1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЏИШ - ново шоу со Игор Џамбазов на МТВ

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Elennaa, 9 февруари 2013.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Колку што проверив, нема ваква тема.

    Ново шоу, на Македонската Телевизија, кое ќе почне да се прикажува од оваа недела (секоја недела), од 20:20 часот и ќе трае 50 минути. Наречено „ЏИШ“, скратено од Џамбазов Игор Шоу, на Македонците ќе им понуди квалитетна програма во целосно македонско производство. Во првата емисија ќе гостува Калиопи на тема „Име“, потоа Тамара на тема „Пари“ и во третата емисија Тони Михајловски на тема „Брат со големо Т“. А во иднина ќе гостуваат и други гости од Балканот. Македонските ѕвезди во „ЏИШ“ ќе пејат, танцуваат, а ќе има и глума и други изненадувања. Џамбазов ќе се трансформира во неколку лика, ќе пее со своите гости, во шоуто ќе се чита поезија од македонски автори, а тој најави дека секоја емисија ќе има авторска блуз точка, која ќе ја изведе со неговиот бенд. Шоуто ќе се прикажува до јуни, летото ќе се репризираат најдобрите емисии, а од септември се најавува и можност за продолжување со шоуто.

    [​IMG]

    - Штом веќе ни дадоа слобода во МТВ најголемиот шоумен да добие свое шоу тогаш ќе се обидеме тоа да го искористиме. Тоа ќе го направиме со тоа што ќе работиме контра сите правила по кои досега е работено, не заради тоа што сакаме да се правиме паметни туку заради тоа што сме сфатиле дека досега како што е правено не било добро и ќе се согласите дека Македонија не памети ниту едно квалитетно, вистинско ТВ - шоу, зашто денес за ТВ шоу се сметаат и два жолти двоседа и троседа на кои ги канат гостите кои вчера биле на друга телевизија. Ние ќе направиме нешто сосема друго, во ова шоу нема зборување, туку делување и гости ќе бидат само оние од Македонија кои се мултиталентирани, а такви, за среќа, ги има многу, рече Џамбазов за шоуто.

    - Забава, урнебесна смеа и ведри мисли, тоа секогаш недостига. ЏИШ не е вообичаено и стандардно шоу што веќе сме го гледале. Шоуто во себе носи сè, почнувајќи од мене самиот како главен забавувач, преку познати личности, малку и историските си најдоа свое место во шоуто, па сè до ликови кои верувајте ќе ве импресионираат со својата луцидност, тие се обични, а популарни, фиктивни но многу реални. Токму таквиот концепт и состав дава автентичност, а Македонската телевизија уште еднаш покажа дека од тука започнува сè и најде простор за револуционерното ЏИШ. Го исполнувам сонот пред се поради упорноста на новите луѓе во МРТ кои ги враќаат старите вредности. Ќе работиме контра од сите можни правила. ЏИШ не е класично ток шоу. ЏИШ, всушност, не е ни ток шоу. ЏИШ е телевизско шоу слично на „Седуммина млади“, најгледаното ТВ-шоу. Има малку „Седуммина млади“, малку Бени Хил, малку Мистер Бин… Однапред смислени точки, кои се монтираат со метрика, динамика, не траат многу, не го заморуваат гледачот и кои ќе бидат духовити. Ќе има музички точки, скечеви, римејк на познати филмски сцени. Македонски познати личности ќе глумат со мене заедно. Најважниот, односно најсериозниот дел од ЏИШ – ќе направам антологија на македонската поезија. Најпознатите 40 македонски песни, затоа што во првата сезона ќе има 40 ЏИШ, ќе се најдат во таа топ-листа. Тоа е нешто што ќе остане. Македонската поезија вреди многу, а досега не била третирана така како што треба. Не ја третираат добро својата поезија ни нашите соседи. Мислам дека нашата екипа ќе биде прва што ќе направи сериозен пристап кон македонската поезија. Ќе одиме од Т`га за југ, па сè до поезијата на новите, млади поети. Ќе имаме и дел откривање на нови таленти. Но не како што тоа се прави во овие реални шоу, туку таленти над 60 години кои никогаш немале можност да го покажат она што го знаат, а го знаат многу добро. Јас ќе ги глумам сите ликови. Ќе се појавува лик кој ќе се вика Александар Антички. Потоа Кирил Македонски и Дејан Европски. Тоа се тие три опции на Македонецот. Едниот мисли дека ги влече корените од антиката, другиот кој тврди дека е чист Словен кој допатувал од Дунав и едниот малку геј што сака да оди во Европа. Тоа е мозаик од ситни анегдоти, вистински вицеви, па се до сериозни драмски сцени. Можеш ли да замислиш како ќе изгледа последната сцена од Казабланка во која на местото на Ингрид Бергман и Хемфри Богарт се појвуваме јас и Калиопи… Најважно ми е што дојдов до човекот со кој сакав да го работам ова, Бојан Трифуновски, кој ќе биде официјален режисер и косценарист. - изјави Игор Џамбазов.

