Само еднаш сум добила ќотек ама толку многу ме болеше што не станував од кревет и плачев цел ден, јес дека заслужив ама тоа не е решение. Јас си ветив дека моите деца нема никогаш да ги тетам, само ќе бидам строга и ќе употребувам други методи за да ги воспитам.
Јас ќе ги протепувам чат пат, а може и почесто! Нека ме направат заостаната, немодерна мајка и незнам ти што, ама ич не ми е гајле. Нормално дека нема да го тепам да помодре или да страда, па да доживува не знам какви стресови. Ама да не му плеснам 2-3 кога упорно и за инает прави нешто како што не треба? Епа нема сила што ќе ме задржи. Толку сум ,,накрвена,, од овие ,, модерниве,, мајки, што ми иде нив да ги земам и да ги тепам со ред, не го удирала, го тинтри, го лигави, тоа ја плука, прави бељи ама ете ќотекот не бил мерка. Бил, и ќе биде. Имам другарка, со мажот и се прекрасни луѓе, многу ги сакам, ама толку лошо ги воспитуваат лигават тоа децата, страшна работа. Значи дечиштата нивни, не да не се деца, не нив што ги плукаат, им враќаат, туку со сите така се однесуваат. А оваа другарка ми, како само она да има деца, никој друг, не можам да ја разберам, ако неа и се мили и не и смета ова, мисли на сите им се толку мили? па додека ми скокаат по новата и скапа гарнитура како заостанати, мене солзи ми течат од болка, и пробувам да се воздржам да не ги претепам, таа ги гледа со очи полни љубов, и восхит како тоа биле темпераментни Или два пати ќе им викне, и ќе се сврти накај мене, со муабетот, е, ај, шо да им праиш? Шо да им правам? Моето нека скока така некаде, да види што ќе го снајде. Или ќе го удри еднаш, тоа ќе рикне, и ќе почне да го гали да го гушка. Срамота. Кога ми доаѓаат на гости срцево ми плаче. Ако сакаат нешто, абе пиштат, се маваат од земја, додека не им удоволи. Нормално знаат дека ќе им биде исполнета желбата, а казна нема. Прекрасни луѓе се, ама децава не им ги можам, боже прости ми ама дури ги мразам. Ми се качуваат по спална, ми фаќаат зидови, тазе кречени, со прљави раце се врти околу столбовите, отвара кај не треба, и последниот пат му реков на женското, не да ми отвараш, не е културно! Значи толку сум револтирана, толку ми иде да ги треснам дечиштата од земја, абе не знам. Не знам до кога ќе трпам. Па не е шала, да ми уништуваат по дома. Ќе им викне а тие ја гледаат и се смеат, и таа ќе се насмее, а јас пукам. Затоа совет до сите мајки, посебно новиве, модерниве, не дозволувајте вакви работи, да ве мразат луѓето затоа што вие мислите дека вашето дете ако на вас ви е ,,Мариче,,( чисто онака земено имево) дека на сите им е Мариче. На другите им е Марија. Големо чудо ако го шлапнете 2-3 пати, абе леле трауми ќе има. Ај без потресување до толку, од едно шамарче, неколку по газ, тоа трауми и одбивност и последици по психа ќе има . На нас протепуваните нешто ни фали? Не, имаме и осет и почит, постарите, протепуваните генерации. Лигавење до бесвест, натпревар за најдобра мајка, е не сте најдобра мајка ако детето ви нема граница.
