Со ќотек научил да јадат? Диос мио, јас па мислев авиончињата на мајка ми се претерани, требало една врела по муцка и да ми се пријаде од ма.
Ќотеκот иаκо е од ρајот јас ниκогаш не би удρила дете. Тоа сеκаκо е дете и не ги сфаќа ρаботите онаκа κаκо што ги сфаќаат возρасните. Не знам ни κаκо да го сфатам тој возρасен поединец што удиρа дете κоешто ρазмислува поинаκу од него. Навистина не ми е јасно κаκо тој "ρодител" го сфаќа ќотеκот κаκо виспитна меρκа. Мене мајκа ми и татκо ми ниκогаш ми немаат κρенато ρаκа. Ми се κаρаат за κаρање но, ниκогаш ме немаат удаρено. Ништо не се постигнува со тепање. Чудно ми е и стρашно κаκо неκои луѓе ги тепаат своите деца.. @marija305. Не ли си слушнала за таа дума? Ќотеκот е пρоизлезен од ρајот затоа што после ќотеκот сеκој си фаќа своја стρана. А следствено на тоа и детето го истепало својот ρодител или ќе го истепа во догледно вρеме. Не го κажав тоа за да не бидам надвоρ од κонтеκст на темата, да не биде моето и само моето мислење офтопиκ и да не ме избρишаат на κρај модеρатоρκите на фемина фоρумот..
@marchi-cool се гледа колку си начитана на темата психологија, сеуште мислиш дека ако некој е геј дека е болен Велиш дека тебе те тепале па ништо не ти фали, не, ти фали, но не сакаш да си признаеш или па не си свесна...
Ќотегот да бил арен, не излегувал од рајот дечки. Се што е убаво, си седи во рајот, работите што излегуваат од рајот не се баш боженствени.
Ρаботите што излегуваат од ρајот се божествени. Се што излегува од ρај или пеκол не е убаво. Убаво е да бидеш дρугаρ со своите ρодители и тие да бидат дρугаρи со своите деца но, не е сеκогаш случај !
Со авиончиња си научил да јадиш? Аматер. Дури не видам модринка, не признавам Иако немам деца, физичкото казнување го сметам за голем пропуст во воспитувањето. Настрана тоа што остава последици врз нивниот понатамошен развој, но децата несвесно ги прифаќаат постапките на родителите како нормални, бидејќи не се свесни за нивната погрешност. И резултат на сето тоа? Уште едни родители што си ги тепаат децата.
Не подржувам тепање на дете за ништо на светот. Ниту дерење со висок тон. Многу повеќе разбираат со убав збор отколку ќотек. Нити сум тепано дете, нити прст ставен на мене, нити имам кренато рака на дете. Па Еве можам гордо да се пофалам дека имам 15 годишно момче во пубертет за кој сите велат дека е превоспитан, мирен, кроток. Многу учи и беше првенец на генерација. Излегува, се дружи и нормално како дете и греши но се со разбирање и мирен муабет се решава. Децата сакаат зборување, повторување милион пати, сакаат да видат пример, а не да слушаат едно, а гледаат сосема спротивно. Што ако истепаш 2,3,4 или повеќе годишно дете. Ништо. Ќе ти излезе нервата од тебе, а ќе осакатиш психички дете кое треба всушност да го спремиш за живот кој често пати знае да е суров. Да си строг родител да, и сум строга, но не со ќотек и малтретирање психичко. Синко многу ме почитува, знае да рече Мама многу си строга, но знае дека е за негово добро и го цени тоа. Имаме преубав однос, се ни кажува и кога е во беља мене или на татко му прво ни кажува и бара совет. Пример избегале од час цел клас и веднаш кажува пред класниот да се јави. Така ќе постапуваме и со бебе. Со пример и разбирање. Што ако му ја светнеш една преку очи кога ќе го видиш со цигара ако и ти пушиш. Или на мало дете му наредиш да собере играчки и тоа контрира и одбива па ќе го натепаш, ако ти контрираш и не слушаш( било маж, родител. ..) Некогаш и ние нив треба да ги сослушаме и слеземе на нивно ниво за да бидат послушни. Но секој си има своја глава и нека мисли. Не навлегувам само ги жалам децата пораснати со ќотек.
Зависи што се подразбира под ќотек и колку е зачестено. Јас како тинејџер, направив огромна беља што можеше да има страшни последици, читај пожар, мајка ми дозна и ми залепи шамар. Не го оправдувам, но тоа беше во афект. И не и се лутам, си работел цел живот, си рмбал за на крај станот да изгори во секунда, да немаш каде да живееш. А благодарение на шамарот не ми ни текна веќе да правам такви глупости, да ми кажеше со убаво може пак ќе напраев. Рачунај тинејџер, контра се да иде, мозокот на пасење, не размислува на последици. Јас да бев родител сама на себе, немаше шамар да си мавнам, туку ќе се испратев на клупа надвор да преспијам и да размислам дали е убаво да си бездомник. Тогаш и бев лута, ама сега ја разбирам. Тегнење на уво, и тапшање по газ не го категоризирам како ќотек. Да влечам трауми од потегнување на уво, не. А верувам дека не сум единствена, повеќето се пораснати во средина, каде барем еднаш ве потегнале за уво или ве шлапнале по газот. Едноставно, не можеш да имаш толкави живци, кога некој ќе претера до тој степен, а да не изреагираш некако во афект. Ќотек за мене е редовно да те удира, со каиш, тупаници, влечење. Е тоа веќе е садизам.
Те носев 9 месеци, толку болки имав на пороѓај не е никакво оправдување за ќотек и психичко малтретирање од страна на родител или аргумент кога детето покажува непочит спрема него. *негде прочитав вака, решив тука да споделам
Ова е плодна почва за eating disorders. Али шознам јас. Ќотек заиграл сиг се е посакувано и се шо не чини не е од родителот.
