Види да беше едуцирана психолошки и да ја знаеше детската психологија ќе знаеше дека со дете не треба да се однесува така а да бевме некоја понормална држава да имаш дете и да го истепаш ќе ти го одземат. Ама не тука балкански менталитет какво воспитување каков разговор од шамарање и плескање по гз нема ништо да му е така ќе научи ?
Нема потреба од навреди директни кон мене само затоа што имам различни сфаќања не значи дека не сум едуцирана. Одговори на прашањето што би направила ако знаеш,ако не прескокни нема потреби од навреди и спуштање на човек подолу.
Од мало ќе го учам со зборови на правилно однесување.Ама и да се случи да истури млеко или нешто друго,ќе ѝ се извинам на другата страна.Ако треба,ќе платам.Со зборови ќе му објаснам на детето дека погрешило и дека не треба да го повтори тоа,само со зборови.Нема да го удрам.
Хаха многу е лесно вака на форум да го пишеш ова, ама кога ќе дојде реална ситуација што стварно ќе те извади од такт не знам колку вака би постапила.
Сите вие што поддржувате шлапнување по газ, сигурно ефектот кој го очекувате е дека бар малку ќе го заболи и уплаши детето, нели за да има примена во однесување Дали и вие би се согласиле да ве плесне некој по газ еве и ваш родител макар за да ве заболи малку и да ве уплаши за да корегирате однесување? Не осудувам јер не сум суд, ама не мислам дека е шлапање правилно. Мене ме имале удрено како дете родители и баба, истргано уши и слично, чак прачка имаше баба ми и се се сеќавам со брат ми намерно ја провоциравме да не брка со неа... не се ни сеќавам за што било удирањето, сигурно ништо катастрофално не сум сторила НО СЕ СЕЌАВАМ дека се случило! И дека подобро ќе беше да не се случеше . За трауми не би да разглабам дали имаме колку имаме и кој има, а кој нема оти тоа психолог веројатно треба да каже. Знам дека има деца кои на шамари се смеат. Мене и по газ ме болело и плачев, низок праг на болка имам јас и ден денес на болни физички процеси да не давам пример, солзи ми течат од болка, еве ај да не си замишљате, депилација препони. Децата памтат. Јас не сум шлапала ама се имам раздерено во нервозна состојба а ќерка ми тодлер, никогаш нема да и го заборавам погледот и зборовите. Сфатив дека ЈАС згрешив а не таа и оттогаш ни врескање немам повторено. Никој не е светец , ама немојте да си ги удирате децата.
Мене ме интересира луѓето кои пишуваат дека е во ред малку шлапнување, дали ви е во ред тоа секој ден?Еднаш неделно?Еднаш месечно?Еднаш годишно? Ме интересира какви граници си имате поставено до кога е во ред пред да премине во сериозен ќотек.
Дете од 2 или 3 години кога првпат ќе истури шампон во шоља не ни знае дека згрешило. Се објаснува, верувајте сфаќаат. И пак да го направат тоа, не е дека не сфатиле. Инатот е. Јас не ја ни карам кога ќе истури чаша. Не може да внимава исто како што внимавам јас. Зборувам и повторувам ВНИМАВАЈ, ПАЗИ ДА НЕ ИСТУРИШ. Сега кога носи чаша полна сама си збори ВНИМАВИ, ИСТУРИШ НЕ! Не сум повишила тон за таква работа затоа што е нормално да истури. Од моја страна нормално е само да посочам. Истурала прашок, сапун, шампон во ВЦ. Укажано и е дека не треба- мама се лути, кој ќе чисти сега(мала е за да чисти) , не е убаво. Не ми истурила вторпат. Го гледа прашокот и вика НЕ! Ова се само примери. Верувам дека има инаетливи деца. Ама тоа е карактер и со ќотек ( шлапање по газ, шамар, по рака ШоИДаЕ) ниту се менува, ниту ќе постигнеме нешто. Се бараат цаки, а знам дека ги има. Најдете ги. Ќотекот не да е последен избор, туку не е вооптшо избор.
Друштво Зошто мора на секоја тема и дебата да има подбуцнувања и навреди? Темава е ВРЕДНА за дискусија, секој нека си каже што мисли ама доста со напади.
Леле големото ебано чудо - истурило шампон вау. Ако си решил дете да имаш, ваљда имаш 100 денари за да купиш нов. Еве пред скоро мене ми се случи дома. При излегување од када дека е таква ниска, не приметив дека шишето шампон паднало и цело се истурило. Да јадев ќотек требаше? Или при цедење на шпагети ми се лизна тенџерето и отидоа целите во мијалник. Требаше да ме мавнат? Ама дешавкиве биле сега скоро. А ќотек сум добивала ама од други причини. Нема да ги дискутирам кои беа.
Ве бришам од прееска, не продолжувајте со истото. Нема место на темава за споредби од сексуална природа, јасно е поставена и не ја носете оф-топик со бесмислени споредби.
Ако детето го шлепнете по газот, а не го здоболи, тогаш која е поентата на шлепнувањето? Од што ќе се исплаши, ако нема болка? Или може тоа е ваш начин да си ја канализирате фрустрацијата дека не можете да се справите со x ситуација.
Има членки што кога го бранат неодбранливото, ќе забегаат во примери давање. Примери има мал милион. Ниеден од тие не може да одбрани удирање дете. Имам видено дете во градинка ја удира ќерка ми ничим изазвано. Гледав однадвор додека чекав да ја земам преку стаклена заклучена врата. Воспитувачка богзнае каде беше во моментот. Ја глрдав цела ситуација и тоа убаво ја тресна по главче. Во моментот посакав да го згмечам, најсериозно. Ако влезев без да се контролирам хаос ќе беше. Па уште воспитачката ми тврдеше не ја удрил, а уопште не ни беше во собата, долета од некаде да ми отвори дека звонев. Еве, тригер ми е можеби шлепкање и затоа велам баста со такви изродски работи...
Ќерка ми истури 5л зејтин врз себе во кујна кога беше околу 18 месеци,ни на крај памет не ми падна да ја удрам, да и се развикам, да ја извреѓам, мислев како да дојдам до нејзе, да не стане па да си ја скрши главата од плочките, лазев низ зејтин за да си ја гушнам и да ја извадам од опасност. Во никаква ситуација не би удрила дете, не би се издрала и најважно никогаш не би им се обратила на децата со погрдни имиња, ми се повраќа кога ќе слушнам родител да си го нарекува детето со секакви погрдни имиња.
Млекото затворено е, за да го истури треба да го земе, да го отвори и да го истури И на каса сигурно нема да го удриш, драма пред сите, насилство врз дете, сите да те гледаат ко несалам, некој може да те пријави...сево ова заради млеко истурено?
Мене единствено што може да ме извади од контакт за да помислам на ќотек е кога ќе се размлатат меѓу себе онака стручно (тогаш помислувам дека не требало да тренираат боречки вештини), влагам меѓу нив како судија и добиваат 2мин исклучување, воедно им воочувам дека секогаш има некој посилен и поспремен да ги истепа (мислејќи на мене, иако знам дека за некоја година ќе се сврти кругот па може истиов муабет да го слушнам од нив наменет кон мене) Мала шала, ама секако јас, барем за моиве деца, неможам да имам толку голема причина за ќотек, а и знам дека доколку би ги удрил мене срце повеќе ќе ме боли... Нека ги чува Господ, здрави и живи да се