1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.670
    Пол:
    Женски
    Од темава научив дека ќе правам што ќе правам, крв ќе поплукам од мака ако треба ама детето сама ќе си го изгледам со маж ми пошто очигледно не се знае кој од поширока фамилија може да го измава и притоа да биде оправдан од маса луѓе.

    Си ги вртите работите како сакате и како ви одговара. Нели само мајки и татковци можеа да плескаат по рачиња и по газ? Еве и тетки-стринки се јавуваат на рецепција со искуства од плескање „затоа што се морало.“
    Нели според „дискусијата“, само детето што си го родила смееш да си го плеснуваш кога не му е денот?
    Крајно безобразно е да исплескаш нечие дете, поготово пак кога е оставено во доверба на чување.
    Внука ми не ја плескаат родителите, но јас Светата Тетка ќе ја исплескам затоа што има тантрум или е раздразлива. Па би ми било срам да ја погледнам мајка ѝ во очи после тоа, она не си го тепа детето, јас ќе ѝ го „превоспитувам“.

    Не три пати, десет пати ќе се запрашам дали некому ќе оставам дете на чување после исповедиве што ги прочитав, за какви глупости се оправдува ќотекот и како се сервира ко да е најнормална работа на свет, а и сами знаете дека не е, но не сакате да си признаете. Страшно.
     
    На Chanell*, ivi1987, Someonespecial и 29 други им се допаѓа ова.
  2. ElenaOfRivendell

    ElenaOfRivendell Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2019
    Пораки:
    2.108
    Допаѓања:
    5.289
    Пол:
    Женски
    Не е баш толку едноставно тоа “наши се децата како сакаме ќе ги воспитуваме”. Тие деца еден ден ќе бидат дел од општеството на кое припаѓаме сите ние. Еве голем број од тие што сте биле тепани како деца, сега оправдувате ќотек. Значи јас можам да се омажам за човек со став како вашиот, и еден ден да го тепа нашето дете. А мене ќе ме боли некој да ми го мава детето. Сакам да кажам дека сите сме засегнати, не е само “вашето” дете.
     
    На thelittle17, Someonespecial, Makedonka007 и 12 други им се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Имам јадено шамар од мајка ми, како тинејџерка. Не ја мразам, немам одбивност кон неа, израсната сум во зрела и разумна личност.
    Не заради шамарот, туку заради нејзиното извини и нејзините разговори.
    Импулсивност е тоа, се случило. Може и мене ќе ми се случи ама ќе си ја признаам грешката.

    Кога ми ѕвони, ретко сум со став дека ме замара, затоа што мајка ми е личност што ѕвони за важни работи само и сум рекла Што сака сега? Само ако сме збореле за нешто претходно, знае дека сум зафатена и ми ѕвони упорно. Ко за секој друг што ми ѕвони, нема врска со нејзиното воспитување.

    Не сум депресивна ниту анксиозна, ама си имам свои моменти кај што се чувствувам несигурно и некои стравови. Ништо од тоа не е поврзано со нив.



    Почнав со алкохол во средно. Дома не ме виделе пијана, освен еднаш на свадба кога се напивме сите (јас веќе имав 18 ) и бев само превесела и претрапава. Татко ми и мајка ми се смееа заедно со мене.
    Од мала ми викаат: Ако се напиеш негде а си излезена, јави се и побарај да те земеме за да не се враќаш сама.
    Не ќотек, не казни. Само убав муабет дека треба усул со се и одбрано друштво.
    А јас пак, никогаш не сум сакала да ме видат дека сум пијана од почит кон нив, не од страв (а секогаш сум им кажувала, барем наредниот ден).
    За секоја белја што се има случено, дали е тоа да ме казни полиција, да се степа некој или сл, моите знаеле!
    Не сум им кажувала од страв, не сум им криела од страв. Ради довербата и ради односот што сме го оформиле.

    А не се совршени, ни тие ни јас. Ама никогаш не ме удриле затоа што сум заслужила или да ме казнат.

    *За чудо, не сум ни размазена.

    Едит: изедов ќотек од рандом личност на улица затоа што со другарка сме ги погледнале на криво неа и другарката. И ова е вид на воспитување. Оправдувате?
     
