1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЏИШ - ново шоу со Игор Џамбазов на МТВ

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Elennaa, 9 февруари 2013.

  1. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Уште од кога го најавиа со душа го чекав. Со ококорени очиња и со мокра коса седнав да го гледам. Душа не ми даваше да ја засушам, да не сум испуштила нешто интересно. И цело време глупости, а јас чекам...и чекам... |( и чекам. На крај станав и се исушив, а тоа истото си продолжи... досадно, прости „шеги“.
    Инаку Дузи, да не мислиш на Пулс (Плус), и јас ја гледам. Водителкава има едни големи цвикери и црвен прамен во косата :D (добар опис, нема што). Инаку очекував од Игор нешто слично на Пулс, ама добив... :x
     
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Абе дечки, не знам дали е до мене... Јас го гледав синоќа на ТВ, по втор пат и ми се допадна. Ама озбилно. Само не знам за вас, ама мене гласот ме иритираше. Цело време ќе биде гласно и наеднаш ќе се стиши. И обратно. Не дослушував. :^)

    Иначе, еве го и на јутјуб. :)
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 9JGNx_aY1I
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.153
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Искрено мене не ме разочара, очекувано. Ќе речете ама досадно беше, па мене подосадно ќе ми беше да имаше гости во емисија, ај сеа ќе блебетаме до сто и една и пак истото. Си најави човекот што да очекуваме, дека ќе биде од тој стил, дека нема да биде ток шоу туку дека ќе бидат снимени емисии, во кои ќе има глума и многу интересни моменти. Да бидеме реални, емисијата е скапа, има смисол, приказна и пред се е нешто ново што на нашите простори ретко кој го направил во поново време, може да се рече дека во минатото кога повторно тој бил на сцената главен имало многу повеќе вакви концепти отколку сега, сега има три фотељи во студио обавезно подигнато на 30 см од под, едно масиче и чаши за бело вино полни со Кока Кола, едни та исти бендови, музичари собрани од некоја кафанска свирка, чест на исклучоците, но ова е многу повеќе шоу него ли ток шоуто на Поцевска и слични на неа :!: За мене беше врв крајот, кога го изимитира дедо му, солзи ми дојдоа на очи.
     
    На nati44 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Јас уште од 19 часот си пуштив МТВ, да не заборавам и да не го испушам шоуво.
    И на крај сменив канал уште пред да заврши.
    Многу досадно, многу.
    Само некои од музичките нумери ме бендисаа ама во глобала целиот концепт воопшто.
    Дури се чудев, очекував сосема поинакво шоу.
    Не дека сакам класично ток шоу со гости, него тоа негово глумење битолчанец, педер ова она ми беше глупаво и не ми се допадна.
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Си го изигра своето танго. Според мене требаше веќе одамна да се повлече од екраните. Исклучително интелигентен, духовит, реален, но мислам дека времето веќе му помина. Се изгуби оној драж. Најпаметно како што направи Шер, го најави своето напуштање на сцената на својот последен концерт и кога се слушнаа извици на чудење и разочарување, таа рече нешто во стил „Тоа е вистинското време да го напуштиш овој свет. Додека луѓето се'уште те бараат за да останеш ѕвезда и по заминувањето.“

    Е ајде де. Особено ова со битолчанецот. Отсекогаш ми пречело тоа негово исмевање на луѓето од другите градови. По онаа емисијана во која зборуваше за луѓето кои живеат во Скопје, веќе изгуби многу поени кај мене и покрај тоа што сум од Скопје.
     
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    8.022
    Пол:
    Женски
    Сепак ќе му дадам втора шанса. Се надевам дека в недела ќе се корегира, ако не - ќе бидам приморана да му дадам трета можност да ме насмее... :rofl:
     
  7. Sanjicka15

    Sanjicka15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    90
    Искрено и јас очекував повеќе од шоуво на Џамбазов, но не беше толку лошо како што викаат. Имаше некои добри фори и на некој начин ми се допадна. Употребува интелигентен хумор би рекла, имаш скајп-немам, имаш фејсбук-немам, такви некои работи. Ќе видиме сега втората епизода што ќе ни донесе. Ако не, му даваме трета шанса на нашиот најдобар шоумен :)
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    За мене личо беше глупости у боја :D
     
  9. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Може другиве епизоди ќе се подобри. Оваа некако како интро да ми беше :)
     
  10. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    го пропуштив ;( но утре сигурно гледам ;) :D
     
  11. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Шоуво ми се бендиса, најмногу затоа што е ново и поразлично (барем на нашиве простори) и едноставно разбивање монотонија од серииве и некои безвеза емисии. Би било подобро да има по некој скеч и виц :lol: . Инаку за Игор, што го бива го бива човекот. :up:
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Подобро, уште од сега да го прекинам. Да не си го расипувам мислењето за Џ.
    Вицовите што се во темата за вицови, повеќе ќе ме насмеат. :yawn:
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Убаво... :)
    Но, она „сељак, сељак!“ што на секои 30 секунди се појавува ми оди на нерви.. :@ Само тоа да не е... Абе шоу за тепање време.. Сепак, нема што не е интерсно со Игор.. А најинтересни „ликови“ на Игор ми се оној со големата глава, што се кине од смеење, и Трајче (детето) :lol: :lol:
     
  14. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Го гледав денес и како да беше за нијанса подобро. Мене пак „Сељак, сељак“ ми е омилен дел, облечен е и се однесува исто како локалните сељаци, со седумте телефони на маса :D
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Малку се подобрува,и мене тоа со сељак ми беше најинтересен,барем човекот има врлина што на своја сметка се шали,а тоа е за пофалба,мора да се признае.
     
  16. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    И мене сељак ми беше најдобро.. Според мене најдобро доловен лик од сите скечови!! Многумина од мојата околина ќе се препознаат богами! :rofl: :lol:
    Особено со она
    :rofl: :rofl: :rofl: Баш ме интересира што ќе смисли наредната недела :tmi:
     
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Се надевам дека ке почне и гости да вика.
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Почна се повеќе да ми се допаѓа ,особено она со сељак сељак ептен ми е интересен
     
  19. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Сељак сељак ми е јако, почна да ми се допаѓа шоуто :D
     
  20. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Добро бе,што се дери толку овај Игор? :^) Ич не ми е интересен...Имам гледано вакви шоу програми,затоа ова на ништо не ми личи...Па и песните глупави измислени...Стварно мислев дека ќе направи нешто подобро место да се глупира.