Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Во право си. Да не зборувам и кога ќе почнат со тоа „Ти не си мајка и немаш право да зборуваш за воспитување на дете“.

    Истото го споменав и јас во повеќе наврати. Но, според нив секогаш ние сме тие што преувеличуваат. Но, добро. Наше е ние да не бидеме такви.
     
    На nextredstyle и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.158
    Пол:
    Женски
    Исто и строгост ќотек. Моите доволно биле еднаш да ме погледнат за да знам дека сум грешка нешто. Без ќотек. Отсекогаш ме воспитувале на тој начин кога ќе погрешам нешто зошто е тоа погрешно за да не повторам пак. Дете кое пцуе, удира, тепа најверојатно има дома од кај да го научи тоа па затоа го впило како сунѓер. Има родители што уште си ги воспитуваат крајно сексистички децата, па машките од старт ги учат на некои работи од кои ми се повраќа. Или девојчињата дека не смеат да викаат, да трчаат, да седат мирни како кукли.

    Немам дете. Не знам ни дали ќе имам. Ама знам дека ќотекот е еден од главните состојки на правење зјап помеѓу детето и родителите. Недоволното внимание, недоволните разговори, незаинтересираноста се други. И децата прераснуваат во осамени суштества кои немаат кај да се обратат кога им е тешко што дополнително си носи милион други последици.

    Да роди дете може секој на денешницава. Ама да изгледа нормален човек, без внатрешни демони и тегоби кои се својствени за наша генерација малку потешко. Вие што оправдувате ќотек, можете да си ги удирате децата. Како ќе го извагаме ќотекот тука не е ни битно, битно е тоа што ќотекот го претставува. Ама утре кога пред вас ќе стои странец а не некој што ви верува нека ни ви биде чудно. Сами сте си криви.
     
    На Nausicaa, 1209, kukla21 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Па кога раѓате дете сигурно не очекувате за се што ќе му речете да слуша, само да седи во едно место да не зборуе да не писка да не плаче. Ако сакате такво земете си кукла. Дете како дете треба да е палаво полно со енергија и уште е мало да разонира што е правилно а што не. Затоа вие сте РОДИТЕЛИ тука да кажете што е добро а што лоша а не да го тепате детето. Дали оно утре ќе знае дека направило грешка? Дали ќе знае што згрешило не? Само ќе знае дека мама ме истепа. За проблеми со воспитување има луѓе кои учеле за тоа и се профеционалци за да го решат тој проблем.
     
    На kalinaka, Nausicaa, candy.cane и 8 други им се допаѓа ова.
  4. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Тешко на тоа дете и таквите слични деца.
     
  5. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Ќотекот не е воспитна мерка, туку мерка со која ќе се создаде одбивност кон родителите и во иднина никаква блискост и разбирање.
     
    На cresa-jagoda, nextredstyle и mode-kristina им се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Многу едноставен метод има, остануваш бремена, се спремаш за принова во домот, домот го прилагодуваш за приновата, првата работа што ја правиш е да ставиш ограда на вратата кон скалите и нема причина да се убие детето по скалите или ти да го тепаш за да не се убие по скалите.
    Нашиот дом е прилагоден кон децата а не обратно, децата да се прилагодуваат кон домот, не може на маса да стои стаклен сад на пример и да го тепам детето за да не го скрши место да го кренам тој сад и готово, ниту дете ќе се исече ако го турни, ниту ние имаме потреба по 100 пати во денот да ги опоменуваме таму да не фаќаат, ниту ние нервозни, ниту децата.
    Не може да се очекува животот да ви е ист како и пред деца, сега со деца затоа после се ви е тешко, нервозни сте и се истурате на децата, тоа ја покажува вашата немоќ да се справите со новонастаната ситуација односно родителство.

    Со самото тоа што го паметиш ќотекот имаш траума и го продолжуваш кругот, утре и твоите деца истото ќе го прават, domestic violence is a vicious circle, it should stop with you.
    Ги обвинуваш форумџиките дека биле драматични за едно плескање а ти што си што”предвидуваш” дека секое дете што не е тепано ќе е наркоман, dramatic much.
    Јас никогаш не сум тепана, не сум барала пари за кокаин, брат ми исто, децата мои никогаш не се ниту удрени, ниту им се дериме по дома и бидејќи не се тепани не се тепаат ни меѓусебе, толку многу внимаваат и се заштитнички настроени еден спрема друг, се е тоа од воспитувањето.
    И не зборам од туѓо искуство туку од сопственото, три деца се, сега се 8, 6 и 5 ниту не излудиле, не ми згазнале на нерв, не губам од трпението со нив, не ги оставам пред телевизор цел ден, не се со тел/ таблети во раце, не сме ни ние, навечер како што планираме што ќе се јаде наредниот ден така планираме и активности со децата, децата збеснуваат од невнимание, сакале тоа да си го признаете или не, факт е тоа.

