Миличка те читав и претходно дека имаш проблеми дома, ама не мислев дека е до толку сериозно.Претпоставувам дека сè ова било кога си била помала и веќе престанало.Доколку сè уште трае почни да бараш работа и станче под кирија.Никој, ама баш никој не смее така да ти го уништува животот.За сè што и да ти треба пиши ми ЛП ќе се обидам да ти помогнам колку можам.
@edna_malecka Не ја прифаќај состојбата, туку обиди се да ја промениш! Тоа е мојот совет за тебе. Колку што разбрав во минатото и татко ти бил таков, но по извесна случка се променил и никогаш повеќе не кренал рака на тебе. Како тој реагира кога мајка ти ти го прави сето тоа? Молчи, те брани или и дава поддршка? Би рекла дека решението за вашиот проблем е токму тој. Како нејзин сопруг, пријател и некој кој што и е најблизок треба да се обиде да разговара со неа и да ја убеди да побара соодветна психијатриска/психолошка помош. Да ја натера да прифати дека има проблем и да и помогне да го реши. Јас сум сигурна дека ниту таа не е среќна во оваа состојба. За да си помогнете себеси, треба прво да и помогнете нејзе. Ти разговарај отворено со татко ти, а потоа тој со нејзе. Се надевам и навистина посакувам да најдете решение кое ќе е најдобро за сите. ❤
Поздрав до поддржувачите на ќотекот со статијата: https://deca.mk/na-lugeto-shto-gi-ptsujat-i-gi-tepaat-svoite-detsa-manijatsi-nema-opravduvane/ И да, нема оправдување за вашите (не)дела, ама баш никакво. Кажав и повторно ќе кажам дека не постои нешто што се вика 'малку ќотек'. И плескањето по задник и по раче е насилство. Тоа дека 'задникот нема душа' паѓа во вода. Самата изрека 'Ќотекот од рајот излегол' кажува дека не е добар. Да бил добар, би останал во рајот. Јас така го сфаќам ова. Старите рекле и да не правиме нешто што не сакаме нам да ни биде направено, а и дека најкраткиот пат не е најдобар.
Поддршка девојче. Мајка ти искрено личи на личност на која и е потребна психијатриска помош. Не може без дијагноза она да го правиш на дете. Тебе ти посакувам да одиш по зацртаната цел, да се тргнеш од таму и да бидеш среќна. Вистински многу многу среќна. А верувам дека ќе бидеш.
https://www.facebook.com/centarVISEodzivota/videos/1144589966010909/ Еве едно видео. На почеток мислев дека девојчето што раскажува за својата окрутна мајка на крај ќе рече дека имала лоша мајка а уствари на крај се заблагодарува што била тепана и строго одгледувана. Ме интересира баш ваше мислење
наназад имам зборено на оваа тема давано примери и уште толку читано на темава. Ама за цитираново никогаш не можам да замислам како мајка може со толку гордост и љубов да кажува на дете дека ќе јаде ќотек. Можам да "разберам" во нервоза во ситуација каде нема што друго па ете се случило мајка да удри дете ама да тепаш бе? И уште видео да кажуваш дека детето ќе јаде ќотек? Не знам,и јас сум немала сјаен живот и на мајка ми се некој и беше крив секогаш само таа се слушаше во семејството ако таа рече не може и секогаш беше не може безразлика што не е во право. Права госпоѓа. Исто и јас ќотек зошто пенџер сум зела да бришам (на 4 год) зошто тањир да мијам башка што сум скршила нешто па сервисот сум и го растурила на тој начин па мавај со што ќе стаса. Чкртнато на маса.... Скраја да е. Имаше прсти да ми скрши. Тогаш мислев во право е сега кога сум со деца мене паркетиве на земја секоја коцка ми е со фломастер избоена вратите со креди испишани масите со темперни избоени. И така стои цел ден. Не ми е мене срам ако е нечисто, на крајот од денот ќе средам фала богу за што Господ дал раце. Срам е кога некаде децата ќе ми појдат па од тоа престрого не буцкај да се однесуваат и чуствуваат како просто деца. За ќотек признавам сум го удрила големиот неколку пати. Од една страна ќе речам заслужил заради ситуацијата па немало друго чаре и се смирил ама од друга страна па се каам заради тоа едно удирање ќе мисли дека не го сакам дека сум лоша мајка. Да искарам да,некогаш знам и да урлам дома ама на крај сите 3ца ќе почнеме со смеење гласно да викаме та тоа завршува со игра и на крај се постигнало тоа што требало и се направило тоа за кое што сум ги искарала. Ама не е исто дете да искараш и дете да маваш со бокс тупаници шамари или влечење за коса. Сум истрагала и за уши па сум добила ефект на смирување и потоа тоа преминало во ајде и другото уше за среќен роденден па сум разговарала веднаш па поминало без ќотек. Разбирам афект на родител ама мора и самоконтрола ама не разбирам родители како мајка ми и уште многу исти слични или полоши како неа. Сега знам и да речам ќе те истепам на големиот кога нешто прави со цел да се смири и добивам одговор знам дека нема да ме истепаш па го викам да се гушнеме. Родителите не можеме да ги бираме ама не сме ни обврзани да ги трпиме и поднесуваме притисоците од нив. Ама можеме да бидеме деца кои им дадат до знаење дека таков родител не треба да постои и шанса да можеби сватат дека грешат. Во спротивно има решение, секако кога тогаш ќе се одделиме од нив и ќе имаме самостоен живот само што поради нивното однесување таа самостојност може порано да настапи.
