Си помислила дека тоа е можеби зашто родителите не знаат да си ги воспитаат децата, а не дека не се тепани? Значи во најголем број случаи ваква е ситуацијата : родител не знае да воспостави авторитет - детето се разлигавува- родителот не сфаќа дека греши во своите постапки - го тепа детето заради тоа што самиот првично направил грешка во воспитување и однесувањето на детето си е директна последица на тоа. И не е за оправдување. Детето нема да пцуе ако не го слуша тоа од некаде.На пример. Културата се учи, не се раѓаме со нејзе.
И после детето ќе има страв во себе, трауми, па може ќе има и одбивност кон родителите. Браво, какви идни родители ќе има тука кои со ќотек ќе решаваат. Просто да се восхитиш.
Како бе може да нема разговор? Реков онака како моите со мене постапувале, фала богу не ми фали ништо. Пред одење на гости од дома ни кажуваа како да се однесуваме а не куќи во воздух да креваме како денешниве што аздисуваат додека нивните пијат кафе и дофрлуваат "Нека се живи и здрави аееее деца се па ти некаги." Да еве едвај чека да родам да ги шинам од ќотек. Да, таквите родители не знаат да си ги воспитаат децата и децата затоа се такви, се согласувам во тоа. Ама муабетот ми е дека воспитувањето не треба да исклучува строгост и дисциплина. Деца како деца, непослушни се нормално е и сите сме биле такви, но тоа не е копјутер па само со збор да го контролираш. Строгост и дисциплина нема да му шкоди. Мој став и мое мислење е ова. Јас вашите нема да ги воспитувам така да како знаете и умеете. Да бе еве ја трауми имам од моите се тресам сеуште кога ги гледам само затоа што ме плеснале еднаш двапати затоа што сум направила беља.
Ја сум против тепање на децата, тоа не е никаква воспитна мерка според мене. Кога бев малечка памтам дека моите кога ќе сум направела нешто што не треба ќе ме мавнеле по гз.
да си ми жива за пишаново. кога јас пишував на форумов,а се зачленив баш за истиов проблем и објаснував добив многу напади од типот дека дете со ќотек не се воспитува и ред други оцрнувања и никој не се потруди да ме свати само ме напаѓаа. Не се разбира секое дете од збор и тоа е факт. Моето беше такво и јас побудалев и тоа беше тоа. До 4 години беше исто потполно како што опиша. Уште Лексилиум што не почнав да пијам. На крај веќе не знаев што и му реков дека ако продолжи така мене ќе ми пукне срцето од нервоза и дела веќе нема да има мајка. Или дека за да се спасам од нервозата и да не ми пукне срцето морам да си заминам. Од тогаш кај него проработе емпатијата и почна да се сожалува на мене и на многу работи па имаше некој ефект. Од друга страна па имаше периоди кога ќе легнеме навечер и ќе ми рече немој мамо да ме оставаш ќе бидам подобро дете. Со викав камо да го гризмев јазикот. Од една страна му се поправи однесувањето ама од друга страна ми се параше срцето кога ќе ми велеше така. После тој период следуваше послушност ама веќе може и до годините е. Верувам дека од 1 до 4 години е најтешкиот период за родителот. И да,не тепав ама шлапнував понекогаш и има разлика
@SugarHoney Па поентата е дека дисциплина е потребна, да, ама се постигнува без ќотек.Шлаканици, мавање и различни досетки за казна само влеваат страв наместо детето да научи зошто не треба да прави нешто.
Абе како на ѕид да збориме цело време. Мајки со деца ви велат дека има деца што не се разбираат од збор макар и со инка во глава да му тураш вие пак едно исто мантрате. Ти разбираш ли дека од ќотек до шлаканица има огромна разлика??? Никој не вели овде дека детето треба да се шине од ќотек да се мава со сета сила или слично. Обично тоа и му нанесува болка на детето толку што психички влијае на него. Доколку направило беља и знае што се случило следен пат ќе размисли дали ќе постапи исто.
Друго е да те маваат само по гз Друго е да ти мавнат 2 шамари саглам Сосема трето е да те тегнат за коси да ти виткаат раце да те маваат по глава и удираат со дрво а ти се браниш и ти прават модрици по раце да не можеш до здив да си дојдеш.
