Строго против ќотек, се де решава со разговор а доколку се врши насилство врз детето каков пример би било тоа за него? Ќе си има трауми цел живот и ќе има погрешна претстава за воспитување деца.
Нема што да смањим доживљај, за тоа е темата, дискусија е, не е доживљај. Ти не сфаќаш дека си контрадикторна. Против тепање си ама баба ти од што мнооогу те сакала ти лепела шамари. И најмногу ја сакаше за тоа. И ако си од генерација 39', ќе ти поверувам на муабетов. А ако е
Само тој што не бил плескан како дете можи да биди адвокат за ќотекот како воспитна мерка или некој што е пораснат со неколку шамари. Јас сум толку тепан како дете, што и ден денес имам траги од истото на 25 години (психички): Страв, депресија. Повеќето ќотек беше од страна на татко ми и единствена причина е зошто не му ја имам скршено главата денес е затоа што престанаа да ме тепаат кога запишав средно. До ден денес не ги имам избришано некои ќотеци што ги кркав како дете, шамарите, прачката од јаболкница и стамбол. Знае тука некој што значи "го знајш стамбол" и како изгледа тоа, се сеќавам како вчера да беше. Јас на мое дете никогаш нема да кренам рака, зошто знам како е да имаш кошмари во кои те гонат родителите.
Сосема се слагам. Дури би додала...луѓе ,во наше време нешто вака да направев ке јадев јака воспитна па оди нека ти текне уште еднаш. Една воспитна у вакви ситуации не е на одмет....мора децата да се ставаат у ред. Не е мала работа да ми бега од дома Модератор: Дискусија преместена од темата Другарчињата на вашите деца
Па незнам еве ,мене ништо не ми фали што татко ми ми мавал по некоја воспитна. Напротив ,сеуште имам стравопочит.
Која си ти бре да ми кажеш дека мене ми фали емпатија кон деца? По што тоа го заклучи? не ме тимтрале моите ,и Благодарна сум им,зашто израснав во сосема нормална личност со емпатија и љубов кон сите ама сепак со стравопочит кон родител И никад не сум била размазена
Во мое време не учеа дека кон родител треба да се има стравопочит . За денешно време не коментирам...
Ќотекот никогаш нема да биде успешно решение за ваков проблем, детето само ќе почне да ги 'усовршува' своите стратегии и да бара изговори да не добие воспитна. И не треба да има стравопочит од родителот, туку доверба во него.
По ова што го зборите искача дека моите родители не биле добри...а не израснале во добри индивидуи кои сами се борат во животот. Никогаш размазени ,никогаш се на дланка..А сепак ...со многу љубов
Зошто едно дете треба да има страв од свој родител? Тоа само твоето его го задоволува. Зарем не ти е убаво детето да те почитува пошто самото знае дека си му мајка и што значи тоа, затоа што е научено на меѓусебна почит, затоа што има доверба во тебе, наместо да те почитува само колку да не го издигнеш од земја?
Не дека не биле добри, ама ти не си бегала веќе на улица заради тоа што не си сакала ќотек после, а не оти си сфатила дека е небезбедно и што се' може да се случи. Треба да се објасни зошто не е дозволена таа постапка, а не да го шамарам и да нема појма што и зошто згрешило. Е сега, за да објасниш и за да те разбере треба работа, разговор од најмали нозе, на дете не му е доволно само 'зошто јас така кажав'...
Незнам што се запаливте. Си кажувам мислење. Мое е. Нема да се смени. Толку. Сметам дека е тоа исправно.
Не ми требаше оправдување или одговор, ниту да се напаѓа членката, а и се избега од темата. Јас лично, не сакам моето дете да има стравопочит кон мене. Сакам да ме разбира, да знае што е опасно поради опасноста... Ја посматрам кога мисли дека не ја гледам и не оди на улица (пример еден од многуте) така се стекнува доверба меѓусебна.