Јас не те нападнав . Само ти реков да не си го плескаш детето . Ако баш сакаш, плескај го, што да ти речам. И доста со тоа добри и најдобри мајки.
Дојдете да ја гушните мојава кога вришти за џабе и се мава од земја До 200 бројам после се чудам кај да одам.
Третирајте ги децата како ЛУЃЕ. Со луѓе така ли укажуавте дека сте лути? Со сопругот кога сте лути се шамарате ли?! Или се удирате ама да не боли. Се седнува и се разговара. Се бара решение, и со сопругот не секогаш се наоѓа решение, па пак не се тепаме, туку бараме и бараме начини. Децата се исто луѓе.
Не, ама не се смеам ко да тие луѓе појма немаат Смеењето ми забоде очи. Не мора секој, баш секој да оди. Ама не се прави сезнајко.
Не станува збор за најмајки и немајки. Не играјте одма на таа карта. Збориме за ќотек на дете. И плескање. Сите си ги сакаме своите деца и го сакаме најдоброто за нив. Не сум најдобра и сигурно не правам најдобро. Ама во процесот учам и прифаќам критики. Посебно од форумов многу научив. Не сакаме да ви кажеме дека сте лоши мајки. Сакаме да ве убедиме дека ќотекот и плескањето немаат ефект и не се добри. Дека со упорен разговор може да решите се. Прифатете совет, за да бидете уште подобри мајки од тоа што се. И јас грешам, прифаќам критика и учам. И утре ќе бидам ппдобра од тоа што сум денес. На оние со темпераментни деца ви посакувам многу трпение. Да, тешко е. Треба многу труд, ептен многу. Ама верувам сите сте родители по сопствен избор. Уживајте во тоа
Ок ете нека сум ненормална ама да носам дете од 2 ипол години на психолог бидејќи е размажено и плаче за глупости НЕ! Што да и кажам ајде: Неќе да јаде зеленчук урла за крем банани? Или не пие цеден сок сака Кока кола? И што ? Он урла ете ако не му дадам да изеде 3 крем банани,и башка после неќе да ги пере забите со кои веќе и сега има проблеми. И сега ќе ми кажете" Лелееее си му дала кока колааааа????? Не,јас избегавам газирано но околу мене му даваат со кои и јас се карам. Но тоа не е темата. И што ќе ме советува психологот ? Тој ниту се лупа со главата во под ниту фрла крши нешто, не ниту нешто па психолог,маката е само околу тоа што тој сака се што ќе види. @buba4e89 А знаеш ли мила колку ми е гајле што ќе ми кажат тука? Па после 6години проведени деноноќно на форумов научив дека веднаш напаѓаат ако имаш спротивно мислење а дека се толку совршени надвор од форумов..Ахам
[QUOTE="mssuniquee, post: 5075322, member: не постои мајка која го сака детето повеќе од мене п[/QUOTE] Аха да ти посебна љубов имаш што ние другите ја немаме за нашите деца... Бог да чува. Си ја имате мувата на капа и после плачете оти ве напаѓале. Никој не ве напаѓа. Мене не ме плескаш, твоето дете НАЈСАКАНО си го плескаш...не си ништо посебна од друга мајка ..
И не сум најмајка ниту немајка. Сите сме тука мајки. Истите ситуации ги имаме со децата, трескање, плачење, сакам тоа, епа сега не сакам, не таму а баш таму оди. Сите сме испаничиле во опасна ситуација. Не верувам дека скроз мирно дете постои. Нашата реакција е тоа тука што се дебатира. Секој постапил рефлексно во некои ситуации ама не сме совршени. Се поправаме, се прилагодуваме, учиме да реагираме со тек на време. Не да се оди со глава во ѕид... и стварно запрашајте се зашто на -условно кажано "Западот" за шлапкање по газ се маткаш со социјални служби. Без филозофии за каков е западот, зашто сигурно не е полошо од Балканов. Искрено сами себе запрашајте се и сами пред себе бидете искрени, не треба да пишувате.
Аха да ти посебна љубов имаш што ние другите ја немаме за нашите деца... Бог да чува. Си ја имате мувата на капа и после плачете оти ве напаѓале. Никој не ве напаѓа. Мене не ме плескаш, твоето дете НАЈСАКАНО си го плескаш...не си ништо посебна од друга мајка ..[/QUOTE] Стави си прст на чело и не вреѓај. Ни ти не си цвеќе за мирисање @mssuniquee Јас те разбирам најдобро, цело време се обидувам да објаснам нешто но сфатив дека џабе се трудиш. Тие велат не сум прифаќала,а тие ниту моето го прифаќаат. Како и да е твоето дете е најсреќното дете што има мајка ко тебе.
