Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    за ова си во право.пред некое време имавме гости и две млад мајки буквално со задоволство кажуваа која повеќе го тепа детето и едната вели можи нема да ме послуша ама барем ќе ми олесни,а како ќе и олесни појма немам.јас имам две малечки ќерка 4 години и синче 3 години некогаш од такт ме вадат ама која цел од удирање.со збор се разбираме можи ќе викнам малку повеќе ама удирање воникој случај.чудно ми е што еднаш една млада мајка се зачуди кога и реков дека ги прашувам децата што сакаат за ручек или што да им облечам нејзиниот коментар беше то мене ќе ми кажува што и како ќе биди не можи така ќе биди јас како што сакам ако не ќе јади ќотек.не знам можи не е во ред ама јас мислам дека некогаш и родителите можи малку да го послушаат детето се разбира кога треба да е така и тоа не значи дека тоа после ке е разгалено оти и тоа има за некои работи свој став и тоа е сепак човек.јас барем до сега сум немала проблем со децата а не се удрени ни од мене ни од татко им ама кога ке речиме со збор дека нешто треба така да биде така и ќе биде.јас сум за авторитет со збор а не со шамар оти за тепање се знај дека сме посилни од нив што ке ми направи дете од 3-4 години ако го удрам ама која е целта? :)
     
    На vickyy90, nenuska и anneyy им се допаѓа ова.
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Kotekot ne zabe velat e izlezen od rajot. No se do odredena granica... se soglasuvam so toa deka dete od 3-4 god ne moze da svati tuka e vekje za zabe kotekot.

    Sakav da dodadam vo posledniot post, i jas bev mnogu tepana se do moi eve 18 godini do pred godina i pol bev krvnicki tepana od tatko mi so krv na ustata puknati kapilari na liceto sinejci po teloto, po stomakot... ne znam dali ova moze da se opravda i dali nekogas ke mu prostam za se... na moi 18 godini jas imam svoj zivot i sama ke se trudam kolku mozam da postignam ama toa bolno sekavanje mi ostana samo nisto ne me nauci ..ako mislese deka ke postigne nesto. Zatoa se vrti trkaloto ke me bara sega da mu se vratam da ziveam so niv, no jas ne kako nego na ubav kulturen nacin ke mu kazam ne ..

    Na vakov odgovor nikoj ne odgovara -a vidi nesto so mu bodi oci odma komentira i napaga. .. ah be luge :)
    izvinete za off topik
     
  3. Meggy

    Meggy Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    387
    Двајца родители посвоиле 2 ќерки и ги претепале до смрт - In the name of God! Од љубов кон Бога и ќерките ова :x . Па луѓе ли се овие? Какви изопачени умови има по светов :x

    Да не бидам оф топик, јас сум против! Децата претежно прават работи што ги учат од родителите, посебно дури се помали зошто цело време го поминуваат со нив. Затоа родителите треба да внимаваат на себе оти нивните деца учат од нивните постапки, и да си го воспитаат детето добро со време за да не дојдат во ситуација да го тепаат.
    Како ќе сфати детето која му е грешката и како треба да постапи ако не му се објасни со збор туку со ќотек? Со тепање родителите ја оддалечуваат наклонетоста на детето кон нив, а имаат ли тие на кој друг да се наслонат освен на нивните родители? Какви луѓе потоа ќе станат ако нема со кого да поразговараат и од кого да побараат совет? Плус ако е цело детство растено со ќотек, тоа нема понатаму во животот да знае да ги решава проблемите на поинаков начин. Да не зборувам какви страдања, трауми и омраза остануваат потоа кај личностите кои се воспитувани со ќотек :x
    А па тие родители каква душа имаат кога повеќе сакаат да го мачат сопственото чедо, наместо да го седнат и да му кажат два збора?
    Точно дека има и потемпераментни и неразбрани деца кои колку и да ги искараш повторно ќе си тераат по свое, но тука јас би постапила со поинакви видови воспитување (пример - додека не престанеш да го правиш тоа нема да ја добиеш омилената играчка и сл.) па ќе престани и тоа како :wasntme:
     
  4. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    4.995
    НЕ за ќотек! Никако!
    Но секако дека сум за по некое воспитно шамарче!
    Треба да чувствуваат страв од родителите,децата знаат да бидат многу разгалени.
    Јас во животот сум добила еден шамар, кога не сакав да учам (се издигав од земја) таблица множење а веќе почнавме со делење, после да видите како ја пеев на час, петка имав, до ден денес ја памтам и ко од пушка ја кажувам. И сега да ви кажам ништо не ми фали, дури сум среќна и јас така би направила.
    Но ме воспитале да не терам инает, да сум послушна, и сум била, за разлика од брат ми кој е исто така воспитан но бил потемераментен, поинаетчија и добил повеќе шамарчиња. (и него ништо не му фали сега)
    Тоа многу зависи од детето какво е. Две деца од исти родители па различни се.
    Кога ќе видам некои деца да се лигаваат и родителите да плачат, ама немој мама вака ама немој така, си викам леле да е мое, треба да има страво-почит кон бе, а не јас да плачам пред него.
     
