Колку глупости сум напишала пред многу години. Ниту сум разбирала, ниту сум сакала да разберам очигледно, и далеку сум била од деца. Сум гледала туѓи размазени деца и сум викала не се воспитани. Не сум имала разбирање ни за родителите ни за децата, затоа што не ме интересирало. Никогаш не би удрила ни по газе. Уште од најмала возраст му зборувам. Како ќе расте тој, така и јас со него и ќе читам и ќе учам и прашувам, нема да го направам тоа. Не оправдувам. Треба да има доверба во мене, татко му. Не да се плаши. Да не слуша, зошто ќе ни верува. Има една година, зборувам иако не ме разбира, ако не сакам да чепка во штекер, иако е заштитен и сто пати ќе станам да го тргнам. Повеќе ефект ќе има да знае дека џабе оди. Има многу убави мислења на темава со кои се согласувам.
Можеби сте го виделе некогаш едно видео малку од поодамна секаде го ставаа.Една мајка како си го натепала своето дете,ама на интернет многу се правела најмајка како се одгледува дете и колку таа му посветува внимание.Затоа ајде не скокајте дали е некоја најмајка или немајка,не осудувајте.Од каде знаете таа жена колкав терет носи на себе,има и бремени мајки.Го плеснала си ја увидела грешката и свесна е.Вие најмајки дајте совет или децата се мирни дека од малечко си поминувате на психолог.Кога ќе порасне детето има да ви се чуди зошто сте го носеле на психолог.Детето малку немирно,ајде сине мама да те носи на психолог така ли правите?.Тука ве има некои ама секогаш сте најдобри и само напаѓате во секоја тема сте вегета во манџа.Алал да ви е на тоа време и живци такви на секој гајлето да му го берете.
Како прво тоа што паѓа во очи е твоето застарено мислење за психолог. Ако го носиш детето на психолог не значи дека тоа дете е "лудо". Второ ако таа жена е не мајка не значи дека сите кои не си го тепаат детето во јавност го прават тоа дома. Замисли има родители кои знаат да објаснат со разговор. Знаат раката да ја искористат за да покажат наместо за да удрат. Како што кажа една членка знаат да внесат почит наместо страво почит.
Леле @ZAHRA немој,сега и ти си на мета . Оти нели не трчаме на психолог за секое плачење на детето. Ова моево да го пишала некоја wow членка како таа во Корона темата ќе добиеше поддршка а и не дека мн ме занима рандом луѓе што ќе кажат дека го ТЕПАМ детето. Секогаш имало двојни арашини на форумов затоа релакс, не се замарај тука зошто уште малце мене ќе ме пратат на психијатар не малото Пази ќе има трауми од плеска по газето а не од психијатри на 2 години. И тоа по 2-3 пати годишно???? Многу полесно ќе беше да напишев " Неее јас да удрам дете? Леле па во затвор се иде за тоа ОМГ" Ама зашто потреба да се лаже и тоа на ФОРУМ? како мн тука што прават во секоја тема! Застарени мислења имам и страмодна сум на мои 25 год извинете
Па кога сте биле бремени сигурно сте оделе секој месец на контрола, не сте чекале да бидне нешто лошо за да отидете. Детето претпоставувам се носи на рутински прегледи на педијатар. Вие правите еднаш годишно крвна слика или на гинеколог одите 2 пати годишно. Зашто и на психолог да не се носи еве да речеме 2-3 пати годишно. Али балкански менталитет, јбг.
Како тргна, мислев ќе речеш дека "мачка очи" на социјални мрежи а дека всушност применува лош метод. Мислам поинаку да се изразеше, ама да речеш дека некоја си го натепала детето и да го оправдаш тоа.. Јас разбирам и реагирање во афект и доведување до раб на лудило, ама очекувам секој разумен човек после таков чекор да си ја признае грешката и да се покае. Нормално и да не дозволи тоа пак да се случи. Па и да викаш дека ќотек е решение за истурен шампон или да се исмејуваш за носење на дете на психолог..
Каква траума од психијатар? На тие години, психијатарот ќе и помогне на мајката да се справи со ситуацијата а не на детето да се промени. Едит: психолог, не психијатар. Да ја научиме сите разликата, редно е.
На посетата на психолог ќе се сеќава, а на ќотекот нема. убаво кажаа претходно, родителите се за разговор со некој постручен во таа област, со педагог, психолог, кај што ќе помогне и ќе им (по)каже пример од техники и методи како да се избегне моментот да удриш, ами да го насочиш кон нешто продуктивно. На еден клик се сите статии, само треба некој да седне и да прочита зошто детето се однесува во даден момент така.
А ти знаеш дали моето мислење е застарено за психолог,навистина?Далеко било да помислам дека некој ако го носи детето на психолог е лудо.Ха,ха,ха еве тоа го чекав да напаѓате.Сум видела јас секакви случки дури имав и една жена фатено за рака да не си го тепа малото дека барало смоки само ама го утепа дури подскокнуваше кутрото од ќотек.Муабетот ми беше дека не мора да напаѓате,ако си мајка како што си добра ете се убаво со детето правиш тогаш не мора комплексите да ги искажувате тука на некои што побарале совет одма ти ваква,ти таква.Дајте некој совет како преку игра преку нешто па да и биде полесно на мајката и да увиди пример кај лежи проблемот.Имам познаници каде што детето и со добро и се не се разбираше го има носено на психолог жими се пак ништо детето по свое правеше и само бељи.Ама не вие само да напаѓате знаете и да се правите највеќе едуцирани во сите полиња од педијатар,психолог,брачен советник,семеен советник итн ве има тие некои 24ч исти се најдобро знаете.
