Hи јас не сум задоволна Очекував многу повеќе од Игорче, поглеав малку,и не, не ми го задржа вниманието За Бинго си е погоден, ама овде,слабо. А нели и гости ќе викаше? Јас од тоа што го видов немаше гости? ..........
Калиопи поглуми малце во црно-бела снимка. Се изнагушкаа на сцена, испеаа нешто врска немам што и толку. Се надевам со Тони и со Тамара ќе биде посмешно и пооткачено. Ма, да почнеше да пее нешто од Цеца или Аца Лукас, ко Берберот, ќе беше повеќе гледано.
јас го пропуштив шоуто, ај доколку во наредните дена го прикачат на youtube ставете линкче овде, да ѕирнеме ние што не сме го гледале
Никој не е задоволен, сите форуми се преплавени со негативни критики, емисијава го допре дното на македонските телевизии.
Навистина, и јас очекував многу повеќе од овој ужасно, неверојатен талент. Но, за жал, видов само обид за нешто ново, ама сепак испадна нешто веч виџено. Додека гледав тв, си помислив -Лунчи што ти е? Ти се чини само така... па зарем ова е долго најавуваното шоу?! Ама после видов дека реагираат и другите гледачи, значи во право сум била. Ова не е ништо ново...
Готово, уште ова мислење и готово. Јас навистина го поштувам човекот, што се вика. Од секогаш обожавам да го гледам. Едвај чекам на Златна Бубамара, да се појави. Стварно има големо знаење, за се'. Имам и чашка со него, многу си ја сакам. И не сакам да хејтам. Ама ова, што го гледав... И да, повторно ја спомна Натали, каде без неа. Има еден куп твитови. Еве некои од нив. Спојлер Неделата и онака беше најдосаден ден, уште #Џиш фалеше... Рекламите беа поинтересни. #џиш Драган Вучиќ сменил #Џиш пошто му бил познат хуморот #ЏИШ = Џамбазов Иди Шетај, со сета должна почит. Од сеа ќе викам глуп си ко Џиш ... Ова #ЏИШ успеа да ме натера да пуштам Бандини. Џамбазов не ми спомна име, #џиш е тапа а јас се разочарав. Не го гледај тоа сине , тоа #Џиш
Што беше тоа? Очекував вистинско ток-шоу со музички паузи, а ова беше пародија на...нешто и веќе чуени шеги. Она кога го глумеше детето ми беше најглупо, воопшто не беше смешно, всушност во текот на целото шоу само два-три пати се насмеав. Не знаев дека Калиопи била гостинка, само го фатив делот каде што заедно пееја. Очекував повеќе. Го почитувам ликот и делото на Игор Џамбазов, но ова не ме импресионираше. Можеби не треба да судиме од само една епизода, но ако оваа е „шемата“ на шоуто, и наредните ќе бидат такви. А овие Твитерџииве пак не се живи ако не исхејтаат
Најмногу од цело шоу ми се допадна делот со поезијата т.е рецитацијата на Дениција од П.М.Андреевски. Скечевите воопшто не беа смешни,ниту досетливи.Некако се` беше премногу исфорсирано. Особено ликот на детето Трајче Трајчевски(извинете ако грешам,ама така мислам дека се викаше),беше на граница со навредливост. Некако исмејувачки ми дојде начинот на говорот и однесувањето. Се надевам наредните емисии ќе бидат далеку позабавни.
Ја гледав емисијава и неможев да разберам што содржина има и што сакаат да придонесат со тоа.Јас како малку плавуша чекав до крај си мислев на крај мора да разберам што емисија е ова ,но ништо од тоа .И сеуште незнам ,...не ја разбирам.Ајде некој ако може нека ми објасни што прават и што сакаат да придонест со тоа.Единствено само на фаците можев. некако да де смеам (из ит нормал?)
Човекот ВРЕДИ, ама со ЏИШ некако ја оплеска работата. Го почитувам и обожавам и се надевам дека тоа беше само лош почеток на една убава приказна.. Игор може и знае но овде ...
И мене не ми се допадна шоуто за жал и јас се прашував дали е до мене или сите очекуваа нешто повеќе? очекував разговор, шеги, паметни размени на мислења и одлична музика. за музиката немам забелешка интересна беше ама како да фалеше нешто мене лично ми фалеше таа интеракција со гостите...
Патетично беше, едвај изгледав 20-тина минути, со исклучок на дел од музиката. Џамбазов треба да се држи до тоа што најдобро умее да го прави, да ја забавува публиката преку неговиот суров и искрен пристап, не да прави скечеви со некои глупави и тотално непотребни измислени ликови. Тоа не беше воопшто смешно, ниту досетливо, жално беше.
Тотално разочарување,и не наоѓајте причини за да го пофалите,кога не е за фалење,скечеви гледаме како што се к-15итн
Искрено се разочарав и од емисијава со Игор Џамбазов, но исто не ме воодушеви и она со Сашко Коцев што е. Игор(се покажал како позабавен,оригинален и поиновативен) , ама незнам што е со ова шоу кое е далеку од забавно и добросмислено. Ниту интересно, ниту те привлекува да го задржиш каналот. Мислам дека некако избрзаа овие МРТ, сакаат да направат нешто различно (да не бидат само турските серии и синхронизациите поради кои телевизорот прашина ми фати од што не го уклучувам) ама нека не се форсираат толку. Прво треба добра замисла и идеја, па да се постигне добра реализација и гледаност.
Фала ирена на линкот, ги изгледав цело, одвај. Не замислував ваков концепт. Да не ми се допадна воопшто ни мене. Целата замисла и со гостите, и со новиве ликови на Игор, мене не ми е нешто посебно. Музиката му е добар избор. Али мислам дека претерано со крена прашина, т.е претарано се изнајадоа трици, најлошото шоу ? Да бе Жаре Бебрерот има подбро шоу. Не наоѓам причини да го бранам, ама па и какви коменатари се изначитав, претеризам. Мислам дека само дека се работи за Игор па затоа сите премногу очекуваа добија многу малку. И според мене неуспешен обид,нека мења концепт што е можно побрзо.