    На thelittle17, Herrera, crimson и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    1.975
    Допаѓања:
    7.729
    Пол:
    Женски
    Ќотек, шлаканица, чврга, клоца, плеснување по задник, дрмање, тресење, туркање, се е тоа физичко насилство и не го одобрувам. Со тоа го напаѓаме не само физичкиот интегритет на детето, туку и го повредуваме психички. Ние сме возрасни, тие се деца, од старт прво сме физички надмоќни во однос на нив. Џабе е понатака да се воспитува кога ќе е поголемо и да му се зборува на детето дека не се докажува сила на послаби од нас, кога ние со нашите постапки сме му докажале дека е во ред да се покажува сила на послаби. Има толку подобри и поуспешни методи од ќотек, нема ни потреба да се користи. Повеќе штета него корист од казна со ќотек. Не велам дека на непожелно, неприфатливо или опасно однесување на детето не треба да реагирате. И те како треба. И казната треба да се применува, ама не физичката. Казна не е само шамарот, има милион работи кои може да бидат направени, кои не подразбираат ни вербално ни физичко насилство, а да бидат казна за детето. Авторитет се постигнува на долги стази, а не со еден ќотек.
    И ќе додадам- наградата на пожелното и прифатливото однесување има далеку подобар и подолготраен ефект од казната на непожелното однесување. Користете ја приликата да го пофалите, да помилувате, да кажете убав збор или да го наградите со нешто она што сакате детето да го запамти и да го задржи како однесување.
     
    На thelittle17, Makedonka007, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    52.623
    Пол:
    Женски
    Јас сум од помладите генерации, и во мое време од прво до четврто одделение наставничката маваше со прачки и плескаше по глава ко ќе не се мирни децата.
    Јас додуша бев прилично мирно и тивко дете (за грешките дома си го добивав) ама памтам дека еднаш ме удри наставничката со прачка по рака бидејќи задоцнивме неколку минути на час.

    А постари генерации имаат кажувано дека поголем ќотек јаделе од наставниците.
    Како и да е вакво лудило мора да прекини некогаш, без разлика дали е на училиште или дома.
     
    На Makedonka007, Nausicaa, KateKane и 5 други им се допаѓа ова.
  6. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Секако дека мора да прекине, но се' додека поголемиот дел од македонскиот народ не сака да се едуцира, смета дека не постои депресија, туку мрза, тешко дека ова ќе престане. Во случај нашите портали на Фејсбук да објават дека дете е тепано, било од родителите, било од наставник, поголемиот дел од коментарите, ако не и сите ќе бидат со поддршка за тепачите.
     
    На Makedonka007, raww, Alisa22 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    31.196
    Во странство ако нема соодветни квадрати за живеење, има таму за едно дете, за две, три колку квадрати да биди станот , идат социјални работници, ќе ти го одземат, не пак да го удриш.
    Авторитет не се постигнува со ќотек! Ние со сестра ми ни еднаш не бевме удрени, ама татко ми кај нас посебно имаше авторитет само со поглед и знаевме дека тогаш треба да престаниме или да не правиме нешто.
    Треба првин да му се објасни на дете, еднаш и уште еднаш и пак, нормално дека некој работи не можи да ги сфати, зависи од годините, ама не да го исплескаш и тогаш ќе сфати ? Нема да сфати.
    Внук ми е во тие години кога сега на се прашува- Зошто.
    И јас му кажувам ова вака и така и тој зошто и му кажувам и памти и ќе кажи другиот ден ова вака и вака или ова не треба поради то и то. Кога ќе направи нешто шо не треба, зошто тоа не треба така. Другиот ден пак.

    Толку страни сте изнапишале џабе. Тоа е нивно сфаќање, мислат дека така авторитет се гради, дека така дете ќе те почитува. Ама не.
     