исто како јас да сум пишала Модерни мајки ахаа бла бла бла....демек дете не се учело со шлаканици...морало да разговараш со него....што разговор ќе водиш со дете од 4или 5 год кои уште не знае само да се искака????? и ја имав едни такви шо ми идеа на гости детево уште на таван шо не се качи од скокање а мајкаму мува не ја лази не сака глас да повиши на него а камоли да му залепе една...и нормално дека ќе праи све шо ќе му текне зашо знае дека казна нема
Eнца ме изнасмеа Ама дека си во право-и тоа како.Се пронајдов и јас за тоа дечиштава.Не сакав да спомнам дека дури и ги замразувам,си реков Господ грев ќе ми пише-да мразам невино дете Така,така-малку за коса,малку за газ шлап шлап и јас ќе ги протепувам! А на тие модерните мајки де,имам две другарки такви.Кога одам кај нив или кога ми доаѓаат Последен пат,иако детето е 2години,ми ја зеде ташната и ми извади се! Му ја зедов онака насмеана а вриев му реков а не не,ама кој да ме слуша нели,па ми ја зеде вторпат-а другарка ми ми вика-нека го нека си игра,ништо нема да направи Ахам.Освен што ми скрши кармин,освен што ми ги извади сите мастики,ми ги извади парите од новчаникот а јас кутра имав само неколу стотки тогаш,за да на крај ми искинало 2 стотки и ми останаа само две Е ќе пукнев! Почнав да му викам ама оваа мајка му-аа сине,сега да и ги вратиш парите на тета Ели Ама затоа кога си идев,она збореше на телефон,па коа го иштипав едно убаво ми беше ќеф на душичкава. На другата другарка постари и с е децата.4,5 години.Таа како да обожава кога ми растураат низ дома! Си с е смешка и ќути,а јас одам по нив бе и пазам што ќе ми скршат наредно! Е извинете ама е*ате модерните мајки А за жал денес секоја втора е таква.Девата лигави,лигави до крај.Како се однесуваат со родителите,овие им се тресат бе,не децата! Какво време дојде,навистина ме фаќа носталгија.......
Со децата треба од мали да се води разговор,за тоа што е дозволено,а што не,што смее,а што не.Таман работа ако мајката чека детето да наполни 4-5 год.па тогаш да почне да го учи детето што е правилно,а што не. Сум против тепање,па макар била и една воспитна заушка. Ама некогаш е побрзо да се плесне детето отколку да се губи време во разговор,објаснување,откривање на последици од стореното дело итн.Плесни му една преку очи и готово-си го казнил.Па така ден по ден-плескањето ќе му стане како добро утро,па нема ништо чудно и страно да му биде.Немојте така,сетете се како ги родивте,од кило месо ги чувате и сега за тепање ќе зборуваме.Потрудете се,најдете време,направете луѓе од нив кои нема утре проблемите во животот да ги решаваат со насилство туку со комуникација. Тоа дека ако детето добива „следовање “дома ,па по гости ќе седи мирно-нема врска.Имаме такви во друштво родители -дома децата несмеат да пипнат ништо,вода пијат над судопер ,несмеат да седат на гарнитурата(бела е ,ќе ја исфлекаат),а недај Боже некое да направи „голема“беља(да викне малку погласно,да нагази на играчка)веднаш добиваат вртење на ушите ,шамарче,па и понекоја клоца у газето. Е сега,кога ќе дојдат кај нас,мајката седи како Мона Лиза „и ништо не гледа“кај сипуваат сок во лего коцки,каде бучат автомобилчиња врз колачи,влегуваат во вц као по нужда а они цел пакет тоалетна скинале во шоља..Мислам....мизерија....и ќе кажеш ги тепаат од дома.Често се случува и таткото да почне да вика по мајката за да стане да ги прибере малку,ама таа само ќе каже„Па што да им правам?“и тогаш таткото станува ,2-3 преку глава,настанува молк и затишје(не ни плачат од што се навикнати)после 15 мин,се од почеток. И ,што дека ги тепа,секое доаѓање ,понеподносливи ми стануваат,после нив генералка. Не пишав дека се две машки , едното има 6 год.другото 3 години.
