Додека тоа да се случи и да сватиме дека тоа што го слушаме не е музика, би ве замолила да престанете да не сметате за малоумни... и секако да ни препорачате некоја МУЗИКА за слушање И не се трекам од земја по него, не умирам по него и сл. Ама едноставно ме иритира фактот што вие не го сакате Џастин и го навредувате и како тоа да не е доволно нас и нас не навредувате. (не буквално сите) Не ми е намерата да се карам, никогаш не ми ни била само бев испровоцирана и морав да го напишам мислењето. И уште еднаш ви велам препорачајте ни некоја добра музика за слушање па да се откажеме од Џастин, и да го слушаме она што според вас е музика Навистина го мислам тоа !
Јас вас не ве сметам за малоумни. Еве музика: http://www.youtube.com/watch?v=hTWKbfoikeg&ob=av2e http://www.youtube.com/watch?v=PJGpsL_XYQI&ob=av2n http://www.youtube.com/watch?v=PoTEnaAI9Fo&ob=av2e http://www.youtube.com/watch?v=1G4isv_Fylg И многу други.. Сепак не мисли дека сакам да те повредам со тоа што си фан на Џастин.
Музика? Се’ што не е составено од 2-3 реда ла ла ла текст, има значење и добро искомпонирана музика која не е компјутерски правена и преработувана. Абе деца, не го мразиме ние Џастинчо ваш, нека си пее малиот. Вие како фанови иритирате што толку се куропецате, го возвишувате и ставате на пиедестал за ништо. Размазени пубертетлии што м не виделе од мака може само да се воодушевуваат од него. Мал бил, без татко бил, се грижел за фановите и толку успеал на свои 18 години со life-changing текст у стилу „Бејбе бејбе бејбе оооо“? Вау, срцепарателно. Да прелиставте биографии на други артисти да видите што е тежок живот и трновит пат до успех, сами ќе застанете пред огледало и ќе си се плукнете. Секоја генерација имала свои идоли, ама ниедна досега не се брукала вака на секој чекор, тоа е она што иритира. Вака, би поминал само како и секоја тин-сензација. И Џастин Тимберлејк, Бритни, Агилера итн беа тин ѕвезди на времето, па еве ги денеска си имаат маса обожаватели постари од 14 години. Не се „хејтерите“ оние кои му кварат репутација. Токму вие „Белиберите“, ја стварате таа тензија и омраза со вашите хистерични испади.
А ти да не си една од видеото а? .................. Па и коментаров на видеото ne vi treba vas biber vas doktor vi treba MrTapetar 2 days ago 17
Никогаш не ми беше намерата да се расправам, уште сега да расчистиме... И признавам има белиебери што ептен претеруваат со своето однесување(може и јас сум една од нив де). Но никогаш не реков дека Џастин пее нај убаво, зошто има луѓе кои пеат подобро од него, а и никогаш не навредив некој од вашите идоли А што се однесува до нас белиеберките ако го слушаме Џастин не значи дека не слушаме ништо друго... Бидејќи речиси сите песни што ги стави SarahTayMomsen ги знам на памет И meandyou ме нема во видеото
Леле Артемишн истото му го искоментирав на маж ми додека гледавме Али младост-лудост,тоа е,пубертетот си го прави своето
Знаете што, Victorian си е потполно во право. Зарем немате попаметна работа освен овоа озборување и навредување без потреба?
Ич не сакав да се мешам во темава, ама ајт, бидна! Не сум храбра да го повикам мојот идол, незнам, да речеме Кристина Агилера? Не е точно! Јас сум реална, затоа што знам дека и да направам такво смешно видео, она НЕМА да дојде, освен ако некој, државичкава/спонзор или некој со длабок џеб, не и плати некоја доста солена сума, од која би имала ќар и добивка. Да не мислевте дека ќе се потепа Џастин да дојде овде хуманитарно? Ма дај!
