Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    не бе никако ќотек.Мислам дека така уште повеке ке станат полоши. Јас никогаш не сум воспитувана со ќотек е сега како помала некое шамарче од мајками :) ама од таткоми со прст не сум пипната. Има и други начини за воспитување пример казна
     
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Со ќотек ништо неможе да се постигне и никако не го сметам за воспитна мерка.
     
  3. vaga95

    vaga95 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    915
    Допаѓања:
    2.038
    па ако се оди до толку крајни граници на тепање мислам дека тоа не спаѓа во рамките на воспитна мерка, бидејќи ако родителот се труди правилно да го воспита детето и го сака најдоброто за него нема да го претепа за да му докаже што е правилно а што не...тие што вршат таков вид на насилство имаат некои психички проблеми а децата се нивни жртви (значи зборувам за оние кои ги претепуваат децата а не за понекој шамар или повишување на тонот, тоа веќе според мене е дозволено за да знае детето што треба а што не )
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Не, никако! Не го оправдувам ќотекот, па дури ни умерено. Апсолутно ништо не се постигнува со тоа! Се знае, родителите треба правилно да ги воспитаат своите деца со разговор, на смирен начин, а не со тепање, кое може да остави длабоки траги во психата на детето, и последици во понатамошниот живот.
     
  5. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Јас искрено во мојов живот не сум била тепана, млатена, шамарана од никого, најмалку од родителите.
    Секогаш ке ме закубеле по косичката, ке ме плеснеле по газето, али тепано онака НЕ !
    Не сум баш за да се тепаат децата, тоа не е крајното решение..
     
  6. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    а бе луѓе да бидеме искрени....еве јас ќе бидам
    многу пати како мала татко ми или мајка ми ми удриле шлаканица...кога сум им се качувала на глава,и да се разбереме тоа не е тепање или малтретирање...
    јас би удрила шамар на мое дете доколку ми се качува на глава...
    имам една комшивка се им дозволува на децава па и праат што сакаат
     
  7. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Сметам дека не. Ако повеќе ги удираш децата повеќе се противат мислам :D
    Е сега за шлаканица , ќе се преживее некогаш :D
    Ама од шлаканица до ќотек разликата е голема ....
     
  8. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    5.535
    Никогаш не би го користела ќотекот како воспитна мерка. Детето треба да ти е најдобар пријател. Ако ти го воспиташ со ќотек, му внесуваш страв и со тоа се одалечува од тебе и воедно ја губи довербата. Поарно би ми било кога децата ми се доверуваат за што и да е одколку да сум на дистанца со нив. Ако не разбираат, би им објаснала како што треба со збор а не со ќотек.
     
  9. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    апсолутно сум против тепањето на деца, дури и да се работи за еден шамар!!! :x
    со добар збор, со разбирање се` се може!!!
    детето не ни го дарил Бог за да му правиме што сакаме, оти е ‘мое‘.
    многу често родителите ич немаат трпение (или лечат сопствени фрустрации) па најлесен избор им е избиј го и замолчи го детето. Но не сте го замолчиле, затоа што тоа во себе се` погласно вика!
    И памети што сте му правеле. :!:
    И лично ги презирам родителите кои ги тепаат своите деца. Таквите не ни заслужиле да имаат деца! Можеби сум строга, ама сум скроз против насилството. А, воедно и каков пример им даваме на децата??
     
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    13.298
    Пол:
    Женски
    Сум за, ако детето претера да се удри 2-3 пати по газот. Ама со усул :!: . Не зборам за крвничко тепање и удирање каде се стигне, туку онака, за памет.
    Да се разбереме, нема дете кое не е удрено. Јас сум била така плескана да кажам, па еве здрава, права сум, ништо не ми фали. Со моите го имам најпријателскиот однoс што може да постои.
    На мало дете некогаш неможеш само со зборови да му објасниш дека тоа што го прави е лошо и не треба така. Ќе пробаш еднаш, двапати, трипати, ама чевртиот ќе заигра раката.
    А гледам на тие што само неколку збора им биле упатувани кога ќе претераат какви граници во однесувањето имаат т.е. немаат
     
    На enca.69 и Li0ness им се допаѓа ова.
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Само ако навистина се однесува неприкладно и претерува.
    Така ќе сфати дека има некој кој е далеку поголем авторитет од него и дека не смее да се препушта многу многу на самоволијата ,мора да научи да ги почитува повозрасните.
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.864
    Пол:
    Женски
    Да, доколку детето е навистина вон границите на нормалното однесување - разлигавено и мисли дека тоа може да управува со се'.
    Една ''лефтерна'' шлаканица или 2-3 по газето нема да му остават трауми, ами ќе го вразумат секундарно и по некоја си логика не би требало да го повторува тоа за кое го удриле.
    Не се болка за умирање, сите сме добиле по некоја.
    Секако дека не сум за физичко малтретирање на децата со ќотеци, ама ќотек во вистинска смисла на зборот - скраја да е!
     
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    И еден шамар е ќотек, кога свесно маваш со намера да нанесеш болка. Без разлика дали за вас степенот на болката е прифатлив, сепак користите физичка сила/болка за казна.

    Ќотек со граници? |( Каков е тој бе ќотек ама со граници? Кој решил колку смее да се тепа и каде е таа граница, таа црвена линија, кога ќотекот престане да биде како воспитната мерка и всушност стане ќотек како малтретирање? Која е таа равенка да пресметаме што е во границите? X + Y + Z каде X = растојанието меѓу метата и вашата рака крената во воздух, Y= брзината со која мавате и Z= тежината на вашата рака, кои се максималните дозволени вредности на X, Y и Z, а?
     
