1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Сама се демантираше со пишувањето, ако имал ефект ќотекот од мајка ти немало да си дојдеш дома пијана на 15, ќе си се јавувала кога ти ѕвонела, немаше да умираш од страв да кажеш дома дека си бремена на 15 години итн, никаков ефект немал ќотекот врз тебе освен начинот на кој си се бунтувала која е директно поврзано со незадоволството, разочарувањето од ќотекот дома и ти сега само го продолжуваш кругот.

    Тоа што не реагирал е поради индиферентност, запоставување, што е исто child abuse, ти продолжи да си мислиш дека е во ред да ги шлапнуваш децата ама биди спремна утре и тие ќе најдат начин да се бунтуваат против твојот начин на воспитување.
     
    На ivi1987, Bozica1980, danichap и 16 други им се допаѓа ова.
  2. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Добро ме интересира едно нешто и 80 страни само за тоа и тоа се зборува во круг.
    Има членки коишто се изјаснија дека во животот нивните родители не ги допрале никогаш со прст, па ме интересира од нив да ги прашам.
    Зошто нели плескњево остава трауми и последици, па да видиме што остава само разговорот.

    Дали во потполност денеска сте задоволни од тоа во какви личности сте израснати?

    Дали сте задоволни од сопствениот живот целукупно?

    Дали имате одредени стравови?

    Дали сте депресивни или анксиозни?

    Дали додека сте биле излезени и ви ѕвонела мајка ви, сте помислиле "што е што сака сега и со што ќе замара овој пат"?

    И не никој не е обврзан да одговори, нека си одговори најпрво сам. Ама доколку повеќето одговори се Да! Тогаш што е до мене јас би ја затворила темата.
     
    На Nightwish11 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ова индиректно значи - ако се анксиозни и не сте задоволни од себе, требало да ве тепаат?

    Наведените проблеми настануваат и од психичко насилство и од недоволна посветеност, што не значи дека ќотекот ќе го поправело. Што е случај кај мене. А ќотек јадев повозрасна.
    Ако јадев повеќе ќотек, дефинитивно ќе бев во многу полоша состојба.

    Затоа има ПРАВИЛЕН начин на воспитување, не кој како сака.
     
    На dayla, nextredstyle, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Моите прашања произлегоа од вашите одговори, дека секое дете што е шлапани по газ утре во животот ќе нема самодоверба, ќе е анксиозно, депресивно итн.

    Затоа теле се учи, а не вол. (ова во конотација на шлапањето).
    Секако дека може и од психичко насилство да се јават овие проблеми, ама да се држиме конкретно на темава, да не прескокнуваме од една на друга. Сега конкретно ме интересираше од овие што ни се физички ни психички малтретирани. Исклучиво само со убав разговор и трпение.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Во потполност сум задоволна од карактерот кој сум го изградила досега, со секојдневно надоградување.

    Во глобала, сум задоволна од животот што го имам.

    Секогаш имам одредени ставови и принципи, зависи за што конкретно се зборува.
    Упс, стравови пишува. Да, имам и мои лични стравови.

    На моменти сум депресевна и анксиозна, особено покрај пандемијата, али тоа е нормално.
    Не е нормално кога си анксиозен и влечеш трауми поради шлапањето од родителите како помал/а, или ако уште продолжува истото.

    Не, никогаш не сум помислила дека ме замараат моите кога звонат. Прво, затоа што не замараат и второ, има причина да звонат секогаш, макар било и 1 мин разговор за да знаеме кој до каде е со денот. И тоа не е проблем за мене.

    И вака сега кога одговорив на прашањата, што можеш да заклучиш за мене? Ништо.

