да,јас сум јадела ќотек кога на 4 години земав да мијам садови и кога на 3 години се качив на столче да бришам прозори и кога ќе истурев сок или вода. Сум јадела ќотек ако се вртам дома од играње извалкана и ако не сум донесла 5ка на тест. Па сега ти процени колку сум заслужила. Ако јас како мајка ми сум го тепала моето дете тоа досега ќе беше со прекршени коски. Зашто секој ден нешто крши секој ден е валкан пробува да мети да чисти прозори да мие чинии....
Ова е сосема банална причина за ќотек. Сите сме правеле по неколку глупости, да почнам да пишувам за моите требале моиве родители да ме прекршат од ќотек.
А твоите деца што прават за да е заслужено? Свесна си дека тука тепаат некои и за помалце од тоа што го спомна?
Па сигурно си заслужила ако велиш дека ќотегот од рајот е излезен, ова е твоја изјава, не моја. Се осеќаше ли рајски? Ти мислиш твоите деца прават работи кои ниедно друго дете не ги прави? За истите работи за кои ти ги маваш, некои родители не ги маваат, наоѓаат друг начин. И замисли кога ќе пораснат ќе си зборат вака ко ние сега и ќе раскажуваат за што си ги тепала и некои ќе им речат аман за тоа ли те тепаше мајка ти, па и јас истото го правев, рака не кренале на мене, па твоите ќе одговорат, да, затоа сега имам неубави чувства кон нејзе.
Проблемот е што мислиш дека благиот удар не е ќотек,ама е. Последиците може нема да се јават сега кај детето,ама може подоцно.Тоа си тлее во потсвеста.Лошо е ако избие на површина и поради тоа некој ќе страда. Разговорот е единствена добра опција.
кај нас дома "животниот хаос" повеќе е за во темата нефункционални семејни врски. И е многу дискутабилно. Да удриш и да истепаш има разлика исто како што има разлика да удриш и да не посегнеш по тоа. Пишав во коментарите порано дека многу деца моја генерација се воделе по принципот "ќотек како воспитна мерка" ама верувајте никому ништо не му фали. И тоа дека ако биле тепани ќе тепаат не е точно зашто знам таков пример. Во фамилијата кај маж ми две сестри (први братучеди на мм) исто ги воспитуваат децата со многу разбирање разговор и сл. Арно ама кај едната знае некогаш и ќотек да заигра,дали од нејзе или од мажот небитно а воглавно се многу смирени луѓе. За разлика од другата која не ни искарала ни па истепала. Детето кое е удрено по заслуга е постабилно знае и да каже дека јадело ќотек уште и ќе рече дека му е залужено оти не бил послушен ама дека било за негово добро оти со збор не се разбрал ако не реагирале неговите тоае направено поголема беља. Другото дете кое не е ни удрено е толку збеснато размазено и тоа има авторитет над родителите место тие над него. Сите деца од потесната фамилија не ја сакаат неа бидејќи е збесната и тоа е последица од што родителите и попуштаат и не ја воспитале .
Син ми денес ќе не запалеше,дур се свртам ја запалил плотната на шопоретот а на неа беше полнач од телефон. Си го однесов да го бањам а полначот си се топи ли топи,среќа што приметив. Сега да го удрам малце за така да не прави и рајски да се смири?
Џабе ми даваш примери. Пошо можам да ти дадам милион примери на деца никогаш не чепнати и супер воспитани. Не е до детето. До родителот е и неговата неспособност да се справи. Не може ти да се жалиш себе си пошо мајка ти те тепала, а ти кога ги тепаш твоите деца да викаш дека ќотегот од рајот е излезен. За тебе може е важно детето да е мирно пред сите, сите да речат браво за марчи како го воспитала, а уствари во превод колку е тоа дете уплашено. За тебе може е важно мислењето од другите. За мене е важна среќата на детето, не другите небитни фаци. Јас детето го оставам да биде дете, да е бесно, да ужива во детството. А ти гледај другите да речат колку е воспитано. На каква сметка бе марчи? На сметка на среќата и психичкото здравје на детето. Па ти треба да му си безбедно место на детето, кај тебе да доаѓа кога светот надвор ќе му е страшен. Тебе ти било тешко кога те тепала мајка ти и наместо да научиш лекција, ти си го продолжуваш кругот. Да се надеваме дека твоите деца ќе се попаметни и ќе го прекинат тој круг.