  5. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    НЕ, НЕ И НЕ!
    Ќотекот е од секаде излезен само не од рајот.
    Сосема сум против било каково малтретирање било физичко, било физичко. Страшно е што во скоро секое семејство се случува барем едно од овие, ако не и двете. Ќотекот, макар и шлаканица може да скрши некое дете, во буквална смисла особено ако е емотивно. Може да предизвика омраза и гнев но не и повеќе почит. Со правилно воспитување и сфаќање на децата нема да треба никакво малтретирање, ни воспитно ни моспитно. Ке излезе само дете со самодоверба, самопочитување и дете кое нема да живее со страв. Во спортивни детето ке се чувствува ниско, ке живее во страв и нема да се почитува... И не знам зошто некои родители сметаат дека ударот е правилна работа. Да, можеби ке го смири детето и ке го замолчи (да, го замолчил тој шамар од кажувањето на реалноста која премногу боли во очите на родителот но реалност е). Но што се случува со детето? САМО ГНЕВ и желба да се тргне од тој родител што побргу.
    СЕ само ќотек не. Точка.
     
  6. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    462
    Не сум за ќотек во никој случај посебно за деца кога се работи значи точно е дека треба да се има страв од родител,еве јас ке кажам за син ми кој има 5 год уште малку значи он е енергичен,темпераментен нон стоп прави пакости,нема газе да седне мирен е само кога спие,и маж ми го има удрено два три пати по газето али не којзнае колку силно значи онака плес и детево вика епа штом ме маваш пак ке го правам тоа не ме боли мавај пак значи се навикнуваат на тоа и нема никаква корист,додека јас ке го замолам пр да не скока по кревет бидејки ке падне,ке се скрши креветот и сл работи ама со убав тон и ке ме послуша,иако ми се има десено и да хистеришам е тогаш за инает не се смирува.Така да греота е па сите знаеме дека сме од нашите деца.Јас лично не сум удрена од моите родители никогаш па можеби и затоа не тепам :lol:
     
  7. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.721
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Може вака размислувам сега, а кога ке бидам родител поинаку, меѓутоа сметам дека ќотекот не е потребен. И дете умее да разбере ако му се објасни и му се повторува кажаното, или преку пример и дело го казниш за нешто, наместо со ќотек.
    Знам дека ако чепка во штекер, и го удриш за рачето ке прекине и нема да му текне никогаш, ама ни толку незнам дали ке имам срце да го удрам, искрено...
    Повеќе би одела на метод заслужи- па добиј, некој вид стимулација, понатака, интерактивни игри, објанувања за многу постапки и моменти, и пред се, многу посветено време, грижа и љубов, и сигурна сум дека нема шанси да невроди со плод. Ок, секогаш е можно и да не прими како што пишав, но исто така има шанси дека и ако го удрите пак нема да ја прими пораката, само што на тој начин ке се уплаши, ке го запознае удирањето- конретно тој удар па утре ке знае и да го примени, може да створите и одбивност негова према Вас, и затоа суме сумаре и немислам дека ќотекот е некое решение.
    Повеќе би за казна некоја, нема надвор играење, некоја играчка или желба, отколку ќотек.
     
  8. Antula

    Antula Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    91
    Не сум била никогаш тепана од родителите, мајка ми знаела да не плесне по газе воспитно, и само еднаш кога бев средно добив заслужен шамар од татко ми затоа што избегав од школо.Стварно беше оправдано. Сега имам близначиња кои се 5 годинки,машко и женско, раговараме,се договараме. Но во последно време толку многу се тепаат меѓу себе, да не ги оставиш сами. Си играат 5 минути 6-тата се закубале. И што е најинтересно ниеден не попушта е тогаш по една воспитна по газе. Јас сум лично прoтив удирање на децата посебно шамари, подобро малку пуфни го по газе отколку по лице или не знам какво тепање. НИКАКО не го оправдувам мавањето шамари,прво е многу понижувачко,друго боли а децата иако се мали имаат многу чувства. Некогаш се случува да те извадат од такт,нормално е,тој што вика дека во такви ситуации разгорара со детето хмммм па баш и не верувам, но пак ќе речам малку пуфнување по газето не е на одмет кога не можеш да се справиш во дадената ситуација. Сепак сме прво родители па после се друго. Денешниве деца од многу лигавење и демек некојси амерички стил на воспитување стануваат проблематични деца кои не трпат авторитет ниту во градинка,училиште па и дома.
     