    На Makedonka007, Doozy, nextredstyle и 6 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    Еве го и моето мислење од првата страница, пред десет години.
    И јас како лолипоп, можам да кажам дека целосно ми се смени погледот откако станав родител. Може и малку пред тоа веќе почнав да размислувам, откако се отселив од кај нив. Можев појасно да размислувам.
    Паметот ми го дотерале... Каков тинејџер бев, ужасен, пиев по цели ноќи, не смееја ни да ме прашаат кај одам, толку немаа авторитет врз мене, џабе им беше ќотекот. Потоа, кога добив дете се чудев како можеле да не тепаат. Како тоа кревко суштество кое излегло од тебе можеш да го удриш, да направиш да се плаши од тебе, од личноста која ја знае од самото раѓање. Кога станав родител сфатив дека не сакам и не смеам да бидам како моите родители. Никогаш. Работам и дење и ноќе на тоа да не се случи и практикувам свесно родителство.
    Да бидеме јасни, секое мавање на детето е од наша лична фрустрација, од нештото со ое ние не можеме да се справиме и на крајот доаѓа ударот, ништо друго. Детето нема ништо да научи од тоа, гледаме тука и по постовите, ем се вика безболно плескање, што е оксиморон и се гледа дека не служи за никаква цел, освен родителот да се смири. Залудни се сите правдања, изговори и објаснувања зашто се плеснало детето, едноставниот одговор е дека родителот не можел да се справи со детето и со сопствените фрустрации. Толку.
     
    На Need for Speed, Mikha4, monik55 и 32 други им се допаѓа ова.
  9. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.661
    Допаѓања:
    20.964
    Пол:
    Женски

    Ајде да одговорам и јас.

    Бев плескана по газ од страна на мајка ми, татко ми знаеше само да се развика, прст нема ставено на мене. А бев немирно и брливо дете. И инаетчија голема (уште сум таква). И не се лутам ради " ќотекот " , ќе речам ќотек, ама за мене не е ќотек плескање по газ. Не се разбирав од збор, кога ќе си зацртав нешто дека е така, можеа на глава да се наместат комотно сите, јас пак по мое ќе си истерав. Не бев разгалена, ама инаетчија бев.

    Со мајка ми сум преблиска, за се можам да и кажам. Имаме доста отворен однос. На шала често ја отвораме темата за причините за плескањето, какви глупости сум правела ко мала, ама никогаш не оставило врз мене последици. Никогаш кога ми се јавувала не сум рекла еј па шо сака сега, баш дека се јавува за важни работи и не толку често, секогаш едвај сум чекала да ми се јави. Посебно кога сме биле разделени.

    Во глобала сум задоволна од личноста во која израснав, ако има некои недостатоци тие немаат блага врска со слабото плескање по газ. Знам некогаш да се осетам анксиозна и депресивна, дали ради факс, ради дечко или друштво. Кога патев од панични напади, со мајка ми се "лечев", пред спиење зборувавме со саати на мобилен да ми ги оттргни мислите пошто патев од несоница.

    Дали би плескала јас дете?Немам дете, ама имав мачор кој мочаше константно дома, самата помисла да го удирам со весник по газ за да знае дека не треба таму да моча, ме правеше ептен тажна, ама се деси и тоа неколку пати пошто никако "не сакаше да научи" дека не треба таму да врши нужда, а месеци беа во прашање. И да, го сакав најмногу на свет, имам бегано од школо да го носам по ветереинари, не сум спиела навечер за да го пратам дали е добар. Јес да, споредбата дете/милениче е малку безвеза, ама за мене мачорот беше дете, се прашував ако милениче сакам толку, колку ли ќе си ги сакам децата во иднина.

    Си ги сакам родителите најмногу, можда сум им се лутела порано за некои работи, сега сфаќам дека давале се од себе цело време за да не извадат на убав пат и мене и брат ми.
     
    На candy.cane, Snowflake97, lilo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    116.456
    Пол:
    Женски
    Мојата наставничка од 1 до 4 одделение понекогаш многу се дереше и маваше шамари.
    Татко на еден ученик се закани дека ќе ги тужи неа и директорката.
    На наставничката ѝ рекол дека ќе среди и од центар за социјална работа да ѝ дојдат дома и дека ќе ја каже јавно и тоа во медиумите.Човекот имаше јаки врски.
    Жената после тоа стана добра небаре ангел. :rofl:
    Еден соученик стана груб кон сите,психологот откри дека поминувал низ потешкотии ради неговите разведени родители.
    Треба да мислите што правите,ќе има последици.
     
