Ќотекот како воспитна мерка

Дискусија во 'Дете' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

  1. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Ако имаш најдено начин за справување кажи го жити се јас стварно незнам како да се справам.

    Како да не му викнам кога само шо ке види кабел одма оди го трга, огледалото во ходник го влечи со сета сила можи скраја да е на глава да му падни и сл др глупости. Значи во тие моменти ко ке сетам дека следи опасност неможам смирено да реагирам. Ми е страв бе луге, а тој со зборање не разбира туку упорно си вели не не и пак истото го праи. Ако го земам да го тргнам се витка и легнува на земја, рика на цел глас и пак оди истото го праи. Ако има некој др дома му го давам ке се залажи ама ко ке сме сами неможам на сите страни да се растргнам. Ете и јас не оправдувам ќотек и викање, во тие жути минути ми се има десено да го плеснам по раче, па ако ме верувате цел ден ми е тешко после тоа и обавезно плачам, па следуваат истите прашања дали сум добра мајка? Како ке му влијае сето тоа? Баш исто како шо пишала членката од збор до збор.
    Само контрола да ама ете некогаш стварно вади од кожа.. :worried:
    Ете велите дека постојат мајки шо НИКОГАШ не повишиле тон на дете или не го удриле, кажете како?? Дали др ви ги чува или шо е кажете? Ние знаеме дека сето ова е погрешно, затоа бараме совет како да се справиме во тој момент на излив на бес.
     
    На srekice и PeachGirl им се допаѓа ова.
  2. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Нека рика, 10 пати ќе легне, 10 пати ќе го земеш и тргнеш, се додека не видиш дека се смирил.
    Додека му трае бесот а го пуштиш нормално пак ќе иде да го прави истото.
    Еве мојава такви напади има и за коса миење, ми бега од када, е прееска и викам ај ти гушни ме мама ќе те мие, бев цела мокра, ама дете се смири а јас не и ни подвикнав. Не попуштив, бидна тоа што мора, без нервози од двете страни.
    Колку сакаме да функционираме посовршено толку е потешко.
    И знам дека вака звучи лесно, а не е, знам колку обврски се има, ама со нервоза само губиме време.
    Боље ќе седнам со неа 10мин да се смири, него да се расправаме и караме.
    Пиши ми лп ако сакаш муабет. И мојата е бесна и бељаџика ама некако се снаоѓаме...
     
    На Nevenche26, cresa-jagoda, tambelina и 5 други им се допаѓа ова.
  3. flower55555

    flower55555 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2017
    Пораки:
    2.689
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Еве да се надоврзам со пример од прееска. Одиме кај дете од 5 години, ниту една играчка не му даде на син ми. За шо и да се фатеше одеше му ја грабаше од раце и велеше моја е јас прва си ја зедов. Оди кај мајка и да ја крени во раце и и вели ништо не му давај. Мајкава лабава, мува не ја лази. После оди баба и ја штипи, ја мава, ја куби и мајка и вели не бе срце така и скроз ја игнорира. Значи детево мисли цел свет е нејзин, за граници незнае. Никогаш нит тепана, нит скарана. Никој несмее ништо да и преречи одма контрира, јас и велам како ке одиш на школо ако незнаеш да делиш, таа ми враќа ти ли ќе ми кажиш.

    Како да поставиш граници и да воспитуваш правилно? Со ќотек и карање не бива, со попуштање и галење и тоа не бива. Која е средината којзнае, или па зависи до карактерот на детето :?:
    Мада за да го изведиш на прав пат треба да му кажиш шо е правилно, а шо не, е сега дали ке разбери од збор е прашање...
     
    На christinnn, PeachGirl, K7M10J и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Направи ги некои места во станот побезбедни за дете.
    Да го допазиш не можеш ако многу места што сака да ги чепне се небезбедни.
    Ако е огледалото проблем, или тргни го скрос ило стави го погоре кај што не може да го дофати или помало огледало стави или зацврстете го посилно.
    Нормално е да сакаат да истражуваат наоколу.
     