  9. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.074
    НИКАКОООО,значи големо НЕ за ќотекот...никогаш не би можела да си го тепам сопственото дете...
    Имаше еден цитат:

    "Мајките не не тепаат затоа што многу сме згрешиле,не тепаат затоа што сите мајки го прават тоа"

    Постојано ми се врти ова во глава и сигурна сум дека јас нема да бидам една од тие мајки што го прават тоа.Со зборење и со разбирање се се може :)
     
  10. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    ЈАС СУМ ЗА ЌОТЕКОТ !!! МОРА ДА СЕ ПРАКТИКУВА !!!!
    НАЈСТАРА ШКОЛА Е ЌОТЕК!!!
    ЌОТЕКОТ ОД РАЈОТ ИЗЛЕГОЛ !!!
    ВАДИ КАИШОТ УДРИ ГО КОПИЛЕТО ....



    Ало...варвари сме?! :)
    Јас не сум за вас незнам.
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.262
    Допаѓања:
    4.332
    Изреката „Ќотекот излегол од рајот„ самата кажува зошто не е добро со ќотек да се воспитува.
    Ако беше ќотекот добар, тој ќе останеше во рајот. Но тој од таму излегол и си заминал засекогаш затоа што едно со друго не оди. Убавина со сила не бидува. Ќотекот пребива во пеколот. Сакате ли вашите деца домот да го доживуваат како пеколно место?

    Ако децата ги тепаат затоа што згрешиле, без разлика дали еднаш згрешиле или повториле грешка, со тоа им се става до знаење дека ако се дознало за грешката следи ќотек, ако не се дознае никому ништо - значи така ги учите да лажат и бегат од сопствените грешки, па потоа и како возрасни истите ќе ги повторуваат во друга форма. Ако децата ги тепаат затоа чисто за да се истури бесот исто така не е добро. Така воедно им давате лош пример дека и тие утре кога ќе бидат родители треба да ги тепаат своите деца. Тој ѓаволски круг мора да се прекине.

    Треба да се биде добар пример за детето, ако самите родители не се совршени, тоа не можат и немаат право ниту да го очекуваат од сопствените деца.
     
    На Biancaneve му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Biancaneve

    Biancaneve Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Се, само ќотек НЕ ! Секое дете го прифаќа тоа на различен начин и неможе секое дете да се тепа. на едно ке му влијае со тоа што утре тој пак истото ќе го направи(можеби и ненамерно) и тогаш самото си знае што го чека. има деца на кои ке им остане траума засекогаш и тие деца утре тоа ке го прават на своите деца, а има и деца кои ке добијат и психички последици од еден ќотек!!!
     
  13. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    НЕ, никако! :fubar:
    На денешницава децата се многу разгалени (иако јас не сум многу голема), знаат да бидат безобразни, непослушни, да не покажуваат почит кон родителите и постарите итн. Меѓутоа, тоа не се решава со ќотек. Треба да седнеш да разговараш со него, да го поучиш што како треба да прави и да му објасниш некои работи. За тоа сме луѓе и можеме да разговараме! Треба да се однесуваме како луѓе :!:, а не како животни, да се тепаме и уште незнам што. Родители се, треба да најдат начин како да го посоветуваат своето дете и се тоа. Со ќотеќ секој знае! Не е работата да му влепиш една шлаканица и решен проблем. Детето може да добие вечни трауми и лоши спомени (како го тепале, како му се заканувале, редовно го малтретирале...), затоа треба да се постапи на најдобар начин и со убаво да се реши проблемот. :)
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    абе ајде,,,како да не.....објасни ми те молам како ќе разговараш со дете од 2 години кое сеуште не знае ни да зборува?? Затоа фино лепо секогаш кога ќе напраи белја ке го плеснеш по рачето или обравчето да го здоболи и другпат да знае што го чека!Овде не збориме за да фанеш да го утепаш од ќотек ,туку да му удриш еден мал шамар кога ќе има потреба за тоа.
     
  15. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Неколку прашања до стите што го подржуваат ќотекот како воспитна мерка .Имав можност да одам во странство и тоа на долго време по месец дена секоја година кај татко ми тој има две деца со друга жена тие никогаш не се тепани а се нај воспитаните и мирните деца што ги знам како тие деца разбират и од една година па сега до 12 ?
    Друго дали кога ке остареме и кога нема да ги разбираме што ни велата тие да не плескат за газот и влечат за коса да ги разбереме ?
    Дали навистина плескањето по газот го одвлекува детето да го направи тоа што наумило?
    Дали родителите не се виновни што додека се мали им дават све како на пример да си играт со мобилни телефони и друѓи работи па после не разбирале ?
    Како внуками од 2 години кај нас све слуша и е послушна иако никој не ја плеска а дома иако ја плескат по иста си тера по свое ? Имам уште многу прашања ама за почеток одговорете ми на овие.
     