    На candy.cane, mode-kristina, Mami3 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.985
    Допаѓања:
    166.665
    Пол:
    Женски
    @RainBow морам да искоментирам дека просто не можам да верувам дека ти си била таков бунтовник. :D Јас на форумов немам посмирен лик сретнато. Ете што прават годините и посебно улогите што ги добиваме со нив. Good job growing up. (fingers)


    Кога споредувате со запад, а посебно со скандинавија, земете го во предвид функционалниот систем на целото општество. Сите статистики велат дека се најсреќни луѓе на светот со најмал левел на стрес. И тој норвежанец да живее во балкански услови, поинаку и ќе се однесува. Пошто многу сакате да споредувате не е дека во Македонија се друго е како Норвешка па ќе се чудиме зошто е само различно тоа што родителите си ги тепаат децата. (facepalm) И да, условите во кои живееме, дисфункционалноста на целиот систем од коренот, трулото општество, сиромаштијата, бедната едукација, се тоа си придонесува кон насилство од секаков вид. И не, не го спомнувам како оправдување, туку како причина за чија промена треба многу промени. А само едукација нема да смени многу во општество со константен стрес и незадоволство.

    Дека верувам на сите овде што се потепаа против ќотек дека не си ги плеснале или дека недај боже им подвикнале на децата? Дека само си ги галат со позлатени перја од паун? Не верувам. Ама дека дел од нив успева да изменаџира политички и правилно со децата да, ама тие реално немаат потреба да се докажуваат овде на секоја страница.
    Верувам дека најголем број мајки и под вакви услови во какви се наоѓаме, пак прави се што може за да не дојде до тоа. Ги читам секојдневно, се прашува, се советува, се консултира, се работи со децата. Сите се трудат.
    Другите, што поима немате од родителство, прво скок па оп.

    Мајка сум релативно кратко. Како ме обликуваше таа улога само друга мајка може да сфати. Можам да бидам и лута и гневна и нервозна, ама кога ја земам во раце, за неа сум најсмирената личност на светот, за моето бебе да не почувствува дека нешто не е во ред па да се вознемири, оти јас сум нејзиното единствено познато и најбезбедно место во универзумов. Дали ќе успевам вака и понатака? - Не знам. Знам само дека ќе дадам се од себе.

    Ах, да. Кога бев тинејџер татко ми покоен ми упати критика. Тоа беа најлошите избрани зборови што можеше да ги избере и да ми ги каже во една реченица. Ме изгоре. Сеуште посакувам да ми залепеше шамар место тоа. Мајка ми ме пафнала по гз, па еве ме без трауми и фрустрации, а не ни памтам додуша. Да, не се снашла во ситуацијата најдобро, да, нејзина фрустрација е и само нејзина грешка е.

    Коментирајте од перспектива и услови во кои се наоѓате и бидете гласни за промени таму каде треба. На форум сите сте најдобри, најсилни и најгласни. Знаеме тоа.
     
    На Mikha4, Frosty!, thelittle17 и 10 други им се допаѓа ова.
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Ни те знам ни ме интересираш. Мојата цел ми беше да им покажам колку гадно изгледа од страна. Верувам дека можат да се сменат и тие како што си се сменила и ти.
     
    На candy.cane и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    34.241
    Пол:
    Женски
    Удирањето за дисциплина може да предизвика респираторни проблеми
    Постои верување дека употребата на физичка сила им помага на родителите да ги дисциплинираат децата. Многу луѓе не само што се согласуваат со ова, туку активно го користат овој метод. На пример, резултатите од анкета од 2012-та година покажале дека 94% од родителите редовно ги удираат нивните деца. Но, науката го поби и овој мит.

    [​IMG]
    Експертите сметаат дека физичкото малтретирање може да води до многу негативни исходи, а на некои воопшто немате ни помислено. Антисоцијалното однесување, психолошките нарушувања и злоупотребата на дрога и алкохол се само неколку примери. Исто така се зголемува и ризикот од развивање рак, срцеви болести или астма. Доколку се прашувате која техника е поефективна, обидете се со разговор и комуникација.
     
  14. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    @bittersweet не бев бремена на 15 туку на 17 ипол години , и не ми беше страв да им кажам на родителите , туку не бев сигурна што сакам јас , дали сакам да го родам детето или да абортирам .

    П . С . Никогаш , ама никогаш не сум била блиска со никој од семејството . Еве и сестра ми јадела ќотек повеќе од мене , па сепак е блиска со мајка ми . Јас сум таков карактер што не можам да се поврзам со најблиските дома , но на странец можам душата да ја отворам тотално . Не е до ќотекот , до карактерот е . Не споредувајте карактер со страв поради ќотек . Не е исто .

    Инаку , ниту сум анксиозна ниту депресивна ( мислам , немам до сега воспоставено дијагноза - депресија ) иако има денови кои ме прават да се чувствувам депресивно ( на пример кога ќе помислам на некој близок кој е починат ) , и тоа го сметам за нешто нормално .
     