    (собрав повеќе изјави од Џамбазов и ги направив една)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Па? Што мислите вие? Ќе го пратите ли ова шоу? Ајде, кој ќе им се спротивстави на сериите и ќе гледа Џиш?
    Јас искрено, едвај чекам. Конечно нешто ново, свежо, македонско. Ќе го даваат во ударен термин, кога ги даваат сите турски серии. А и јас не паметам, кога последен пат сум гледала нешто фамилијарно со моите, на МТВ. Уште од ептен мала, кога имаше детски емисии. :up:

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... LGuzqaJWiE
     
    На hrcace, TheCandy880, Hipster и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Јас едвај чекам да почне :party: Конечно нешто ново и поразлично од се останато. Го обожавам Џамбазов и неговиот стил, знам дека нема да ме разочара, туку баш напротив, ќе уживам во неговото шоу. Турски серии :puke: :puke: ЏИШ :up:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    И јас едвај чекам да почне........а бре многу си го сакам човеков :* :inlove:
    И знам дека нешто што е произлезено од него не може да биде утка........така да ја чекаме недела и 20.20ч,а и заради него и МРТ ќе ја гледам :lol:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Најдобар е сега за сега,и чекам и јас да видам како ке се покаже.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Според мене Игор е еден од најинтелегентните луѓе во Македонија, и веднаш штом слушнав дека ќе има ваков проект знам дека ќе биде оригинално и интересно за гледање.Ми се допаѓа концептот што го најавуваат и вреди, најпрво заради Игор, а потоа заради тоа што е македонски проект да се погледне.Со нетрпение ја очекувам првата емисија ;)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Очекувам нешто искрено, како право ток шоу.
    Не парада на познативе колку се они бајни, красни, мили, колку им е тешко да работат на нашава естрада итн инт.
    Се надевам дека Игор има капацитет да извлече вистината и некој можеби поинаква слика од која сме навикнати да ги гледаме нашите "ѕвезди" на емисиите.
    Зашто он рече дека ќе оди контра турските серии, јас викам освен тоа нека иде против кичот кој го има во нашава екстрада и да ни преставува нешто искрено и квалитетно.
    Во спротивно, ако си се рекламираат нашиве квази пеачки и пеачи и тие 50 минути бидат за нивнот напорен живот, нема сигурно да гледам.
    Ја има Опра, Елен Деџенерис, нека учи од нив малку.
    Се надевам дека нема да прерасне во некоја од веќе видените емисии кај нас(oд стилот на берберон,боки и незнам која друга таква шунт емисија имавме)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Сега од темата дознав дека ке има ново шоу со Игор.
    Се надевам дека ке биде нешто ново и интересно и досега невидено на нашите простори.
    Ни фали една забавна емисија :)
    Знам дека Игор нема да не разочара,секогаш е забавен,интересен и свој! :)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Одамна читав најави за шоу на Игор, добро е тој ден што го дочекавме. А знае патем некој точен датум кога почнува? :^)

    Инаку се надевам дека му дале на Игор слобода сам да реши што да прави во шоуто, според мене он така подобро функционира. Се надевам ќе го биде, нема да има глупави препирања и оговарачки. Редно е да имаме едно шоу што ќе ни биде мерак да седнеме и да го гледаме, без да ми се тресат предни и задни женски атрибути на екран 90% од времето.