Сега испратив гости. Веќе никогаш нема ни да ги поканам. Прво, срам ми е од комшии. Од 2 саати, саат ипол се дереа (да, дереа) по детето и сто пати го шлапнаа. И детево не ги врти 2% - нормално, кога за се' нешто го удираат. Се качило на стол, го галело мачорот, фатило некој предмет... јас 100 пати им повторив дека е ок да ги фаќа предметите што ги фаќаше, работи што не сакам да ги фаќа пред да дојдат ги тргнав секако. Ама џабе. Дали е детево воспитано? Не, тотално е невоспитано, затоа и тргав предмети претходно, оти не разбира "не". Ама нивниве "воспитни мерки" освен што се насилни и напорни за сечии уши, детево греота е бе. Ако не па да седне со нас на маса и муабет да прави. Знаат дека немаме играчки да му дадеме, не разбирам што очекуваа да прави. Ако е детето немирно - до родителот е, до никој друг. Дерење, урлање, тепање... НЕ се воспитна мерка ни за животно, а не за човечко битие.
Како може ќотек/ удирање да се оправда на било кој начин??? Значи НЕ СМЕЕШ да удриш било кој!!!! Не се воспитува дете така, доколку мислите дека тоа е за негово добро/да разбере и сл. Обратете се на психолог. Ќе ви објаснат стручни лица како се расте дете правилно . А за дечињата што поминуваат низ тоа, посакувам само истрајност и да се чуе нивниот глас. И замолувам да не ми се реплицира на ова. Затоа што ми се гади од секој што има одбранбен став кон насилство.
Па нормално дека нема да е воспитано, овие мислат ќе го лупетаат детето и после детето нема да лупета предмети или други деца, боже. Ова не можам да го разберам како не им влага во глава, мачкава моја повеќе разбира од некои луѓе. Ти го тепаш, му редиш агресија внатре и после очекуваш само љубов да излегува од детето. Не бе реков, не знам зошто се навраќам на оваа тема, излишно е, само се нервирам. "Ќотегот од рајот е излезен" само во жална македонија ја има оваа фраза. Само ептен се надевам дека вашите деца еден ден ќе ви плеснат у фаца дека сте биле ужасни. Насилство над деца, животни и секој кој не може да се одбрани е нешто грозно. Нешто за кое професионална помош е потребна. Казниво со закон. Не знам како веќе да го кажам. Да го истепам детето и навечет мирно да легнам. Како, како, сериозно, како?
Многу се нанервирав со темава. Прочитав дека дури и внучиња плескааат некои. Морам уште еден пост да пишам. Еве имам братучеди 20год помали, често ги чувам, кога имаат некои моменти на плачење, влечење, тегнење прво си викам дека така се научени со нивните родители. Тие ми се најмногу криви за работи што сметам дека не треба да ги прават. Пример помалото од нигде никаде ме удри со играчка и што треба да земам да станам и јас да го удрам дека тоа ме удрило? И да си враќаме? Уат д фак. Нема така д аму докажам дека не треба. Еве некни кога ме удри почнав да се преправам дека плачам, дека многу ме боли и сакам да одам на лекар. Се загрижи, седна до мене ме гушна му објаснив дека не е убаво така, после цел ден си игравме без да ме удри. Само еден пример, има милион. Прекеасни се дечињата само да знаеме како, не е срамота да не знаеш. Срамота е да не побараш помош и кога не знаеш како со нив.
Ако не можеш да си се справиш со сопственото дете, или барај помош од стручно лице, или не раѓај деца. Ниту едно дете не треба, и не заслужува да биде тепано. Тргнете прво од себе, вас убаво ли ќе ви биде да ве тепа некој? Или ете, не да ве тепа многу, ама така, по некое шамарче секој ден. Ама според вашиве тези, нема да се буните, не е страшно едно удирање, ќе си знаете дека грешка сте направиле. Дека од рајот е ќотекот, нели.
Да го удриш зашто истурило вода или се вратило извалкано? Добро бе, сфаќате што е дете уствари? Јас стварно не знам како очекувате дете да се однесува. Да седи и да дебатира за односите меѓу Грција и Бугарија или да истражува околу него и едноставно да биде дете? Љубопитно, разиграно, палаво. Па и кога некоја ќе пише си го шлапнала детето зашто си заслижило ама со маж ѝ поминале низ сито и решето за да го добијат... Џабе пишувате жалопојки. И 10 години да сте се мачеле за тоа дете, гајле ни е кога очигледно сте го добиле само ради реда. Никаков изговор не е. И може стварно ќе биде помирно од ќотекот. Ама утре сѐ ќе си прави без да ве праша оти ќе е свесно дека ако не ви чини неговиот избор ќе следи ќотек. Ќе сте небитна личност за него. Go ahead. Ако тебе ништо не ти фали, зашто и ти не им ги прекршиш коските на твоите? Или сепак не е во ред м? Што е до мене, најверојатно не би имала деца. Оти не би знаела да посветам убаво квалитетно време за нив. Ама тој што решил да има, треба да знае. И како што имам право да критикувам доктор што ќе ми поебе здравје иако и самата не сум доктор, така и вас имам право да ви судам.