Едно е строго одгледување, а друго е тепање. И строгоста треба да е умерена. Затоа што од претерана строгост децата се однесуваат како да се пуштени од ланец кога ќе видат малку слобода. Имам живи примери за тоа. Јас да бев на местото на девојчето, немаше да и' се заблагодарам. Во ред е да се хранат здраво, во ред е да се знае каде се и со кого се, во ред е да им се ограничи времето за излегување, но не и да се тепаат. Треба да имаат барем малку слобода. Моите тетки со моите братучеди не беа ни С од строги, па истите се многу покултурни од луѓе што биле тепани и што го величат ќотекот. Мене мајка ми многу ме имаше тепано, а за брат ми да не зборувам и знаеш што? Пораснав во анксиозна и депресивна личност која смета дека не е доволно добра. Бев и агресивна, но се смирив. Сега таа не е таква личност и не поддржува удирање на децата, ама јас веќе ја изгубив довербата во неа. Татко ми еднаш ако ме има удрено, не паметам. Потоа никогаш ме нема удрено. Самиот се кае за тоа. Воопшто не бил строг со мене и со него сум многу поблиска. Тој секогаш ми е поддршка. Затоа од него не се плашам. Ако мислиш дека детето треба да има страв од родителот, тогаш не знам што да ти кажам. Ете тоа е моето мислење. Со ништо не можеш да ме натераш да поддржам нешто што е научно докажано дека е штетно и со закон забрането.
Мислам дека додека ние растевме ќотекот беше мн почесто застапен. Јас скоро не сум тепана но затоа што бев ептен мирна и послушна, заради строгоста дома но сестра ми си беше побунтовна и си јадеше ќотек почесто. Сега ја гледам и неа колку и да сака да се прибере знае некогаш многу лошо да изреагира со нејзините да ги удри во афект. И нема фајде ниту таа се променуваше после тепање ниту нејзините се смируваат со шамари. Јас пак израснав во послушна личност , не знаев на никој да му се спротиставам и кога требаше, и си трпам секакви глупости. Знам бев во Америка како студент на работа , и гледам ситуација , мајка ја вади својата 2-3 годишна разлутена ќеркичка надвор од ресторант и и зборува убаво ја смирува, од кога се смири влегоа. Колку се воодушевив од таа слика, знам си помислив кога кај нас вака ќе се однесуваат родителите . Кај нас имав видено мајки што се дерат погласно од детето што плаче или шамар преку уста да ќути. Не ја тепам ќерката, во најлош случај кога сум била ептен бесна сум знаела да ја уштипам на раката и за тоа се каам од после. Со љубов и разговор се може да се реши. Веќе околу мене по паркови во скоро сите ја гледам таа американската мајка. Тепањето се надевам веќе во најголем број семејства не е опција. Да си кажам татко ми не кренал рака на нас , зашто не се ни замараше, женски деца ти си ги воспитувај, се вклучи во нашите животи вистински јас кога веќе бев на факултет. За тоа сега на маж ми не му дозволувам колку и да е изморен од работа да не посвети време со децата.
Сликата ја видов на профилот на Ева Мендес. Таа вели дека овој и' е омилен родителски цитат, а јас се согласувам со неа. Не може кога возрасен ќе удри возрасен или кога дете ќе удри друго дете или возрасен да е насилство, а кога возрасен ќе удри дете - воспитување. Нема никаква логика во тоа.
