Немојте никогаш да признавате дека не сте способни да се справите со ситуацијата. Пошо вие сте мајки жени лавици, не знае никој вас колку ви е претешко и колку жртви давате за децата, па како смее некој да ве осудува за удирање на дете. Одма ќе се навредите пошо сте стаклени. Немој никако ко возрасни зрели луѓе да признаете дека во моментот потфрлувате ко родител и да прифатите грешка. Се' некој друг обвинувајте во животот за сопствените неуспеси, па и со едно 3 годишно дете не можете на крај да излезете. И после и вие пикајте се во толпата на мајки херојки. Не бе. Има разлика од родител до родител. Има мајки на кои им сите им се восхитуваат, на трпението, на љубовта, без воопшто да објаснуваат, едноставно блескаат уште од километар. Има мајки што тепаат деца за истурен шампон и од петни жили објаснуваат зошто се добри мајки, што се прават за децата. Јас сум прва и најгласна што се бори против осуда на родители и особено мајки. На улица да видам дека некој ви се понаша и да не ве познавам ќе застанам на ваша страна без размислување. Ама сите што плескате дете треба многу јаки казни да добиете. Никаков избор не е тоа. Не е стил на родителство. Кривично дело е. Неспособност во моментот. Зрел човек би рекол, го плеснав, се покајав 100 пати, ќе правам се за да си го решам сопствениот проблем со агресија пошо сакам да сум одговорен родител. А не уште да сте горди дека сте го замолкнале. Затоа со голема резерва ги земам жалопојките на стари луѓе кога децата не им се јавувале, староста им била тешка и осамена. Пошо може си заслужиле. Пазете да не се сврти кругот, еден ден вие да не бидете тие што се немоќни и неразбрани.
Не ме земај во уста, о плескачу на деца! Доста браниш ко на клада да ве ставивме. Точно е дека не е ништо посебно од некоја друга која исто си го сака детето како неа ама не го плеска. И пак ќе повторам: не е ништо посебна, не е нејзината љубов најголема на свет! Поддржувајте си се и сфаќајте си се. Јас со вас завршив. Кажав дека удирање е негативно. Не знам како да ти го преведам тоа за твоето осетливо срце да не се буни. Во нормална земја за удирање ќе ве затворат па таму објаснувајте колку сте нервозни Ама не сте во нормална земја и затоа се силите. На игнор си , о премудра.[/QUOTE] Во нормална земја живеам. И немој да ми лепиш етикети кои самата ги поседуваш. Кажав да не се вреѓа ама памет не ти доаѓа. И да, најголема е мајчинската љубов та плескано дете или не. Ај сега собери се и не вреѓај.
Психолог не е крајна опција, Психолог е одлична опција кога се јавуваат недоразбирања помеѓу родител и дете во пубертет. Нема ништо страшно во барање помош на време од лица кои си се стручни. Прекрасен разговор, отварање на карти, решавање на проблем.
За жал, учат и од градинка, кај што ќе се погоди дете што е "воспитувано" со ќотек, па тоа истото дете пошто не може да врати на родителите, си истура фрустрација врз друго дете. Па другово дете или ќе научи да враќа за да се одбрани, или ќе трпи. Да не почнувам да зборам за лулашките и баби кај шо си ги шамарат внуците за "добро утро". @mssuniquee не треба да го носиш детето на психолог, туку да ги подбереш старите што го разгалуваат. Вака, ни криво, ни должно, тоа си го добива, ти нервозна, а тој пак разгален.
Ако веќе го плескате, дозволувајте и друг да го плеска. Или тогаш ќе го бесите зашто кај смее тој ТУЃО дете да мава. Ооо, да ви кажам баш од сопствен родител да трпиш е полошо. Оти тука со него живееш, нема кој да ти помогне. Нема ниедна камера да сними како во градинка, нема ниедна служба да се заангажира за тоа дете дур некој од страна не примети. А и да примети, мама или тато ќе му се закани да не кажува. Кажувам вака зашто читав еден таков случај во темава. Било пријавено дека детето трпело ќотек па дома го замолчеле. На дадилките што удираа деца им се покажа патот. Вас за жал нема никогаш никој нема да ви покаже.
Една пиша дека им викала на воспитачките во градинка да го плескаат слободно по газе ако не е умен....