Мене не ми е јасно, какви се бре тие модерни мајки , ако добро сфатив тоа се оние кои се водат со девизата-јас не ги тепам моите, ги воспитувам со зборување. Како не бе, мајка која не му подвикнала на детето, не го искарала, казнила или шлапнала макар и по г`з лаже...мене не ми се верува. Едноставен пример-другарка ми која прво морам да ја пофалам дека е добра мајка и дека детето и е колку-толку добро воспитано и разбрано, секогаш викаше-јас не ја тепам, никад нема да ја удрам...и еднаш ни беа на гости и малава нешто се скараа со ќерка ми па почна да плаче, другарка ми кога и ја шлапна една, за секунда се здрвев...Па добро бе нели не ја тепаш...а, не тоа не е тепање, само ја плеснав. Еве и јас си кажувам, не сакам и викам дека нема да ја тепам, ама понекогаш така знае да ме извади од ментеши што си добива по газето. Најмногу се нервирам што ќе зборам-немој сине, немој мама, дојди ќерче...и кога после тоа баш право лигавење нема да ме послуша, станувам и си добива по газот. Сега е поголема, ама и поинаетлива, а мене искрено ми се здосади едни исти работи по 100 пати, не, не, не..по 100000 пати да ги повторувам. Затоа еве не сум модерна и се согласувам-ќотекот од рајот е излезен...да не бидам погрешно сфатена, не ја тепам во смисла ја кршам од ќотек и се шета помодрена, ама ја имам плеснато по газето и задоволна сум што можам да се пофалам дека детето ми е воспитано. Никој до сега уште не рекол-беа кај нас и торнадо помина. За жал не можам истото да го кажам и за некои наши пријатели, баш генералка откако ќе си отидат.
Значи јас сум против крвничко тепање на дете , но ако еднаш го опомениш , два пати и не слуша тогаш може малку да се удри по газот. Инаку толку многу се изненадив од една жена , и тоа го правеше пред повеке луге , го фати детево , го пикна во кола , ја затвори вратата а ова нееее не ме мавај те молам неее викаше внатре и оваа го фати за главата и со сета сила го удира од вратата леле луѓе неможев да гледам идиотка значи нејкев да се мешам ама замо за полиција беше работава
Братучетката на мојот сопруг ми ги остави децата на чување за 2 недели требала да оди на деловен пат,ајде прифативме со сопругот,веќе 3 дена се кај нас наглава ми се качија ама неможам ни да ги удрам.ама моите деца не да нема да ги тепам ама вака ако се однесуваат сигурно дека ќе ги удрам.машко и девојче се овие на братучетката,машкото има 7 години,како уценува,вреќа инает ми тера,девојчето не е такво,со него пак за јадење проблеми си имаме,нејаде се,ништо нејаде коските ми се познаваат за нејзина возраст на 4 и пол години,костур е,и само пред огледалото и вежба балет,ама нишо нејаде,во денот само еден овошен јогурт и една кроасана...ама арно се најаде вчера им направив сутлујаш 3 чинивчиња изеде како ќе се снаоѓаме до крајот..господ знае...ако не и ги пратам нејзе ке се побркам,откако се роди Дијан 2 дадилки сменија,и сега баба им ги чува,додека не најдат друга дадилка... ...моите не дека ќе ги тепам,ама разгалени помочковци јас неможам да трпам
Последен пат кога изедов врел ќотек и тоа баш беше трескање од ѕид до ѕид, од под до плафон беше од мама. И не знам зошто ама ете не се сеќавам колку години сум имала ама битно гради веќе имав и позади себе имав дечко и некој мувач. Жената од кога го прочитала мојот дневник изгубила воздух, шо вика таа. А во мојот дневник уште што се немаше И жената толку се разочарала од мене, не знаела каде се изгубило тоа амбициозно и мило девојче, каде е дамата што ја создала и одгледала и кои ѓаволи се не влегле во мене. Ја оправдувам право да ви кажам пошо секогаш кога ќе завршеше некој мој период на меланхолија и депресија трчкав да направам некоја нова глупост и некој нов грев за да ме држи во живот. А само таа и тато се со мене тогаш, тие ме подигаат и тие мака мачат трпејќи ме. Потоа го викна и тато од работа, абре беше хаос дома... И јас демек тоа не било дневник туку мои фантазии Секако дека не ми поверува, се беше тоа факти. Пак продолжив дека не можеле да ме сфатат, дека веќе никогаш во животот нема да пишувам заради нив и демек цел живот ќе бидам несреќна. Потоа ја повратив довербата кај нив, но никогаш повеќе не сме истите. Тато и ден денес ме моли да му покажам што сум пишувала, а јас не и не, демек како револт од тоа тепање. Знам дека јас сум крива, но од тој ќотек, дефинитвно не се подобрив. Мама знаеше да ме удре како мала, тато само лаеше. Ќотек не оправдувам, може 2-3 воспитни како шо кажа Енца. Шо знам... мене ми е жал да тепам некој. А дете ко дете колку може да згреши?
