Ти битно пробуваш. Има некои што никогаш не пробуваат и мислат дека никогаш не грешат, а кој е тој што не греши.
Искрено не знам што да ти одговорам. Дали до детето или до родителот е. 14 год бев со едно дете кое е многу воспитано, мирно, емотивно, скромно, кротко... Дете кое секој родител би го посакал Со него сега веќе 15 и пол години немам никакви проблеми. Се се разбираме со поглед или збор. Од секогаш. беше мало 2 год дете, ако нешто побараше и не требаше да се купи или остани негде само ќе го стегнев за раче како знак и тоа беше се. Ќе ме послушаше, дури кога почна да зборува ќе најдеше некој изговор зошто не сака- со се премислил. Со него немав нити трантуми, ниту испади. Се правевме/правиме со претходен договор. АКО-ТОГАШ. Многу зборував, се ме слушаше, беше многу љубопитен и зборлест и на секое негово прашање ( беа околу 200-300 во денот ) редовно одговарав. Ако не знаев ќе прочитав или прашав. И искрено сум многу горда што воспитав такво дете. Нити еднаш немам кренато рака на него, нити хистерично викано. Нормално има згрешено и беља направено. Имам викано(понекогаш неосновано, нервозна на други и тука претекло), или пак за нешто навистина што требало, ми идело да го треснам или тргам за рака, но смирен тип сум, ретко избувнувам, бројам до 100,па не сум се довела во таква ситуација. А знам дека многу грдо изгледа од страна и искрено е многу понижувачки дури и за 2 годишно дете. Од друга страна ова бебе е со карактер од раѓање. Еве има 13 месеци и знае што сака и упорно со прст,плачејќи,ќемкајќи се си добива и искрено се плашам како ќе биде со неа. Се плашам да не си го уништам епитетот добра и посакувана мајка. Затоа би ти рекла во такви моменти воздржи се колку што можеш, бидејќи таквите испади понекогаш ги исполнуваат децата и мислат дека ја оствариле целта и пак се повторуваат. Не и дозволувај да те манипулира, не и изигравај слуга бидејќи децата мудро го користат тоа. Зборувај пред да одите, правете договори, стои си на зборот. Имај една линија и никогаш не дозволувај да ти ја пречекори( ова кај мене е златно правило) ,, изгради авторитет и чувај си го. Јас се уште уживам таков авторитет кај синко. Предобра, прелиберте мајка сум, секогаш спремна за акција и исполнување на желби, но се додека стои до линијата. Кога ќе ја премини сум доследна на зборот, казнувам ( одземав омилени играчки или не го носев на договореното/ сега нема излегување, кратам џепарак) и не попуштам.
ова ти се тантруми јас ги викам напад на беснило со првото дете ги доживувавме и чудно ама тоа се дешава само надвор ко ќе излеземе. Значи она да се стрелка од земја. Некој ќе рече што му прават на детето. Не ни можеш да го земеш и да се вратиш дома ни па нешто уопште да направиш. Ќотек не ни помислувај. Јас тогаш го оставав да си се "доиздрецка од земја" и си го гледав од страна. Искрено. Може некој ќе рече оваа каква мајка е го остава детето така да урла. Ама не можеш ни за ракав да го потегнеш ни за рака да го фатиш. Апсолутно ништо. Кога ќе му попомине само земи го враце и гушни го. И толку.
Идеално родителство нема, како ни идеален начин на воспитување. Во моменти на бес, биди присебна, стој до себе што смее а што не смее , што е добро а што опасно. Со тек на време и детето ке го надмине периодот а и ке научи дека со плач нема да добие тоа што сака. Сите деца кој повеќе кој помалку го поминуваат истото. Понатаму во животот доаѓаат нови поголеми предизвици, а ние мораме да бидеме присебни секогаш, дури и кога тоа изгледа невозможно, тие се сепак наши деца, а тоа што правиме е з нивно добро.
