Никогаш немам добиено ни шамар, ни било каков ќотек од моите, исто и брат ми. Не гледам дека ни фали нешто, значи можело деца и со разговор да се воспитаат. Не планирам да си ги тепам децата ако станам мајка никако. Ако немаш трпение за деца и не си смирен не раѓај... Немој тоа што немаш трпение и живци врз мало дете да го истураш. Ќотекот не е решение за ништо.
Ќотек не ќотег , немам лоша намера се надевам нема да се налутиш ама многу ми боде во очи па морав да те поправам.
Леле аман луѓе , колку пати да повторувам ? Прочитајте прво што имам напишано поназад па судете . Не реков дека ги млатам децата со каиш секој ден , ниту пак дека ги удирам по газе нонстоп за секоја ситница . Кој разбра , разбра , кој не , не мора . И мене ме удирала мајка ми како мала , и што да не умрев случајно ? Еве ме здрава без трауми од ќотекот , повеќе ги паметам психичките мачтретирања од соучениците отколку ќотекот на мајка ми кој бил можеби еднаш во годината . И не , не одбрав маж што ме тепа секој ден , всушност воопшто не ме удрил . И пак да се мажам , сигурно нема да одберам таков . Колку сте драматични аман . Абе ајде , сите тука светци се никогаш никого не удриле и навредиле . Ми се од вакви . За секој проблем , решение е разговор и трпение - да , ама сечие трпение има граници ! Некогаш мораш да постапуваш на лош начин за да знаат до каде е твоето трпение ! Јас секој ден се трудам да сум добар родител , ама некогаш не ми успева , и тоа е во ред ! Не сум јас светица па во се да сум добра ! Го давам најдоброто од себе за децата да се секогаш насмеани и среќни , но нивните игри знаат да бидат опасни и иако го знаат тоа , продолжуваат по нивно . Пред година дена синот на ќерката ќе и ја искршеше главата . Ја турна во бетонски стуб . Среќа го промаши за милиметар . Требаше браво да му речам ? Наредно што ќе биде ? Убиец на сопствената сестра ли да стане ? Колку пати пред тоа сум му објаснила дека не треба така да ја бутка , дека може фатално да биде , сепак имаше само 3 години тогаш , и најмала повреда може да е страшна . Ако некои тука можат да ги гледаат децата со искршени глави , јас не можам . И нема да дозволам да си наштетуваат меѓусебно , дури и низ игра да е тоа , несакајќи . Ќе се научат дека такви игри се опасни , па макар и јас била лоша мајка во очите на цел свет ! Ако веќе со разговор не разбираат , тогаш со удирање по газ ќе разберат . Трауми остава тепањето со каиш / сукало / влечка / метла , на дневна база и без посебна причина . Тепањето по газ еднаш ( а и поретко ) годишно и не е толку страшно и црно како што тука го направија . Ако им дозволуваш , жив ќе те изедат . Како и да е , на народот никогаш не можеш да му удоволиш , па колку сакаш прави по нивно . Секогаш ќе најдат замерка за се ! Јас знам колку и како се трудам да ги воспитувам децата без ничија помош во овие 6 ипол години , од свои 18 па до денес , вложив многу напори за децата да бидат како што треба ( не секој ден на шиење во болница ) и да го паметат детството по игри и смеа , не по шиење , доктори , крв и болница ( како што маж ми го памети , бидејќи со разговор му било објаснувано што треба а што не , па се гледа колку разбрал ) . Што кога ти му дозволуваш се , утре ќе ти рече " мамо дај пари за кокаин да си купам " , и ќе му дадеш ли ? Или и тогаш ќе му речеш " сине тоа е лошо за тебе " ? Јас би се убила искрено . Тоа би ми бил најголемиот неуспех , и тогаш паѓаат во вода сите дотогашни успеси како " добра мајка " .