Ајде луѓе доста е, да ги остајме насилниците нека тепаат, нека се плашат од психолози пу пу скраја да е. 2+2 е 5? Така е.
@theowndemon Нека сум јас сум насилник дека сум плескала мое дете по газ, е исто како тебе да ти викам наркоманка бидејки пушиш марихуана. Поз Едит; Како што за тебе не е нормално да се удри дете за мене не е нормално да се дрогирам,макар нека е и марихуана
Ако тепаш си насилник, јас друго живо суштество не повредвам така совеста ми е чиста. Пишав поназад дека кучето еднаш го удрив зошто мислев дека не можи поинаку. Солзи ронев оти го удрив, по газе инаку, и никогаш поќе, а не па да удрам дете. Positive reinforcement чуда прај. Уште ми е бесен песот во природата му е, ама во исто време и послушен. Испуши еден, можи ќе се справиш без насилство, ко веќе спомна. Кога веќе си едитирала. Со моето можам само јас да си наштетам шо патем не е тема на муабет префрли се во другата тема од вчера, а твоето носи последици по ДРУГО ЖИВО СУШТЕСТВО кое само се случило да излегло од тебе.
Ааааа фала ти,задржи си ја дрогата за себе Ама јас викам дека сум старомодна вие пак продолжувате За мене марихуана е дрога и налет,подобро заради тоа би идела на терапии за одвикнување туку заради плескање на дете
Навистина пушиш марихуана?А кога пушиш марихуана све ти е равно до Косова поља?И ти ќе нарекуваш некој насилник терај бре таму па гледаш ти си насилник на животни си го удрила.А та мајка не плачела не и е жал зошто го плеснала детенцето.Немој многу со марихуаната гледај 2+2=5 ти се гледаат.
Прочитај и ги мислењата и ќе видиш Повеќе трауми ќе има ако сум напушена секој ден. Затоа велам јас овде не има триста људа триста чуда. Што за вас е нормално за мене не е и обратно. Ајде толку од мене на темава
Да, тие што велат дека не тепаат, обавезно лажат со што по ѓаволите вие си се тешите... Па еве и имала познаници со дете кое никако не разбирало па и на психолог го носеле. Да баш тебе ти кажале "познаниците " што и како било и дали се разбирало или не. И да не се разбирало, тепање е контрапродуктивно. Блазе си им на познаниците со ваква " познаничка". Се ќе кажете само да одбраните ќотек. Фрустрации од овде единствено оној што тепа може да има, јер не може другачие освен со сила. А детето евентуално мака и болка. И не може да врати.Тој јазик им е најразбирлив.
@ZAHRA префрли се во соодветна тема и ќе ти одговорам на сите прашања кои ги имаш. Ако ми ги прочита претходните мислења во кои имав сериозен пристап, а никој околу мене немаше сериозен пристап ќе увидеше дека пишав дека има родители кои плеснале, се извинале дури на детето и поплакале. И не се насилници. Страни и страни наназад, барем јас лично, се тегнам со оние кои ... го прат спротивното. Кои сметаат дека нема поинаков начин. Кои се плашат од психолог како од ѓавол. Не мислам дека нема човек на кој му се нема случено да удри некој, макар и свое дете. Ама има разлика од човек кој се кае и има разлика од човек кој бара оправдување и директно или па индиректно се обидува да сугерира дека е океј. Некој ќе земи пример од него дека е океј. Не е океј. Воопшто не е океј дека еднаш си го удрив кучето. Ама ќе беше далеку по не океј ако јас велев „немаше поинаку“. Сигурна сум дека имаше поинаку ама имам доблест да прифатам дека тоа беше момент на слабост, нешто шо тука никој кој си ги ќофта децата не можи да го речи. Тие шо го рекоја јас лично им лајкнав и искрено во тоа е доблеста. Да кажиш дека јбг, имаше друг начин ама не го увидов. Еве, уште едно сериозно мислење од мене воглавно дека темава ја земам премногу сериозно. И не, има луѓе кои имаат речено дека ни еднаш немаат удрено и немаат удрено зошто познавам такви. И уште ова, плескање со право е забрането во бел свет. Забрането е поради менталните последици кое детето ги носи со себе во иднината. И дел од тие последици низ мои претходни мислења ги имам броено ли броено. Ама полесно ви е да речите дека не разбираме и дека нема друг начин. Има друг начин. И на многу наврати пишав, прочитајте развојна психологија/ детска психологија. Во најмала рака ќе увидите ЗОШТО и КАКО лошо влијае. Ама знам, дека како и сите претходни мислења, и ова ќе го ставите под тепих и за нешто друго ќе се фатите оти ви се кара не ви се збора и то го увидов назад али пишам ли пишам мислења за тие кои сакаат да слушнат, а од таму, и моето едино несериозно мислење погоре шо резултираше со ваше бегање од тема.
Не бе, еве кажете зашто го носите на педијатар детето? Од него нема страв? Ете вие сте му мајки, бидете и лекар и психолог и воспитувач за детето јер вие знаете сВе за деца. А патем кога веќе сте решиле да го имате, треба да знаете што повеќе. Она што не го знаете, го барате кај тие што го знаат. Да речете - го плеснав ама згрешив и не треба да ми се повтори е едно А друго е- го плеснав и пак ќе го плеснам, така треба со децава денес. Вие најголем дел сте вторите. Да сум до толку безобразна ќе речев некој вас да ве истепа треба. Ама не мислам така. Ќе речам само кога потпорасне детето сакам да ви врати на некаков начин и да си ја сфатите грешката.