    На Nevenche26, cresa-jagoda, K7M10J и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Ни јас не сум за делење играчки ако детето не сака да дели.
    Не знам зошто очекуваме да мораат да делат. Јас мобилниот не го делам со никого, на детето играчките му се исто вредни како мене мобилниот.
    Опциите не се ќотег или попуштање.
    Ако не се разбира од збор значи погрешно се изразувам, треба да најдам друг начин да му го кажам тоа.
    Пример сака нешто, ти му велиш Не, тоа почнува да вреска, да паѓа на земја и некои родители се разлутуваат уште толку, им се дерат на децата, им објаснуваат ко на возрасен очекувајќи да сфати детето. Едноставно кажуваш Не, ако праша Зошто, даваш кратко објаснување со смирен тон и не потпаѓаш на неговите врескања. Тантрумите буквално кај сите деца завршуваат исто. Бура од емоции па се смирува ко ништо да не било. Не треба да се сфаќа ко нешто пресериозно па борби со детето да му докажеш
     
    Последна измена: 6 октомври 2020
    На bittersweet, drugarka, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.824
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со постот погоре, треба да е просторот безбеден за дете, сосема нормално е да сака да чепка и да истражува, помали па немаат ни самоконтрола развиено, едноставно мора да фати. Затоа се трга што е небзебедно, за да не мора само да викаш не, и ти се нервираш и викаш само по детето, нема ефект за никој така. И да го истепаш пак ќе оди и истото ќе го прави.
    @PeachGirl јас практикувам позитивно и свесно родителство од сам старт. За да можеш смирено да реагираш мораш и да си свесна и присутна во ситуацијата, да размислиш како ќе изреагираш пред да изреагираш. Тоа се вежба. Инаку да, ако не ти се подмирени твоите потреби повеќе ти доаѓа да викнеш и да немаш контрола над ситуацијата. Јас кога ќе осетам дека сум при крај подобро ми е да пуштам цртани да погледа додека испијам кафе на пример, потоа сум посмирена и имам далеку поголемо разбирање и трпение. Онака се осеќаш како да ќе прегориш и се е некако капак.
     
    На Nevenche26, cresa-jagoda, flower55555 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
  8. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.010
    Денес поголемата како лимон ме исцеди.
    Главата ми пулсира од нерва.Беба рано се разбуди и ја разбуди и неа,па резултата ни сакаше да јади ни игра..
    Ајде ги извадив надвор,со надеж ќе смири,полошо беше.
    Баба и во двор суфлира како треба,таа уште толку вришти,додека јас броев до 100 па до 200 таа доби генијална идеа за да се смири,да ја наплескам по газе:!:
    Секој пат кога ќе правела така да сум ја удрела.
    Ај и викам и тебе да те удриме кога не правиш како што ние сакаме..е невоспитана сум била:wasntme:
    Да ме тепале немало да зборуууувам така:worried:
     
    На Oneo, Nevenche26, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Секако дека постапката негова е за осуда, ама што е со мајката тука? Не можела да му каже на детето и да му објасни, ко шо прочитав не е баш мало.
    Што прават у случајов двајцата, едниот тепа, а другиот ќутејки го оправдува однесувањето на детето.
    Јас нема да ја удрам, ама може да плаче до сабајле еј сакала она таму да седи, уште па у туѓа куќа.
    Му дала пример на детето дека може што сака да прави...
    А реално е голем проблем.
    И пак уште еднаш, никако ама никако не ја оправдувам постапката на таткото.
    Можел само едноставно да станат и да си заминат.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda и mode-kristina им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Дај боже мајката и ќерката никогаш да не се вратат кај овој кретен неспособен кој се нарекува родител.
    И дај боже сликата негова да ја видат сите жени во државава за никоја да не помисли со ваков гаден лик да се гледа.
    Стока гнасна.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.093
    Пол:
    Женски
    Не дека не си во право, ама затоа овие работи се учат од мала возраст, секако без ќотек.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Точно така, затоа викам тука кикснале двата родители.
     