Напишав цел реферат и го избришав. Болна тема ми е. Само едно ќе кажам, да се свесни "родителите" што им прават на своите деца со таквото однесување и начин на "воспитување" никогаш ама баш никогаш не би ги удриле. Ама за жал не се свесни а уште пожално е што и не сакаат да се освестат...
Од родители што на времето на нивните не смееле да им писнат, ги контролирале, и во крајна линија им кревале рака, ама сепак нив ништо не им фали и не го гледаат проблемот со сето тоа во воспитување и на нови генерации - е од такви не може да се опорави општеството. Такви што не се спремни на реална (само)евалуација и ја немаат таа благородна намера да го прекинат овој циклус, не треба ни да имаат деца воопшто.
Друго што служи за оправдување е - ајде бе, ко да вие никогаш нема да удрите свое дете. Дека на некои од нас ни се десило да удриме некого, ни се десило. Еве, си кажале членки. Ама едно е да речеш - се случи и бев крив(а) и нема да се повтори, друго е низ десет страни да се контраш како убаво си му направил што си го истепал и како ништо не му фали, ене го мирно како бубаче. Па и оо пак ќе го удриш, кај смее дете да трча и да игра. Вистината? Ве мрзи, да, ве мрзи да одвоите квалитетно време со детето и малце повеќе нерви со убаво да му кажете. Удри го и си завршил работа, што ќе се мачиш. И таа цена ќе си ја плати детето после. Не ми глумете увреѓени и со повредени родителски чувства. Мене ми е повеќе гајле за чувствата на детето, вашите не се битни ама ич пошто очигледно ги немате нешто многу. И кога ќе добиеш дете ти се прилагодуваш на него, не тоа на тебе. Ти се спушташ на едно ниво на кое можеш да му покажеш како се расте и учи, а не тоа од пелени да почне да се однесува како возрасен.
А ти тоа "ништо не им фали" како го замислуваш? Или за да класифицираш дека на некој нешто му фали треба да шета без една рака или нога, друго не се важи? *** Сите зборови се излишни.Не се работи за едно мислење, туку за цел ментален склоп што се создавал со децении. Дека ние ќе им го смениме паметот на ваквите, нема, и книга да напишеме на форумов, пак нема да ја сфатат, зашто токму тоа фали - разбирање на насилството повеќе од она површното ништо не е еден шамар.
На темава тука имам пишано на долго и на широко. На крај го напишав и ова али нарочно не го ставив тука за да не се реактивира темата одма после тој голем бран идиотизам шо беше: https://socialetiquettemk.blogspot.com/2020/07/kjotekot-kako-vospitna-merka-negativni-efekti.html и ќе пишам најнакратко пак сега пошто I can't stress it enough колку лошо е. Ако детето е мало и не разбира и го удирате, ќе ви се плаши и пак нема да сфати зошто е удирано. Ако детето е поголемо и можи да ве разбери и го удирате, тогаш е целосно ваш пропуст и недостаток во комуникација зошто од удар нема да сфати зошто не треба да прај нешто. Со разговор ќе сфати. Удирање на дете е лечење на фрустрации на родител, или пак родител кој бил тепан и не научил како поинаку да воспитува. Секогаш, секогаш можи да чита и да се образува родител во развојна психологија за добро на своето дете. Не постои совршено родителство ама секогаш можи да се стремиме последиците да се минимални. Несвесно прајме грешки, океј е, навистина, ама ако учиме како да не прајме одредени грешки веќе сме на прав пат. Ама тепање во ни еден труд, истражување и книга за развојна психологија не е оправдано. И ако сте биле тепани и сега сметате дека ништо не ви фали ради тоа и сметате дека ќотек како воспитна мерка е океј ... значи имате проблем.
Аууу многу јака мајкава и татково. Во јавност смирени луѓе, глумат пред народ, а дома удри ќотек на децава. Такви лицемери немој да ги кажуваш како пример, те молам. Па и како го научиле детево ко наснимана лента да кажувало дека си заслужил ќотек и дека тоа било за негово добро немој жити мене. А овие вториве што незнаат да си постават автортитет на детето верувај не е до ќотекот. Авторитет и почит не се гради со ќотек. Со ќотек само страв или стравопочит може да добиеш коа се мали. Ама и тоа се губи како што растат децата