Јас совршено те разбирам на што алудираш и си во право. Но, да спорам некоја мајка дека не е добра мајка, затоа што понекогаш се послужила со лесни мерки за воспитување (потенцирам тегнење уши и тапшање по газ) , нема. Јас лично имав трауми од улица, со еден насилник што ме удираше силно и ми беше страв да излезам од дома. Ама трауми од мајка ми, не. Освен што ми има влепено шамар за пожарот што го предизвикав, никогаш ме нема удрено по лице, глава. Да и се лутам за шамарот, немам намера, мислам треба да си ненормален да останеш присебен на таква ситуација.
За жал на овие тепачиве контра аргумент кој им го поткрепува нивниот став е секогаш пример за разгалено дете. А дете не е разгалено од што не е тепано туку од што никој не му посветил внимание да му објаснува и укажува. и уствари чива грешка е ова? Значи постои и средина. Немора да биде едната крајност: ќотекот, или другата крајност: разгалување и допуштање се. Значи драги бранители на ќотекот, постојат милион нијанси измеѓу. Пробајте пронајдете некоја. Немора да ги гледате само крајностите
И јас го велам истото. Кај примерот со Германецот, а и кај мојот напишав дека родителите некаде згрешиле и добив реплика 'КАКО ТОА РОДИТЕЛИТЕ КИКСНАЛЕ? Твоите родители со перо да не те мазнеле?'. Според нив ние не се разбираме во родителство, а штом е така, тогаш не вреди да се мачиме да објаснуваме.
не,од кого ќе научи. Пишав мајка му ни ја искарала ни ја удрила а камоли да дозволи такво работи пред неа. и јас тоа го прашувам. Не знам може нема да удрам ама би повишила тон и тоа како. (Не во смисла да се издавам)
Старите викаат: дете дома се воспитува, а не надвор. Јас со мм пред народ не се расправам, како пример кажувам. Ако детето нешто згреши/направи после тоа дома се зборува за нештото. Не пред надворешни луѓе. Се раскажува во вид на приказна за помали. Мене ми е тотално невкусно да се карам пред некого и истото го почитувам и со детето.
На шо личи ова? Некој ќе плаче за деца некој ќе ги убива! Spoiler: . https://kanal5.com.mk/majka-od-pekolot-do-smrt-ja-pretepala-svojata-chetirigodishna-kjerkichka/a446757 Spoiler: . https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3810312965675295&id=247596241947003 Оваа го утепала до смрт.. А оваа свесно у река го треснала! Која од која побудала!
Кога велам дека има многу луѓе кои не заслужуваат да бидат родители, добивам коментари „Која си ти да кажуваш дали да имаме или да немаме деца?“, „Твоите зарем никогаш не те удриле?“ и др. Јас сум против секаков удар затоа што насилството раѓа насилство, нели? Многу е лесно да го удриш, навредиш и многу други лоши работи да му направиш, ама посвети му внимание, разговарај со него, остави го да си игра... Затоа викаат „Најкусиот пат не е најдобар.“ Овие монструми го заслужуваат најлошото, не би ги нарекла мајки. Седум до десет години затвор е премногу мала казна за вакво монструозно дело.
https://deca.mk/shkotska-go-proglas...O_Mj5pj50QNY-ikomzFANitaU044VQSGWf1oUVE4k-EPo Во нормален свет почнаа и кривични за делово “истурање лични фрустрации врз послаб од себе”. Имаат време македонскиве тепачи додека дојде до тоа дувло децата нивни ќе имаат деца како нив исти копии кои утре ќе го истепаат вашето дете и ќе му нанесат видлива можеби и смртна повреда. Од такви патиме не заборавајте. Од тупи глави кои го кочат цел развој на општеството, а шетаат уште со кал под нокти. Простотилок е описот во мојот речник. И ова не е навреда туку детален опис на група на луѓе за жал мнозинство. Тие истите вадат клинови, им бајат на децата од влакна, ги хранат на еден месец со мед и лимон, ги седнуваат на три месеци. Тие се канцер на секое општество.
Прееска: Излегов да прошетам низ маало и пред мене гледам мајка со две деца и едново нешто го караше и само во еден момент го фаќа девојчето за рака, го влече накај себе и силно ја оттурнува и и вика пи*ка ти материна,. Девојчево стои во место, се тресе и плаче. Мајкава трга напред и само се врти и и' се издра доаѓаш или не? Девојчево иде накај неа, оваа пак ја фаќа за раката и ја потегнува. Инаку девојчето немаше повеќе од 9 години. И така...шо да ви кажам.
Ги гледав на Јутуб мајкиве од Мексико и ми беа интересни бидејќи можеа да те насмеат, па и да научиш нешто како на пример, мексикански сленгови, не само малку шпански. Ми беа интересни се` додека не го видов ова видео: Уште втор и трет дел има на ова. Дека има некои и на форумот што ги поддржуваат, ама и без таа „чанкла“ (или какво друго било удирање) може да се дисциплинира дете.
Леле мори мајко, кај отворив, се стресов. Секогаш ме потресуваат вакви случки. Интересно е што ако споделам на фб нема никакви реакции од пријатели. На игнор е видеото/ веста. Се гледа до кај сме со менталитетот. Ништа нисам видео ништа нисам чуо
За жал, кај нас ќотекот е вообичаена работа. Истражував во кои земји физичките казни се забранети и видов дека меѓу нив е и Македонија и тоа не е од сега забранет, туку уште од 2013. Сега дали е тоа вистина или не, не знам, ама дека кај нас законите се само на хартија, знам. Тоа дека кај нас ќотекот е забранет уште од 2013 го најдов овде: https://brilliantmaps.com/corporal-punishment/
Се грозам од луѓе кои удирање на возрасна особа го карактеризираат како насилство, а удирање на дете како воспитување.
Што ако е забранет? Такви се луѓето да кога ќе видат дека некој родител го млати детето, само се вртат на друга страна зошто "тоа не е нивна работа, така треба инаку невоспитано ќе биде". Сеуште кај нас се мисли дека ќотекот е единствен начин на воспитување. Децата не се разбирале од збор. Што им фалело на нив, нивните секој ден ги тепале. И ќе ти кажам една работа, јас ја гледав работата на социјалните служби и воопшто не е добра. Еве случај: Мажот ја истепал жената, со рани и модрици, ги истепал децата, без видливи последици (зошто траумите не се рачунаат). Полицијата? Ништо Социјални служби? Жената поднела за развод, а беше пролет. И викаат "ај бе млади сте, гушнете се и прошетајте ги децава во парк".