За почеток ќе ти речи да не го плескаш, ќе ти кажи каков пристап да имаш, ќе види дали детето има "позадински" проблем. Две години е тантрум најверојатно ама ќе ти поможи ТЕБЕ да се справиш со тој тантрум полесно. --- Многу пати низ страните е кажано ЗОШТО тепање-- ова плескање по газе е лошо. Ако вие и покрај тие лоши резултати упорно го практикувате јер НеМа ДрУг НаЧиН вие имате проблем, не детето. Детето ќе има во иднина, лол. Ама само зошто детето преќинва не значи дека готово разбра. Зад грб ќе ви работи. Додуша ако доволно го уплашите ни зад грб нема да ви работи. Ама нагласок на уплашите, јас би користела и "трауматизирате" али али многу тежок збор да не е. Не е проблем дека сте удриле дете, проблем е дека оправдувате и давате индиректен "амин" некој друг да го прај истото. И насилникот кој го крши детето од ќотек мисли дека нема поинаков излез. И ова, сакале да признаете или не, носи последици кај возрасно дете. Проблеми со самодоверба, проблеми со градење здрави врски. Неможност за излегување од токсични јер се навикнале на токсичноста од мали. И уште ова пак ќе повторам. Разгалено дете е едно, дете воспитувано без тепање е сосем друго. Разгалено дете не е еднакво на нетепано дете. Удар и насилство НИКОГАШ не се одговор.
Не е работата само да се иде контра. Нормално дека секое дете е најсреќно со својата мајка. Децата безусловно ги сакаат мајките. Не е тоа тема на муабет ама ако ви е за тапшање по рамо ондак океј. Пробав смирено и човечки без навреди да објаснам што сакам да кажам. Очигледно дека е џабе зашто ти само знаеш да се насскаш и да враќаш дрско а не да пробаш и да дебатираш нормално. Прифаќајте совети и критики ако сакате и извинете но ние нема да прифатиме да си ги шлапаме децата во ниедна ситуација. Не знам кој кого овде како разбира, ниту ми треба да ми се правдате или да ви се правдам како успевам без да шлапнам. Џабе се вергла. Убав ден.
A kolkavi deca nosite na psiholog? I sto im kazuvate? Ne saka da jade place skoka ili? Da znam za moeto
Кој сака нека каже ама детето е одраз на родителите и на тоа што се дешава дома , не може детето да мава и да пцуе зошто така му текнало ,не они го видело тоа негде го научило од некого а најчесто учи од домашните ,детето како сунѓер впива . Децата не се кукли па само да седат мирни и ништо да не прават ако од мало не си способен да го научиш и воспиташ тогаш проблемот е до тебе а не до детето.
Немора да го носиш на психолог. Ако не можеш да разговараш со детето и на убав начин да му објасниш како стојат работите наместо да го удираш( о пардон да го плеснеш) тогаш кој к*р си го раѓала?
Неможеш да го смириш без ќотек? Да го оставиш да се исплаче? Да го гушнеш да се смири? Да го залажеш со нешто друго? Да му направиш муабет како треба? Ништо од ова не функционира? Психолог е крајна опција. Кога ништо, ама баш ништо веќе родителот неможе да направи. Не ги носиме ние на психолог зашто не јаделе, зашто скокале или плачеле бо маркет...
Најлесно е исплескај го и ќе се смири. Е да, во спротивно ќе треба да му се зборува пола саат а вака трас трас и мирно било па мамичка може раат на фемина да си дреме. И после не се чудете зошто младите се све повеќе анксиозни и депресивни. А овие шо оправдуваат плескање нека ми дојдат, ќе ги плескам јас по газето.
Стави си прст на чело и не вреѓај. Ни ти не си цвеќе за мирисање @mssuniquee Јас те разбирам најдобро, цело време се обидувам да објаснам нешто но сфатив дека џабе се трудиш. Тие велат не сум прифаќала,а тие ниту моето го прифаќаат. Како и да е твоето дете е најсреќното дете што има мајка ко тебе. [/QUOTE] Не ме земај во уста, о плескачу на деца! Доста браниш ко на клада да ве ставивме. Точно е дека не е ништо посебно од некоја друга која исто си го сака детето како неа ама не го плеска. И пак ќе повторам: не е ништо посебна, не е нејзината љубов најголема на свет! Поддржувајте си се и сфаќајте си се. Јас со вас завршив. Кажав дека удирање е негативно. Не знам како да ти го преведам тоа за твоето осетливо срце да не се буни. Во нормална земја за удирање ќе ве затворат па таму објаснувајте колку сте нервозни Ама не сте во нормална земја и затоа се силите. На игнор си , о премудра.
Од бебе смееш. Не е забрането. Исто како на забар што се носи од првото запче. Ако си во Мк и педијатарот самиот може нетачна да те направи ама ти инсистирај или оди на приватно кај некој нормален психолог. Психологот е и за мајката. Ќе разговарате.