Мене и сестра ми ниту еднаш не не “шлапнале” по газ, и не сме ниту разлигавени ниту разгалени, и далеку од проблематични. Можеби и ние сме биле мирни деца, не знам. Не значи дека ако некој не си го удрил детето никогаш, дека се му дозволува и дека го разгалува, како што не значи и дека ако си го удрил ќе биде детето ќе му биде послушно секогаш и нема во иднина да прави проблеми.
@SugarHoney Дете не се шљака по секоја направена беља, не и не. Постои начин да му се објасни што е правилно а што не. Моја икс познајничка го шљакаше детето дур и кога ќе и го земеше телефонот, сега не сака да биде баш во нејзина близина, 3 годишно дете, створило страв од нејзе, на секое нејзино доближување до него тоа го менува изразот. Плус деца се, не разбираат, може и следен пат ќе го повтори истото. Дека има невоспитани деца има, ама има и родители кои не се замараат со воспитување од самиот старт па од прва направена беља наместо да го поучат буквално го млатат.
Разбирам, различен степен на насилство е. Значи гледај, на претходната страна на еден пост напишав дека не го сметам мавнувањето по газ како најлошо нешто што може да го добие едно дете,еве пак ќе напишам, некои работи кажани во нервоза можат повеќе да влијаат на детето отколку шлапнување по газ, ама пак не го оправдувам ни тоа како поблага варијанта на ќотек. Мене не ми менува како ти ќе го воспитуваш детето, ама убаво е да се знае како во главата на детето се преведува мавнувањето, особено ако е мало, а мислам дека овде збориме за мали деца.Значи тебе некој да ти мавне шамар и на 5 годишно дете, тоа различно ќе го перцепира од тебе. Ако направи беља и го измаваш, нема да му биде целосно јасно зошто го маваш, зашто не разликува што е добро и лошо на начинот на кој разликуваш ти како возрасна личност и не може да ги знае евентуалните последици од постапките што ги прави.Бебето не се раѓа со развиен мозок, ниту па мозокот завршува со развој за 2-3 години.Тоа е битното. Јас имам брат, па ниту он(иако понемирен) ниту јас сме биле воспитувани со мавања и тепања.И други го пишаа истото.Значи не е дека не може.
Ако тоа дете не разбира од збор, од ќотек пак ич нема да разбере. Јасно ни е дека има тешки деца, али уште појасно е дека со плескање не се решава тоа. Всадувањетп страв во глава на дете не е решение. Ако родителот незнае да се справи со детето нека си побара стручна помош. Не да се правда како детето е лошо па нема друг начин освен плескање
Јас под ќотек подразбирам насилно тепање на детето, шо апсолутно никако не оправдувам. А плескање по газе или раче, не е ќотек. Барем не е за мене. Момент на афект, да не се лажиме дека остава трајни последици. Ако сум била во опасност да се изгорам од шпоретот а мајка ми ме плеснала по раче бидејќи и таа се исплашила, ќе имам трауми цел живот? Не бидете смешни, многу преувеличувате. Се чудам како на толку напредни методи на воспитување се подебилни генерации доаѓаат. Се е невоспитано и размазено.
Јас се сеќавам мајка ми еднаш со дрво кога ме тепаше. Јас се бранев и ме болеа прстите, ме тепаше насекаде и со дланките пробував да се одбранам. Бев некаде од петто до осмо одделение. Татко ми еднаш ми удри шамар на забар затоа што јас сум го удрила забарот. Ми вадеа четири заба наеднаш и се собраа многу доктори и мајка ми и татко ми и сите ме држеа за да ми ги извадат. Ова беше до четврто одделение некаде. Во прво одделение учителката еднаш ми рече да ги спојам прстите и ме удри со шарено стапче што родителите и ги изработуваа и и ги носеа и мн ме болеше малиот прст, а не смеев ни да плачам ни викам, пред четири одделениа затоа што не сум ја избришала таблата пред да поче часот, еднаш исто ме скубеше пред сите затоа што не сум ја избришала. За трет пат не се сеќавам да ја немам избришано па сигурно помислила дека правилно ме воспитала од два пати. Мн сакам да ја најдам на фб и да разговарам со неа, да ја прашам дали е се уште иста или се покајала за тоа каква слика беше за некој што почнува во прво одделение. Еднаш на поседок еден чичко ми се развика зошто сум тргнала да јадам без вилушка. Поседокот ко исплашено бубаче го исседов. Зарем до толку ме трауматизирале? Дали сето ова седи скриено некаде длабоко во мене? Друго не се сеќавам.