Детето ако не згреши тогаш КОЈ?!? Возрасните грешат, па никој не ги тепа.Ќотекот може да предизвика трауми со доживотни последици кај некои деца . Не можам да ги сфатам родителите кои тепаат.-И Господ давал деца кај што не требало. Цел живот се упропастува. Не постои грешка кај дете што треба да биде третирана на тој начин.
Јас сум против ќотекот како воспитна мерка и тоа многу. Тепана сум од страна на мајка ми со каиш ( барем каишите што ги бираше беа убави и цврсти излеа и со таа намена ги купувала) за секоја банална ситница ме има тепано,и пак ништо не постигна со тоа,моето мото во тоа време беше тепај ме колку сакаш јас пак ќе го направам истото,и она ќе ме истепа ќе поплачев малце и за 15 мин истата беља или поголема ќе направев (зависеше од тоа колку ќутек сум изела) сето тоа го правев од инат.Пред една година ја однесов на психолог и тој ја потврди мојата теорија дека она има фустрации од детството (татко и ја има многу тепано еднаш и носот и го пукнал) кој ги лечи на мене.Еднаш исто се обиде да ме удри и ја фатив раката и и реков ова уште еднаш да не ти се случи следниот пат ќе ти вратам (иако сум против тоа дете да удри родител сметам дека мојата заслужува) не сум веќе дете. Со татко ми па беше поинаку.Колку и да сум згрешила колку и бељи да сум направела не ме тепал, со отсечен и смирен тон ќе ми објаснеше зошто тоа што сум го направила е погрешно и ќе ми изнесеше факти. Само еднаш ме има удрено ама си заслужив признавам (една недела имав модрица) тогаш прв пат го имав видено толку лут и за прв пат ја осетив тежината на неговата рака.Но,пак ќе кажам заслужив. Во една тема се имам изјаснето дека нема никогаш да бидам мајка како мајка ми ,но ќе бидам родител како татко ми. Кога би имала дете би ги користела методите за воспитување на татко ми,зошто само со разговор можеш да допреш повеќе до детето,повеќе да те послуша и да стекне поголема доверба во родителот. Понекогаш е добро да се удри шлаканица или некоја воспитна по газот ако веќе не може проблемот да се реши со разговор.
Ќотекот сум го доживела и никогаш, ама никогаш нема да дозволам да ми биде воспитна мерка. Има многу начини да примениш вопситна мерка, со лишувања од доредени работи и ситуации. Зборот е најмоќен.
Се сложувам со претходно напишаното дека зборот е помоќен. На мене никогаш во живот не дигнале рака ни мајка ми ни татко ми, ама само јас си знам каква стравопочит имам, посебно спрема мајка ми. Кога бев помала знаеше да ми рече превентивно: никогаш не прави нешто што сметаш дека би ме налутило, и така однапред знам каде ми се границите и немало потреба од ќотек понатаму.. А за тоа какви последици остава тоа кај детето, трауми и слично.. мислам дека ќотекот не е правилната воспитна мерка, напротив има контра ефект...И сметам дека со него се користат родители кои не знаат како да го контролираат детето со зборување, со држење лекции, па тоа им е единствено што им останува...