Јас не сум за ќотек.. не памтам како мала да сум била тепана од моите родители но еве сега и јас сум мајка на година ипол синче..незнам дали немам нерви но има моменти кога знае да рика за глупости и ми идат некои напади не го мавам ама викам по него или по газето ќе го чукнам.. зш знае да плаче за глупости денеа на при ер плачеше за топломер зш не му го дадов ама пред тоа го искарав зш не сакапе ништо да јаде и рикаше и му удрив по газето и се започна така .. губам некогаш контола немам нерви но неговите барања и не скушања секој ден се поголеми.. некна ме тераше со наметјата од спаваќата да испаднам да го шетам не даваше ништо да облечам ја соблеков намртката он шочна да плаче и го остацив да плаче ..именекогаш можам да го контолирам мојот бес ама има денови кога неможам и така кога ќе почне да плаче за глупости знам да му де развикам па и удрам по газот...нензам дали само мене ми се случува ама искрено нз дда се конточирам од после ми р мн жал за ако сум го удрила или викала мн ми р жал и ср сметам за лоша мајка
Не е до детето. Ништо од ова што го опишуваш не е нешто посебно или специјално. Треба да научиш да се контролираш и никогаш веќе да не го маваш. Можеш психолог да посетиш, може да ти помогне и да научиш како да го контролираш својот гнев, и да ти помогне да научиш како да се справуваш со негогите плачења.
@Nicegirl11 Не си единствена, јас скоро научив како да се справам со неговиот бес. Син ми и така си плаче за се и сешто, порано со вриштење или ќе го добиеше тоа што го сака или по газе. Сега чим почне да плаче за глупости или да урла го игнорираме, го пуштаме да се извришти, го ингорираме, и чим види нека не му идеме по кејф ќе прекине да плаче или ќе легне и сам ќе заспие. Демек лут Порано исто грешев, или ќе му се развикав а он мене уште повеќе, сега со убаво ќе го легнам кај мене на гради и ќе го милувам, со убаво и се смирува. Така научивме и двајцата да се контролираме. Пробај, е сега среќа што уште немаме поплаки од комшиите што во ниедно време почнува со неговото викање.
Не го тепам само по газето го удирам и знам да му се развикам кога плаче за глупости за нешто што сака а не треба..ама во последно време се што не добива или не се направи како он сака почнува да плаче одма
само по газето го удирам...а ова шо е? не е ќотек така? вие сте возрасна вие треба да научите да се контролирате а тоа е дете ако треба и три дена без престан нека плаче за глупости. сфатете веке еднаш секое "потчукнување" е ќотек толку е едноставно @Nicegirl11
Го тепаш. Ако кажеш нагалено "газе" не значи дека ќе го намалиш значењето. Со плачењето треба да научиш да се справуваш како што се справуваат сите родители што не ги маваат децата. Ти реков, тоа што ти го опишуваш се многу обични ситуации, ништо посебно, на сите им се случуваат. И што ако плаче поради тоа што не добил нешто? Деца се, плачат. Не треба да го заќутуваш со плескање. Тепањето е само потфрлување на родителот, ништо друго. Почни од тоа да го гледаш само нешто кое ти треба да го смениш, не детето да се менува, да не плаче. Сите деца плачат, ама не сите родители ги тепаат децата.
и јас мислам дека сум таква - како при крај со живците и не можам да поднесам рикање ама да удриш дете од година - годинаипол верувај дека ништо не си направила. Прво не знае зошто го удираш. Не прави ништо за да го удриш. Остави нека се изнадере ако немаш Трпение стави го на игнор излези надвор не го слушај ама не да го преснеш. удирањето не е тепање ама па дерењето на таа возраст не е нормално. Понатака и тоа ќе почне да ти се дере за безврска и ќе сватиш дека многу се погрешила со тоа. Ако на секое плачење му се дава се што сака понатака ќе манипулира со вас. Еве моево малово само со цигари сака да игра и со упаљач. Од маса бара да земе виљушка и нож. Ако не дозволам ќе се дрецка а како да дозволам кога тоа не е за играње. И мора да му кажам не и да оставам да рика.
@marchi-cool не оставајте цигари и упаљач на маса. Дај му кутија со штипки Сите деца сакаат штипки (сите две што јас ги знам)
Aman be....pa dete od godina dve sto moze da napravi za da go tepnes taka po malku ... ne po mnogu po gazeto...??? Ostavete gi decata da svatat sto e dobro a sto loso, drug nacin nema.
татко му ги остави на маса тоа пораснало па успеало да ги дофати. За штипки ете не ми текнало. добро.