Ау што се не прочитав. Жал ми е за децата искрено. Многу погрешно размислување е дека ако го тепаш детето ќе разбере, баш напротив уште повеќе ќе се спротивставува. Таков беше и внук ми, многу беше немирен, пцуеше, вреѓаше постари а имаше само 4-5 години. Колку пати кога ќе отидев кај нив на гости има јадено ќотек пред мене бидејќи ми рекол нешто, и од татко му и од мајка му. Душата ме болеше и одбегнував да одам само да не го тепаат поради мене. Детето прво ќе се смееше додека го тепаат, ги нервираше уште повеќе, пиштеше и плачеше, па ќе беше мирен некое време и после пак истото. Пак ќотекот, пак поголем инает и така до бескрај. И нормално не го решија проблемот, со години беше ист, дури и полош. Почна и со свои врсници да се тепа и женски удираше. Среќа кога почна на училиште се смири и сега е добро, но само тој знае колку ќотек јадел. Многу е погрешно да се тепаат децата и нема никакво оправдување дури ни за удирање по газе. Подобро е со казни, забрани му нешто, не му ја купувај играчката ако е немирен и сл. Можеби нема веднаш да се смири, но со тек на време ќе сфати дека треба да ги слуша возрасните.
Не се исти сите деца . Велам , и покрај тоа што секој ден му зборував на синот да не ја бутка ќерката , дека може лошо да се повреди ( две години константен разговор ) , сепак тоа му беше период кога секој ден ја играше таа игра ( веројатно му беше интересно дека таа носеше памперс сеуште , и при паѓање често паѓаше на газе ) , се додека не се случи тоа во двор пред една година . Ќе ја УБИЕШЕ НЕНАМЕРНО НИЗ ИГРА ! Што требаше да му речам ? Бутни ја пак ? Нека ја искрши главата ? Браво сине на мајка ? Или да продолжев со муабетот " немој сине , ќе ја повредиш мала е многу , погрешно е тоа што ја туркаш така " и сл . . НЕ ! Зборував уште откако ќерката го направи првиот чекор , две години нон стоп , уста пена ми фати , без никаков ефект ! Затоа го плеснав по газе и му реков " немој уште еднаш така да ја турнеш , може лошо да падне и глава да искрши , цел живот ти ќе бидеш виновен за последиците , не е во ред таа игра , следен пат немој да го правиш тоа , бидејќи веќе нема да зборувам само , туку и ќе удирам по газето вака - плес " . Тоа беше последен пат да му кажам . Сега кога играат таква игра со туркање , тоа е во трева најчесто , и внимаваат да паѓаат на газе , не на глава . Ако не го удрев тогаш , веројатно сега ќе имав едно живо и едно мртво дете . И не , не се каам за тој еден пат , бидејќи стварно претера син ми . Да беше до мојот мајндсет , воопшто немаше да го удрам , повторно ќе зборував . Но кога видов како падна ќерка ми , едноставно реагирав по инстинкт . На крај тоа вроди колку толку со плод - не ја турка на бетонски површини од тогаш , што не беше случај пред тоа , додека само зборував . Значи не разбирам како ама како воопшто не разбирате дека не се сите деца исти ? Некое и на 2 години ќе разбере каде греши од прв пат , на некое 100 години да му објаснуваш , и да му нацрташ , и да му обоиш , и 3Д слика да му дадеш нема да сфати каде греши и ќе тера по свое . Што требаше да го оставам да ја убие сестра си а јас како расипана плоча да повторувам само дека не е во ред неговото играње ? Значи на живец ми одите веќе . Сфативме дека сте светци , безгрешни . Ај сега оставете не нас грешниците да живееме со своите грешки , и да се справуваме со немирни деца како што знаеме и умееме . Нема утре вие безгрешни да ми го вратите мртвото дете ( ако воспитувам без ќотек , ќе беше мртва до сега ќерката ) , ниту ќе ми родите друго . Јас треба да ширам нозе и тргам маки за тоа дете да излезе од мене , јас треба да поминувам непроспиени ноќи , јас треба да се мачам со се одново , за да дојдам до дете на возраст на ќерката во тој момент ( или синот , без разлика за кој од двајцата се работи ) . Па подобро ќе го плеснам по газе , отколку да се мразам себе си , другото дете и цел свет , за фаталните последици од навидум " невина детска игра " . Што знам , јас вас не ве разбирам . Еве размисли , што ако твоето поголемо дете , ненамерно го убие твоето помало дете ? Низ игра , го бутка , помалото паѓа лошо и умира на лице место ? Што потоа ? Јас цел живот ќе гледам убиец во тоа дете . Цел живот ќе му го зборувам тоа . Цел живот ќе го мразам заради смртта на братчето/сестричката . Едно е природна смрт на дете ( вродени маани , или состојба која е вродена ) друго е смрт предизвикана од немарност од страна на поголемото братче/сестриче . Второто предизвикува лутина , бес , омраза кај мене . Неуспех и покрај цел труд . Затоа одбирам да бидам строга и лоша , мајка што знае да те удри по газ ако не слушаш и одиш во крајности со однесувањето .
