Сакаш да кажиш дека треба да ја натепа? Не те пратам. Према мене, сметам дека има грешен пристап. И не знам колку пати напишав дека има разлика од не тепано дете и разгалено дете. Уште чекам некој да прочита кога устата пена ми фаќа. Јас ти прокоментирав за конкретната ситуација со пијан родител кој повишува тон зошто таму девојчето не е во кривица. Воопшто. За остатокот, родителот ќе си увиди каков однос има и зошто вака детето се однесува. Без причина - не е. Макар и да се работи за разгаленост, и за то има причина и потреба за промена на однос. Ако не можат да се справат, ќе одат кај страшниот психолог. И ај ќе бидам помека, си ветив себеси, па нема во детал да одам оти не е проблем дека детето плачи, и дека можеби има причина за тоа без разлика дали е разгаленост или нешто друго, туку дека ... вас возрасните ви се уништил раетот? Не ми е јасно ова, ама ете, ќе речам не ме зачуди и не ме интересира.
И жити све не користете финансии како изговор. Дете однапред се планира. Ако за првото си се решил неочекувано, за второто можеш да видиш дали имаш можности, не па за трето и повеќе. Не дека од небо ви паднале децата пред куќа па морало да ги чувате.
Да ве исплескам и тебе и Ментаб убаво . Сум се прилагодувала на нивните светови , секој ден се трудам да се прилагодам повеќе и подобро , не бидува . Не секогаш , ама има периоди кога не успева . И јас не реков дека ги удирам секој ден , секогаш кога ќе стигнам , онака рекреативно од ќеиф , туку дека знам да удрам по газ , дури иако сум против ќотек . Инаку слободно дојдите со Ментаб и плеснете ме по газ бидејќи според вас не се разбирам од збор , иако постојано нагласувам како телетабис некои работи . Ама јас не разбирам , вие разбравте . Ментаб , не реков дека немаме пари , туку дека ни недостасува временски период . Еве во петокот купивме материјали за средување на скалите , во саботата почина бабата на маж ми . Сега среде жалост скали да правиме ли ? Ти свесна си што зборуваш ? Во овие 7 години колку што сум овде , сите од фамилијата починаа , баба беше највозрасниот член . Ете таман рековме ќе ги оправиме и скалите , почина жената . Срамота е на плата од 45+ илјади да речам дека немаме пари . Грешно си разбрала ти , ние да немаме пари за се одеднаш , но за постепено правење имаме и тоа како . Време нема , време .
Е ова! Прво дете, нормално не секој сака да абортира. Ама ако не можеш (финансиски или психички) што е поентата да си го "реметиш мирот" или да се вадиш после на финансии? Па јас потекнувам од семејство што финансиски не можеше да си дозволи трето дете, а не ни бевме напорни со сестра ми, и не се нафатија моите на тоа. Не е ова напад или осуда, ама тепаш пошо немаш нерви со 2, а одиш на 3то. Како кога ќе речат немам пари за тоа и тоа, а имаат 5 деца дома и истите гладуваат и немаат основни услови за живеење.
Не да го натепа , каде пишав тоа . Требало да го научи на ред . Во оваа ситуација , детето ја контролира мајката . И тоа е затоа што мајка и не дозволуваше прашина врз неа да падне . Затоа е такво девојчето . Ако не ме слуша кога го замолувам со убаво , ќе повишам тон . Нема да го чувам во стаклена призма , и утре да не знам главата кај ми е .
Дали ти се однесуваш така со луѓето кои имаат различно мислење од твоето? Различни табиети? Дали ги почитуваш луѓето што имаат други размислувања без притоа да им наметнеш мислења? Кога веќе го ставаш Ривс тука имај ја предвид твојата почит кон другите особи затоа што гледам дека никаде ја нема.
Па и јас то велам. Можи и без тепање, морам да напоменам дека темата за то, ама то не значи детето да е разгалено. Има разлика. И са зошто примеров се најде тука, ми е мистерија јер темава не беше за разгалени деца.
