Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.830
    Пол:
    Женски
    Она што мене ми паѓа во очи е тоа дека ти со тоа што ќе го удриш детето по газе мислиш дека тоа повеќе нема да го турка другото дете.
    Ама дали си размислила каква порака праќаш? Ти на детето му кажуваш со удирањето дека ако го турне другото дете и он ќе биде удрен, дека фактички треба да се исплаши од тоа дека ти ќе го удриш и затоа не треба да го турка детето. Ама, работата е што ти не ги имаш секогаш пред очи, па он може да си рече ете, нема сега да ме види и намерно да го турне детето баш кога ти нема да видиш за да го удриш. Размисли си колку ова ти е ефективно, може и во обратна насока од саканата да отиде.
    Затоа постојано и постојано и постојано треба да се зборува, да се укажува дека боли, и он да падне и него ќе го боли, кажи му дека ќе ја боли исто како и него што го боли кога ќе падне, дали би му било убаво него некој така да го турне, ти останува да имаш четири очи отворени и да зборуваш додека не разбере зашто не треба, само тогаш ќе си мирна дека нема да се случуваат такви работи. Инаку со плескањево тешко дека ќе си мирна.
     
    На 1209, smooch, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    порано,пред околу 3 години дискутирав на оваа тема и истото како тебе го мислам. Значи ќотек не ама некогаш ептен веќе некогаш во ретки случаи кога веќе нема да се разбере од збор после буквално пола сат кажување ајде да не го удриш. И да,по едно удирање ќе се смири и тоа како ама па да не е да го мавнеш колку што ти држи раката. Да удриш и да истепаш не е исто. Ама па родител да дозволи дете да се однесува така како што ти ги опиша комшиите и око да не им трепне оти нели тие не ги воспитуваат децата со тепање богами се да фатиш сите со ред да ги превоспиташ
     
    На Nightwish11 и Spidy им се допаѓа ова.
  3. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    2.075
    Пол:
    Женски
    Сите што те цитирана ти дадоа совет како да се справиш без ќотек, ама ти под тоа пишуваш сценарија како ќе се испоубиеле, како детето ќе станело убиец, па како ќе си го гледала понатаму.
    И ние бевме 3 деца и се каравме и се закачавме и се туркавме и никогаш не не удриле и замисли не сме се убиле мегу себе. Еве и сестра ми има 3 деца и не се удрени од родителите па уште се сите на број здрави и живи.
     
    На Ambitious, nextredstyle, raww и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    Конечно некој да разбере што мислам . Овие тука ме направија чудовиште што за трошки на маса ги тепа децата (facepalm) . Секако не удар со сета сила , тоа е благ удар и еве кога и да го удрам син ми така тој се смее , ама се смирува и не прави беља пак , послушен е после тоа . Ма каков половина час , некогаш и по час и половина му зборувам , ама не ме слуша си тера по свое додека не го удрам по газето . Сега од септември ќе почне во училиште па колку толку ќе се смири , ќе има повеќе активности и поисполнет ден , па нема да има време за бељи .

    А во суштина , муабетот воопшто и не беше за мојте деца , ама ајде . Демек како мали ние не сме јаделе ќотек од мајка и баба на пример ( зависи кој не чувал ) па членката и се нафрли на друга членка како не било во ред што " добила следување " од мајка и по направена беља . Растени сме во период кога ќотекот беше нормална работа на овие простори и нема дете што знам на моја возраст што бар еднаш не било истепано за некоја глупост . Ама ние либерални и со европско воспитување , нема врска што до пред 10 години , ќотекот беше нормална работа ( и тоа не само удар по газ , туку посериозни удари ) битно ние имаме желба да се правиме Енглези , ама името да не го даваме ;) . Нејсе , не е тоа муабетот . Муабетот ми е што многу членки ми се нафрлија за тоа што знам да удрам по газ во екстремни ситуации , а јас будала уште им се објаснувам (facepalm) . Што им се објаснуваш , небитни се . Децата се мои , ќе ги воспитувам како што знам . Да ги тепав до толку ( како сценаријата на една членка - тој што удира не е еднаш и не е по газ ) децата ќе беа мртви до сега |( . Си имам осет јас , не сум толку будала да се мачам да раѓам за да убивам после (facepalm) .

    На чичкото на маж ми ќерката е тинејџерка сега , воспитувана без " ќотекот по газето " и без повишување тон , но татко и пие алкохол . Кога е пивнат , знае да и повиши тон . Детето плаче со саати затоа што на висок тон и рекол " направи ми кафе " . Епа тоа на што личи ? Јас дебил од дете не сакам . Ќе се научи дека утре се некој ќе му повиши тон ( ќе има ли тоа дете шеф еден ден на работа ? Треба да плаче на секое викнување од шефот (facepalm) ? ) , дека животот не е стаклена призма , и дека секој има граници на трпението .