Ај те молам. Ти испадна навредена, жртва, осудена мајчичка, тебе ти се скршија чувствата, а децата што да кажат. Ова општество ги осудува мајките да, за работи за кои што не треба да ги осудува, ама тоа се работи како на пример, дали ќе му давам вештачко млеко или ќе дојам или дали денес сум преуморна и за вечера ќе јаде пржени компири наместо нешто здраво. И тоа е во ред, а не ти со твојот ќотег да се протнуваш во гужвата на осудувани мајки. Твоето е кривично дело, забрането во цел свет како да ти објаснам поинаку дека не е избор ти што имаш право да си го избереш. И не споредувај бесмислени споредби, кокаин ќе побарало, поверојатно е кокаин да побара дете што е тепано одколку дете растено во љубов. Еден да ти рече погрешно е, ајде да сфатам, ама 20 души да ти кажат погрешно е и ти на сите 20 да им викаш драматични сте, е тоа не можам да го сфатам. Сигурна сум дека не е плескањето по газе еднаш годишно ама ај, џабе објаснуваме.
Не не и не! Како прво мислам дека не си разговарала добро со твоето дете за да му појасниш дека не смее да прави така. Разговор со немој мала е или ќе бидеш убиец не е разговор. Јас никогаш не сум била тепана и никогаш не сум направила нешто "лошо". Секогаш со разговор сме ги решавале проблемите.
Всушност со удирањето само му ставаш во глава - мама е страшна, мама е насилник, се плашам од неа и нема да правам така за да не ме боли, а не - мама е добра, не сакам да не ја слушам и затоа ќе сум мирен зашто ја сакам. Вака глупо малце ама не, на детето не му влегува во глава да седи мирен зашто знае дека е погрешно, туку за да не трпи болка. @CrazyGirl15 а друг да го удри што ќе направиш? Ќе си бесна тогаш? А шефот на работа да те удри зашто не си завршила работа за да научиш за следен пат? Или возрасна си ти, разбираш.
Значи само си му кажала дека не смее да турка луѓе на бетон додека мама може да го натепа. Кога мама веќе нема да може да го натепа - слободно може да турка луѓе на бетон. Тогаш може на 18-20 години туѓо дете да убие, што е битно, барем сестричката не си ја убил. Или жената, нека ја тепа. Шо ти е гајле... Ако не се разбира со зборови нека ја удри. Не дека ти си ја родила... Така се прави тоа, кога зборови не помагаат - удри човече. Затоа и имаме семејно насилство. На нашиве мајки малку тешко да им донесеш во глава дека тие се пропагатори и на патријархатот и најголемите создавачи на трауми кај децата.
@CrazyGirl15 Си можела само да го повишиш тонот на гласот и да му забраниш да гледа цртани,да му одземеш играчки.И плескањето по газот е насилство.И со тоа му влеваш страв. Со разговор да сфати дека треба да биде внимателен кога игра со сестра му,не со удар. Дете се учи на добро однесување уште од моментот кога почнува да кажува реченици. Еве,ќе кажам за децата на братучед и децата на сестра му. Братучед ми и снаа ми ги шамараат децата и ги удираат по газот.Знаеш ли што се случува? Децата уште повеќе се маваат едно со друго,се дерат и не слушаат ни родители,ни возрасни. Сега за децата на сестра му. Таа и маж ѝ не ги удираат децата.Разговараат со нив.Децата им се мирни и златни.
