Пред некое време наидов на пример на улица не знам за што се работеше но мајката на детето му рече ИЗВИНИ. Е тоа е за пофалба, знаете колку пати имам наидено на таков пример? Нитуеднаш, тој бил и прв и последен пат. Пола од возврасните не знаат ни да се извинат, а не па на мало дете, зошто па него да му се извинуваш, што разбира тоа
Богами браво за вас што успевате со разговор да смирите дете кое урла 12h во денот, кое урла ако му падне играчка не сака сам да си ја земе туку мора друг,кога искачаме не еден балон урла за сите балони, кога урла кога треба да се јаде и да се мијат заби,кога легнува на под се треска и плаче ако не добие се што сака... Дали е период незнам,но збудалев. И да, го плеснав по газето колку само да знае дека не треба така и дека сум лута, бидејки ти неможеш од неготово скокање да седнеш да му објасниш дека така не треба. Уште кога ќе ве чујам за детски психологДа, ќе носам дете на психолог бидејки е размажено,но уз него треба да ги носам и татко му и баба му и детото и сите. Бидејки сите тие се му дозволуваат и уште му аплаудираат. Ама ете, мене ми смета. Бевме во Солун во Адидас продавница луѓе почна да урла за топки,ок купив топка после сака друга ја неќел таа. Е ај успеј у тој момент да му "објасниш" и "разговараш" кога зарипна од плачење и тога цел трговски те гледа со сожалување. Да еве полни сме со трауми од што не плескале по газето и од што не носеле на детски психолог. Јас досега можеби 3 пати сум го плеснала по газето и чим он заспие после Јас неможам да заспијам извинувајќи му се и обвинувајќи се каква мајка сум. И ве молам, не се сите деца исти,во мој случај малиов е единствен внук во двете семејства и се му е дозволено,а заради тоа јас живци искинав
Сериозно ова го напиша како причина/оправдување на ќотек? Ауууу луѓе дури незгодно ми е што се смеам, па ова е тотално излезено од контрола. Инаку да, тие што плескаат дете се многу подолу од тие шо воспитуваат со зборпвк. Многу, многу подолу. На најниското дно. Болдот на крајот: ете ја причината за ќотек. Во вас и вашето трпение. Не во детето.
Тогаш тепај ги двете семејства. Нема што детето да го тепаш. Јас би држела дистанца. Повремено ок е да ги разгалуваат ама не знам, мислам дека само ако живееш со нив тогаш би можеле да влијаат мн на детето. Ако се гледате повремено сепак ти си главниот воспитувач и негувател. И подобро да ја бараш грешката во тебе отколку во нив.
Ама не е проблем само топка. Проблем е што он сака се што ќе види. Дали се топли балони пиштоли бетмени. Не,не го плескав нормално но земи ти разговарај со него дур така урла.. Јас па незнам зашто цело време пишувам на форумов каде некој кој има спотивно мислење од твоето веднаш те напаѓа. Океј најдобри мајки,знаеме дека сте најдобри само така продолжете а оставете не нас немарни и лоши како знаеме да си ги воспитаме децата
Не се замарај другите што ќе кажат. Посебно не луѓе во трговски во солун кои не ни знаеш дека постојат. Следен пат смирено и полека ќе излезете на крај со разговор. Седнете на клупичка, гушно го, збори му 10тина минути што и како треба и нека се исплаче (нека гледа цел трговски ако сака, и тие од другиот нека дојдат да гледаат). Ќе добиеш подобар ефект од плеснување
Епа добро. Има методи за справување со тантруми ако се трескаат и ако урлаат. Не знам кој ти е предлогот твој, ама ќотече сигурно не е чаре.
Нормално дека не можеш да разговараш со него додека урла. Тоа е тантрум. Треба да останеш смирена и да чекаш или ете баш во продавницата одма да излезеш надвор да се смири па да разговараш, да го гушнеш. Не е толку страшно што си го удрила, пострашно ако не си свесна дека си згрешила и ако не се обидуваш да ја исправиш грешката.
Со еден разговор не се постигнува ништо. Јасно е. Само упорност. Па и јас од едно слушање неможам да запомнам дефиниција некоа. Не пак дете што уште учи за светот околу него. Ако имате среќа ќе сфати на 5то зборување. Акп имате потемпераментно дете ќе ви треба 50 зборувања. Али упорност и ќе биде. Не се откажувајте. Зборете, советувајте
Читам тука за истурање шампони деца ќе тепале. Брат ми не знам како на 4г си нашол солна киселина за дел од секунда и ја истурил во вц. А не беше на место на дофат за деца, се качил некако и ја земал... Моиве памтам не го истепаа, фала богу, само паничеа да не нешто на него истурил и му објаснуваа така да не прави зошто после во болница ќе оди и од тогаш такво нешто дома не се ни чуваше. После тоа стварно ништо не фаќаше и викаше, не болница не, не се фаќа ништо. Ден денес си ја памти случката (12 има веќе) и сега смешна му е случкава, вика од тогаш му било страв да фаќа и шампон дури, да не одел во болница. Значи сепак и да згреши дете, може да му се објасни ете некако и ќе си запамети... Ќотек никако не треба да е опција.
Ама жени читајте што сум пишала, мислам дека не постои мајка која го сака детето повеќе од мене па ете некад ќе потклекнам ќе го плескам по газето и толку. После тоа себе си се обвинувам каква мајка сум буквално за ништо дека ниту го боли врз памперс. Озбилно ви се воспхитувам како успевате само со разговор да ги воспитате. Ете но не ѓи напаѓајте другите мајки дека не се сите деца исти!!!
Никој не те напаѓа. Напротив, не го боли, нема ефект. Не го воспитуваш така. Има ли ефект кога ќе го удриш по пелена, а не го ни боли? Тоа се збори неколку страници веќе.
Сигурно не ни е на сите исто лесно или тешко. Има потемпераментни деца, помалку темпераментни, поплашливи , поенергични, има и хиперактивни. Нивните родители што да речат? Или деца со посебни потреби каде и хиперактивност е фактор. А вербално ако не се изразуваат добро или не разбираат говор. За нив ќе речете не смее шамари ни по газ. Е па и за неуротипично дете не смее. Родителот е тој кој може да исконтролира бес и да се воздржи дури и ако сто пати рекол. Дома тинејџерка имам и некогаш стварно тестира граници и има свои лични кризни моменти. Иако сум се лутела, немам агресија. Ако имам,сериозно ќе одам ЈАС на психолог, кој овде ви е смешен ваљда, не знам зошто
Леле па некои толку горди на темава, боже сачувај ако принзаат дека згрешиле што го удриле. Кренав рака врз дечко пред 8 месеци, признавам дека многу згрешив, и уште не ми е сеедно коа ќе ми текне што направив. И долго ни требаше да го надминеме тоа, беше и многу тенко едно време. Во тој момент ме фати лутина, ама еве уште не сум си простила. А тек дете да удрам, мислам дека сама од срам нема да можам да продолжам да се грижам за него. И детски психолог...Океј, некој таму години поминал учејќи за психа кај дете, вие смејте си се. Зашто никој од вас подобро не знае. И свој доктор бидете за детето зашто сте му мајка.