женски,ви симнувам капа за овие постовите од погоре. Victorian - дај смири хормони. разбери бре жено,неможат сите да го сакаат! и најнормално си искажуваме мислење. ја едноставно си искажав мислење за него. не ми згрешил ништо, ама не направил ништо за да ме воодушеви. музика?! музика?! побогу, тоа ако е музика јас сум Мајка Тереза. али ај, џабе ќе се мачам да куцам овде. едноставно, не го сакам и крај. како што спомнаа погоре, дали воопшто Џастин слушнал за Македонија? нека дојде, го чека цела нива домати од моја страна
Не бе не се мешам фанови мили, на Џастинов. Нити го ХЕЈТАМ (нели ХЕЈТЕРИ сме ние негови ) Но првиот коментар во темава што ми пркна во очи, гласи: ние што не сме го слушале, да не сме коментирале негативно. Зашто бре? Еве јас сум фан на на џез, амбиентална музика, за класики веќе не зборувам од раните 60ти па наваму, што филм, што музика, ретрото ме инспирира и оддавам многу поголема почит отколу на денешниве квази уметници. Буквално слушам секаква музика од најмирна до нај енергетична, потоа дури и некои хип хоп артисти почитувам (а не ја сакам хип хоп и ар ен би музиката, како Бијонсе, или Кања Вест). Но неможете да ме убедите дека оваа музика (ко вриштење мачки под пенџере) е квалитетна музика. Затоа и сите фанови му се скоро -17 години. А и се, се, ама кога ќе го слушнам тоа БЕЛИЕБЕРКИ ми доаѓа да прснам од смеење ))). А и најсмешното татко ми кога прееска го гледав видеото од Охрид, му се чу Лебарки заместо Белиеберки, ме праша, зашто би се нарекувале Лебарки ? прснав од смеење. Тоа е моето мислење, Белиеберки, немојте да се лутите, ама за неколку години се надевам ќе слушате квалитетна музика
Мислев да не пишувам веќе, ама морав... Значи никогаш ама никогаш не реков дека сите треба да го сакаат, сепак тоа е прашање на вкус. Секој има право да го искаже своето мислење и да каже дека не го сака, не ја сака неговата музика или сл. Доволно е едно „не го сакам“ или „не ми се допаѓа“ и толку а вие отековте 35 страни, педер, ко женско бил, со домати ќе го чекаме ... И што е нај трагично не осудувате нас поради видот на музика што го слушаме...(не велам за сите) И може Џастин не слушнал за Македонија, ама мислам дека тоа беше и целта на видеото. Да слушне за Македонија а и да се заинтересира авалон или некоја друга продукција за да го донесе. И јас со мојот магарешки инает, уште си останувам на мојот став. Можете да велите што сакате ама јас нема да го сменам моето мислење (барем не во скоро време).
Сварно си поминавме нааајубаво на плоштад,гледам дека и на темава има хејтери..Нз што ви згрешил па да го мразите..
