Здраво си купив пилатес топка од Џамбо, но нема пумпа. Дали има таму? Или каде би можела да најдам? Фала.
Дали можам да најдам во Џамбо некоја празна тегла каде што ќе складирам работи, за изработка на некоја DIY креација?
Во Џамбо одам само ако ми треба нешто од таму. И колку и да се воздржувам од купување на премногу работи, секогаш сметкаа ми доаѓа висока. Ај ова, ај уште ова и цените се такви (79, 119...) и си расте сметката. Според мене има многу интересни работи, креативни, практични, кои не можат да се најдат секаде. Има и доста фалш роба, ама јас си ги гледам работите, проценувам дали е квалитетно, дали вреди за парите и така секогаш сум задоволна од купеното. Никогаш немам нешто рекламирано или да имам незадоволство за некој производ (а, имам купувано скоро од сите оддели).
Јас не сум видел некој колективен попуст во Џамбо никогаш. Секогаш си се стандард со цените. Може новогодишните работи да им се сега поевтини бидејќи вчера кога бев ги редеа.
Убави украси има(ше) за Нова Година. Цените им се скапи на сите производи. А некои што сум ги купила ич не се квалитетни. Долната облека е крш. Се растегнува при перење.
Искуствооо ми треба, утре ќе одам па да знам што ме чека. Дали некој вратил производ, и притоа му ги вратиле парите, значи не со замена за друг производ?