    Значи не знам како мислите дека по тема каде се изјаснува и работи законот и социјалната служба, може да има простор за "Вие воспитувајте си го детето како сакате, а ние ќе го воспитуваме како сакаме" во иста конотација со насилство, било физичко или психичко. Некој може да ве пријави, не знам како не сте свесни. И да сме малку пофункционална и не толку затуцанка држава, каде удирањето дете повеќето го прифаќаат и применуваат место да си ја завршат должноста и да застанат против, децата на многу неспособни родители би им биле одземени.
    Бат ден аген, каде би отишле? Во нашите домови?

    Катастрофа...

    Па и некој кој бил удиран, да вели дека му/ѝ фали повеќе ќотек... епа ненадмината траума има, затоа.
     
    На Mikha4, KateKane, nextredstyle и 9 други им се допаѓа ова.
  6. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    5.290
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум помислила дека мајка ми ме “замара”. Напротив, чувствувам голема блискост кон моите родители, и слобода да им кажам било што. Задоволна сум од себе, не сум депресивна или анксиозна, и многу ми е мило што можам првин на моите родители да им се обратам за било што.
     
    На KateKane, ZAHRA, nextredstyle и 6 други им се допаѓа ова.
  7. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    @Snowflake97 мајка ми почина кога бев 15 години, вчера наполнив 40 години, дали мислиш дека после 25 години сеуште би ја споменувала и би зборела/пишувала со толку љубов за нејзе ако ме тепала, вреѓала,на детето би му го ставила нејзиното име, би ја знаеле децата моја баба им иако е почината и на крај на секое споменување нејзино ми навираат солзи на очите?

    И не изедначувајте ментални болести со физичко/психичко злоставување на дете, да дел од нив се причина ама не секој што има депресија, анаксиозност се физички/психички злоставувани од родителите мада според тоа што верувате дека ќотекот е за доброто на детето веројатно мислите и дека тие состојби се измислици.
     
    На ivi1987, Bozica1980, Doozy и 19 други им се допаѓа ова.
  8. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.107
    Со оглед дека страдам од анксиозност и депресија, среќа што имам разбрани родители што ми се карпа за потпирање во животот, што мојата депресија не ја мешаат со мрза и што никогаш не ме вреѓале или тепале поради тоа.

    Сум пиела, и сум искачала, и прилично забавна младост имав, не, не ме тепале, зборувале со мене.

    Сега имам сестра која е во тие години, никој не ја тепа, ниту од мене, ниту од моите се плаши, отворено за се' се зборува дома и сега за сега среќа нема симптоми на депресија или анксиозност.

    Знае дека сме сите тука за неа секогаш, во секое време може да не' побара, и дека може со нас за се' да зборува.

    Сфаќам дека сите имаме тенденција да си ги правдаме родителите и кога грешат, пошто сите грешат, сите сме луѓе, меѓутоа вашево е next level, не постои оправдување за малтретирање дете, мало или големо.

    За тоа каква сум денес, што знам, добро мислење имам за себе. Мислам дека сум ок личност, ама за тоа пак треба друг да се праша, не мене :)
     
    На ivi1987, Bozica1980, Chanell* и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Еве сега јас ќе одговорам на своите прашања ама како дете што било шлапано по газ.

    И јас сум во потполност задоволна од тоа во каква личност сум израсната.

    Немам ниту трауми од тоа што ме шлапале ниту непочитување спрема мајка ми (и татко ми коишто е починат). Напротив секогаш во нив сум гледала прибежиште на кое што можам секогаш да се потпрам во животот, дали е нешто лошо или добро.

    Никогаш во животот не сум скрила од нив нешто што сум направила, веќе имам пишано и поназад на страните. И најголемите глупости и срања што сум ги направила сум дошла дома и сум ги кажала, без да се плашам од нив.

    Ниту сум депресивна, ниту пак анксиозна од тоа што ме мавале по газ како дете.

