Сега треба да фанам сите што не се согласувате со мене, да ве исплескам по раце, да ве легнам и исплескам по газ... Ви звучи нормално? Коа седете на кафе со пријатели и ако нешто не се согласувате со другарот го плескате по рака? Ако некој се паркирал погрешно му мавате шамар? Во звучи нормално се ова? НЕ! Тогаш зошто ви е нормално тоа да го правите на вашето дете? Не, не, вадењето дека тое е воспитување не се рачуна. Не се лажете дека плескањето е воспитување. Воспитивањето е многу посложен процес, ако сметате дека ќотекот е воспитување тогаш нешто многу грешка сте сфатиле. п.с намерно цело време корситам плескање, а не ќотек. За да сфатите дека нема разлика. Иако болката на детето е со различен интензитет, психолошкиот момент е исти
Зошто мислиш дека треба да те слуша и прави се како што ќе кажеш? И дали ти на твои години се ги слушаш твоите родители што ќе кажат и правиш така?
Затоа што е за нејзино добро да знае дека тоа не е во ред. Не, не ги слушам, но ако кажуваат нешто што знам дека е за мое добро тогаш ќе послушам.
Нели би било подобро да и објасниш дека не е добро тоа место да ја удриш. Како тоа дете од 3години да знае што е добро што не? Твјот мисловен процес со 21години е развиен и знае да резонира што е добро што не, додека на мало дете не. Тоа не ти е оправдување. Исто така еве моите многу пати ми велат облечи се не оди така или ладно е зашти ти ги бубрезите не носи маичка со гол стомак па јас пак ќе облечам и ќе одам така, дали тоа значи дека треба да ме плеснат? Па нели не ги слушам? Исто и самата кажуваш дека ги слушаш само ако мислиш дека е за твое добро, можеби твоите родители мислат дека се што ти кажуваат е за твое добро, ама ти одбираш само за што да ги послушаш и тие не зимаат да те плеснат по газето оти не ги слушаш за другите работи.
Охооо и те како може да и објасниш 10 пати и пак по нејзино да си тера. А што да и се свртеше жената и да ја удреше пример или да и се развика или да ја скубне со иста мерка? Тогаш помалку ќе се исплашеше отколку од мене ли?
Жената не и се развикала, не ја искубала со иста мерка затоа што треба да си ненормален ако си возрасен да фатиш да се тепаш со мало дете. Со кој памет родителите тебе ти ја оставиле сестра ти на чување не знам.
Ти можеш што сакаш да си мислиш. Има еден куп деца кој се малтретирани секој ден и тепани до смрт а ти на мене ми зборуваш зашто сум да удрила по раче тука бидејќи скубела рандом жена во автобус намерно.
Жената ДО МЕНЕ ми рече остави ја. А жената ПРЕД МЕНЕ си молчеше. Ти можеби не разликуваш до и пред ама добро е да знаеш.
Колку сте само смешни со мислењето дека во наше време ќотекот бил нормален, и нема некој што не е плескан. Што ви е поентата? Сакате да се утешите затоа што вие сте биле плескани? Или да си ги оправдате постапките, оти го плескате вашето дете? Веројатно и двете. Уште посмешно е како се тешите дека ние кои не сме тепани/нашите деца кои нема да бидат тепани сме/ќе бидат разгалени. Не се сеќавам некогаш моите да ме плеснале. Но, затоа се сеќавам на долгите предавања на мајка ми. Татко ми знаеше и да се развика ако ептен претерам. И затоа секогаш имав повеќе страв од него отколку од мајка ми. Не можам ни да замислам да користел шамари. Како и да е, поентата е, дека за дете требат многу нерви и трпение. Дури и тогаш кога ќе те извадат од такт, треба да знаеш да се контролираш. Ако не знаеш како, нема да е лошо да побарате стручна помош. Да бидеш родител, значи да знаеш како да постапуваш правилно во одредени ситуации, а тоа се учи, не е, мое дете, како сакам така ќе правам.
Еј фала што ми објасни. Цел живпт мислам дека ДО и ПРЕД е исто. Во право си била ти. Добро е што си ја плеснала. Јас ништо незнам. Да ме плеснеш и мене сега. Знам дека сум во право кога веќе немате агрументи на темата па почнете да ми реплицирате за печатни грешки, изразување, упортебен дијалект, погрешно сфатена споредна работа во случајов... Не е битно шо си ја плеснала ти. Не е битно дека некоја непозната жена ти објаснила дека тоа е само дете. Ама битно е која е жената, дали седела напред или позади п.с ако незнаеш што да ми одговориш, како да одбраниш плесање, имаш во постов печатма грешка. Најди ја па фати се за неа
Кошмари,периодична несоница,немање на самодоверба или многу ниска,немање доверба во луѓе,страв од луѓе,клаустрофобија,агорафобија,влошување на астмата,срцеви проблеми,примена на насилство,обид за самоубиство(или успешно извршено),земање дрога,коцкање... Ете ги последиците кои се јавуваат и од психичко и од физичко насилство(во кое спаѓа и шлаканица и плескање по газот). Ако утре им се случи нешто од ова на вашите деца и/или ако ви свртат грб кога ќе остарите,немојте да се чудите.Ваша вина е!
Како да не како да не И шлаканица сме јаделе и по гз сме јаделе па еве сме ништо не не фркат Не претервајте дете некогаш кога ке претера и ако го удриме по гз не е страшно . Зош уште од мали ако не ги учиме на ред што треба и што не големи ич нема да не фермаат Значи понекогаш реков дека ако претера да се удри по гз а не стално
И мислите дека со ќотек ќе ги научите? Не со разговор? Хм, интересно. Ќе ги научите само да се плашат од вас, ништо повеќе. А како големи, ќе кријат од вас разни работи, од тој страв да не ги истепате.
Ќе се плашат ако му извадиш стап и го тепаш, а не од шамар или плескање по газ. И еве иако сум била мавана како мала никогаш во животот не сум скрила нешто од моите, буквално ништо, и нај катастрофални работи што сум направила сум дошла дома и сум ги кажала без страв.
Пробај ги и двете и едното и другото па ќе видиш разлика, и дали се подеднакво болни. Ова е типично сега правење од влакно-конец што би рекле. И немаме сите иста перцепција, не можеме сите исто да гледаме.