    На candy.cane и mode-kristina им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Премногу сте строги кон децата.
    И како гости и како домаќини.
    Нормално дека нема да му дозволиш на дете да беснее во туѓ дом.
    Ама овој народ живее за тоа што ќе речат другите.
    Леле колку ти е воспитано детето, браво.
    Остајте ги децата да се деца и олабајте малку.
     
    На Nevenche26, drugarka, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Па на 11 години, кога веќе имаат некои и добиено, излагаат у град бркаат дечковци, знаат за тик ток, инста, тверкање и чуда.. не мислам дека е строго ако мислиш дека не му доликува така да плаче.
    Башка што оние деца на таа возраст што јас ги познавам не ни сакаат да седат со родителите туку посебно, оти им се досадни нормално, а и нема потреба да седат со нив.
    Деца се за со деца а не ко попчиња да седнат на трпеза.
    Иначе стрикно за овој пример зборам.
     
    На cresa-jagoda, marchi-cool, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Децата не се воспитуваат на 11 години. Ако на 11 години има некакво проблематично однесување, тогаш си ја утнал работата многу порано.
    И не треба детето да го казнуваш со шамари заради твои утки во воспитување.
    Особено па кога родител вели Многу е разгалено детето, како овој во статијава, одма ми е јасно дека се работи за неспособен кретен.
     
    На Nevenche26, candy.cane, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.479
    Допаѓања:
    22.813
    Пол:
    Женски
    Па тоа и го реков...
    Кикснале некаде двајцата..
    Овој " татко" е од оние лези лебу да те јадам изгледа, за дете уморен бла бла, а за по гости не е...
     
    На mal.ecka, zuto и mode-kristina им се допаѓа ова.
  17. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.549
    @mode-kristina ако ќерката и мајката заминале од дома поради еден заслужен шамар на ќерката, можеш да замислеш шо мајка и ќерка ќе беа, колко лигава е била. На 11 год е веќе у пубертет, ако сега така се понаша шо ќе биде на 18 или на 21. А шо мајка ќе беше па да не и каже на ќерката два три збора за понашајот?

    бев сведок на една случка, на куќна слава, жената македонка мажена за германец и си правиме муабет а девојчето бесно и лигаво дојде кај таткото му се дере и нешто почна да го тегле, човекот ја опомени двапати за на крајот ќерката да го залепи шлаканица ( тогаш 7-8 години беше) човекот се засрами прсти му се познаваа на образот, и ко и сврте он на нејзе така една шлаканица, косата и ја растури дури и почна да плаче. Мајката веднаш истрча зошто зошто. И кажа човекот зошто, и гостите шо беа го подржааа човекот и и кажаа на мајката дека бил многу нежен, нивните деца да направеле така салам ќотек ќе добиеле. Така да јас не верувам дека некој родител го тепа детето без причина, сигурно е заслужено. Не секое дете е исто и секој родител ги има истите нерви. Влијаат мн фактори и нема ништо страшно ако детето се наплеска по газот. Старите велат газот нема душа и ќотекот е излезен од рајот.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Велам јас, не заслужува секој неспособен да биде родител.
    Си имаш напишано на профил Денот кога се збогатив кога станав мајка.
    Не ти е срам толку лицемерна да си?
     
    Последна измена: 19 октомври 2020
    На bittersweet, raww, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Lifelive

    Lifelive Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Како тоа се заслужува шамар?

    Се можам да разберам на овој свет, секакви болести има и имам разбрање за се тоа ама за било какво малтретирање (психичко, физичко) на СВОЕ ДЕТЕ не можам да разберам.

    Толку ли не ве боли срце кога тоа му го правите на свое дете?
     
    Последна измена: 19 октомври 2020
    На Nevenche26, candy.cane, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    И после вакви родители ќе ти викаат мајките се осудувани, не знаете колку се жртвуваме за децата.
    Плесни го, заќути го, и прависе херој на интернет
     
    На Nevenche26 и mode-kristina им се допаѓа ова.