@CrazyGirl15 извини вака, но очигледно е дека не сакаш да прифатиш критика. Последните мислења беа општо кажани, а не конкретно за тебе или за кој било друг член. А тоа што ти се повраќа од нас што имаме различно мислење само го потврдува тоа што го кажав претходно. Не, ниту ние не сме светици како што не' нарекуваш. И ние правиме грешки. И ти можеш ненамерно да убиеш дете. Не само твоето поголемо дете ако ја турне сестричката. И мало невнимание може да биде многу лошо. Ти препорачувам ти и децата заедно да медитирате еден период во денот. Јогата како јога е прекрасно нешто. Не мора да ги запишуваш, има видеа на интернет. И ти ке се смириш и тие ќе се смират. Или пак, пушти им музика да си ја потрошат енергијата. За да не дојде до непосакуваната ситуација туркање на бетон и столбови, кога телевизија никако, ама никако не им пуштај програми со такви содржини, било да се цртани, било да е нешто друго. Зашто тие и од тие програми учат. И уште нешто: љубезно те молам да прифатиш критика. Ова ти го кажувам со најдобра намера.
Како мала доста бев ''подучувана'' на ваков начин. Тоа кај мене резултираше со агресија во изминатите години. Ми требаше долго време да се соочам со проблемот за да го надминам, исто и психолошка поддршка. Детето можеби откако ќе го удрите да се праша дали во иднина пак ќе направи таква детска глупост, но се одразува сето тоа на неговото писхолошко здравје. Размислете каков човек ќе излезе од тоа детенце ако постојано се плаши да направи нешто поради можноста да биде исплескано по газето. Му внесувате страв уште од мало и потоа и самото тоа ги изразува фрустрациите на таков начин. Ако и' припаѓаме на мајка природа не значи дека треба да се однесуваме како животињи!
@CrazyGirl15 си размислила дека баткото ја тепа дада пошо ти го плескаш него? Поголем на помал. И тебе мајка ти те плескала ама немаш трауми. Ок, освен тоа што за тебе ќотегот е нормална воспитна мерка. Други трауми немаш. Ко ова да е мала работа
@CrazyGirl15 И не ги сфаќај постовите како критика само кон тебе.На секој кој мава некого му велам дека и најблагиот удар е насилство. Некои луѓе имаат трауми и од психичко насилство.Имај го тоа на ум.
Таа мајка што плеска по газе, не плеска еднаш годишно. Плеска секојдневно, зошто не јаде,зошто се измокрило/извалкало, зошто плаче безпотребно итн. Тоа дека еднаш годишно па и поретко плескате ама не знаете друг метод за справување со децата, во некоја друга книга запишете го. Случајот што го пишав јас за мајка ми, а не го дообјаснав. Ќотекот го добив затоа што “она увидела дека во дадена ситуација мојот живот бил во опасност”, па дека не умрев таму, да ме поистепа дома “да ми дојде ум за друг пат”. Што правевме уствари. Со другари од клас шетавме покрај карпи, беше зимно време и имаше многу снег. Случајно татко ми помина со службено возило и ме виде, па направија цело сценарио како доволно било еден мразулец да се откине од карпите и да ми ја расцепи главата. Дури он и ја однел прачката дома на мајка ми, ама никогаш немаше срце да крене рака на нас. Не велам не, јес да било опасност а тие не беа со мене, јас како 10годишник не ја гледав опасноста. Но, дури и тогаш кога мислеле тоа е за мое добро, не се покажало така. Мислам, во ниту еден случај не може ќотекот да се користи за воспитување и точка. Знаете што се деси години подоцна? Јас бев таа што кренав рака на мајка ми, бев околу 17години, бев премногу дива и нервозна, па се осмелив на тоа. Не ја удрив, ме спречи она, почна да плаче и се тргна од мене. Битно, сакав да и вратам некако и да ја здоболи тоа што со години го собирав. Со денови не ми се јавуваше на телефон.. Мислам дека оттогаш се смени 200%. Така да, заклучокот е еден.