Вие што сте ЗА ќотек Да ве удри дечкото/мажот ок ќе ви е? Eве, неколку пати го имам прашано ова и...тишина. Или по туѓ грб не боли? Особено по некој што не е способен да се брани. Не кукајте после оти децата неблагодарни ви биле.
Многу ги галат сега, ептен се разгалени барем 80% од лични примери. На децата му се дава се , му се купува се шо тие сакаат, без разлика дали треба или не. На секое одење в продавница бира шо да купи. Јас не памтам да ме носел дедо ми или мајка ми в продавница и шо сакам да награбам од продавницата и ако не ми земи да ја кренам цела продавница. Пред вирусот бев во Тинекс и еден татко буквално не можеше да се справи со дете од 4-5год. Го крена цел Тинекс, викаше, плачеше, буквално од подот се маваше и бегаше низ цел Тинекс таткото се обидуваше да го фати, мене тоа на ништо не ми личеше. Од мали имаат најскапи мобилни, таблети и слично. Премногу сега му се дозволува. Да се надоврзам и јас ќотекот не го оправдува воопшто. И кај нас со сестра ми, рака немаа на нас кренато ни татко ни мајка. Ама татко ми кога ќе не погледнеше ние знаевме дека треба мирни да бидиме. И бевме мирни деца ние. Никогаш на гости не сум урлала или пак кај баба и дедо кога не чуваа кога родителите беа на работа. Имаше роднини кога доаѓа, децата нивни цела соба ја превртуваа, по фиоки чепкаа, тоа не можев да го смислам посебно, а родителот си седеше мува не го лазеше, дека детето негово цела куќа ја превртило. Ќотекот воопшто не е воспитна мерка, има и многу други методи за воспитување и треба да има граница до каде можи да оди детето, малку од малку воспитување. Не се дадено на тацна.
Ако детето пцуе, навредува или прави нешто друго неприкладно, тогаш сигурно некаде слушнало такви зборови или видело такво нешто. Ако родителите пцујат, премногу е логично и детето да пцуе. Има и возрасни некултурни, а типичен пример се пензионерите во ЈСП што се туркаат. И јас сакав тоа да го прашам и плус ако друг им го удри детето, но сепак ти беше побрза. Јас би рекла и уште нешто: зборот "дебилни" не и' доликува на културна и воспитана личност.
Абе некои родители према децата се однесуваат како да се предмети што ги поседуваат. Не смее некој да им укаже дека греши во воспитување и грижа за дете. И не како пикање нос за ситници, туку за реални проблеми за кои не се свесни самите до што може да доведе. Али некад мора да ќутиш де и да гледаш дете како страда. После ќе ги најдеш онаму во Денешната младина. Е касно е тогаш малце да се жалат. Овде ќе оправдуваат ќотек врз сопствено дете на форумов, после 5 минути ќе изгасат компјутер и ќе му речат на детето колку го сакаат,
Па и сама за себе си зборев. Јас еве искрено такви луѓе не познавам во мојата околина што се истрауматизирани од повишен тон или благ удар, али секој си е прича за себе. Можеби тоа се луѓе што како мали над нив се треселе, и им шепотеле додека им зборуваат, па кога ќе потпораснат и некој ќе им се развика тоа го сфаќаат трагично и драмат. И не, ова воопшто не е во ред, животов не е бајка, а светот не е розов, детето треба да биде научено на се и на секаков предизвик. Не може дете чувано во стаклено ѕвоно утре нормално да функционира во овој свет. Да бе израснав со тепање, од ѕид ме маваа мене секој ден. Не спомнав тепање туку шлапнување, единствено имам изедено ќотек кога го пуштив по скали брат ми со дубак, и ако татко ми не го фатеше денеска ќе немав брат. И да поддржувам шлапнување, а не ќотек и изживување. Тоа шлапнување у детството ме направи многу повоспитана за разлика од денешниве деца, кога ќе ми се кажеше седни и смири се одма седнував, не чекав два пати да ми речат, кога одев на гости не скокав по масата и не превртува, туку ќе отидев и ќе и шепнам на мајка ми, мамо сакам ова она ми даваше, и немало постојано некој до мене 24часа да ме пази и гледа, ќе ни истуреа играчки на земја со брат ми и си игравме. И еве денеска фала Богу немам трауми и последици од тоа што ме шлапнувале или од ќотекот што сум го добила.