    Не можеш да тврдиш дека плескаме деца по дома ама не признаваме, не си ми дома па да знаеш ама начинот на кој што пишувам за децата е одлика на моето однесување, воспитување на истите.

    @Chanell* многу ми е жал за тоа што ти се случувало во детството а поголем бес чуствувам и кон возрасните што имале прилика а не те заштитиле, ти пратиле порака дека е тоа во ред, срамота не само за учителката туку уште поголема срамота за докторката која требало да те заштити зошто тоа и е работа.

    Кај мене за тепање на дете, макар и плескање по газе се одземаат децата, за оставање деца испод 12 сами дома се одземаат децата, за деца со било каква повреда во болница се вика социјалните служби да се види како се повредило тоа дете.
    Мене ми дојдоа кога си го на пукна лактот големиот син и покрај тоа што ми беше малку глупо што ми дојдоа и дома од кога го видоа во болница сепак од друга страна си реков добро е што се толку ангажирани барем ќе се спаси некое дете од пеколен дом.
     
    На ivi1987, do-re-mi, Nausicaa и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.710
    Допаѓања:
    7.639
    Пол:
    Женски
    Ама стварно човек ништо да не напише овде, ќе се најде некоја жртва и за лечење ќе го направите директ. Не е сѐ толку црно и бело. Јас сум против употреба на физичка сила кон деца, или тепање со каиши прачки. Тоа е умислено насилство, малтретирање, затоа што трае некој временски период. Не знам како некој има душа да му го прави тоа на своето дете. Не ме тепале како мала, немам трауми од тоа. Пробале да ме плеснат по гз, некогаш може им успеало, некогаш ќе сум избегала и никому ништо. Не ме тепале после тоа или чекале во заседа. Не беа ни строги воопшто. Повеќе било импулсивно најверојатно. Секому може да му се случи тоа и воопшто не сметам дека тоа е такво насилство како што го претставувате. На форумов све совесни особи, полни самоконтрола. Кај се собравме толку коректни личности, јас во животов ретко познавам такви. Пак ќе кажам, не оправдувам насилство, ама не мора на сѐ да се скока.
     
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Колку имаат среќа некои овде што живеат во Македонија.
    А несреќа за децата нивни.
    Други да ти иде да им речеш - да не си раѓала случајно.

    Баш ради ова не сакам деца да имам. Не зашто може ќе ти тепам ама едноставно не сум јас за деца. Мислам дека не би знаела како да поминувам време со нив, како да се справувам со сѐ. Неќам сега одговори - ама се учи.
    Еве гледаме дека некои никогаш не научиле.
    Така да подобро да немам.

    Барем не го сфаќам сакањето дете како - ќе одам чоколадо ќе си купам. Туку баш како нешто за кое треба добра психичка подготвеност.
     
    На edna_malecka, candy.cane, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    А што е разлика меѓу шлапање по гз и шамар? Или меѓу шлапање по гз и удар по рака?
     
    На candy.cane, nextredstyle и mode-kristina им се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Зашто тоа шлапање што исто така не треба да е апла силно е со сексуална конотација кај возрасни луѓе што можат да го сфатат тоа.
    Дете не може никако поинаку да го сфати освен болка што му налага дека заслужува болка ако згреши.
    Значи не е само до болката, туку што ќе му внесеш во главата на детето.
    На дете ќе му е исто дали ќе му оставиш модрица или не.
     
    На Nausicaa, smooch, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.158
    Пол:
    Женски
    Не знам оти не разбирате дека тој психолошки момент е тој turning point во целава ситуација. Ќотекот боли 1 минута и после прекинува, ама тоа што ќотекот го претставува си останува за цел живот. Физичката болка е неспоредливо помала и помлака во споредба со психичката. Имаш искуства на девојки што ги тепале овде ко мали, гледаш ли кои трауми ги носат?

    Не се правете слепи при 2 очи луѓе. Крај краева поддржувајте ќотек, не ви брани никој, ама не го токмете со чин во сексуални игри кој по никој случај не е ист и нема за цел некого да го понижи.
     