    Преблагодарна сум од нив, за се што направиле за мене во животот. И не според ова не сакам да доловам слика дека се било совршено, не било ниту па може да биде нешто совршено. Како што они не се совршени родители, така и јас не сум совршено дете.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.075
    Пол:
    Женски
    Една работа забораваш. Те шлакале по газ ама немаш трауми. Освен што имаш агресивна страна од себе и не гледаш ништо лошо во тоа и ти да го шлакаш детето. Место да го прекинеш кругот, ти неможеш да препознаеш што ти направиле твоите за жал. Ај се надевам дека ќе се свестиш, а ако не се свестиш и го шлакаш, се надевам дека детето ќе учи од грешките од своите родители и нема ја продолжи болеста.
    Еден мора да пресече еднаш
     
    На Chanell*, ivi1987, dayla и 15 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    А има некој друг на форумов кај што ги тепале во школо или само во моето школо? :envy:
    Ќотекот како воспитна мерка во школо |(
     
  12. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    1.999
    Пол:
    Женски
    Е ај да видиме кој е попаметен |(
    Кога и да прочитам се експерти и социјални работници.Не води до нигде ова тема ,прочитајте си кој сака стручно да воспитува ,а кој на свој начин.Нивно дете нивен проблем.:x
     
    На buba4e89 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  13. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.107
    Да, да, со стапче по рака.
    Попонижена во живот не сум била.
     
    На ivi1987, crimson, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.107
    Како не беееее.
    Да ми се комшии ќе ги пријавувам секој ден.
    Ако го родиле детето не е нивна сопственост.
     
    На ivi1987, Bozica1980, dayla и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    Наставничката во основно во '80те врзуваше шамари на тие што не беа мирни. За коса корнеле. Прачка користеле. Еден наставник во петто одделение удри соученичка по глава со дневник..
    Се сеќавам на се' ова. Не дека активно мислам секој ден , но еве ради темата лесно ми дојдоа сликите во глава..
    Чиста физичка злоупотреба, која како што сто пати е речено, во цивилизирана земја ќе беше санкционирано.
     
    На ivi1987, Bozica1980, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  16. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    @Snowflake97 знам дека прашањето го постави за тие што не биле воопшто удрени од страна на родителите, ама да си кажам. Јас како тепана личност имам пишано неколку страници претходно што доживеав. И не, не сум задоволна од тоа каква личност сум. Доброто е што никому лошо не мислам. Ако прашаш друг каква личност сум јас или кој било друг, за некого сум лоша, за некого сум добра. Сите сме добри во нечија приказна и сите сме лоши во нечија приказна.

    @gjoker4e јас за среќа не бев, ама татко ми ми кажувал дека бил тепан и на училиште и тоа не само со стапови, туку една "наставничка" го мавала со шестари, линијари и што уште не. Има некои "наставници" што и ден денес го практикуваат ова. Лани имаше таков случај во средното музичко каде што "професор" му удрил шлаканица на ученик затоа што не му донел вода.
     
    Последна измена: 7 јули 2020
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.406
    Допаѓања:
    35.990
    Секако дека е нивно дете и нивни проблем. Тоа не го негира фактот дека спроведуваат физичко насилство. ( а веројатно и психичко).
     
    На ivi1987, KateKane, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.305
    Допаѓања:
    34.245
    Пол:
    Женски
    Сега ми текна на една со креди што не маваше. :envy:Значи се ни спие во мозокот, ништо нема заборавено мозокот.
     
    На Bozica1980 и Dentina им се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Ти се изјасни како стручно лице! Навистина се надевам дека не си во доменот на детски развој и психологија. Вакви ли совети даваш? Нивно дете и нивни проблем? Го родиле, па ај сега шо сакаат нека му прават. Свашта!

    Што ти е? Не може дете да се воспитува како некој сака, уствари на начин кој го повредува! Ќотекот не е добар на ниту еден од начините кои беа опишани овде. Џабе тешење!
     
    На ivi1987, Bozica1980, dayla и 15 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Ок, ако вас ве нападне некој манијак, не барајте помош. Вас ве нападнале, ваш проблем:!:.
     
    На Bozica1980, raww, nextredstyle и 7 други им се допаѓа ова.