Ве читам многу години, но никогаш не посакав да се зачленам. Сега налетав на темата и ми се вратија многу спомени неубави. Ќотекот кај мене беше речиси секојдневен, прачки, сукала, папучи, каиши.. што се не почуствував. И не, не бев проблематично темпераментно дете (во случај некој да бара оправдувања) напротив примерно, одлично, паметно сопочит кон секому. Знам дека не беше моја вина, и тогаш знаев но немав како да се одбранам освен да созреам предвреме. Чуството на железо во носот е ужасно, болките модриците, крварења.. но срамот од другарчињата, блиските уште повеќе. И секогаш беше те родив ќе те убијам со фалење пред другите лелее каков котеќ јадеше вчера. Никому не му замерувам, само сега од гледна точка на родител се прашувам како тоа ниту еден роднина, татко ми, сосед не превзеде нешто? Барем да пријави... неее, тие си тераа мајтап дека ме исплескала мајка ми,дека сум пример дете поради неа НЕ. НЕ И НЕ. Немојте да воспитувате деца со ќотек, многу работи би им фалеле, само вие не. Не сакам ниту да ја погледнам, ми се гади од неа можеби е единствената личност што би можела да ја мразам. *докторот кому му се доверив (со модрици на мене) дека ме малтретираат и барав помош, не мрдна со прст. Ме погледна и рече секое дете добива ќотек, тие ти се родители и тие одлучуваат за тебе *ќотек имам добиено и на училиште во училишен двор но и од таму не добив помош Поентата ми е, цело време се зборува за менталитетот наш околу пример: справување со корона. Фамозен балкански менталитет. Бидете вие родители на деца кои нема да го носат тој менталитет, покажете им сигурност, разбирање, љубов НЕ насилство.
Луѓе, зарем вреди да им објаснувате на некои личности дека ќотекот не е воспитна мерка, туку насилство, а истите на кои им објаснувате упорно тврдат дека ништо не им фали? Мислам дека не вреди. Си пишав претходно дека на оваа тема нема потреба да се дискутира затоа што се знае дека е насилство и со закон забрането.
многу е до детето. Ако сака да разбере со збор ќе разбере ако не ќе си тера по негово. Мене и сестра ми исто не воспитаа па сега од сестра ми си ја чукаат главата. Е разликата е само во тепањето. Таа не е удрена ич. Јас за што треба и нетреба. А да не давам пример каква е таа а кава јас и колкава е разликата. Јас не сум рекла ништо не ми можите. Ама таа си прави што сака и им вика што ми можите.
Родителот што добива од детето вршејќи насилство врз него е едно, а детето што ќе научи од тоа родителско однесување е друго. Или ќе научи нешто и ќе го прекине ланецот на насилство, или нема да научи ништо и ќе го продолжи истото врз своите деца.
Не е до детето, не се сите исто добри родители за да знаат да се справат и без ќотег. Па зошто да си речам дека во моментот не сум добра мајка, кога можам вината да ја префрлам на детето. Полесно е друг да е крив за моите неуспеси
Се согласувам, секое дете е различно. Затоа треба различен пристап. Секое дете се разбира од збор. Само зависи како му е објаснето. За некои деца треба повеќе трпение. Очигледно не, не ве воспитале исто. Тебе те тепале да трпиш и ќутиш од страв, а неа не и поставиле никакви граници. Зошто ти било страв од твоите. За разлика од тоа, сестра ти нема ич почит кон нив, затоа што претпоставувам не разговарале со неа нормално. Наместо тоа, обично е со дерење без врска "Не, немој, да не се осмелиш!" и така натаму, без да се објасни зошто е тоа не. Тоа што не поставиле никакви граници со сестра ти, не го оправдува тоа што те тепале тебе. Ќотекот никако не може да биде воспитна мерка.
Не е до детето,туку до пристапот и начинот . И јас имам 3 деца,и сите 3 се посебна приказна. Секое си има свои карактерни особини,желби,маани... Така да пристапот ми е различен. Децата не се клонови/копии,и нормално е да се разликуваат,и треба да се разликуваат бидејќи се различни личности. Не постои универзален пристап и начин на воспитување подеднакво ефикасен кај сите 3. А и како да пристапувам исто кога различно се развиваат во сите фази на растење ,учење и созревање. Ќотекот не е од рајот излезен.