Ова ми е исто како фамозното 'Јас те родив и јас ќе те отепам'. Децата не бараат да бидат родени, а родителите немаат никакво право да ги обвинуваат. И мене мајка ми ме тераше со сила да јадам како мала. Не со ќотек, но сепак со сила. Некоја нејзина пријателка и' рекла дека ќе имало време кога ќе ми рече 'Доста јадеш!' И оттогаш веќе не ме натера со сила да јадам.
моево е нејадач има 7ипол години се храни безврска и можам јас да се утепам ама него не можам да го научам да јаде. Како нему му успеало еве јас не знам (не сакам ни да знам) братучеда моја детето со друг метод го научи да јаде далеку поуспешен и безболен.
Дете е. Со сила ако му даваш се шо ќе напрајш е проблеми со исхраната во иднина. Исто тука спаѓа "Изеди се или во врат!"; "Мора да јадиш грашакот!"; "Нема неќам - мора!", Ќотек веќе е преминување линија. Едит. На второ читање си најдов лошо изразување. И овие реченици се no- no, и не треба да се применват. Ако сакаш да јади зеленчук - маскирај му го во благо. Пример тиквица во брауни леб е сон. Не се ни сеќава зеленчукот. Децата околу мене се јадат во мафин, па кога се кај мене со амин од родители им прам солени мафини со зеленчук. Сфаќам потреба да јадат нутритивна храна ама мора да се најди начин да ја уживаат. Не е изговор за да се заеби психа на дете. Скоро сите проблеми по ментално здравје идат од детски период, а форсирање на храна, форсирање строга диета ( без слатки задоволства), тепање или карање за ова е плодна почва за eating disorders во иднина. А вервај, тешко е да се живеј со пореметување во исхраната.
Не знаев дали да отворам друга тема, еве оставам на админите да го преместат мислењето доколку не одговара.. Наспроти ќотекот, дерењето викањето на висок тон на дете или пак тргање за ракав и влечење на дете од разни причини денес сѐ повеќе се промовира позитивното родителство. Тоа значи на смирен начин да се отргне дете од опасности, да се воспита и дисциплинира, но во исто време да се постават граници на однесувањето. Е сега се имам фатено себе си дека во моментот на жута минута, искрено не се контролирам и почнувам да викам на детето, да го тргнам за ракав и сл. Прашањето ми е како вие практикувате позитивно родителството? Како на дете од 2 години да му поставиш јасни граници, а притоа неговото плачење и дрецкање да се сведе на минимум? Почнав свесно да практикувам моја самоконтрола и еве како тоа изгледаше денес. Дрецкање од земја надвор на шетање (при што морав точакот да го оставам на сред улица и во раце да ја носам до дома 10 мин) цело време по пат јас ќутев, ја трпев додека се инаетеше за се и сешто, проследено со клоцање и вриштење. Не беше гладна, ниту жедна, ниту мочкана ниту какана. Во тие 10 мин со дома јас вриев од бес. Но решив да не покажувам пред неа испади на бес. Кога стигнав дома ја предадов на татко и, а јас се утепав од плачење бидејќи тој бес морав да го исфрлам некаде и некако. За да не се трауматизирам и јас и дете со забрани, плачки и сл.. и идев по газот цел ден. И знаете како тоа ми изгледаше? Дека тоа дете успеа само за еден ден да ја превземе контролата во свои раце. Јас и се потчинив нејзе. А тоа е на добар пат да стане разгалено дете. И така се си мислам дека се вртам во круг. Затоа ве молам со лични примери кажете ми како воспитувате дете на позитивен начин. Фала ви.
Има многу статии напишани за тантруми по интернет. Во моментот на тантрум игнорирај, таа губи контрола над своите емоции, немој да губиш и ти, ти си возрасната. Одговарај и смирено ама ако бара нешто не дозволувај ама тоа кажувај го смирено. После некое време ќе се смири. Нема дете кое нема тантруми на 2 годишна возраст, нормална фаза од развојот се. Тоа не значи дека после треба цел ден по газот да и одиш. Туку нормално како што сте си функционирале дотогаш. Не го гледај тоа дека ти си и се потчинила нејзе. Колку родители ова го кажуваат и не можам да го сфатам. Како може две годишно дете да те манипулира, значи две годишно дете не е способно за манипулирање. Наместо да го гледаш ко манипулација, треба да го гледаш ко нормален дел од развојот. Кога ќе го гледаш ко нормален дел од развојот нема да го сфаќаш лично, дека тебе те манипулира. Манипулација е свесно менаџирање со емоциите, а тантрумот се јавува кога детето не може да се носи со своите емоции, бура настанува и експлодира, вреска, паѓа на земја. Во тие моменти последно нешто на памет му е да те манипулира. Што повеќе исчиташ за тантруми, тоа помалку ќе се разбеснуваш. Те молам никогаш не ја тргај за ракав. Ова што ти го опишуваш буквално со секое дете е истото.
Ти благодарам за одговорот Читам, се едуцирам, но праксата си сака вежбање и вежбање и вежбање. Знам дека кај секое дете се случува истото и дека секој родител барем еднаш бил во иста ситуација, но на моменти се чувствувам толку немоќно. Тие бесови ми изгледаат тешки како планина и ми го окупираат целиот ден со прашалници.. Дали детето ќе ме мрази? Каде погрешив? Како да исправам ситуација? и сл.. Ќе гледам прво јас да научам самоконтрола, иако ќе ми треба многу време. Тој вокабулар и таа шема на воспитување ни е длабоко вкоренета од нашите родители и средината во која живееме, за жал.