Членки тука кои бранат и оправдуваат удирање на мали деца, глумат после навредени Јас навистина не знам со кои зборови да им се објасни дека ако нештото тврдиш дека најмногу го сакаш на цел свет, не одиш да го удираш па ниту еднаш, два пати или три пати. Сакајте си ги и удирајте си ги децата , но тоа ќе го запаметат тие па можда по 30 години ќе зборат на форум како мајка им била нервозна па плеснала 3 пати. Значи пред да глумите навредени и да се разбацавате со секакви изјави сетете се дека СВОЕ дете удирате. Ниедна нервоза не е оправдување. За етикети ми е гајле, вие ФИЗИЧКИ си ги напаѓате децата. Шта речи а не заплакати. Неразумни луге стварно не знам освен на игнор да ги ставам како со нив. Пробуваш да ги одвратиш од удирање дете, тие спомнуваат навреди. Повеќе дете го боли удар одошто нив мојата навреда, ама иди докажи им. Златен игнор.
Океј., во право си. Може грешка се изразив. Друга беше поентата. Мајката збореше за психолог дека детето не јадело, скокало, плачело.... Па препоставив станува збор за мало дете кои уште и не јаде самостојно. Па затоа се изразив како крајна опција. Дека мајката прва треба да си најде начин на справување со дете. Дека не идеме ние на психолог ако детето плачело. И затоа кажав ако незнае со ништо да се справи тогаш следи психолог. Таман работа за секоја истурена чинија манџа да ги носиме на ние психолог. Сакав да кажам зборувања и воспитување е прва опција па потоа крајна психолог и ниту една друга. Тепањето и плескањето кај мене како опција не постои
Жена се жали дека мажот ја удрил Коментарите- веднаш замини од таков насилник. Млада девојка се жали дека мајка и' ја удира, ја брка од дома, до детал и' го контролира животот Коментарите - мајка ти е, биди благодарна што ти дала покрив над глава, утре ќе ја нема, млада си ај, ќе сфатиш. И така... Па видете сами што ми е поентата.
На тема: ќотек - НЕ! Не е тоа личен избор и лично убедување. во темата: маска за коса, не се караме кој шо сака нека става
Ете тоа ми е и мене иако знаев дека ќе има осуди пак пишав. Има некои членки кои ги сватив сериозно и ќе ги применам нивните совети,им благодарам а некои ми се на Игнор. Имено, ако успевате со дете од 2 години да разговарате и да ве разбере се браво. Знам и тоа и реков дека грешам свесна сум, дури и со мм после кавги имам и он се тресе врз него никад тон му нема покачено а не па да го плесне. Па и демек детето е одраз на ситуацијата домаПа моето би требало да биде најмирно на свет ама ете не е . И не зборам за тинејџери за нив можда и треба психолог ама за дете од 2 год кое и пола што му се збори не разбира??
Напишав и претходно, и пак ќе напишам. Поентата е детето да има почит кон својот родител, а не стравопочит. Со ќотек се постигнува само второто. И сега размилете, дали би сакале да бидете причина за страв на сопственото дете, или сакате тоа да ве респектира вас како негов родител? Изборот е ваш.
Ќотек на ром- ако му е тражат си го само глупости прават Ќотек на обичен човек-брутално, каде живееме и во кој век пријави го одма...
Децата се табула раса, на година, две не е свесно за последиците. Ама затоа се родителите да објаснуваат и објаснуваат макар и по 100 пати на ден зошто тоа е така, зошто може, а зошто не. Не ми се верува дека пишувам на темава, искрено. Има цела наука педагогија кај што ниту еднаш не се спомнува ќотекот како воспитна мерка. Ниту еднаш! Уствари што знаат тие. Прочитајте за тантруми и справување со нив, скоро секое дете ги има од најмала возраст, ништо страшно, ништо ново. Порано на такво плачење и трескање од земја викаа дека им се спиело нс децата па не знаат што со себе. Е тоа е, умор, незадоволство си искажуваат н свој начин. Истурало шеќер, шампон, епа седни и објасни му зошто не се истура со прости примери. После кога ќе се бањаш нема да имаме пена да направиме. Истурало вода секаде место во садоперот, покажи му уште неколку пати како треба или направи катче за него. На тераса, со мушама, кофи вода. Не знам што очекувате од децата, мирни да седат и барабар со вас телевизија да гледаат? Тепате и? После не ги прави истите работи? Нормално дека продолжува кога не ја знае причината за што е истепано. Не е решение да "плескате" за се' што ќе направи, а не е по некоја норма. Објаснување со прости примери за дете од таа возраст.