Тоа е твое размислување според тебе,но не и според другите индивидуи. Убаво ти реков зборуваш за почит,а ти самата ја немаш.
Да почитувам некој што си го удира детето и се правда и правда упорно? И гордоста му е до плафон за да признае дека згрешил. Не сте можни, не. Може некој твој (иден) дечко размислува дека треба да те удри тебе, Те молам почитувај го тоа негово мислење.
На плата пд 45 + првата работа што би требало да ја направиш е да ставиш ограда, се друго може да чека а за да не ги ставаш намерно животите на децата во опасност ќе најдеш време, се друго е небитно, 7 години и две деца подоцна и сеуште нема ограда на скалите на 4 спрат, алал да ви е. Кај мене ако те застане полиција а детето не ти е врзано во седиште, седи напред а е испод 12 години ти го одземаат ради намерно загрозување на здравјето на детето, вие истото го правите и да сте во нормална држава би ти ги одземале децата. Не знам ни што е поентата со слоновите живци и кај да се купаат, мене децата не ме нервираат, живците не ми ги кинат ( поглуп израз здравје) тие не пишала молба да се родат, со мм така сме се одлучиле зошто сметавме/ сметаме дека сме способни да изнесеме три деца на исправен пар без дерење, ќотек итн. Тепањето на дете е казниво со закон, доста се правдате дека само еднаш, двапати или пак дека со дерење по детето ќе постигнете нешто, да не сте во Мк ќе сте без деца и во затвор.
Не ја разбирам потребата свесно да повредам дете и тоа мое дете. Ќотекот не е решение, може да предизвика трауми на детето и омраза спрема вас. Луѓе сме, не животни. Никогаш не би удрила дете. Не можам. Колку и да ме нервира. Со разговор и примери може да му ја кажете целта, не со ќотек.
За некој не е погрешно мавањето на децата, и нема потреба што тебе да ти признава дали погрешил или не.
@CrazyGirl15 За да те слуша кога му зборуваш треба да клекнеш на негова висина и тивко и бавно да зборуваш. Може и да го гушнеш со една рака, да го гушнеш со двете, да го допреш со раката на грб, рамо, глава. И да си целосно смирена. Ако внатрешно ти иде нервоза не ни пробувај да му зборуваш, нема да те слуша. А ако направиш баш така ќе се почуствува заштитено и заинтересирано за тоа што сакаш да му го кажеш. Јас едно време зборував ама сфатив дека моето зборување било всушност зборување сам со себе. Со деца не се зборува така колку да е кажано нештото, треба мн посебен пристап. Ако не му зборуваш баш така како што најгоре пишав исто како да не си му зборела, исто како да не те слушнал. Може не мора со сите деца вака, може некои слушаат и поинаку ама со моето дете што буквално ништо не ме слушаше еве вака требаше. Порано не ме ни слушаше, а за послушување уште не ме послушува ама ајде на добар пат сум.
Удрив дете, кога и јас бев дете. Имав некои 10-11 години, детево помало од мене 2 години (братучед на братучед ми). Го тепаше братучед ми кој што е 5 години помал од мене. Му влепив шамар. Еве 10 години подоцна, се чувствувам чудно кога седиме заедно. Толку грдо чувство и без разлика што му се извинив тогаш, се чувствувам ко да треба пак да му се извинам. Не знам зошто е толку тешко да се разбере дека ќотекот не е нешто нормално. Никој никого не тера да е родител, детето па најмалку одлучило да се роди.