Тој не ја тепа , туку ја турка . Често се тркаат " кој прв до таму " и тој за да биде прв , ја турка неа . Дури и по скали . Еднаш ја има турнато ( на последни две слапки , таа падна ) по скали . Си размислила ти , дека не ме познаваш и поим немаш каков родител сум ? Не можам да се повторувам како телетабис . Од петни жили се трудам да не употребам ќотек . Употребувам само во екстремни ситуации ( како таа со бетонскиот стуб , а пред тоа беше случката со скалите , значи морав да преземам веќе нешто ! ) . Не ги сфаќам како такви , баш напротив . Веќе се изјаснив погоре дека сум против насилство во секоја форма , НО ! Лично понекогаш сум принудена да го удрам синот по газе . Не е тоа ниту посебно силно , ниту пак често ( еднаш или два пати сум го удрила за негови 6 години и тоа во петта година од животот , тогаш беше посебно палаво дете , а пред тоа бил релативно мирен и послушен и воопшто немало потреба да му викам или да го удрам ) . Таа една година ги премина сите граници . Неколку пати ја има удрено без посебна причина ( зошто му зела играчка ) , низ игра бил многу невнимателен и девојчето често беше со модринки и гребаници бидејќи ненамерно ја турнал . Летото ја турна по скали ( среќа на последни две ) , и веќе со стубот ја премина границата . Па и јас имам нерви бре луѓе . Не сум од челик . Сите овие пати само го седнував и зборував со него . И не никогаш не сум му рекла дека ќе биде убиец ( како што пиша членка погоре ) , туку ако ова не е убав начин : " Сине , немој да ја туркаш дада , таа е малечка и сеуште не е доволно стабилна за да изреагира во моментот , те молам внимавај следниот пат кога ќе си играте , да не ја повредиш несакајќи . Чувај ја , само вие двајцата се имате за меѓусебна помош и поддршка " , тогаш , како да разговарам ? Ете јас не знам како , можеби има психолошки методи , ако има еве кажете да си се распрашам за добар психолог и да си појдам за совети . Тебе мајка ти те тепала со каиш , и други предмети , затоа што не си јадела . Јас моите деца ниту по газ не ги удирам кога не јадат . Едноставно ја оставам чинијата со нивната храна , за кога ќе бидат гладни . Ако не им се јаде сега , за половина час ќе им се јаде . Ниту сум ги присилувала да јадат кога не сакаат . Не го споредувај ударот со каиш поради нејадење и ударот со рака по газ кога детето ја турка сестра си ( и не само неа , утре друго дете ќе турне и ќе го остави на место ) во бетонски столб со глава директива . Не дека сум светица , ич не сум . Ни жртва не сум . Само во тој момент збеснав , бидејќи стварно можеше да биде фатално , секогаш до тогаш употребував разговор . После секако дека не ми беше сеедно што го удрив . Пак го седнав и му објаснив што направил погрешно за да го удрам и дека тоа ич не е добро , друг пат да не прави така бидејќи може да повреди некој ( во случајот сестра му ) . Склучивме примирје и ми вети дека ќе внимава кога игра со неа , да не ја повреди несакајќи . Секако , не може да внимава како што би внимавало поголемо дете , меѓутоа , барем не ја играат таа игра тука , само во тревни површини . П . С . До сите останати што не ве цитирав . Ми се повраќа од вас затоа што , не го почитувате туѓото мислење што е споделено . Стопати се повторив како расипана плоча дека не употребувам ќотек скоро па никогаш , само во екстремни ситуации ( значи еднаш до два пати до сега за 6 години кај синот , кај ќерката сеуште не сум употребила удар по газе , сеуште не сторила нешто што би ме навело да ја удрам ) . Па ако бевте луѓе , ќе разберевте веројатно до сега . Наместо тоа , вие ме направивте чудовиште што ги тепа децата секој ден со каиш затоа што не биле гладни во даден момент , а тоа никогаш не се случило , ниту пак ќе се случи во иднина . Си читате што ви одговара вам , си одговарате како што вам ви се гледа . Нема врска што вашиот одговор ниту приближно нема везе со моето мислење . Битно вие сте против ќотек а јас сум психо што тепа дете со каиш секој ден , по цел ден , затоа што така сака . И не ме цитирајте повеќе , освен ако немате предлог за справување со дете што не те регистрира баш секогаш кога му објаснуваш со убаво . Ако сака те регистрира и е послушно , ако не сака те гледа во очи и те прашува зошто небото е сино , а тебе уста пена ти фатила од зборување зошто не треба да турка луѓе ..