  16. cupcake19

    cupcake19 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Ако со збор не се разбере детето со ќотек пак ич,моите родители не ме тепале а сум била најнемирното дете на цел свет сите тоа ми го имаат кажано али никој не ме тепал откако ќе сум направела беља сум добивала казна у кош или порано у кревет ме праќале,не ми купувале ништо или не ми давале цртани и тв да гледм значи ме казнувале и карале не ме тепале, значи ако можеле моите да се справат со мене без ќотек можат сите родители!!! верувајте сум била лудо дете но сепак супер ме воспитале и мајка ми и татко ми и не не сум разгалена и не сум добивала се што сакам али сепак основните работи и повеќе од потребно секогаш ми било обезбедено, и до ден денес ако е во нивна можност и ако е разумно од моја страна одма ми е купено никогаш не сум била ко моите другарчиња да се трескам од земја да плачам да добијам ќотек па ко утешна награда да добијам играчка,не јас ако побарав нешто барав секогаш во границите на нормала и со насмевка ја добивав играчката и кога немале пари сум се разбирала од збор и јас и брат ми никогаш не не тепале не воспитале -научиле се со добро да правиме јас имам само убави спомени од детството убаво ни беше и на мене и на мојот брат.Значи јас сум против тоа никако ќотек само добри воспитни мерки !!!


    да се надоврзам и јас имам внука од 1 год и 3 месеци послушна е ма злато е и недавам никој да ја пипне можат да ја скараат да ја плеснат по газето онака полека демек ја караат колку да свати ако направи нешто лошо али така се воспитува дете со збор ако го тепаш можеш последици да му оставиш недај боже имав еден другар ко мал го тепаа и почна да дтка од страв еве до ден денес дтка и се сеќава дека го тепале и инает е за се.
    Како беше онаа народната убав збор, златни порти отвара !
     
  17. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Значи големо не за ќотекот.Некој ке рече мора малку ќотекче да му влееш страв за друг пат да не прави така.Па ако сакам да го научам детето тоа ке го направам со збор а не да изигравам страшило и да го заплашувам.Имам едни пријатели и им се чудам имаат едно синче четиригодишно нека е живо и здраво ама е препаметно.Кога ке дојде кај нас не е како други деца да пипне се да направи беља,многу добро си знае што треба а што не се заигрува само не прави никаква галама а кога ке му зборнам нешто исто како да зборам со возрасен човек.Ама многу добро се сеќавам уште од помало мајка му колку време одвојуваше на него и му посветуваше внимание колку му збореше и начинот на кој се обраќаше.Муабетот ми е со ќотекот ништо не се решава со деца треба да имаш трпение многу да им зборуваш а не пипнало ова удри го по рака пипнало она удри го по газето тоа е најлесниот начин финтата е да го научиш детето да се разбере од збор.
     
  18. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Ќе разбере, ќе разбере ;)
    Ај ти остари па твоето дете да те тепа или поблаго речено мава по гз и слично?
    Нормално е дете од 2 години да не те разбира во се, меѓутоа како што кажав големо не за ќотекот.
    Ако нешто погреши ќе му кажеш не треба вака и ќе те разбере, или некаква казна ќе му дадеш, ќе му забраниш нешто, нема да биде друг пат по негово и сл. А не со ќотек. Па уште да го здоболи :o.
    Со такво нешто детето може да се исплаши и да има последици од тоа. Како на пр: нашки речено дткање итн. Дали ти ќе го шлапнеш или ќе го тепаш детето може да се исплаши. Сепак јас си кажав свое мислење, кој ме сфатил - ме сфатил, кој не.. негов проблем ;)
    И да, секој си има право на мислење и не мора да се сложувате.
     
  19. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    ај кажи ми што дека моите кога бев мала ме удираа...значи не ме тепааа....туку ми удираа по некоја шлаканица кога сум била немирна....ниту дткам фала богу...ниту ми фали нешто ! Така да...ова не ти држи вода....што дека мајка ми е удирана од мојот дедо кога била мала...? ниту неа и фали нешто!
     
  20. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Нигде не реков дека сите што ќе бидат воспитувани на тој начин, ќе им фали нешто. Само реков дека тоа може да се случи :!: Иначе не е тоа работата да го плеснеш и да го здоболи кога можеш да постапиш на друг начин. :)