Ме фати некој мерак да тркнам до Џамбо, да си изнакупам потребни и непотребни тракатанци за во соба, ептен ми е некако празна и пуста, сакам да си ја уредам некако интересно. Сакам да си земам миризливи свеќички, од оние минијатурните чашки, стаклените шишиња со цртани работи на нив (па тие и практични се, ќе се најдат за вода, сокови) , мини ламба, од оние стикери што се за ѕид, не знам како се викаа точно, украси, мала масичка ако имаат... Ааа сакам и куќичка мала, од оние за мали деца што се, ќе си се бутнам внатре ќе си седам, ќе се забаракадирам од моите, таму ќе си живеам. Ок, не, делов со куќичката ќе го прескокнеме ама се друго, дааа, само да присоберам парички.
Знае некој дали има од оние креветчињата за деца што се лесни за пакување,ги имаше лани мислам дека беа околу 30 евра. Благодарам однапред
Кога и да одам , обавезно трошам пари. Требало, не требало. Затоа избегавам. Не оти има којзнае што, ете така. А со дете, не е за влегување, богами Еднаш го носевме внукот на маж ми, се препоти маж ми кога стигнавме на каса
Секое одење во Скопје обавезно го посетувам и не излегувам со празни раце. Обожавам таму да шетам, а некогаш знам и некои непотребни работи да купам.
Jumbo си е едноставно посебна продавница каде што можеш да најдеш се што ти треба од козметика,училишен прибор и играчки за децата па се до облека и аксесоари за мобилни. Има сега во последно време и ролерки, скејтови и тротинети за поголеми што ме радува Но тука може да се пронајдат и домаќинките затоа што има секакви работи за во кујна па и за шиење
ЏАМБО ти е идеално место каде што ќе купиш еден тон глупости кои не ти требаат, ама додека си таму се лажеш дека многу ќе ти требаат за на крај да излезеш без пари, до толку што ќе немаш ни за кафе (мое искуство!)
Пред да влезам таму секогаш знам што точно ќе купам и не ми се случило досега да излезам со некој непланиран вишок во торбата. Но тоа затоа што јас не одам со деца... дете да влезе таму одвај ќе го прибере човек.
да имам видено кај бебешкиот дел спроти марамиците. Мислам цените им беа околу 400 ден па на даље. Ама мислам се помали ко за у куфер, не ми текнува и големи дали имаше...
Епа баш такви имаат. Може и поефтини беа ама не се сеќавам на цените точно. Има што се склапаат мали.
Има, од 100 до 250 денари, зависно од тоа какви се, има по 2 во пакување, ми се чини да се по 70 цм долги широки 50, по сеќавање ова. Има по една во пакување, на тие не им ја знам големината. Јас сум презадоволна од тие што ги имам и оние што се за собирање на воздухот со правосмукалка, и оние на кои што рачно им го истискуваш воздухот, ама од пред година дена сигурно се земени, затоа не ја памтам точната цена.
Ми требаат украси за роденден, темата е балерина. Дали знаете дали има декорации во облик на балерина во Џамбо или слично?
Немам забележано баш такви декорации ама ѕирнав нeкои клипчиња и има доста креативни и лесни идеи доколку имаш малку време да одвоиш: