уживам кога сум меѓу сите тие плишани мечиња..се чувствувам како мало дете мн ми се допаѓа оваа продавница а на вас?се надевам нема ваква тема па решив да направам...
JUMBO Дали некој купил пилатес топка и /или ластици за вежбање од џамбо???Дали се квалитетни ??Видов дека се по 300 не се премногу али дали воопшто се добри за вежбање???
JUMBO Ја имам топката и ок е, стандардна топка за пилатес.. не е од тие големите, туку средна големина.. е сега ако вежбаш пилатес ќе ти е ок, ако не има финти во одржување на рамнотежа и слично
Јас бев денеска во Џамбо ама не видов топки за пилатес, каде точно да побарам? очајно барам таква топка
Има ли вакви кутии во Џамбо? Некоја циклама боја и средна големина. Да си чувам ситници во нив. Која цена се? Има ли спортски градници? Бел,црн сеедно?Цена?
Топката е доле кај сто се топките ,тротиенти незнам сто др когас ке влезеш од лева страна барај ... А за кутииве мислам дека има мн ама нез дали се бас вакви, прслучиња немам видено за вежбање тоа може да има горе кај што има пиџами и такви ствари
Обожавам да шетам таму. Некогаш и да немам намера да купам нешто влегувам, затоа што ме опушта да гледам по сите тие стварчиња таму
И јас сакам да шетам таму.Интересно ми е.И како што кажа Spidy,ако влезам после нема излагање саат,два
Да се цитирам сама, најдов таков спортски градник околу 120 денари беше. Имаше и бели и црни. Ваква кутија уште барам , имаше некои на расклапање ,околу 300 денари,ама не ми фатија око.Ако некој видел некаде?
На Битола и' требаше баш ова- Џамбо. Се разбира не е до толку големо како во Скопје, ама е супер. Секогаш кога одам во Скопје морам да си купам нешто од Џамбо. Многу производи, а по пристапни цени
Јас имам од ластиците и сум многу задоволна, фала богу не е фалшлива роба. А пред некој ден купив пумпа за точак, и катастофа. Со уста да пумпав повеќе ќе се пумпаше. Не беше расипана, туку таква кинеска фалшлива работа. Едвај ми ја вратија.
Па мораше да ја вратат, пумпата не беше функционална. Само пари не враќаат, мораш да си земеш нешто друго. И, оф корс, да ја чуваш фискалната сметка
Има многу убави работи....ама за некои работи малце се скапички. Инаку од другарки што биле во Џамбо во Грција, велат дека ова наспрема него е многу слабо снабдено.
Во Џамбо идам многу често.Ако ништо друго си шетам и си разгледувам полека иако веќе на памет знам што како има. Ама не издржувам па секогаш по нешто си зимам,ако треба и најмала ситница.