    На Coco31, Nausicaa, smooch и 14 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    @KateKane Јас не подржувам ќотек од типот шамари по лице,мавање со предмети користење стапови. Но подржувам не силно шлапкање по гз.
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.597
    Допаѓања:
    63.158
    Пол:
    Женски
    Нека биде плескање по газ, смени ги моите зборови од шамари во плескање по газ истата поента ќе ја добиеш. Јас не ти правам овде делба по appropriate ќотеци, туку ти кажувам што тој ќотек претставува. Не ми е воопшто целта да испревртувам, ако сакам да си го мерам курот со тебе ќе те викнам на некоја тема во која апла немаат врска деца, односно кревки индивидуи кои се моделираат според тоа родителот како се однесува. Од сите теми на форумов, оваа, семејно насилство, абортус ми се теми каде апсолутно си го тргам карактерот на страна и се пробувам најсмирено и најрационално да го објаснам тоа што го мислам. Ако сакаш да си ги мериме, пеки, на која друга тема сакаш освен на вакви осетливи.

    Пак ќе ти повторам. Отвори статистички податоци да видиш колку мажи што си ги тепаат жените биле тепани и тие како деца, колку од овие психопатите што прават масакри по училишта биле исто така малтретирани, сериски убијци обавезно носат трауми од детството. Не сум го измислила ова јас, така е едноставно. Насилство раѓа насилство, во најголем број од случаите.

    Eве ти статија за бихеворијални последици на тепани деца, направена во Канадскиот институт за психологија, убаво ти е објаснето за психичките механизми што се откочуваат кај децата кои биле тепани како мали. Прочитај, ќе видиш дека ова што ти го зборуваме не е мелење слама туку дека некој направил испитувања, статистики за оваа работа и го потврдил ова.
     
    На ivi1987, x.Daisy.x, Nausicaa и 13 други им се допаѓа ова.
  14. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Колку често им кажувате на децата? Прашање за тие што не можат да ги смират и поддржуваат плескање по газ 192B5747-47B4-46D3-BABF-FD0DF0475C1E.jpeg
     
    На kalinaka, cresa-jagoda, nextredstyle и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Јас не знам као не ви е јасно дека и шамар и плескање по газ ЗА ДЕТЕ е исто.
     
    На Nausicaa, Aqualina, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Повелете и со факти дека не е добро 0ED3F6DC-22EF-4084-BC24-60F53162E40E.jpeg DF0EDB35-D848-46C8-BB51-50BDBF982543.jpeg 8BFE5BCB-F112-4921-A41C-FFB687B7A2D9.jpeg
     
    Последна измена: 5 јули 2020
    На cresa-jagoda, nextredstyle, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    57.646
    Пол:
    Женски
    Тие што поддржуваат ќотек, плескање, што и да е се надевам на ист начин решаваат проблеми и со возрасни кога не им одат по ќеф или ги нервираат. :D
    Или сепак не?
    Возрасен можи да ви врати на ударот, па затоа најлесно е да се истуриш на беспомошно суштество кое допрва треба да се оформува во личност.

    Не ме интересира колку ве нервираат децата, ќотекот не е решение. Напротив, ако требало ќотек да го смири детето тогаш не си успеал/а како родител and you should be ashamed. :)
    Има голема разлика од размазено дете и дете воспитувано со разговор. Не знам зошто ги мешате овие.

    Живеам за денот кога и овде социјалните служби ќе работат како и во развиените земји па да ве видам тогаш колку ќе ги плескате.
    Дефинитивно не секој заслужува да е родител.
     
    На Nausicaa, smooch, CameliaMiller и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    Ќотеκот κаκо воспитна меρκа

    Детенце не се удиρа. Не сум пρотив, κој κаκо саκа.
     
  19. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.628
    Пол:
    Женски
    Јас сестра ми(3) еднаш во автобус ја скарав и ја плеснав по раче бидејќи кога и кажав дека не смее жената што е пред нас да ја фаќа за коса и да ја скубе она продолжи по нејзино, а жената што седеше до нас ми рече остави го дете е.
    Детето не треба да смета на никого, и кога неќе да ме слуша што зборувам бидејќи е своглаво имам право да го плеснам по газе или по раче не знам зашто толку кревате фама за тоа.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.264
    Допаѓања:
    67.830
    Пол:
    Женски
    Дискутирајте без нареди, ќе следуваат банови од темата.