Во брзање (како и секогаш) згрешив и пишав сопствено па го променив во свое јер е поприкладно, за дете збориме, не за предмет. Инаку, такви се јер не знаат поинаку. Така биле израснати и така мислат дека е правилно. Мене устата пена ми фати од зборење што се вели.. Пример кога пробував да се убедувам со мајка ми. На крај заклучив, таква е што да и правам ако досега не научила нема јас допрва да ја учам.. Ама ај ќе речеш мајките, бабите од друго време се. Јас имам простено и минатото го оставив таму кај што е-минато. Запрепастена сум денес кога се е напреднато, млади девојки такви размислувања да имаат..
Не постои причина за тепање. Ако тебе не е страшно да се удри по задникот, за мене е насилство. Девојче на 7-8 не е баш мало, исто како што и на 11 што не е. Заслужен шамар не постои. Како треба да се однесуваш се учи уште од мали нозе, а не на 7- 8. И да, ќотекот не е решение (освен за самоодбрана). Во случајот што го објави ти, но и во тој што го објавив јас, родителите кикснале некаде за ваков да биде исходот. Ако мислиш дека има заслужен ќотек и дека треба да се применува, мисли си, нема нас да не' боли, туку твоето дете. Но, моето мислење не можеш да го смениш. Да, стојам на ставот дека со разговор се решава се'. Затоа при толку книги, интернет, психологија и што ли уште не, ќе се едуцираш, ако нешто не знаеш, ќе прашаш.
Аман, шо претерувате толку? Вашите можеби со перо ве мазниле? @Mantub ти се молам, лицемерна Убаво си пише одоздола се збогатив кога станав мајка. Тоа што сум мајка не значи дека сум совршена. Плус никаде не пишав дека тепам а тоа шо некој плеснал по газот два трипати, шлаканица или уше истегнал е дааааалеку од психичко или физичко малтретирање. Вистинско малтретирање е кога секојдневно се тепа некој ( у оваа тема и случај дете) со или без причиња. Има тепање и тепање, напрајте разлика малку. Обично вие “совршените” сте тепани од родител, баби дефовци, браќа сестри. Можеби од дечко сте удрени или сопруг. Ако Е така, сега напрајте разлика од шлаканица и ќотек. А можеби и не сте!! Од кај знам?!
Браво, оти мажот е германец па пола му се прашта. Куку, среќа навистина... Болдот не е ќотек, у никој случај. Сепак ќотекот од рајот излегол, така рекле старите.... Стварно темава ми причинува мигрена, и не знам зошто се навраќам кога еднаш пишав мислење. Да не ми треба ќотек случајно?
Како мислиш кикснале некаде родителите? Ти не си удрена од твоите родители воопшто? Ако си удрена значи и твоите кикснале- значи и твоите грешка те воспитале, и сега си сеуште невоспитана! Ако не те удриле никогаш а те воспитале тогаш дај да седнаме со нив да кажат како те воспитале!! Тешко да се каже на вакви теми видтината посебно кога толкува некој шо нема појма од родителство. Прашај ги твоите дали дали има совршен родител?
Далеку си од совршена. Мајка што не смета дека мавање по газ, шлаканици и тегнење уши е психичко и физичко малтретирање за мене не е ни добра, а не пак совршена мајка. Можеш себе си да се тешиш дека си иста мајка ко сите други пошо сигурно сите тепаат. Ама не тепаат сите. Има многу што никогаш рака не кренале. Само ти можеш да се тешиш со тоа. Децата нема да можат да се утешат. Што ти е гајле дали ќе се мачат со трауми цел живот, битно ти уживај си.
И вака за секоја грешка во животов си се тешите? Нема совршен родител/(додај по желба)... Ако е така ни совршено дете нема, значи нема потреба да мавате кога ви кинело живци
Големата ти е уплашена, не воспитана. И малото допрва го следува ако не се свестиш. Само не биди толку самоуверена, доволно е да примети учителка, комшивка да слушне, или некоја таква ситуација, па да те посетат германските социјални служби па нив објаснувај им го пештерскиов менталитет дека плескање по газ, шлаканици и тегнење уши е далеку од малтретирање.
А ти што мислиш приказнава за едни луѓе кај што присуствувавме на куќна слава, за кој луѓе е, ај погоди од 3 пати
Чекај, знаеме дека повеќето "нашинци" се меришаат само со македенци кога идат во странција, јер македонско си е македонско. Ама гледаш, некој е rogue, мажен со германец. Кои се супериорна раса и нели, кога тие шлапаат парвилно е, во ред, не е за осуда, просто им се простува јер се германци.
Многу ми се свиѓа овој супериорен поглед дека родителите не можат да кикснат и да грешат.А не е проблемот толку во грешката, туку што грешките се повторуваат и повторуваат.
Ако нема совршен родител, зашто од децата очекувате да бидат совршени то ест да бидат мирни и да слушаат СЀ што ќе им кажете, па ги мавате ако не е така? Ако дете заслужило, и вие заслужувате едно ќотеЧЕ. Некогаш очекувате децата да се однесуваат како возрасен, а вас да ви се прифаќаат грешки ко да сте вие децата. Е мало морген.
Никој не е совршен, фала Богу. Ни родител, ни дете. Прво, од каде знаеш дека јас не се разбирам од родителство? Деца имам чувано и знам кои методи функционираат. Да, моите ме удриле, ама виделе дека нема никаков ефект. Всушност има, ама знаеш каков. ДЕПРЕСИЈА И АНКСИОЗНОСТ. Имам напишано неколку страници наназад. Сега самите тие се строго против какво било удирање. Моите братучеди никогаш не биле удрени, па не се ни р од разгалени. И да, родителите многу згрешиле, затоа што сигурно се' дозволувале порано, наместо да и' дозволуваат се'. Културните навики и доброто однесување се учат уште од мали нозе. Не планирам да се расправам, затоа ако мислиш дека си во право, продолжи, ама те молам веќе не ме цитирај повеќе, затоа што со јас си стојам на тој став.
Морам да се изјаснам на темава, а вие сфатете како сакате. Еве конкретно јас точно памтам кога сум јадела ќотек како мала (до 12-13години) и зошто. Дали затоашто место во 4 частот јас ќе бев дома во 4 и 10 и ќе добиев дерење или шамар, или не ќе знаев да решам задача математика или физика и ќе го добиев истото, или мајка ми ќе ме стиснеше со нокти за да молчам и ќе ми пуштеше крв или сум паднала па ќе се дереше или ќе ме удреше и така... Ама уште тога си ветив дека кога ќе зависат од мене, кога ќе се и тие стари и ќе разбираат исто колку дете ќе си го добијат истото што и јас го дибивав. Ни помалку ни повеќе и ќе ми биде исто толку грижа како ќе се осеќаат колку и нив што им било. Како мала не можев да им враќам ама ќе дојде време кога не ќе можат тие. Ако сакате и вашите вака да ви мислат, можда не сите ама поголемиот дел, дисциплинирајте со ќотек. Можда ќе ме мислите монструм, ама таква ме направиле и не, не јадев многу ќотек, ретко беше ама секое го памтам.