    На Nightwish11 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.808
    Допаѓања:
    10.921
    Пол:
    Женски
    Како може тоа да не се споредува? Колку и да ги сакаш ако те тепале може да имаш страв и да ти бидат одбивни.
     
    На ElenaOfRivendell, nextredstyle и mode-kristina им се допаѓа ова.
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    На темава имам веќе кажано што и како мислам
    Ама имам многу близок пример. Навидум ништо не му фали. Среќа се нема претворено во личност од типот И мене ме тепале па што ми фали. Длабоко во тие деца фали и тоа многу. Разликата е кој е свесен дали му фали или не му фали. Вие што го велите истото не сте свесни. И такви сфаќаш дека не можеш да им помогнеш.
    А тие кои се свесни може да имаат и некој убав однос со родителите. И сите тој родител да го мислат за одличен родител. Ама зад затворени врати само родителот и детето знаат што било.

    Е личноста за која зборам со родителот изгледаат баш така. Не се работи за некој стокхолмски синдром, само ги чека своите 5 минути. И всушност го мрази. И малку луѓе знаат дека тој родител за детски глупости си го удирал детето.
    Не е насилник денес, не е во некоја страшна депресија, не е тргнат по некој лош пат. Напротив, прекрасна личност е. Ама кога ќе си ја отвори душата, е тогаш гледаш што фали и дека последиците не се видливи.
    Ама никогаш пред родителот не си ја отворил душата, па тој родител секогаш ќе си мисли дека одгледал таква личност благодарение на шамарите и со тоа што му покажувал на детето дека не смее да згреши.
    Само он по некоја случајност се воспитал самиот што е правилно.

    Па така ќе е и кај вас што ве читаме тука. Може ќе ви израсне детето во прекрасна личност ама никогаш нема да ви се довери да ви каже како му е, па вие ќе се лажете дека сте добри родители и овде ќе солите памет ене ги, супер деца се. Или после истото тоа дете ќе стане како вас, то ест ќе вели дека и него го тепале па ништо не му фали.
    Не мора да е со модрици или да седи сам во соба без да јаде и спие за да сфатите која штета сте ја направиле. Ама ако треба некој неискусен да ви кажува како да допрете до детето, веќе џабе е да се коментира.
     
    На Mikha4, TashSefton, eliesaab и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се навраќам на темава кога излишно е
    Ама
    Секое подмаднување е за родителот да се ослободи од гневот
    Завист создава
    Убаво е чувството кога знаеш дека ќе плеснеш и нема веќе да си нервозен
    Можеме да си превртуваме колку сакаме, да си се оправдуваме дека не е страшно
    Ама има родители што рака не кренале, а се соочиле со пребесни деца
    Ако можат некои, можат сите
    Едноставно треба да си признаеме дека е момент на слабост, потфрлање во родителството и тоа е тоа
     
    На TashSefton, Anie93, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден размислував на ова баш.
    Ако мавањето не е за да го повредиш детето, туку за да го исплашиш, а всушност си постигнал само моментален ефект всушност се работи за истурање на нервоза кај родителот. И тоа пак и пак ќе се повтори.

    И да, можеби мавањето по задник додека детето има памперс нема да го повреди или тоа дете да се сеќава на тие мигови, ама дали всушност е подобро? Мене ми е уште полошо да применуваш сила само ради сопствено задоволство.
     
    На Autumn_, CameliaMiller, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И да го исплашиш значи си го повредил.
    Детето нема да се сеќава свесно, ама подсвесно ќе се сеќава.
    Пример
    После може ќе се тресе од шефот на работа и ќе се чуди од кај му иде тој необјаснив страв.
     
    На cresa-jagoda, raww, Autumn_ и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.322
    Сe', сe', ама кога родител ќе си го плесне детето зашто играло па паднало:drunk:
    Еве стварно не знам зашто...? Да научи да не паѓа :drunk:? Случајно е, на кој нема да му се случи, и дете и возрасен да се лизне и падне? Или еве малце ти е што те боли од падот, на ти уште толку да те заболи, падни следен пат да те видам.

    Некои ко да стварно очекуваат децата од 5 години да седат нога врз нога и да зборуваат за почитичката состојба во државата
     
    На M&M, edna_malecka, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.