Ќотекот,можеби ќе ви реши моментален ,,проблем",пример го сфаќате детето дека пуши цигари. Ќе го истепате И ќе престане. НО,ако за секој-некој ,,проблем" воспитна мерка ви е ќотек,тогаш со гаранција ќе израснете психички нестабилна личност. И не ги обвинувам толку многу родителите во денешницата колку постарите генерации кои солат памет дека ,,ќотекот е од рајот,и нема да им фали ништо". Луѓе имаме пристап до психолози колку ви душа сака. Колку и да се чувствувате исфрустрирани немоќно во одредени ситуации со детето,дури и да не можете да отидете лично кај психолог, има електронска пошта ,побарајте совет од психолог, а голема е веројатноста дека и на друштвените мрежи ќе пронајдете и прочитате туѓи искуства/совети/решенија за ист ,,проблем"-предизвик со детето. За мене воспитувањето е ПРЕДИЗВИК а не проблем. Престанете да гледате на пречките како проблем,може ќе ви биде полесно. Барем мене лично ми помага тоа што знам дека се соочувам со предизвици како родител на три деца ,и не не сум совршена,некогаш (ќе ) потфрла,ама и тоа е ПРЕДИЗВИК кој сама сум го одбрала кога сум одлучила да ги родам и станам родител (заедно со сопругот). И не,ќотекот не е од рајот,урлање,дерење ,навреди... Сето тоа Насилство Е.
А знаеш што е најтажно од се, што и нејзе мајка и ја тепала и кажува дека и фалела мајка, а сега таа си ги тепа децата пошо тие заслужиле
Поздрав до поддржувачите на ќотекот со овој линк: https://www.crnobelo.com/zivot/rodi...mu-gi-isprakjate-na-deteto-koga-kje-go-udrite
зашто јас не гледам потреба за разлика од мајка ми. Таа не прави разлика. Изгледа очекувала цел ден да седиме на кревет. Ете не знам
Ова не е воспитување, ова се длабоки трауми и страшни последици врз психата на детето. Мислам, и по твоето може да се види во каков ''човек'' си израснала од таквото ''воспитување''. Детето не е криво ако вие не знаете да го воспитате. Детето не е криво ако го размазите до степен да не ве слуша ништо кога ќе порасне. Детето не е криво ако сте нервозни и не знаете да се справите во одредена ситуација. Детето не е криво ако во домот не ви е безбедно (ако има скали без ограда, маси од стакло, кршливи предмети на дофат, чаша со течност шлакната на мала клуб маса итн). Ќотекот во ниту еден случај не е решение, а плескањето по задник и дланки исто спаѓа во ќотек, џабе се тешите.
Леле бе зошто немаме функционални закони во државава, зошто социјална служба не функционира, да видиш како ти и маж ти што се нарекувате родители ќе останевте без деца, пошо не ги заслужувате, ау не ми се верува што прочитав
Марчи тебе да ти насликаме на платно пак нема да разбереш. Туку, да, лани првпат почнаа да постојат педофили, во 2017 се случи првото убиство, во 2016 се изјасни првиот геј на планетава. Луѓе, џабе пишувате реферати, кратки прости реченици само за некои што постираат вакви слики и веруваат во нив.
3 години сум на форумов, еднаш или два пати се имам изнервирано. Ама вакви постови како ме разбеснуваат Нека ме бришат, нека ме банираат Ама тебе жено професионална помош ти треба Мајка ти те осакатила, не ги осакатувај и ти своите деца Побарај помош од психијатар и психолог со време И ти и маж ти, двајцата заедно на лечење Не да цмиздриш како мајка тебе ти фалела А ти истото му го правиш на децата Ова само на реченица ме вознемирува, а не па да го видам. Знаејќи колку мали деца имаш. И како не можат да се одбранат кога ги тепаш. Најпријателски ти кажувам. Имате проблем со гнев на психијатар што се лечи. Гневот кон мајка ти што го имаш, не треба децата да ти го трпат. Среќни сте многу некои луѓе во државава што не функцонираат закони па курчете се над секој послаб. Да беше во држава која функционираше Ти дете немаше да чепнеш со рака, а не па две да одгледуваш Секоја неспособна после се нарекува себе си мајка. Ама не се секирај, растат деца, сфаќаат колку си била неправедна, па дај боже да ти го вратат секој шамар што му го имаш плеснато, и тоа 3 пати посилно Да викаш, тоа од мајка ми ништо не беше Зошто ми треба да ја отварам темава не знам