Со постот и кажаното од Енца се слагам целосно. Во право е. Ќотек во мала количина и тогаш кога се гледа дека детето нема намера да послуша родител е крајна опција за смирување. Онака по газето или по рачето кога чепка или брца кај што не треба. За негово добро е тоа, не за лошо ... и не значи дека родителот не го жали или не чувствува каење, но стегнете заби и плеснете еднаш кога не се разбира со збор, два пати па ќе видите. Посебно со овие денешни деца кои си го тераат само своето и не може крај да им се најде, краен случај воспитна. А за модерниве мајки што да кажам ... не знаат да бидат вистински родители. Немаат став на родител. Секоја чест на исклучоци!Ретки се. Значи останативе едноставно не сакаат да се замараат со правилно и вистинско воспитување. Им даваат, со нивното лигаво и полно љубов воспитување, на децата уште поголема сила за поголеми бељи и проблеми. И децава се тешки инаети, не попустливи, а разлигавени до немај каде. А да не кажам колку ги има агресивни, знаат да шлапнат убаво родител. Не, тоа не е вистински воспитано дете. Има начин кога веќе не реагира на убаво укажување да му се подвикне ама со став онака остро или да се плесне ... нема ништо да му биде туку напротив ќе биде благодарно понатаму во животот за ова. Затоа што со вакво меко разговарање или плесни па гушни, баци и сл. се создаваат проблематични и неспособни деца покасно.
Луѓе сме , а не животни, па се разликуваме и имаме една привилегија ДА РАЗМИСЛУВАМЕ. Жално е што и денес постојат ,пред се млади родители кои сеуште го користат ќотекот како воспитна мерка. Јас лично сум против тоа, зошто на детето неможе да му се влијае во промена на ставот со ќотек како што може со зборови и муабет, зошто детската психологија е многу поразлична од онаа на возрасен човек, на децата им се кажува што е добро или не е,а со ќотеќ им се дава сила за поголем инат, кој всушност служи како еден вид за привлекување внимание. Но, знаете јас мислам дека на некои родители им е многу полесно да ги истепаат децата одколку да им зборуваат, или пак можеби не им е лесно туку се многу прости па немаат доволен фонд на зборови како би му објасниле на детето што е добро, а што не е.
некои ќотекот го коритат како да тепаат животно користат каиш или други предмети но како што прочитав во преходните постови зборот е помоќен но мало и слабо шамаче може а не силен удар како бокс тоа е веќе претеризам
Да знам дека со едно шамарче ќе го решам проблемот и детето ќе се смири и опамети...да удрам. Но колку време ќе биде мирно...час, два? Не значи дека оние кои не се чепнати со прст се разлигавени и 'лоши'. Мене моите пример никогаш не ме удариле но доволно беше остро да ме погледнат и да се смирам во дел од секунда. А и напротив баш тие деца што се тепани се секогаш по немирни и агресивни... Не дека можеби ќе има трауми во иднина од по некој шамар но општо сликата за мене е неубава, сама не можам да се замислам во позиција да удрам...Не дека не ми дошло, моето иако е малечко ме има збеснато неколку пати но, не...
Сеуште сум присталица ќотекот да не се применува во растењето и воспитувањето на децата и дај Боже искуството да не ми го промени ставот. Been there, seen that и ништо позитивно од тоа немам во животот. Апсолутно ништо. Трауми да! Со детето се разговара, од мало. Уште од кога ќе почне детето да допира ствари (еве конкретно за расфрлање по дома), му се кажува дека не се чепка, дека тоа не е во ред и се настојува да му се одвлече вниманието од таму на било кој начин и на крај детето и ќе заборави на тоа , па ќе си најде друга занимација. А не, родителите целите пресреќни на своето дете да му удоволат и да видат пријателите колку добри родители се тие, сваштарии допуштаат па дури еве постојано гледам примери детето покажува упорно со престето накај нешто што не е во ред да се допира и самиот родител му помага да стигне до тој предмет. И после муабети од типот - Абе такви се децата сега темпераментни, што да им правиш се сакаат да допрат, да видат .Епа кога никој не му кажал дека не треба така, какво да е детето? Сега нормално, ако не се разбери од еднаш, два пати убаво кажување ќе се повиши тон, да се научи детето дека родителот е авторитет и тој повишен тон нему да му значи нешто, а не само да одмавне со главата и да си продолжи по свое,ама со удирање ништо не се решава. Имавме ние куќни пријатели каде нивното дете беше такво ,,темпераментно,, и бидејќи татко му беше полицаец и пендреци јадеше па еве го детето е веќе ЧОВЕК од 30тина години и пак е истиот со ништо паметно направено во неговиот живот. И затоа можеби,јас многу често знам да кажам дека и до детето си е - 70% детето, 30% домашно воспитание. Не знам можеби и грешам, затоа што знам дека од никакви родители излегле прекрасни деца и обратно од паметни луѓе кои стварно се труделе околу своите деца излегле ништожници. Ете тоа е најголемата причина да ме тера на вакво размислување.