    На Moira и Bunny05 им се допаѓа ова.
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    еј која глупост ја читам??? :tmi:
    па види околу себе и ќе видиш колку женските се побудали и побесни дури и од машките!!! :^)
    која иронија, па и едното и другото е дете, што разбира некое повеќе од другото?? :?:
    како да читам некој психопат со средната реченица!!! :x
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.842
    Пол:
    Женски
    Јас не ја оправдувам постапката ќе те испитам за да те воспитам во никој случај така само може детето да стане агресивно и невоспитано како што треба. Треба со разбирање да му се објаснат некои работи на детето на ниво на кое ќе може да сфати што сака родителот да каже :)
     
  16. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    25.843
    Пол:
    Женски
    Аууу,тоа не е вистина верувај ми,баш напротив женските се многу по лоши од машките,јас имам ќеркичка 3 и пол години,нека ми е само здрава и жива ама душата ни ја вади на сите,и моите другарки и тие имаат женски деца,ама што да ти расправам немирни не видени.значи да не бегаме од темава,не сум за да го премлатиш од ќотек,ама да го плесниш по газето кога ќе си заслужи ДА
     
  17. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.452
    Дефинитивно ќотекот не е воспитна мерка. Што ако го удриш детето, тоа не дека ќе се опамети, ќе поплаче 5 минути и пак по старо ќе си продолжи. Вака зборувам бидејќи мене никогаш не ме тепале. Детето може да се одведе кон правилниот пат само со големо внимание, посветеност, советување, а не со ќотек. Можеби грешам ама ова е моето мислење
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Една фаза е да продолжиш со воспитување и укажување на грешки кај дете над 3 год а друго е од 1-3 год. Од 1 год кога почнува да оди или лази детето и нормално е се да допре со рачињата, фрли, стави во уста и сл. кога ја осознава околината. И 100 пати да му кажеш ,,НЕ,, по 101 пат ќе го направи тоа што го наумило -што е нормално.
    Еве чист пример од мое искуство, кога го оставав кај баба му да го причувува таа во зима се грее на камин. Големо стакло напред од каде се гледа како гори огин и нормално ќе му е интересно тоа на бебушот. И јас и таа и татко му 1 000 000 пати сме кажале ,,НЕ,, ,,огин -жижа,, со цел да му објасниме ама по 1 000 0001 пат со рака (додека го чуваше баба му) фатил со рачето, не беше страшно многу мала опекотина (од тогаш никогаш повеќе не се доближи, имаше некои покушаи ама така скромно го плескав по рачето). И второ, имаше некоја чудна навика само мене да ме гризе. Плачев од болка некогаш па и крв ми имаше пуштено и почнав тој мене апка јас него ,,трес,, по уста. Да свати дека тоа ме боли и не треба така.
    Значи, тоа не е ќотек според мене, туку казна, опомена дека не треба така. Друго е со дете од 3 год кога веќе разбира и можеш да му објасниш и кажеш. Е тогаш ако нешто ми води инат само го скубнам малку за косичка, не го тепам.
    И сите вие што велите дека не сте биле тепани е затоа што не се сеќавате на тие мали благи казни кои сте ги добивале од вашите родители, и тоа дека нема да го тепате ваше дете, еве ќе видите кога ќе имате свои деца. Ќе мора да пронајдете некоја формула - механизам како да воспоставите авторитет пред детето.
    И јас сум противник за ќотек ама се си има своја граница и не џабе велат старите дека ќотекот излегол од рајот :D
     
    На ana-banana и enca.69 им се допаѓа ова.
  19. zlatapetkova

    zlatapetkova Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    56
    абе луѓе ...поготово вие што немате дечиња за имате по 15 год и ќе им солите памет на повозрасните како се воспитувале и одгледувале деца пфффф мислам ве молам ....за вас една шлаканица со цел да се одвикне детето од некоја лоша навика и од друга страна тепањето и малтретирањето свесно да се нанесува болка некому се две исти работи????????? тоа е како да не разликуваш грав од јанија....
    демек на никој од вас овде родителот ви нема мавнато шамар некогаш кога сте му се качувале на глава??????
    да сметам дека шлаканицата може да биде добар дел од воспитувањето...да се разбереме значи шлаканицата а не тепање и свесно малтретирање.
     
  20. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Ќе ви зборувам како дете кое е растено со чотек како воспитна мерка.
    Не сум ни самата свесна колку чотек имам добијано и од татко ми и од мајка ми и знаете колку успеале да ме воспитаат со тоа???? НИ МАЛКУ!!
    И овде ќе кажам гооолемо,огромно БЛАГОДАРАМ на жените кои од мене,СО РАЗГОВОР успеаа да створат паметна и разумна девојка.
    Ви се молам,ако некој знае нека ми одговори,како ќе го воспитате детето со тоа што ќе го натепате?? Ќе научи ли некаква поука за грешката која ја направило и за истата добило чотек?? НЕ!!! Ќе му останат само траги и слики во главата на кои до крајот на животот ќе се сеќава.

    ПОУКА ДО ИДНИТЕ И СЕГАШНИТЕ РОДИТЕЛИ: Седнете и разговарајте со вашето дете,објаснете му ги работите,не боли.Детето со неговите 5 или 15 сеуште незнае како функционира светот.Се труди да се пронајди себе си во целата оваа гужва. ( несакав да навредам некој од родителите на форумов,само сакав да дадам еден совет од искуство)