Таквото однесување не ме вади толку од такт. Каде и да се случува тантрумот зимам дете во раце ќутам и одам право дома.. Неколку пати ќе ми се измкне од раце, ќе легне, пак зимам, носам и така у круг. Е едино шо некогаш пробувам е галам по грбче. Шшкам со устата... знам и да ја гушнам да прилепам образ со образ, дома кога ќе влеземе одма давам знак да ќутат дур не се смири. Ја седнувам кај мене и гушкам. Е сеа едино во тие моменти не секира губењето воздух и нагоните за повраќање, ама кога ќе се смири е пак истото насмеано дете. Она што да речам ме вади од кожа е што нон стоп оди по мене и бара нешто, а не знае да разбере пример еве само да ја испијам водава ќе ти дадам. Ама јас сум човек кој сам со себе си прави муабет и така се справувам ќе си подвикнам сама на себе, она ќе ме праша шо е мама,јас ќе кажам ништо мама нешто тука згреши. Мене не ме нервира детето, ме нервираат глупости. Зошто е растурено, зошто не сум стигнала ручек да направам и тоа ми ствара нервоза во се... Она сака да си играме јас имам обврски и ете ти, мислиш дека таа нешто згрешила а само е дете на кое му е досадно. Ете јас сакам само тоа да научи, да знае да почека, ништо друго.... Тантрумите ќе поминат. Исто така приметувам дека оваа состојба е сега со пандемијава односно откако повеќе сме дома. И нормално, само со мене е па и ја сум и веќе здосадена. Или кога ќе почне така да плаче, јас прашувам зошто, она плаче кажува, и јас аууу па ти затоа ли си плачелааа јас па не те разбрав и се смеам а мамо мамо ништо не разбираш... И така, си пробуваме.. Имало ситуација да сака некаде каде што не може да се помине,откако ќе и кажам 10000 пати дека не може, ја носам за да и покажам, еве ггледај мама не те лаже, ајде ако може да се помини и покажи ми мене како треба. Инаку јас не верувам дека постои апсолутно смирен човек на кој не му дошло некогаш преку глава од се. Ама има такви што супер се контролираат, ама не дека им е сеедно. Јас не би да се карам, викам, ама ќе се пикнам у соба, вц, било каде ќе се покарам сама со себе ќе си поплачам и ќе ми помине.
Се пронајдов во твојот пост, отприлика и јас сум ваква, само сега имам новороденче и уште пред 9 месеци се чувствувам како да немам контрола над ситуацијава. Јас не можам да го земам во раце, не можам да го носам, а сега и често ми е бебево во раце тоа кога се случува. Неговиве се пропратени со врисок што ти ги пара ушите, мислиш ќе експлодираат стаклата и тоа трае долго, многу долго. Сум го тестирала да го игнорирам и да чекам да му помине, не бре брате помина пола саат, 40 минути, не прекинува. Јас имам проблем што не можам на мм да му објаснам дека не треба да му се дере и инати, посебно во тие моменти, само ја влошува ситуацијата или предизвикува тантрум...посебно сега многу е осетлив, а и јас сум и кога они двајца ќе почнат да се дерат се чувствувам беспомошно, ми се плаче. 2 ипол години скоро има, стварно треба многу пазење, ново бебе има, ама мм не соработува... Инаку има тема тантруми, не е лошо дискусијава да продолжи таму...
Да, вакви лични примери ми требаа да прочитам.. Зошто теоретски сѐ е возможно и розево, но во пракса е многу тешко. И да, во право си.. Кога јас сум со 300 обврски во главата што и како треба тој ден да направам. Или пак сум гладна, жедна или ми се оди во вц, а детето не те остава раат.. Тогаш тој е тригер момент што несвесно те тера да се испразниш врз детето, а уствари детето не е причинителот, туку само колатерална штета. Штом тоа го приметив кај мене, без разлика на се гледам и моите потреби да се задоволени за да можам целосно да му се посветам на детето. Се друго може да почека...
Да, ама јас тоа го сметав дека е себично, дека дете си бара внимание и дека е лошо да го одбијам, за игра, не легнував да спијам ако она е будна иако имав помош.. и уште викам дека светот може да ми се преврти на глава ама јас можам и морам... Мислев дека е лошо ако кажам ај оди кај тато а јас само седам дека сум лоша мајка и така у круг... Сега почнувам полека да се освестувам...