    П . С . Реин , не е тоа што ја турка толку лошо , туку тоа што ја има турнато по скали , а подоцна и во бетонски столб . Јас сум зборувала и тоа премногу , но кога за малку ќе ја удреше главата во столбот , веќе си реков ова не оди со разговор , ќе мора да го удрам малку и да седне мирен за да му објаснам за последиците што може да се случат од невнимание ( инаку , тој не седнува скоро па ич , постојано трча и скока ) . И така и се случи . Откако доби удар по газето , седна и се смири . Самиот ме праша " зошто ме удри ? " , и јас му објаснив . Толку беше . Секако дека не прекинаа со играњето на истата игра , ама кога постои опасност некој од нив двајцата да се повреди ( не е важно кој , за двајцата мене исто ме боли ) не ја играат играта . Играат други игри . Значи имало ефект .
     
    Последна измена: 4 јули 2020
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    32.765
    Пол:
    Женски
    @CrazyGirl15 Каде бре пишав мајка ми ме тепала со каиш оти не сум јадела?
    Што си лечиш комплекси тука сега?
    Од вакви не ми се пишуваше на темава, баш од вакви како тебе!
    Или читај како треба или не се брукај со постови како овој!

    Се изјасни ти доволно што и како правиш, сигурно никој немаше да ти каже “еј браво,супер продолжи така”.
    Па уште брои два пати за шест години биле.. немој молим те.
     
    На 1209, kukla21, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  6. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    @CrazyGirl15 подобро ќе биде да ја најдеш причината зошто твоето дете се однесува така кон керкичката, зошто ја бутка само така ќе го најдеш решението а не со ќотек, и самата гледаш дека иако ќе го удриш тој продолжува. Со децата треба да се разговара а не со ќотек да се решаваат работити. Карактерот на детето се оформува во неговите први 6 години. Дали си се запрашала какво влијание има тоа твое воспитување? Дали твоето дете кога ќе наиде понатаму на некој проблем во животот треба со ќотек да го реши или пак затоа што некој не го слуша да го истепа? Знаеш ли дека тие деца што трпат булинг од нивните родители понатаму тоа им го прават на соучениците, во друг случај можеш детето целосно да го затвориш во себе и да ја изгуби сета радост во себе. Тоа е дете и многу нормално не знае што прави, не знае дека може да повреди некој. Но ти како мајка си должна ако треба 1000пати да повториш, ако треба да забраниш да гледа цртани ако учи од таму, но мора да ја најдеш причината. Ќотекот не е решение. Ќотегот е насилство, вез разлика дали е едно шлапнување. Предходно имаше спомнато дека некој ако ја малтретира ќерка ти ќе му отидеш со полиција, па да те прашам: во иднина ќерка ти кога ќе има дете ако случајно не го седне детето на безбедно место или било која причина падне, дали тоа значи дека нејзиниот маж треба да ја удри??? Затоа што не внимавала??? Според тоа ти што му правиш на твоето дете ова е исто како да го оправдуваш и тој случај! Прочитај книги како да разговараш со деца тие сега се мали и впиваат се, треба да го најдеш вистинскиот збор, вистинскиот тон, па ако не сака да ти каже тебе може на друг ќе каже.
     
    На marchi-cool, nextredstyle и mode-kristina им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Не бе, немој никако да мрдате, светот оди напред ама живејте вие со методи од камено доба. Ние сме ненормални што сакаме да одиме напред и да прифаќаме промени, ти гледај во југославија како било. Секогаш е полесно да се каже ќе го мавам детето пошо детето е лошо, никако немој да признаваш дека го маваш детето пошо во тие моменти ти како мајка потфрлуваш. И не е само за тебе ова. За сите што плескаат деца е. Не е ништо лично кон тебе, за секој родител што го прави тоа, истото го мислам.
     
    На 1209, candy.cane, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Ти како мајка треба да знаеш и да си свесна дека таа игра со туркање кога веќе им дозволуваш така да се буткаат они нема да знаат дека на цементо не е океј а во трева е океј , кога веќе им дозволуваш нешто и ги воспитуваш не може еден ден ти дозволувам а друг ден не . Како родител треба да најдеш нешто покреативни да ги занимаваш а не да дозволуваш такви игри со буткање. Еве јас не сум родител ама еден период го чував на чичко ми детето затоа што немаше кој и јас понудив да го чувам и секогаш внимавав што му дозволувам а што не , на пример ќе му пуштам цртани послем му давам хартии и боички цртаме дури и кога чистев најдов начин да го забавувам му викав нареди го ова види го ова ,не е до непослушност на детето туку сите деца сакаат да ги занимаваш и сакаат внимание .
     
