го мислам тој период, ама премногу ми е врежан во мислите. Памтам, имав околу 10години, утредента имавме систематски преглед... претходната вечер ме тепаше со прачка (дрво) и машата за шпоретот. Вечерта не можев да легнам на грбот од болка, буквално немав 1мм на грбот кај што немав модринка, целата бев шарена, сино-лилави шарки од врат до половина. Утредента докторката се шокира кога ме виде.. збор не кажав од што и како. Еве 15год се поминати оттогаш а ко вчера памтам да било.. пишувам ама со солзи во очите, да се случувало сега тоа сигурно и докторката и класната раководителка би пријавиле некаде... Многу пати ја имам прашано, еве сега откако имаш внука, зарем би имала срце да ја удриш, или да ме гледаш јас како ја тепам? Вика нема шанси, во младоста самата сиромаштија ја носела нервозата и нетрпеливоста дома. Она ја имала истепано сестра ми кога имала една годинка, значи бебе, затоа што неќела да јаде. После од татко ми си добила повратен шамар. Многу лоши сеќавања имам од детството. Од таму и почнува рушењето на самодовербата со која и ден денес имам проблем. На само 13 години почна и анксиозноста, влечење по доктори,пиење таблети.. Ме уништила психички за навек.
А, зарем воопшто ќотекот може да се дефинира како воспитна мерка? Има некојив пример, макар и оние на сватоот брат, на комшиката 3та братучедка...некој било кој што може да се “пофали” дека успешно воспитал дете со ќотек. И дека детето е сега возрасен човек бе никакви последици....? Нема! Нема ни да верувам дека ќе има. Затоа, ќотек како воспитна мерка НЕ ПОСТОИ! може има ќотек од разно разни причини, али за воспитување не. Целото тоа плескање, удирање, тепање, викање ви е само недоволно самоконтрола, фрустрации, нервози и незнам што друго. Али не се лажете дека е воспитување
Meне едно ме чуди. Докторката те видела. Секој лекар, наставник што ќе види модрици, лузни кај дете нели треба да пријави? Дали било пред 10 или 15, небитно. Оти да сме реални за едно - возрасен човек кој трпи насилство подобро ќе знае кај кого да се обрати за помош, да замине сам ако треба. Дете...не знае, нема избор освен да трпи. Не знае на кого да верува, не знае некогаш ни што е тоа што му се случува. И тие ситуации си траат дур детето не порасне и стане свесно што трпи или некој друг возрасен не примети знаци кај детето и пријави. Мада кај нас не знам колку се дејствува во вакви ситуации. Јас на твое место не би дозволувала да си ја гледа внуката. Оти не заслужила. Ама јас... Сега може си и' простила, може пак имате некој муабет не знам. Ама некои луѓе едноставно не треба да им дадеш дете, било свое или туѓо.
Зборуваме кај нас во Македонија пред 15години. Во Македонија, каде наставниците во школо казнуваа со прачка по раце. Имав наставник во основно кој ги тепаше машките деца самп затоа што се машки и требало да бидат силни. Да се јачаат. Денес на луѓево уште не им е јасно. Нели гледаш дека има уште што не го гледаат ќотекот како проблем. А не пред 15год каде, кој знае какви сме биле заостанати. Ама за среќа пак пд друга страна и многу сме напреднати во ова поле. Наставик да ударо дете нема шанси. А еве полека и родителите се освестуваат. Повеќето тогаш не го гледале ова како проблем. А на оние што им сметало страв им било да превземат нешто. А и не верувам ни дека имало институции на кои можеле да се обратат и да побарат помош, да пријават. Сега уште да научиме и дека и плескањето по раче и газе не е добро
@Tan4ence Ме чуди и мене. Не знам зошто немало реакции. Сум и простила, но не сум заборавила. Тоа е друга тема веќе. Класниот редовно со прачка ги тепаше машките во класот. Првата класна наставничка во прво одделение не кубеше нас женските и не нарекуваше со погрдни имиња. Ама други времиња беа тие. Што никако не смеат да се повторат.
Потполно си во право имам со свој очи гледано од сестра ми децата три се ...на секаков можен начин ги смирува ,но ништо не помага.Всушност кој родител би му мислел лошо на своето дете и кој би го воспитувал да биде лошо? Никој. Тоа до детето е изгледа абе хиперактивно ,пргаво со ништо не се задоволува,се му е криво и кусо,абре ке се искрши од велосипед ама не попушта.Јас кога ги гледам си велам ,,какви се денешниве деца? Се по нивно да е ,ако не е ти не си мајка! Што знам не би сакала такво дете да имам ама ако имам би му мавнала по газ една воспитна . П.С не се мажам
Колку и да зборуваме дека ќотекот не е воспитна мерка, залудно е. Повторно ќе има некој што ќе го поддржува. Не само ќотекот, туку и другите насилни "мерки". Ќе се извлекуваат со тоа дека и ние исто би постапиле. За жал, таквите не можеме да ги убедиме во спротивното. Многу ми е жал за ова што си го трпела. Не само ти, туку и сестра ти како што прочитав. Убаво е што си научила од грешките на мајка ти за да не ги правиш ти во иднина. Од срце ти посакувам да го надминеш ова и да бидеш уште посилна. Се согласувам со @Tan4ence. И јас исто не би и' дозволила да ја види внука и'. @kalinaka во темата "Денешната младина" ја поставив истата статија од Црнобело.
A што е разликата дали по газе или шамар? Цело време го читам ова по темава - не бе не го тепам јас, само некогаш по газе го плескам. Удар е удар, бил по образ, бил по газе