1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Џандар збира

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од happygirl, 9 февруари 2012.

  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Не најдов тема за овој квиз, затоа ја отворив.
    Што мислите за новиот Џандар збира? Марко е водител, заедно со Симона. Се одржува секоја недела во Универзална сала во Скопје во 17 часот, а го емитуваат во 20часот на Канал 5.
    Го гледавте до сега? Ви се допаѓа ли?
    Мене лично, не ми е јасно, како може да има толку дебилни прашања кои и дете од 6 години ќе ги одговори без грешка? А инаку, има доста вредни награди, меѓу кои и автомобил за оној кој ќе собере најмногу џандари.Исто така, има награди и за публиката, за оние кои ќе ги извлечат случајно.
    Не ми се допаѓа изборот за водител, Марко е смешен, но не ми е за овој квиз. Да не правиме споредба со квизот кога Игор Џамбазов го водеше, мислам дека тој беше многу подобар.
    Па повелете, кажете го вашето мислење. :)
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Го гледав само првиот пат кога почна. Квизот ни е веќе познат и интересен е. Но изборот на водител ми е тотално промашување, Марко се труди да биде интересен ама колку и да се труди ич не го бива. Незнам дали имитира некој или што, но мене искрено ми е дебилно смешен и премногу се лигави. Се сеќавам на дај побрзај и тогаш ми беше ОК Марко, ама овде дефинитвно не му е местото.
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Онака да речам интересно е, освен фактот што толку се глупи прашањата што ми иде да се самоубијам, а тек па кога ќе го кажат погрешниот одговор! :o Си викам не е можно. Ко тој со Катарина Велика дали била царица, великодушна и уште еден глуп одговор и он вика великодушна. Ама тоа до народот ќе да е, чим на такви квизови се пријавуваат, а немаат никаква интелигенција и логика ко 1во за да одговориш на овие прашања не треба знаење, треба проста логика. А вака интересни се игрите, и мноооогу примамливи награди се доделуваат за никакво знаење :!: Марко е многу добар водител, има иднина во него, а таа со него е убаво средена и носи убави фустани :)
     
  4. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Пуста мрза не ми дава да станам да го сменам каналот кој моментално е токму на џандар збира.

    Многу дебилна емисија, дебилни прашања... Слушам и се нервирам... :x

    Veni, vidi, vici-дојдов, видов, се најадов?! :^) :worried:hock:

    Ах, место да одиме напред, ние се враќаме години наназад.
    Чист промашај според мене.
     
    На Hipster, sanjalica и Cynthia им се допаѓа ова.
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    А кога ја прашаа таа трудната лепотица што е ДУДУК???
    1. вид инструмент
    2.глуп човек
    3. (незнам што беше)
    И ,,паметнава,, гордо, брзо и како од пушка одговара : ГЛУП ЧОВЕК :lol:
    Она е доказ за тоа што е дудук.
    Сигурна сум дека сега веќе ДУДУК и е надимакот.
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Го гледав ама ми е буквално Déjà vu веќе видено. Наместо да измислат нешто ново тие се враќаат 10 години наназат |( На почетокот кога го најавуваа мисев дека ќе е интересно поточно дека ќе е како што беше ама дефинитивно никој неможе да го замени Игор Џамбазов и барем во поударен термин да го даваа.
     
  8. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски
    Дечки на кој број се пријавува за учество во квизов? Цимеров сака да се пријави па да му најдам број :) :)
     
  9. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Леле, за се негативни коментари да се имало. За еден квиз викате дека е наместен, дека наградите биле слаби, а сега тука ви сметало што биле лесни прашањата и што се делеле автомобили и други вредни награди. Ништо не ви чини.

    Мене ми е ок квизов. Тој со Игор слабо го паметам, малечка бев, како во магла ми е, ама знам дека бил попопуларен од овој. Многу слатка ми е Симона. Во врска со Марко, да, не е баш за овој квиз, ама па и не е толку лошо, може да помине.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    кој ден го има квизот и во колку саат, јас сакам да се пријавам :$
     
  11. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.214
    Пол:
    Женски

    Во недела игра, колку саат точно не знам, попладне негде.. За пријавување требало порака да се испрати на 147 12 , само за корисници од T -mobile..
     
  12. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Го има секоја недела, во 17:00.
    http://mk-mk.facebook.com/pages/Oglasni ... &filter=12 Тука може да видите како да се пријавите.
     
  13. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Цитирам од фб:
    објавено пред 19ч.


    Тоа значи дека секој ден има различна содржина на порака?
     
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    За ова дојдов видов се најадов ќе се задавевме од смеа со мајка ми :rofl:
    Поглупи луѓе неможеле да ги собеарат, боже простими...
    Глупи не се само прашањава, а Марко со сила се прави интересен, ретардиран излегува на крај...
    Ама добри награди даваат, на толку педарди со 0 знаење многу им е точак да им дадеш, а не машина за перење или пак КОЛА |(
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш се трудам да сум минимално критична за се, бидејки секој нечив потег е труд, без разлика како би резултирало и од старт го ценам тоа пред се.

    Овој квиз ми е страшно нереален во однос на наградите. По 2 коли во емисиија, еден куп машини, телевизори, викенди, и ред други поситини награди како третмани, обезебдување, музички интрументи, часовници, води и слично, или со пракање смс ок е да се додели 1 награда до 2, но тука ги наградуваат тие пракачи на смс со камера, лап топ, диигитален фотоапарат, тв, ајфон 4с.
    Не и не, не ми штима цел тој концепт, на наградишта, и оние смешни дебилни прашања, па и да не одговориш точно ти следи утешна награда.

    Самата идеја за квизот ми е недифинирана со оние неколку без везе игрици, а што се однесува до водителскиот пар, Симона ми е симпатична девојка, но крајно извештачена и лигава, премногу за очите на еден гледач, и неможам повеќе од 1 мин да ја гледам, а времето на Марко е поминато. Мисли дека е 10 години назад, во времето на Дај побрзај и дека му личи тој некој весел и смешен лик и однесување, а всушност е крајно монотон и неинтересен лик, иако порано во Дај побрзај ми бесе звер.

    Се на се, ништо ново и интересно не понудија, бидејки да не го заборавиме некогашниот Џандар збира, беше вистинско шоу со адреналин и интересни моменти, а ова е нешто бледо и исфорсирано преку тие неверојатни награди кои се доделуваат, и мислам дека ако се реални истите, давам краток рок на траење на квизов токму поради нереалноста.
     
  16. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Порано Игор Џамбазов го водел квизот? :)