    Последна измена: 4 јули 2020
    На marchi-cool, nextredstyle и piksooki им се допаѓа ова.
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.857
    Допаѓања:
    41.170
    Пол:
    Женски
    Ова нема врска со либералност, Европа, не знам што.
    Има врска со психологија на детето и како во неговата глава се сфаќа тепањето.Ти викаш дека си го удрила малку детето по газ, епа ако мислиш дека сосем е во ред да се тепаат деца, како што си напишала овде кај што те цитирав, зошто не го истепаш асално а не само по газ да го мавнеш малку?
    Инаку, постојат и многу полоши работи кои им се кажуваат на децата и повеќе им се втиснуваат во мозокот отколку 2 пати во животот да бидат мавнати по газ.Не го оправдувам ни мавањето по газ ама ако се случи 1, 2 пати има повеќе шанси да биде заборавено отколку некои зборови кои им се кажуваат а се преостри за нив.
     
    Последна измена: 4 јули 2020
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Сум противник на ќотек, ама сум и противник на преразмазување на деца и преголема заштита. Со детето треба да се разговара како со возрасен, ниту да се омаловажи, ниту да се припаѓа на секој негов крик.
    Од преразмазени деца, стануваат често агресивни и после џабе ви е тепањето, само полошо ќе направите.
    Накратко, родителот е виновен за се.
     
    На candy.cane, Bezimenka90, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.401
    Пол:
    Женски
    Да бе гледам сите што сме биле шлапани по газ еве денеска толку сме истрауматизирани, едвај живееме со тие трауми дури.

    Премногу драми правите од едно шлапање по газ искрено, па книги за воспитување, па психологијата на детето, па не знам што уште не изнапишавте. Затоа сега имаме толку лигави и разгалени деца, зошто премногу им се попушта и им се дозволува. Има разлика од крвнички ќотек и шлапнување по газ.
     
    На edna_malecka, marchi-cool, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    За реституција дали сте слушнале?? Или најлесно е удри го :wasntme:
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    17.641
    Пол:
    Женски
    Јас сум мајка што своето дете го шлапнала по газ,и искрено се срамам од тоа.Сфаќам дека тоа е моја немоќ да се справам,а не е виновно детето.Е арно ама кога бил шлапнат продолжил со истото,значи немало ефект.Сега имаме други тактики,и многу поубаво се разбираме.Затоа џабе ви е мавање по газ,тоа дете само ќе навикне на тоа а ефект нема да има.Ако во краен случај не помага зборувањето,одење на детски психолог е полн погодок.
     
    На Coco31, AngelOfArh, candy.cane и 9 други им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.208
    Допаѓања:
    175.953
    Пол:
    Женски
    Развојна психологија читај. Зато сега е забрането, не дека е мОдЕрНо. (facepalm)

    Навреда. Идеално е да не плачи, ама ОСОБЕНО во тин период се поосетливи. И наеднаш е проблем дека на дете на пОвИсОк ТоН, речи дерење, му се кажва шо да прај, а не е проблем дека детето е изложено на родител под дејство на алкохол. Бу ху децата се криви.
     
    На 1209, candy.cane, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Од кај знаеме ние ти со што траума живееш и каква личност си? Ако напишеш на форум супер сум ништо не ми фали, одма треба да ти поверуваме и готово ти си потврда дека ќотегот е супер.
     
    На candy.cane, zuto, Alisa22 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.401
    Пол:
    Женски
    Да, јас сум потврда дека шлапањето по газ е супер.
    Само што на форумов сите обожаваат да бидат супер, кул мајкички тоа е друг проблем, а сигурна сум дека барем поголемиот дел од тука што се нафрливте и сте родители ги имате удрено децата (бар еднаш во животот), ама нема да кажете баш од причина што после сите ќе ви се нафрлат вас.

    И нека бидам најлошата мајка на светот утре ако треба, ама јас не сакам моето дете да биде лигаво и разгалено, да не дозволам прав да падне врз него, да го чувам во стаклено ѕвоно. И тоа не значи дека ќе го тепам или шамарам секој ден, да не бидам погрешно сфатена зошто одма драми ќе направите.
     