Isto kako jas da sum go pisuvala ova,istoto ova go pominav vo detstvoto i jas, za zal. I uste ne znam zosto tolku me tepala, ne znam a i ne sakam da znam veke zal mi e za tebe znam kako ti e..
Ќотекот ама воопшто не го сметам за воспитна мерка, напротив тоа според мене е истурање на бес, фрустрираност, неукост…па можам да речам и рекреација Шала настрана ќотекот не придонесува за една работа фжда се среди. Единствена воспитна мерка е разговорот, да го пронајдеш моментот и начинот како да го кажеш и објаснеш нештото за да можеш да бидеш сватен, гледам Х ситуации каде деца ќе бидат и те како натепани од нивни родители но фидбекот е само полош недај боже доведува и до психичко пораметување на самите деца…
Никогаш ја немам удрено ќерка ми ниту планирам да употребувам таква воспитна мерка се можи да се реши со разговор.
Не живееме во една таква држава за жал, кај што децата ќе им беа одземени на тие што ги тепаат, или плескаат по газе по нивно. И воопшто не би ми било жал кога тоа би се случувало. Имам дете, не зборувам на памет што се вели, знае од такт да ме извади со инает некогаш, не сум кренала рака на нејзе и нема да кренам. Кога ќе направеше нешто што не треба, само зборував и зборував и еве по неколку месеци гледам дека не било за џабе. Знам да повишам тон и многу ми е криво подоцна, ама ќе и се извинам, ќе прашам дали може да ме гушне, дали ми е лута итн. Ако се малечки, се знаат и се разбираат. Животно не се тепа, а не пак дете. Не можам да разберам едноставно, дете свое, чедо свое, го носиш 9 месеци, раѓаш, се тресеш зошто не плаче првите 2-3 секунди, почнува да плаче, плачеш и ти од среќа дека е живо здраво, и после земаш го маваш, не размислувајќи за последиците кои ќе му останат за натаму во животот. Другар од средно, многу тепан како мал, не можев да го потапкам по рамо на шала бидејќи се криеше со рацете, се грчеше, инстинктивно му доаѓаше, зошто, затоа што неговите го мавале. Другарка исто тепана, оправдува насилство моментално (ако му згрешела на мажот, оправдано било да ја удри). Се е тоа последица на ќотекот претходно. Бившиот кој што беше агресивен и насилен, подоцна дознав дека татко му ја тепал мајка му и него. Мал милион примери како фино лепо можеш да си го зезнеш детето за понатака во животот само поради тоа што ти како родител не знаеш подобро и си прост. Да, нападнете ме слободно, ама за мене тие се прости и исфрустрирани луѓе што наместо да се лечат си ги истураат гневот и фрустрациите (или траумите и примерите од детството) врз сопствените чеда иако би требало да го стопираат тој пеколен круг ако веќе го изживеале истото. И нејќам да се мешам во нечие воспитување ама некогаш ми врие крв кога ќе удрат дете пред мене и ќе прашам зошто а одговорот е ,,па и мене ме тепаа па што ми фали"? Хм, очигледно многу ти фали, ама ок. Жал ми е што не сме држава која ги применува законите на дело, а ги има доста за заштита и права на децата.
Тепањето е начин исфрустриран родител да истури нервоза зошто не е способен да искочи на крај со ситуацијата. Страшно е што многу млади луѓе ова го сметаат за воспитна мерка.
Моите никогаш не ме удриле но мојата баба неколку пати ми има влепено шамар и по некоја случајност баш неа најмногу ја сакам и почитувам, најверојатно тоа ми оставило впечаток дека баш она се грижи за мене. Инаку не сум за ќотек како воспитна мерка мислам дека има мн подобри алтернативни решенија.
Ок е смањи доживљај не знам дали читаш дека пишав дека сум против ќотек како воспитна мерка, мене воспитно ми влијаеше таа мерка друго дете можеби и веројатно поинаку би ја доживеало зависи како детето ќе го прифати тоа, индивидуално е, затоа и сметам дека не е добро решение. Јас се сеќавам кога се упишував у основно имаше учителка што беше многу строга и знаеше да влепи шамар, сите родители се потепуваа кај неа да ги упишат децата затоа што најдисциплинирани генерации искачаа од таму.
Кога ова? Пред сто години? У пештера држеа настава? Мада ни у пештера не треба да важат вакви правила.