Разберете дека секое дете прави бељи, и за се има начин како да се постапи без ќотек Еве моево еднаш ми истури парфемче во шоља зошто му требало шишенце, многу убаво му прскало. И замисли не го истепав, туку јас бев кривата што сум му го оставила на дофат. Или неколку пати вриштеше во маркет за некоја глупост што не планирав да му ја купам, го извадив надвор го оставив да се исплаче некоја минута и почнав да му објаснувам дека немаме пари и дека не може да добие се што ќе посака во моментот и дека уште еднаш ако му се повтори такво врискање веќе никогаш нема да влезе во маркет. Да видиш како е послушен сега, се договараме ушто од дома што смее да си купи и тоа е обично само една работа. Или пак ако истури или искрши нешто, ми нема логика да го истепам зошто и мене ми се случува да направам некоја таква глупост несакајки и што треба некој да ме истепа. И голема работа дете од 3 години што ставило нозе на седиште, па пензионерине грозни нозе качуваат у вис па сега за едно дете. Да и јас губам трпение, ама кога ќе видам дека сум на крај со нервите, зимам воздух и бројам до 10... Мене па за дете нормално е да биде палаво, со милион идеи во минута, ама пак затоа ние сме тука цело време да пазиме да не се повреди и да го научиме која идеја е добра, која не.
Кога ќе фатите да оправдувате нешто неодбранливо со реченицата „Секој си има право на свое мислење“, јасно е дека поим немате дека постојат нешта за кои тоа мислење треба да е унифицирано на глобално ниво. Значи постојат теми за кои мислењето НЕ СМЕЕ да е различно, а оваа е една од нив. Исто како што е со тема силување, булинг во училиште и било која друга тема што значи повреда на друг човек. Ниту афект, ниту страв за него/неа, ниту било кој друг изговор нема да ве направи добар родител во неговите/нејзините очи веќе. Ниту родител на кој ќе може да му верува во иднина. Одлуката е на вас.
Сакам да ја прашам форумџиката што ја објснува ситуацијата со девојчето и мајката , дека се затворила и 4 саата плачела зашто ја станале од стол, многу ми е нејасно како ќе се однесува мајката кога нејзината ќерка ќе биде тинјеџер? каков ќе им биде односот тогаш? Сите сме нервозни и лути понекогаш, ама деца со ќотек не се воспитуваат. Еве јас имам тинејџер дома , знаете колку е он самиот нервозен? и уште јас ако сум невротична мајак што се дере и тепа кај ќе ни биде крајот???? Многу работа треба со родителите, одете на психолог, еве некој стручен да ве насочи, и јас с еставам во тој кош, би побарала помош доколку сметам дека не ми оди добро со моите деца, нема ништо страшно во тоа. @bittersweet возење напред во кола во МК е во мода, да им се чудиш на паметот. Ќерка ми е скоро 5, седи во седиште врзана и ме прашува снаата за брат : седи во седиште? ауу па не е мала.. е па каде да ја седнам напред? и пф па што дека... и седнува напред д авози со 9 месечно бебе и со мало дете од 3 години на задно седиште зашто ќе и плачеле ако ги врзела и реков друг пат сама со деца со кола да не ми доаѓа (без брат ми) и ми се налути секако...
Па и мојот прави такви бељи,зема шкрта зидови,ќе остави чесма да тече во купатило ако не стигнам на време поплава ќе се направи,сите цвеќиња ги тргнав земјата ја вади итн.. Но мене тоа не ми преставува никаков проблем баш напротив.Некогаш и смешно ни е, се чудиме кога порасна малиот за такви лудории Никогаш не сум му се ни развикала за такви глупости проблемот кај нас е бидејќи кога многу плаче му отекнува полниот орган. И совет од матичната беше да не му даваме да скока многу ниту да плаче за се и сешто. Ние се тресеме над него. Тој без мене не сака за заспие,доаѓа прво се гушкаме па така заспива. На пола ноќ искача од кревет доаѓа кај мене и продолжува да спие. Бидејќи некогаш не се работи за плачење туку за зајдување за глупости како на пр зошто бетмен скршил нога, зошто му се палат реклами на јутјуб додека гледа цртани,тотални глупости. Ама ако, не се објаснувам повеќе,тука сите сфаќаат како им одговара. Нели за лајкови се