    На marchi-cool и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум удрила дете. Способна сум да се справам со дете на поинаков начин. Не е секој способен, јебига
     
    На Amellie13, Alisa22, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  18. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Никој овде не напишал дека е ЗА разгалување на децата. Од воспитување без удирање до разгалување има огромна разлика. На форумов има и мајки што никогаш не ги удриле децата. Тука се @Annath , @NarCis@, @kalinaka, @danichap и многу други, не можам сите да ги набројувам. Вие означените, извинете што ве означив, само сакав да ве посочам како пример. Не е лошо да почнете да читате книги за детска психологија и не, тоа што се разгалени не е до тоа што се воспитувани според книги. Во странство, посебно во скандинавските земји и за удирање по задник децата се одземаат. Не се секогаш мајките што ги тепаат децата "нападнати" како што вие мислите. Баш овде читав за една мајка што имаше пишано дека ја советувале да ги тепа децата, а таа не ги послушала. Поголемиот дел од моите братучеди не се воопшто, ама воопшто тепани, па не се ни р од разгалени. Авторитет може да се воспостави и без ќотек и викање. Разгалување е се' да му се дозволува на детето и тоа што треба и тоа што не треба. Значи правете разлика.
     
    Последна измена: 4 јули 2020
    На Coco31, candy.cane, kalinaka и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Ама друг да го удри очи ќе му извадите зашто како беше она - јас го родив, јас ќе го убијам.
    Е*ати лицемерната мајчинска љубов.
     
    На candy.cane, Amellie13, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.394
    Допаѓања:
    37.557
    Пол:
    Женски
    А ти си со нив цело време и виде дека не ги удрија?
    Не велам дека ги тепаат, не знам. Ама не можам со сигурност да тврдам како тебе дека никогаш не ги удриле.

    Јас го удрив моето. Не можев да издржам повеќе. Пијам магнезиум, б1, б6, б12 и бројам до милион ама џабе се. Знам дека не е решение, дека не е добро и не сум за удирање, тепање ни на деца, ни на било кој, ама сепак го удрив.

    Немам време да пишувам реферати ама мислам моево дете не може да се воспита. Ништо не ме слуша. Вчера му купив фломастери откако претходните ги фрлив и пак истото. Му ги давам и додека одиме на маса да црта отворило фломастер и на вратите две и на ѕидот во ходникот. И велам немој така, земи сега да избришеш. Избриша ок. Седнуваме црта на маса и на кревет. Се е во секунда, раце не можам да и држам врзани. Боици пак нема и ги скрив.

    Со пластелинот исто беше. Два три дена и викав не јади ќе те боли стомак и таа упорно и пластелинот го фрлив, нема веќе пластелин.

    Сака да стави кечап сама на макарони и викам добро ама само малку таа го истура цел не престанува.

    Сака да се игра во мијалник со вода и сјај. Ок. И викам ама само во мијалник таа зема полни чаша и ја истура на електричен па друга на под. Нормално до неа седам ама не претпоставувам што ќе направи и и кажувам дека не треба така, ако прави така нема да се игра, се е мокро, ќе дојдат бубачки, треба да бришеме и сега нема играње со вода во мијалник. Нормално кога е топло и можеме надвор ќе ја оставам надвор да се поигра вода ама да не разглабаме до толку едноставно немам време. Сега се заигра па ќе пишувам додека не викне по мене.

    Прашањето на крај ќе ми е Каде згрешив јас? Како да го воспитам? Како да ме слуша? Истото е од раѓање до сега 3+ години е.

    Надвор ги удира децата треба цело време до неа да седам како бебе да е. Ја оставам некогаш стојам подалеку и пак ги удира или гребе. Во градинка исто. До 2 години и мене ме гребеше, посебно еднаш во автобус крв ми течеше од лицето сите во мене гледаа. А за удирање се уште ме удира. Некогаш се правам дека не и обрнувам внимание, некогаш ја стопирам, и ја тргам раката, а 2-3 пати и тоа последниве 2-3 месеци и имам вратено. Не дека постигнав нешто ама не можам веќе.

    По цели денови сум смрштена и ме боли главата од нервоза од детето. И прееска ми се слоши и почнувам да се гушам. Собрано ми е се до сега овие 3 години на куп. Кој ме лажеше дека на 3 ќе е полесно.

    Со маж ми истото е. И тој не може да издржи. Вчера беше слободен и излезе од дома, навистина не се издржува. Јас издржувам од што морам, не можам да го оставам само дома или надвор, мора со него да сум. Во градинка може до 17 да седи. Сабајле додека да го однесам јас сум мртва уморна и нервозна. Ако го земам во 17 до 17и05 јас сум мртва и нервозна и сакам одма да го оставам некој друг да го чува.

    Не знам каде згрешивме, не знам како да ја исправиме грешката кога не знам што е грешката.

    За вакво дете би рекла невоспитано и разгалено ама па еве сега е мое лично и знам дека се трудам да го воспитам и не го разгалувам. Не знам што да правам, не знам. Ако имате идеја, препорака, помош, супер, за критика за нешто што и сама сум свесна како удирањето прескокнете и онака ме боли глава.
     
    На candy.cane, *Amethyst* и buba4e89 им се допаѓа ова.