Од една страна сум за, но од друга не. Во одредени ситуации би го употребила како воспитна мерка, но со многу мал и благ интензитет. Мислам, ако додека е малечко детето не му се даде до знаење кој го има последниот збор, со одминувањето на времето ќе биде се потешко. Не сум за тепање или крвничко претепување, како што некои напоменуваат дека се применувале во минатото и ден денес се применуваат, со ремини, стапчиња и слични работи, но за еден благ и ненасилен удар по раката или по здничето, да. Прво детето тоа и не го боли толку многу, туку му дава до знаење дека не треба така да прави и најважно е што знае и постојано ќе се сеќава на мајката/таткото во кој и да е момент кога ќе го погледне тоа. Навистина е подобро да се каже се со мирен начин, со пример и разбирање или додека е сеуште мало со одвлекување на вниманието, но во некој период кога родителот би работел нешто, што тогаш? Дали тоа значи да си игра со нож, или да си игра со некои други предмети, кои буквално од неразбирање, зошто тие служат, на крај настанат безброј компликации! Затоа сум за мала и безболна воспитна мерка. Мислам дека на тој начин, колку-толку ќе разберат и сфатат дека родителот е оној кој го има последниот збор во се. А денес е малку спротивното. Детето ни кажува со што сака да си игра, а ние се правиме по негово. Наместо работите да се одвиваат како ние што сакаме, не се прави така. Ако го сака тоа, го има тоа. Не да ги обвинувам некои и слично, но од тие попуштања додека се малечки, денес родителите си тргаат мака. Навистина сеуште не сум станала родител, но од искуство што сум ги чувала внучињата со недели и месеци (константно), рабрав дека ние возрасните сме најголемите виновници. Кога на тоа чисто душиче од старт ќе му се даде до знаење, таму да не чепка, да не си игра со нешто и најмногу кога детето ќе посака нешто не му се даде веднаш, само тогаш мислам доста работи ќе се постават на своите места како што треба од самиот почеток. Односно накратко кажано, ќотек би употребила кога сеуште е малечко и не ги рабира сите работи и не знае да одговори и размислува правилно. Но, не сум за ќотекот како воспитна мерка, во периодот кога детето е созреано. Кога разбира што означуваат работите и ги разбираат потполно сите совети што му се кажуваат. Тогаш веќе се може со разговор да се решат сите проблеми и нејасни работи.
Малку ќотек не е на одмет, секако тоа да не биде до тој степен детето да почне да чувствува страв од родителот. Сепак, мислам дека во иднина како родител не би можела да го применам ќотекот колку и да биде од полза во некои ситуации. Имам неколку помали братучеди кои на некој начин ги пораснав и си изчував. Енергични се, знаат и на глава да ми се качат, ама јас се што можам тогаш да направам е да им се развикам. Немам срце да ги удрам, па и уште кога ќе ги видам такви малечки... Секогаш се обидувам прво со убаво да им кажам, а ако гледам дека не разбираат, тогаш почнувам да викам по нив за малку да се смират. Некогаш успева, а ако не успее, преминувам на веќе проверена техника: Ќе се јавам кај татко ви!