Па правиме муабет за воспитна мерка. Тука сите си ги маваат децата кога се немирни, не кога си седат мирно. Значи - казна.
Ќе го носиш во тебе 9 месеци. Ќе се храниш најздраво, ќе си активна физички, ќе си подалеку од стрес. Пошто нели, бремена си. И после за истурен зејтин ќе го „шлапкаш“. Извинете вака, ама имате искривена перцепција за добро родителство. Дај ако не сите да се тепаме оти „ќотекот е од рајот“. Ако вака размислувате, поарно не ни раѓајте. Не е должно детето да го трпи вашиот однос кој што бара ќотек.
Не, не е противзаконски и БДСМ ако сакаме да тераме. Пошто двајцата СМЕ СОГЛАСНИ. Детето не е согласно да го тепаат, ни по гз, ни по никаде. Не е само физичката болка болка.
Епа се согласуваш да те тепа маж ти. Маж ти ќе те шлапне тебе на шала, детево ќе види ќе шлапне дете у школо на шала. И ти си согласна.
Мала кога бев одев кај комшиче во маало со кое игравме заедно. Девојчево беше помало од мене и знаеше да биде палава. Прилично темпераментно дете, место не го држеше, знаеше често да падне да се повреди. Па ете ти ја мајка му, буквално шамари му удираше, девојчево ќе почнеше да плаче, ќе се смиреше и пак по старо. Мене до тогаш не ме удирале, а многу бев помирна од неа, мајка ѝ ѝ викаше на мајка ми, како ма твојава толку мирна. Тогаш гледав ама дете бев самата, не би знаела како да реагирам. А добивав ќотек и јас ама покасно. И вие сте паднале и сте се повредиле. И јас исто. Во таква ситуација сум сакала да дојде некој да ми помогне да станам и ако имам некоја повреда. Дете исто. И вие сте истуриле вода или сок, и вие сте турнале чаша или чинија која се искршила. Ама признавате грешка тогаш дека ете од невнимание. Недајбоже да речете дека во воспитувањето сте згрешиле. Луѓе сме, грешиме сите. Ама некогаш ќе ја тргнеш гордоста на страна и ќе признаеш и ќе се извиниш. Дете до одредена возраст нема мисловен капацитет како возрасен. Туку учи најпрво да перцепира реалност, да изразува чувства, да разликува добро од лошо, да респондира на секакви ситуации, потоа интелигенција му се развива со едукативни игри, па да се социјализира итн итн. И сѐ тоа си има свои периоди и фази кога и како ќе се случи. А на родителот е да има трпение сѐ тоа да си се случи со убаво воспитување. Ќотек нема да го убрза тој процес.
@buba4e89 дај научи како се дебатира прво, а? Нештото што толку го промовираш на форумот, а самата не го правиш.
Први сте против насилство, ама за да го мавните сопственото дете, тогаш тој став не ви важи. А ќе ви важи ако вас некој да ве удри, ама за детенцето нема гајле, оти воспитание е тоа нели, а и не е силно, малце така да се подуплаши. И да не е силно, и да не боли многу, пак е насилство. Јас душа немам на куче да кренам рака, а не пак на (сопствено) дете. Едноставно не ми е сфатливо. Не е детето животинче во циркус за да го учиме со ќотек. Животните така ги тренирале, за да слушаат нели, умни да се. Со ќотек.
Дебатирам јас, не се избацувам вака дрско ко тебе. Не сакам дрски и безобразни луѓе и не ме цитирај, ок?
Многу одамна беше кога кучето си го учевме, да не кака и да не моча дома, со свиткан весник (и мававме по газето). Несвесно да кренам рака нагло и да ја усмерам кон задникот на кучето, одма витка опашка и бега. Да, куче е не е дете. Да, пред многу години беше. Да, сега е воспитано. Зошто? За да се плаши од мојата рака? Рефлекси се тоа и учење од искуство. Утре задутре децата ќе ве лажат за да не јадат ќотек, наместо да ви се исповедаат и да бараат совет.
Поентата ми е да ти доловам дека шлапањето по гз од маж ти, тапкањето по грб на бебето и шлапањето по гз е сосема исто нешто. Толку.
Што е "дрско" во мојот коментар? И не дебатираш, туку пишуваш апсурдни субјективни мислења, кои се далеку од правилни, и на секој демант поткрепен со факти изиграваш жртва демек навредена си. Па избацуваш со коментари од типот "дрски и безобразни луѓе и не ме цитирај". Оќеј, да.
Ама не е. 1. Согласност од двете страни, некој го пали ова. 2. Помагаш при болки и не применуваш сила. Не знам некој што осетил болка од тапкање. Не се користи за воспитување. 3. Остава траума затоа што секогаш следи после направена грешка и доаѓа како казна. Може да боли, ама и да не боли - мозокот забележува што се случува во моментот. Ти се има случено 2 различни личности да ти кажат ист збор, од едниот да те здоболи од другиот да не ти е ништо?
Предигри меѓу дечко и девојка/маж и жена и плескање на дете не се исти,за првото двете страни се согласни,за второто не.