Балкански менталитет т.е македонски. Никаде нема да стигнете со ова,можеби и ние нема никаде да стигнеме можеби никогаш нема да го видиме ама ние барем сме и ќе останеме подобри личности во животот.Никого не величиме и никого не тераме да го сакате СЕКОЈ ИМА РАЗЛИЧЕН СТИЛ,СВАЊАЊЕ И МИСЛЕЊЕ.Вие ги искажавте своите мислења и ставови разбравме веќе дека го мразите и дека ќе го мавате со се и сешто.Едноставно ЗОШТО?сте се запрашале?добивате или губите?можеби на вас ви е сеедно?епа на нас не ни е сеедно.Пробајте да не разберете ако не можете оставете веќе ние да го правиме она што го сакаме.Никој никогаш не ви збаранил кого и што да слушате.Така сакаме и ние.Ние сме го избрале него и никој нема право да ни го забрани тоа.ОК ретардирни сме,болни сме,за бесилка сме,друго....?има уште?!е ајде кажете исплукајте се на нас па што има врска деца сме од по 14 до 17г.слободно де никој и ништо сме слушаме педери и бебиња.ЗНАЕТЕ ШТО?ГОСПОД СЕКОГАШ ДАВА ОНА ШТО НЕ ГО САКАТЕ.епа јас искрено се надевам дека вашите деца ќе бидат БЕЛИБЕРИ.Сега можете да почнете пак да навредувате и да хејтате.Ете тоа е денешнината во светот.Уништувањето на луѓето едни меѓу други.BELIEBERI=BELIVE IN BIEBER.Ова ви смета?па секој пејач го има тоа еве на пр:Barbz (Nicki Minaj), Glamberts (Adam Lambert Baby Goons (Dev) Rihanna Navy (Rihanna) Little Monsters (Lady Gaga) Team Breezy (Chris Brown Сакате уште? Само нашето име ви смета?Затоа што го слушаме Џастин?Се надевам дека еден ден навистина ќе разберете дека сето ова плукање по нас не ви вредело да не срушите ниту нешто друго променило туку САМО ВИЕ СТЕ БИЛЕ ТИЕ ШТО СТЕ ИЗГУБИЛЕ НАЈМНОГУ. толку од мене се надевам ќе ме разберте најпозитивно и ако имате прашање ЗОШТО? прашајте ќе ми биде задоволство да ја разрешиме ситуацијава и да ви го кажам тоа нашето.
Jас (до некаде со исклучок на Aдам,) другово не го ни сметам за пеач/ки. ники ја имам видено само, ни една песна не и знам, Kрис браун не ни знам како изгледа, лејди не ја слушам, а Pиана тралала една недела може да и потпевнам од тоа тралалајките Tој/Tаа дев не ни знам кој е нит што е, а нит ме ни интересира
1. Не знам дали вие некогаш сте се запрашале зошто го сакате? Дека е убав? (иако апсолутно не е, али нека ви пројде меракот) Дека има шишчиња кои ги пафта на лево, па на десно? Дека пее песни составени од 4 збора? Што к*р направил Џастин за да биде толку познат и да го обожаваат тинејџерки? Направил 3 албума составени од по 9 песни во кои 3 се повторуваат и на предходните, а 3 му се преработки. 2. Секој има вкус, ама постојат лоши и добри вкусови. За тоа дека секој има СВАЊАЊЕ, не знам баш. 3. Може и да ве палиме на клада, да ве труеме со доместос, да ве гаѓаме со јајца и т.н. Во секој случај би нашла доста креативни начини кога е педерчево во прашање.
Па ти ако си металка ако слушаш било каков вид на музика ние ти велиме нешто,ги навредуваме вашите омилени пеачи?НЕ!Епа НА НАС НИ СЕ СВИЃА ЏАСТИН,како изгледа како пее како се оденсува.Што направил да биде популарен?Гласот.Нема врска ако не ви се допаѓаат песните,не можете да речете дека не знае да пее.А за изгледот како можете да речете дека не е убав?Да не бил убаФ немало да го сакаат околу 10 Билиони девојки.Поздрав.
^ И Роберт Патинсон го сакаат милијарда девојчиња, па е грозен. Не биди контрадикторна, самата рече дека се работи за вкус, нели? Епа чим е вкус мене ми е ружен Џастин. Нема ни М од тоа како треба маж да изгледа. И да, не знае да пее. Какви врвни пејачишта има, се ежиш дур ги слушаш, а Бибер има тотално просечен глас и боја, да не речам и подпросечна.
"1. Не знам дали вие некогаш сте се запрашале зошто го сакате?" Ова,ти го напиша.Велиш за вкус се работи нели?Па тогаш зошто прашуваш? И да не велам дека пее преубаво ама има некоијси глас,кој на мннногу девојчиња им е сладок.
Слушајте си го. Ќе правиме муабет за 3-4 години. Тогаш ќе се смеете што сте го пишувале ова. 100% сум сигурна!