Секој шамар ја прикажува немоќта на родителот да се справи со проблемот,најлесно е да го удриш и моментално да го смириш но што понатаму? Како тоа делува на психата на детето никој не размислува, а оние што ќе ми кажат дека ќотекот е излезен од рајот нека дојдат да им покажам како рајот боли.
еве и мене ме тепале па навистина ништо не ми фали. Освен добрите мисли и чувства спрема мајка ми. Искрено. Како со цимерка да сум живеела а не со мајка. Толку.
Еве бујрум да видиш што ти фали. Од лани се мислењава. Ама очигледно не си се сменила. Би била посурова ама да не си окркам бан.
Викате, го тепате да не тера инает, да си го знае местото. Еве вие ако терате инает, и маж ви ве истепа, во ред ќе е тоа според вас, така? За да не терате инает ве истепал човекот. Оти нели, ќотекот од рајот е излезен. Или само кога вас не ве боли е од рајот?
Понекогаш туѓите очи ги гледаат работите појасно.... Фали, самото оправдување на насилство значи дека веќе нешто фали.
Ако го удри детето, у ред е, мора да си го знае местото. Ако маж и ја удри, по 7589456 страници се испишуваат како се осеќала. А го прашува некој детето како му е? Двојни аршини ту мач?
Јас како "шлапната", "скубната" и сл, се е тоа тепана личност, можам да кажам дека тепањето и тоа како остава последици. Можеби во некој период од животот не ви значи, но тоа понижување и малтретирање останува длабоко во потствеста што подоцна се манифестира на различни начини. Еве фала Богу и јас сум изградена личност и од страна гледано ништо не ми фали. Кај мене тие трауми почнаа да се манифестираат многу подоцна, во форма на депресија и анксиозност. Со многу работа на себе ги држам под контрола. Проблемот со тој начин на воспитување е што мислиш дека тепањето е нормална работа, еден вид изразување љубов, па така доколку дечко ти те удри сметаш дека "не е страшно", дека " си заслужила" итн. Или ако некој те нападне без причина , ја бараш вината во себе, наместо да имаш здрав став дека тоа не е во ред и не е нормално. Јас бев доста темпераментно дете, но очигледно и моите не мислеле дека со разговор нешто се постигнува, земи исплескај и завршено. А јас се што сакав е нормален разговор, некој да ме разбере низ што поминувам...наскоро ќе бидам родител и не можам да замислам да удрам беспомошно дете, затоа што јас сум нервозна или не ми е денот. Ден денес ако видам дете да плаче ми навираат солзи...не можам да трпам насилство и не ми е јасно како некој може да оправдува или практикува...остава трауми кои излегуваат на површина кога-тогаш, само што на некој му е јасно од каде потекнуваат ,некој си ги поврзува со промена на времето.
да така е си ги знам мислењата ама да не се повторув одново. Ништо не ми фали де. Ама мајка ми фали. Немам јас чувства кон неа како да ми е мајка. Друго се си е ок.
И така утре тепаните синови ќе мислат дека е океј да маваат на жените ако, според нив, тие згрешат нешто или ги изнервираат. А тепаните ќерки ќе молчат за мир в куќи и ќе мислат дека е океј мажот да ѝ удри бокс бидејќи му стапнала на нерв. Кога велите "и мене ме тепале па ништо не ми е", очигледно ви е нешто кога мислите дека е океј да мавате на децата и тоа ви е најдобра мерка за да ги смирите. Наместо да го прекините синџирот и да научите од грешките на вашите родители што ве плескале, да знаете подобро од нив, вие кажувате овде како сте ги плескале (или би ги плескале) децата и дека е океј тоа. Штета што сме држава за никаде што уште е заглавена некаде во времето назад, за ова дете треба да се одземи.
А не си се запрашала дека и децата твои кога ги тепаш истото го велат како ти сега? Дека мајка им фали?
E aко не сакаш и децата тебе да те гледаат како туѓинец туку како мајка, нема да тепаш. Ете што фалело.
Пошо нели, ќотекот од рајот излегол, ќути си и трпи си, има полошо. И јас не жалам, ич. Имам роднини, си ги утепуваа децата од ќотек, едното од децата доживеа таква траума што има сега уплав од се и сешто.
Во мојата врска беше обратното. И двајцата се погодивме со ист ксмет у животов Помина тоа веќе. Беше кратко ама многу грдо.
А сакам да те прашам зошто да ти фали мајка ти? Зошто да немаш убави чувства кон нејзе кога сигурно си го имаш заслужено ќотегот? Нели според твојава логика, ти ги тепаш децата кога заслужуваат, значи и ти си заслужила и нема што да и се лутиш на мајка ти, нели ќотегот од рајот е излезен
Па така од што не ви фали ништо од тепањето, ќе идете тука да кажувате на членки да се фрлат од тераса. Да, ова ми го кажа членка во темава која си ја истепала внука ѝ за да ѝ објаснела дека качувањето на ограда од тераса е опасно. Па кога аргументите не беа на нејзина страна, секако се пренасочи кон ваков коментар. Не дека мене нешто ми менува во животов некоја психолошки нестабилна особа од форум што ќе ми рече, само ваквите многу јасно знам дека утре детето ако им западне во депресија и спомнува самоубиство нема да го сфатат сериозно и ќе му речат слободно убиј се. Па сега видете си вие до кај сте во улога на старател.
@Purplelilac за жал повеќе од луѓето депресијата ја сметаат како мрза, ништо не му е, само глуми. Кога ќе си го одземат животот се у фазон - абе добро дете беше, зошто не ни кажа? Ама ова друга тема е.