    И се надевам Натали нема да ја има, затоа што органски не можам да ја поднесам.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    ^^^ Па утре, на 10ти. :)
    Иначе, кажал... Нема да има вообичаено 3 троседа и на него гости. Туку повеќето ќе бидат скечеви и сл. Според тоа што го видов на видеото, ми се бендисува. :)
    А ќе го имало и бендот на Тоше, не знам точно. Не разбрав...
     
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Eми ајде да видиме што шоу ќе биде. утре почнува :) :) и така оддамна немало некое интересно шоу по нашиве TB |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сега отидов, да се нацртам пред телевизор. :geek:
     
  12. Barbica

    Barbica Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    489
    Очекувани глупости :D
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Очекував повеќе, или јас не му ја сфаќам поентата? Зошто човекот вака се глупира, а салам гости може да викне и да најде... :D

    Иначе, квалитетно шоу, кое неколку пати веќе го загледувам, е тоа на Алфа, Магазин или така нешто се вика, водителката е Маја. Може да се отвори тема доколку се нема, секогаш има цивилизирани гости и теми на муабет. :geek:
     
    На tessie и irena.1 им се допаѓа ова.
  14. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Што е ова, воопшто не ми се допаѓа :| :|
    веќе видено, ништо оргинално
    а едвај чекав да почне :!:
    ај може ќе се извади до крај
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Најискрено, ова ми е далеку од шоу кое забавува.

    Нека се состои само од блуз и гости(н), оти скечевите ми се припрости. :|
     
    На Li0ness, Trendafilka и babyblond им се допаѓа ова.
  16. kiki4kablondy

    kiki4kablondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2010
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Женски
    Баш ме разочара, а очекував многу повеке од него :o
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Нешто како Бени Хил во македонска варијанта. Загледав некоја минута, ама не ми задржа внимание
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право и мене не ми беше нешто посебно. Очекував многу повеќе. На моменти ме насмеа, ама не ми беше нешто... посебно, да речеме. Башка ми беше тапа многу, она со: Ја викале/го викале. Некако со сила бев во исчекување, нешто смешно да слушнам. Упорно и упорно, пробував да не го сменам каналот, да начекам нешто смешно. Најверојатно, веќе од наредната епизода, ќе го победат турските серии, на другите канали. Башка кога слушнав дека со месеци се снимале неколку епизоди, очекував нешто уау. Не ми се допаѓаше она со рецитирањето на поезија, досадно ми беше. И со песните. Пинтересно ќе беше да заиграше Гангнам стајл, отколку Бато. Кога рече дека е крај, јас останав подзината. Единствено на крајот, асално ме насмеа, кога праша дали ни се допаѓа. И таму каде што глуми дете: Ка-та-стро-фа! А да, ми се допадна песната Хотел Македонија, преработката.

    Ај, да се надеваме дека со Тони Михајловски ќе биде нешто поинтересно... Очекував нешто смешно, со гостите, некои досетки, зезање. :yawn:
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Реприза има некогаш?
    Го испуштив...
    По коментериве гледам не било ништо посебно, ама сепак сакам да видам.
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    ^^^ Не пишува ништо на страната на мтв. (како и на сите други македонски програми, не се знае ништо ни кога почнува, ни кога завршува) Ама тука пишува:
    http://grid.mk/tvprogram/4/mtv-1
    САБОТА 18:15 - 19:00 Џиш шоу
    Сигурно тогаш ќе биде репризата. :)
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.